Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Со низа комеморативни настани низ земјата, вклучително изложби, јавни собири и марш преку „Мостот на мачениците на 15 јули“ во Истанбул, во Турција денеска ќе биде одбележана десетгодишнината од неуспешниот обид за воен преврат во кој загинаа повеќе од 250 лица. Комеморациите се одржуваат под мотото „Нашата волја, нашата победа“, а денот е прогласен за државен празник во знак на сеќавање на настаните од 2016 година. „Мостот на мачениците на ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху на 18 јули ќе отпатува за САД, објавија израелските медиуми. Тој ќе присуствува на комеморативните настани за американскиот сенатор Линдзи Греам, кој почина на 11 јули. Сè уште не е јавно објавен датумот на погребот на сенаторот, познат како голем поддржувач на Израел. Според „Тајмс оф Израел“ сè уште не е закажана средба на Нетанјаху со американскиот претседател Доналд Трамп. МИА Премиерот на Израел, ...
„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ на европскиот пазар благодарение на одлуката на Европската комисија. Имено, минатиот месец, ЕК објави дека ќе ѝ наложи на „Мета“ да обезбеди бесплатен пристап до четботови со вештачка интелигенција од трети земји на „Ватсап“ во Европската економска зона (ЕЕЗ). Оваа одлука следи по забраната на „Мета“ за ВИ-четботови од трети земји на платформата за видеоповици во ноември, а потоа и по нивното повторно ...
Американската армија објави дека презела нов бран напади врз Иран во шест часот по источноамериканско време (пладне по средноевропско време). Целта на нападите е дополнително да се ослабат воените капацитети што иранските сили ги користеа за напад врз трговски бродови во Ормуска Теснина, објави Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на платформата Икс. Иранската државна новинска агенција Фарс јави дека 13 американски ракети синоќа погодиле ...
Украина и Европска Унија склучија договор за беспилотни летала, со кој се комбинира украинската експертиза со индустрискиот капацитет на Европа за спроведување заеднички проекти и проширување на производството, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа, во Киев, во говорот по повод Денот на државноста на Украина, нагласи дека „овој договор ќе ја комбинира украинската генијалност со индустриските ...
Ормуската Теснина останува „премногу опасна за транзит на трговски бродови“, објави Меѓународната поморска организација (ИМО), пренесе денеска агенцијата Блумберг. Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација со седиште во Лондон, Арсенио Домингез, изјави дека Ормуската Теснуна останува „премногу опасна за транзит на трговски бродови“ и додаде дека околу 6.000 морнари се уште се блокирани. Домингез повика на спроведување мерки ...
Поранешниот шеф на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, денеска објави дека поднел оставка од функцијата пратеник, откако прифатил понуда за меѓународна позиција во една од водечките светски компании, BYD. Сијарто рече дека е „исклучително почестен што му е понудена“ меѓународна позиција во BYD, еден од најголемите светски производители на автомобили и водечки производител на електрични возила. „Од денес, ќе продолжам да работам во групата ...
Македонскиот павилјон на EXPO 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба EXPO 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. Повикот е наменет за компании кои имаат интерес да ги претстават своите производи, услуги, ...
Собранието попладнево со 71 гласа „за“ и 11 „против“ го изгласа Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, што се разгледуваше во трето читање, откако без расправа едногласно усвои амандман на член 2 поднесен од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, со којшто се бришат зборовите „а ќе започне да се применува од 1 јули 2026 година”. Со амандманот се овозможи усогласување на влегувањето во сила на Законот за изменување на ...
Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. На дневен ред на двете работни тела е презентацијата на Програмата и приоритетите на Ирското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јули-декември 2026 година. Програмата и приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ ќе бидат презентирани од Брендан Вард, амбасадор на Република Ирска во Република Северна ...
Во Европската Унија во 2024 година имало 507 болнички кревети на 100 000 луѓе, што е мало намалување во однос на 511 регистрирани во 2023 година, покажуваат податоците на Евростат. Трендот на намалување на болничките кревети започна во 2009 година (582 болнички кревети на 100 000 луѓе), како резултат на влијанието на научниот и технолошкиот развој што го скрати просечното времетраење на престојот за многу болнички процедури или ги замени со ...
Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање. На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог ...
Уставниот суд ќе ја одржи 19. Седница со Дневен ред за кој е предвидено да се дискутира за оценување на уставност и законитост на осум предмети,предвидено е да се донесат одлуки во четири предмети, по подготвени нацрт-одлуки. I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ Реферат У.бр.92/2025 и У.бр.122/2025 Оспорени одредби: член 41-а став 7 од во делот „превозот” од Законот за средното образование („Службен весник на Република ...
Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација. Европската Унија не бара промена на Изборниот законик по мерка на една партија. ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата. Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката реформска агенда, конкретните решенија кои во ...
По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа. Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО-ОКГ се ...
Полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера го привеле 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, по претходно добиени оперативни информации. За Лазаров, како што соопшти МВР, беше распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик Лазаров претходно беше во бегство, откако избега од Полициската станица во Кочани. По ...
Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци. Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња. Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот. Таквото однесување не е достојно за премиер ...
Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Реформи во ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавуваме нова бомба, по истиот рецпет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми. Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста. Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години. ...
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на образованието, ...
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница, за пратенички прашања од опозицијата, опстави две пратенички прашања, едно до вицепремиерот и министерот за европски прашања Беким Сали, и едно до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. Бидејќи двајцата министри беа отсутни, Николовски писмен одговор. Во прашањата, Николовски побара одговори од Владата за застојот на евроинтеграциите и за ...
Јавното обвинителство информира дека Александар Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност – еден стан и вкупно шест автомобили. Основното јавно обвинителство Кочани, како ...
Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, се вели во партиското соопштение од ГРОМ, што МИА го пренесува интегрално. Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие ...
Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 година, Франција победи со 3-1. Франција има две светски ...
Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја. На парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од Коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира ...
Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ...
Сирените за воздушна тревога во Бахреин изминатата ноќ се огласија во три наврати, поради иранските одмазднички напади по новите американски удари врз цели на иранска територија. Властите во Бахреин каде што е стационирана Петтата флота на американската морнарица, ги повикаа граѓаните да се засолнат во бункери и засолништа. Засега нема непосредни информации за евентуална материјална штета или жртви предизвикани од иранските напади. Иран ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана американски државјани да се враќаат во САД со цивилни летови од Демократска Република Конго поради ширењето на еболата во земјата, соопшти претставник на Белата куќа. Според наредбата, американските државјани кои се наоѓаат во ДР Конго како и оние кои неодамна престојувале таму, нема да можат да се качат на летови за САД, освен доколку претходно не поминале најмалку 21 ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...