Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, во најава на вечерашниот полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција во Далас, изјави дека сè уште го чека големиот натпревар на својот бисер Ламин Јамал, кој вчера го прослави својот 19. роденден. „Му реков да не се грижи и да ужива. Сигурен сум дека големиот ден на Ламин на Светското првенство ќе дојде. Се надевам дека тоа ќе се случи против Французите, ...
Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој се товари дека лажно претставувајќи се како лекар измамил шест лица за вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал Индекс. Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кривичните дела биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, при што обвинетиот дејствувал заедно со засега ...
Братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, Давид Санчез, денеска беше прогласен за виновен за административен прекршок и непотизам и му беше забрането да извршува јавна функција девет години поради неговото назначување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година од страна на покраинската влада на Бадахоз. Давид Санчез е обвинет дека имал корист од назначување прилагодено за него поради неговите семејни врски со премиерот, кој го ...
Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина. „Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а не ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека обемот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде два до четири пати поголем од официјалните проценки, но забележа дека се постигнува напредок поради откривањето на нови случаи. „Според нашите проекции, обемот на епидемијата се проценува дека е најмалку два до четири пати поголем од бројот на регистрирани случаи“, изјави Чикве Ихеквеазу, раководител на ...
Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на мундијалските турнири. Норвешка на тековното Светско првенство прв пат во својата историја дојде до четвртфиналето во кое на драматичен начин загуби од Англија по продолженија. Според полицијата, околу 100.000 навивачи се собрале изминатата ноќ во центарот на престолнината да ги пречекаат ...
Кохот од гриз е еден од оние едноставни домашни десерти што со години се подготвуваат на нашите трпези. Неговиот мек и воздушест бисквит, натопен со топло млеко, го прави исклучително сочен и нежен. Покрај класичната верзија, овој десерт може да се послужи и во помодерна варијанта – со кремаст сос од ванила и овошен сируп, кои му даваат дополнителна свежина и префинет вкус. Состојки за тестото: 5 јајца 50 г лажици шеќер 75 г пченичен гриз ...
Бугарската национална телевизија (БНТ) ги објави двата града кои влегоа во завршна фаза од изборот за домаќин на „Избор за песна на Евровизија 2027“. Софија и Бургас влегоа во потесниот избор, додека Варна и Пловдив се елиминирани од натамошната селекција. Градовите беа оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои инфраструктурата на арените, пристапноста, сообраќајните врски, сместувачките капацитети, како и вкупната организациска ...
Дваесет и осумгодишен жител на село Седларево починал откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани. -Вчера во14:20 часот во Одделението за внатрешни работи- Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од селото Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внашрешни работи – Охрид. Повредениот со возило ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар по литар. Ова не е изненадување туку продолжение на кризата која ја најавуваме со месеци. Владата на Христијан Мицкоски немаше слух да воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Или едноставно не сакаше. Дали е тоа целосна неспособност или намерно нереагирање – граѓаните сепак ја плаќаат цената. И ќе продолжат да ја плаќаат, затоа што оваа Влада нема ниту план, ниту волја да ...
Драган Павловиќ – Латас и Иван Стоилковиќ денеска повторно се обидуваат да се претстават како бранители на српскиот народ во Македонија. Ова е класична манипулација. Кога зборуваме за „српскиот свет“ во Македонија, не зборуваме за српскиот народ. Зборуваме за политички проект на Александар Вучиќ и неговата СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ, кој преку свои кадри и медиуми се обидува да ја прошири својата контрола. Иван Стоилковиќ не е ...
Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. – Иако беа направени измени на ...
Нов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија. ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто сценарио, веќе добро видено и ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека вчерашниот хаос во Собранието беше театар за прикривање на целосниот неуспех на Владата и од отсуството на резултати на Христијан Мицкоски. „Вчера направи хаос за да прикрие сопствената неспособност, тоа што Владата нема апсолутно никакви резултати во ниту еден сегмент на функционирањето и се обидува да создаде алиби за предвремени избори, бидејќи рече дека ги нема, сега очајно му треба ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција порача дека реконструкцијата на Владата не носи никаква суштинска промена, туку само нова верзија на истата неспособна власт која веќе една година не успева да одговори на ниту еден клучен проблем на граѓаните. Филипче посочи дека наместо нов почеток и нови политики, со реконструкцијата, граѓаните добиваат само продолжување на неуспешното владеење на ВМРО. „Вчера помина ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за одавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
Во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска рече дека со последните предлози поврзани со Изборниот законик уште еднаш се потврдило дека Левица дејствува како контролирана опозиција на Христијан Мицкоски. „Вчера видовме уште една потврда дека Левица е контролирана опозиција од страна на Мицкоски и ВМРО. Предлагаат усогласување на ставовите на опозицијата по налог на Мицкоски. Какво е тоа обединување на ...
Најдобриот светски тенисер Јаник Синер е годинашниов шампион на Вимблдон откако во финалето во четири сета со 3-1 (6:7(7); 7:6(2); 6:3 и 6:4) го совлада Александер Зверев. Финалето траеше 3 часа и 46 минути, а Синер ја одбрани титулата освоена минатата година. Во првите два сета двајцата тенисери имаа контрола над гемот кога сервираа и првиот сет во тајбрејкот го освои германскиот тенисер Зверев, а вториот му припадна на италијанскиот тенисер ...
Полицијата во Атланта е запознаена со историјата на односите меѓу Англија и Аргентина и се подготвува за сложена операција пред полуфиналето на Светското првенство во кое двете репрезентации ќе се соочат в среда навечер по средноевропско време во овој американски град. Снимки од помали судири меѓу аргентинските и англиските навивачи од саботата веќе циркулираат на социјалните мрежи. Една од нив покажува како англиски навивач разменува удари ...
Македонската машка ракометна репрезентација до 20 години ја продолжи серијата порази на Европското младинско првенство, откако попладнево во Клуж загуби на стартот од разигрувањето против Австрија со 28-24. За македонските ракометари ова беше четврти пораз на Европското првенство кое се одржува во Романија, но трите порази во групната фаза од Норвешка, Хрватска и Данска. Избраниците на селектор Игор Илиевски добро го почнаа натпреварот против ...
Извршниот одбор на Фудбалската федерација на Хрватска денеска официјално го назначи Славен Билиќ за нов селектор на репрезентацијата. За 57-годишниот Билиќ ова ќе биде втор мандат како селектор на Хрватска, која ја предводеше од 2006 до 2012 година. Во тој период, Билиќ избори две учества на европските првенства, а на Евро 2008 Хрватска дојде до четвртфиналето. Билиќ доаѓа на местото на Златко Далиќ, кој замина од должноста по елиминацијата ...
Рижотото со печурки е класично италијанско јадење со кремаста текстура и богат вкус. Со неколку едноставни состојки и малку трпение, можете да подготвите ароматичен и вкусен оброк, идеален за ручек или вечера. Состојки: 1 литар говедски бујон 2 лажици путер 2 лажици маслиново масло 400 грама мешани печурки сол, по вкус свежо мелен црн бибер, по вкус 1 главица кромид 1 чешне лук 200 грама ориз 150 мл суво бело вино 40 грама рендан пармезан 1 ...
По 20 годишна пауза, Шакира повторно ќе настапи во Египет. Концертот ќе се одржи на 28 ноември кај пирамидите во Гиза, во рамки на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran“. – Многу сум среќна што повторно ќе настапам во Египет, кај пирамидите во Гиза. Ве сакам сите, изјави светската латино ѕвезда. Концертот е организиран од компанијата Венчр Лајфстајл. Освен Шакира, во Гиза настапиле и Џенифер Лопез, Џон Леџенд и Кети Пери. Шакира, ...
Приведен е скопјанец, кој со нож го убил својот татко, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС – Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен скопјанец. Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на ...
Изминатиот викенд, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Од лишените од ...
Тешко повреден жител на скопското село Миладиновци починал на Клиничкиот центар во Скопје, а телото било дадено на обдукција. – Вчера околу 6:45 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во градот е пријавено дека починал М.А., на возраст од 56 години од село Миладиновци, скопско, кој на 8 јули бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од ...
САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти ...
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...