Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...
Германија финансира набавка на 50 илјади офанзивни беспилотни летала за Украина, што претставува една од најголемите познати набавки на дронови за Киев спроведени досега од некоја западна држава. Нарачката се однесува на дроновите од типот „Shrike FPV“, произведени од украинската компанија „SkyFall“, со софтвер на американската одбранбено-технолошка компанија „Auterion“. Софтверот овозможува автономно следење и таргетирање подвижни цели во ...
Во мал камион со странски регистарски таблички, инспекторите Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник, јави дописничката на МИА од Атина. Од ААДЕ соопштија дека во рамките на насочените контроли за сузбивање на нелегалниот транспорт и трговија со производи и небезбедна храна, малиот камион ...
Владата на Велика Британија ќе издвои повеќе од 250 милиони фунти во следните три години за подобрување на заштитата на еврејските заедници, по серијата неодамнешни антисемитски напади во земјата. Средствата ќе бидат наменети за ангажирање на повеќе од 500 дополнителни безбедносни службеници во Англија и Велс, како и за зајакнување на безбедноста околу еврејските населби, училиштата, синагогите и јавните собиралишта. Во Лондон изминатиот ...
Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми. Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија на приближно предвоените нивоа откако двете страни ...
Европските земји регистрирале повеќе од 10.000 дополнителни смртни случаи за време на рекордниот топлотен бран што ја погоди Западна Европа кон крајот на јуни, покажуваат официјалните податоци. Научниците наведуваат дека топлотниот бран на крајот на јуни би бил „скоро невозможен“ без климатските промени предизвикани од човекот, што ги прави топлотните бранови почести и поинтензивни. Податоците, собрани од националната статистика за смртност ...
Патниците може да заштедат до 26 отсто од трошоците, ако резервираат хотелска соба поблиску до датумот на поаѓање – оптимално би било околу една недела пред патувањето. Интернет-страницата за патувања „Хотелс“ го објави својот „Индекс на цени на хотели“, поточно извештајот за цените на хотелите за 2026 година, користејќи податоци од повеќе од 11.000 анкетирани патници, како и сопствените системи за резервација. Анализата покажа и дека цените ...
Експертски панел на Европската Унија препорача ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години низ целата Унија, велејќи дека употребата треба да биде дозволена само под родителски надзор или за образовни цели, јавува ДПА. Барањето на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше откриено денеска во Брисел, додека владите ширум светот дебатираат за тоа како најдобро да ги заштитат децата и тинејџерите ...
Околу 400 пожарникари денеска го гаснат големиот шумски пожар во познатата шума Фонтенбло, јужно од Париз. Пожарот избувна доцна синоќа во близина на автопатот и досега уништи 800 хектари шума, соопштија властите. Два авиона канадери, што собираат вода од реката Сена, исто така се вклучени во гасењето на пожарот, објави одделот Сена и Марн. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се мобилизирани сите ресурси за борба против ...
Бахреинската армија денеска го обвини Иран за гаѓање на цивили во „систематското непријателство“ откако Техеран соопшти дека извршил напади врз американски цели во оваа држава од Персискиот Залив, објавија француските медиуми. Иран продолжува со своето систематско непријателство преку своите криминални ракетни и беспилотни напади насочени кон цивилите во кралството“, се наведува во соопштението на армијата, додавајќи дека утрово „пресретнала ...
Претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, објави дека уште 250 лица и субјекти ќе бидат вклучени во рускиот режим на санкции. Калас: ЕУ санкционира уште 250 лица и субјекти поврзани со Русија Таа на мрежата Икс изјави дека одлуката ќе биде донесена со 21-от пакет санкции. „Ова е нашата најголема рунда индивидуални санкции од руската ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ја „преземаат“ контролата врз Ормуската Теснина откако Иран објави дека преминот низ тој стратешки важен воден пат е затворен поради, како што изјави Техеран, непријателските активности на САД. „Ја преземаме теснината. Тие немаат ништо“, рече Трамп во телефонско вклучување во емисијата „Фокс енд Френдс“ на Фокс њуз. Американскиот претседател оцени дека Вашингтон требало да се ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во Македонијa. ...
Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми. Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија на приближно предвоените нивоа откако двете страни ...
Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари. Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а ...
Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари. Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а ...
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...
На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес – 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар ...
Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски. Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога европскиот пат е ...
Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри. Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а ...
Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово и нејзиното семејство, откако девојката преку јавен апел побара поддршка за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа. Петровска соопшти дека нејзиниот тим е подготвен да помогне во обезбедување привремено безбедно сместување, а најави и иницијатива за обезбедување подолгорочна поддршка преку општествено одговорни ...
Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите – изјави судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Марковски, кој во време на изработка на градежното ...
Во Карпош беше пријавен пожар во кој беше опожарено едно возило, а огнот зафати уште две други возила и деловен објект. Пожарот е изгаснат од противпожарната бригада, а полицијата спроведува увид и работи на расчистување на случајот. На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле ...
ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена. Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 ...
Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на ...
Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...
Светскиот првак Аргентина по продолжение успеа да избори пласман во полуфиналето на Мундијалот откако во последното четвртфинале ја совлада Швајцарија со 3:1. На асистенција на Лионел Меси, Алекс Мек Алистер донесе водство за Аргентина во 10.минута. Предноста светскиот првак ја имаше до 67.минута кога Дан Ндоје изедначи на 1:1. Но, проблемите за Швајцарија настанаа пет минути подоцна кога поради црвен картон (два жолти) Брил Емболо беше ...