Американската вселенска агенција НАСА најави претставување на четиричлениот екипаж на „Артемис 3“ на 9 јуни во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон, како и ажурирање за напредокот на програмата. Агенцијата, исто така, објави дополнителни информации за подготовките на мисијата. „Артемис 3“ претходно беше планирано како прво слетување во рамките на програмата „Артемис“, којашто има за цел да воспостави подолгорочно човеково присуство на ...

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез изјави дека минува низ емотивни моменти додека се подготвува за заминувањето на своите 18-годишни близнаци од дома. Латиноѕвездата ги има ќерка ѝ Ем Марибел и синот Макс Дејвид од поранешниот брак со латинопејачот Марк Антони. За време на гостувањето во емисијата „Џими Кимел во живо“, Лопез емотивно зборуваше за преселбата на нејзините деца во студентски дом. Како што истакна, ова претставува „голема ...

Осумдесет и петгодишна жена го загубила животот во пожар што ноќеска избувнал во куќа во скопската населба Пинтија. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека избувнал пожар во куќа сопственост на С.К.(45), во која живеела и нејзината мајка М.В.(85). Од здобиените повреди во пожарот, М.В. починала на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска ...

Полициските службеници од дебарското одделение за внатрешни работи лишиле од слобода дебранка, поради лажна пријава за семејно насилство, а поднесена е кривична пријава против дебранец за узурпација на земјите, покрај Дебарско Езеро, сопственост на ЕСМ. -Синоќа во 22:10 часот полициски службеници ја лишија од слобода 40-годишната С.Р. од дебарско село затоа што претходно во полициска станица лажно пријавила семејно насилство по член 366 од ...

САД воведоа санкции против новоформираната иранска структура која, според Вашингтон, е задолжена за контрола на бродскиот сообраќај низ Ормуската теснина, соопшти американското Министерство за финансии. Техеран на 15 април соопшти дека формирал нов државен орган насловен „Управа за контрола на Персискиот Залив“ (Persian Gulf Strait Authority), со основна задача управување со безбедноста и надзорот на морскиот премин. Во соопштението на ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека Унијата не смее да „падне во руска замка“ со прашањето кој ќе ја претставува Европа на евентуални идни преговори. Таа изјавата ја даде при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во кипарскиот град Лимасол. Калас нагласи дека Русија се обидува да го насочи фокусот кон прашањето „кој зборува ...

Европската Унија би можела привремено да им го одземе правото на вето на идните земји-членки за да ги спречи да се мешаат во надворешната политика на блокот, објави „Гардијан“, повикувајќи се на извори во ЕУ. Според весникот, Европската комисија сега разгледува план според кој новите членки нема автоматски да добијат овластување да ги блокираат одлуките за надворешна политика или други прашања што бараат едногласност. Мерката би можела да се ...

Потребата, во рамки на стратешката автономија на Европската Унија, да се развие политика од 360 степени, која ќе има сеопфатен поглед кон светот, ја истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис при пристигнувањето на неформалниот состанок Гимних на шефовите на дипломатиите на ЕУ што се одржува во кипарскиот град Лимасол, јави дописничката на МИА од Атина. Герапетритис посочи дека денес, во услови на повеќекратни кризи ...

Европската унија му изрече казна од 200 милиони евра на кинескиот гигант во онлајн трговијата „Тему“ заради нудење нелегални производи на својата платформа, јави ДПА. „„Тему“ не успеа внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од нелегалните производи што ги нуди на својата платформа и штетата што произлегува од тоа за потрошувачите во Европската Унија“, соопшти денеска Европската комисија. Истрагата спроведена од ...

Во шпанскиот град Бадахоз, на западниот дел од земјата, денеска започнува судењето на братот на шпанскиот премиер Педро Санчез по обвинение дека бил нелегално вработен на јавна функција, објави шпанската телевизиска станица RTVE. Актуелниот шпански премиер, Педро Санчез, од 2014 до октомври 2016 година бил генерален секретар на Социјалистичката партија (PSOE), кога во Бадахоз, каде што неговата партија била на власт, била искреирана ...

Претседателот на Казахстан, Касам-Жормат Токаев и рускиот претседател Владимир Путин денеска во Астана потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во најголемата централноазиска држава. Исто така потпишан е и договор за обезбедување руски извозен кредит за финансирање на изградбата на централата. – Договорот за изградба на нуклеарната централа Балхаш, потпишан денеска, има големо значење, истакна Токаев и му се заблагодари на ...

Редот е долг најмалку два километра, се чека со часови, но верата и вербата за благослов, не им дозволуваат да се откажат на десетици илјади православни верници да се поклонат пред Појасот на Пресвета Богородица што е донесен од манастирот Ватопед на Света Гора во храмот Свети Сава во Белград. Во редот нема нервоза, има мир и тишина пред платото на храмот од луѓето кои чекаат да се поклонат пред една од најголемите христијански реликвии. ...

Во близина на северниот брег на Турција во Црно Море пријавени се напад со беспилотни летала врз три танкери, соопшти турската поморска агенција Трибека. Танкерот „Џејмс II“, што плови под знамето на Палау, е нападнат околу 80 километри северно од областа Туркели во Црно Море. Додека танкерите „Алтура“ и „Велора“, што пловат под знаме на Сиера Леоне, биле нападнати се во истото подрачје додека вршеле претовар. Според Трибека, турски бродови ...

Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори во Косово официјално започна денеска и ќе продолжи до 7 јуни во 7 часот наутро, кога ќе се отворат избирачките места. На овие избори се регистрирани 2.092.174 лица со право на глас, што е за 15.884 повеќе од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември 2025 година. Граѓаните на територијата на Косово ќе гласаат на 2.550 изборни единици и на 47 избирачки места во ...

Додека Македонија продолжува со внатрешните политички спорови околу евроинтегративниот пат, Албанија бележи значаен чекор напред во процесот на интеграција во Европската Унија, по завршувањето на 8. Меѓувладина конференција, на која беше оценет напредокот во клучните реформи во владеењето на правото и правосудството. Премиерот Еди Рама изјави дека соработката со европските институции во областа на владеењето на правото станува сè подлабока и ...

Властите во можеби еден од најпознатите туристички градови во Хрватска – Ровињ, ја разгледуваат можноста да се воведе ограничување на бројот на станови за издавање, поради масовниот туризам. Според хрватските медиуми, новите станови во стариот градски центар, односно зголемувањето на нивниот број ќе треба да се запрат уште в година, како дел од Планот за управување со дестинации до 2029 година. Планот засега е во фаза на јавна консултација. И ...

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина ...

На 1–2 јуни 2026 година, во Скопје ќе се одржи деветтото издание на МЕФ 2026, водечкиот регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан. Годинашниот форум, под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество со цел зајакнување на ...

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, се наведува во соопштението од Народна банка. – Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување ...

„Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“ е тема на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026 кој свечено ќе биде отворен денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Го организираат Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите од Скопје и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на Мултиплекс склероза (МС), Мобилност Скопје со поддршка од страна на град Скопје, единаесетти пат организира мирен марш за силно поткревање на гласот на лицата со МС, Параплегија, Дистрофија и Детска парализа, како и успешно подигнување на јавната свест за овие дијагнози и состојби, постојаната борба за остварување на нивните права и создавање кохезија со заедницата за еднакви можности. По тој повод ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. Досега на судењето на пожарот во ...

Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Кога буџетот е во „одлична форма“? Ова е уште една потврда дека во буџетот нема пари. Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери за Мастеф, има за 51 тендер преку општините за ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Пред Судот беа презентирани докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката Пулс. Во судница беа презентирани 19 записници од вршење увид од ...

Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат објектите на Одделот за граѓански работи. Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит. -Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и ...

Владата на Мицкоски призна дека нема пари ниту за организирање референдум на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина. Пари има само за криминалната група на ВМРО и нивните криминални тендери. Нема пари за граѓаните, нема за повисоки плати, нема за минимална плата од 600 евра, нема пари за мерки, нема пари за субвенции за земјоделците. Нема ниту за референдум на кој граѓаните треба да одлучат за својата судбина, за иднината на ...

Апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра скриени во ѕид во домот на неговите родители во Неготино, денеска на почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се изјасни како невин за кривичните дела што му се ставаат на товар. – Не се чувствувам виновен ниту за првото, ниту за второто кривично дело со оглед на правната квалификација, изјави Ристов пред судот. Обвинителката Искра Хаџи Василева, пак, тврди дека ...

Навистина е неверојатно колку лесно денес некои адвокати бараат трагедијата со 63 мртви деца да се прогласи за „несреќа“. Несреќа е кога природата ќе удри без предупредување, но кога со години институции дозволуваат небезбеден објект да работи, тоа не е несреќа, тогаш тоа е системско замижување, изјави Александар Наунов, татко на загинатата Надица во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани. Наунов, во изјава за медиумите на паузата на ...

Граѓаните плаќаат а владата крие колку чини концертот на Дејвид Гета за независноста. Наместо да заобиколува и да се крие зад некакви договорни клаузули, Владата има обврска јавно да каже колку ќе ги чини граѓаните. Ова само ги подгрева сомнежите дека станува збор за дил во четири очи позади кој се кријат дебели провизии. Сите детали мора да бидат јавно објавени. Ние не сме против Дејвид Гета и негов настап, не сме против концерти и прослави. ...

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања упати две прашања до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи дека безбедносниот систем во државата е во сериозен распад и дека МВР не функционира ниту како превентивен, ниту како заштитен механизам за граѓаните. Талевски посочи дека последните години се карактеризираат со низа тешки криминални и насилни настани, од убиства и семејно насилство до ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.1
91%
1017
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
3.13
91%
1021
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.99
78%
1022
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.11
90%
1016
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
6.16
90%
1015
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
0.42
92%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
53%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.07
80%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.29
84%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 19ᴼ
4.47
79%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
4.02
76%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.07
90%
1012
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Алуминиум

3.48

Родиум

257205.97

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00