Дисциплинската комисија на ФИФА ги изрече казните за инцидентот по финалето и поразот од Шпанија со 0:1. Аргентинската репрезентација и нејзините фудбалери добија високи казни. Најголема казна доби Леандро Паредес, кој доби суспензија од 10 натпревари, а неговиот соиграч од репрезентацијата Нахуел Молина доби забрана за настап на седум натпревари. Тиаго Алмада е казнет со еден натпревар, а помошниот тренер Ајала со три натпревари. Казна има и ...

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се засили со Родри кој одлучи да направи трансфер од Манчестер сити. Родри потпиша договор со Каталонците до 2030 година Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не го криеше своето задоволство од доаѓањето на Родри на „Камп Ноу“. – Тој е фантастичен играч. Носи нешто посебно во секој тим и за мене е одлично што го доведовме, или поточно, одлично е што е тука сега. Мислам дека тој можеби е најдобриот дефанзивен ...

Четириесет и четиригодишен жител на Неготино станал жртва на интернет-измама откако преку лажна СМС-порака за наводен сообраќаен прекршок му биле одземени 26.908 денари од банкарска сметка. Случајот бил пријавен на (19.08.2026 година) во 14:50 часот во Општинското одделение за внатрешни работи Неготино. Според пријавеното, оштетениот добил СМС-порака на својот мобилен телефон со известување за наводно сторен сообраќаен прекршок. Во пораката ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, од кои осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач ...

Украинскиот државјанин Владимир Ж. (46), кој беше уапсен во Пула во средата откако германските власти издадоа европска потерница за негово учество во нападот на балтичкиот Северен поток, од синоќа е во притвор по одлука на судија во Окружниот суд во Пула. Украинецот беше донесен во Окружниот суд на сослушување откако беше испрашуван од страна на Окружното обвинителство, кое предложи екстрадициски притвор, а одлуката на судијата им ја потврди ...

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека уапсило 35-годишна жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавната власт на сојузната држава Њујорк во Олбани, каде се наоѓа и канцеларијата на гувернерката, Кети Хочул. Според судскиот поднесок на ФБИ, извесна Џесика Бови, во онлајн комуникација се заколнала на верност кон терористичката организација Исламска држава (ИД) и во јули почнала да го ...

Топлото море и топењето на морскиот мраз отвораат нови живеалишта за китовите, но истовремено ги загрозуваат видовите зависни од арктичкиот мраз. На источниот брег на Гренланд исчезнувањето на морскиот мраз им овозможило на големите китови да навлезат во области каде што со децении не биле забележувани. Научниците сметаат дека нивното присуство е знак за големи промени во арктичкиот екосистем. Потоплото море и намалувањето на ледената ...

Украина треба сама да одлучи кога ќе одржи избори, во согласност со своите закони, а Европската Унија е подготвена да помогне во организирањето на изборниот процес, изјави портпаролката на Европската комисија, Анита Хипер. Таа на брифинг во Брисел посочи дека ЕУ е подготвена да му помогне на Киев, особено во обезбедувањето почитување на демократските стандарди и барања. Хипер нагласи дека ЕУ не прави проценки за условите за одржување избори ...

Неколку лица се повредени во напад со меч што се случи во училиште во шведскиот град Фагерста, во централниот дел на земјата, соопштија локалните власти, додека медиумите јавија дека полицијата го застрелала и го привела напаѓачот. „Добивме дојава за сериозен насилен инцидент во училиште во Фагерста. Полициските екипи веднаш излегоа на терен“, се наведува во соопштението на шведската полиција. Според информациите од општината Фагерста, ...

Романија во јули забележа најголем годишен раст на цените на горивата меѓу сите земји членки на Европската Унија, со скок од 24,2 проценти, што е значително над просекот во ЕУ кој изнесува 16,9 проценти. По Романија, најголемо поскапување бележат Германија и Литванија со раст од по 22,9 проценти, додека Бугарија се наоѓа на следното место со годишно зголемување од 22,2 проценти. Главни надворешни причини за ваквиот раст на цените се ...

Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, изјави дека ситуацијата во најголемиот европски производител на автомобили е критична и тензична, по најавите дека се неопходни мерки за намалување на трошоците и редуцирање на работната сила, пренесува ДПА. – Ситуацијата е повеќе од критична, изјави Блуме во интервју објавено на интранет страницата на компанијата. Според него, неопходни се итни мерки, иако оперативниот приход на компанијата од ...

Француските здравствени власти објавија дека повеќе од 40.000 неисправни кондоми се продадени преку интернет во последните месеци и ги повикаа сите што ги користеле производите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции, пишува Политико. Француската агенција за заштита на потрошувачите (DGCCRF) и Генералниот директорат за здравство (DGS) предупредија дека ваквите производи би можеле да претставуваат сериозен ризик за здравјето и ...

Вкупно 175 нелегални мигранти беа пронајдени утрово во неколку одделни акции од страна на грчките власти и европската погранична агенција Фронтекс јужно од островот Крит, јави грчката телевизија Скај. Во првата операција, дрон на Фронтекс рано утрово забележа брод со 43 странски државјани околу 20 наутички милји јужно од островот Гавдос кај Крит. Патниците беа качени на брод на Фронтекс и однесени во пристаништето Палеохора на Крит. Кратко ...

Само седум трговски брода вчера минале низ Ормускиот Теснец, што е двојно помалку од бројот регистриран во средата, покажуваат податоците на компанијата за следење на бродскиот сообраќај „Кплер“. Вкупно четири брода влегле, а три го напуштиле Персискиот Залив. Пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормуската Теснина минуваше речиси петтина од светските испораки на сурова нафта и течен природен гас. Меѓу седумте бродови ...

Панамскиот канал ќе го намали бројот на бродови што можат да поминуваат низ него секој ден од септември поради ниските нивоа на водата предизвикани од мали количини на врнежи од дожд, јави ДПА, повикувајќи се на управата на каналот. Бројот на транзити за кои може да се направат резервации постепено ќе се намалува од 36 на 32 дневно, објави Управата на Панамскиот канал. И покрај тековната дождовна сезона и мерките за заштеда на вода воведени ...

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 ...

Температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат во текот на денешниот ден во Грција, што дополнително ќе се зголемат за викендот, а според прогнозите, земјата, веројатно, до средината на следната седмица ќе биде зафатена од мини топлотен бран, што во одредени делови ќе донесе и температури од над 40 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот портпарол на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, во интервју за ...

Бројот на случаи на вирусот Западен Нил значително ги надмина бројките од претходните години за истиот период, а со оглед на тоа што кулминацијата најчесто е од средината на август до почетокот на септември, во следните седмици се очекува дополнително зголемување на бројот на случаи, информираа од Национална организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. По повод Светскиот ден против комарците (20 август), ...

Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките на ЕУ ...

Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување на ...

Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во производствениот сектор се зголеми од 51,9 на 52,8, што е највисоко ниво за повеќе од четири ...

Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...

Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...

Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Како што напомена Томовски во гостување на Канал 5 телевизија, за само две години се ...

Хрватската Влада предложи измени на Законот за пазар на електрична енергија со кои се воведува забрана за исклучување на струјата на ранливите потрошувачи и лицата погодени од енергетска сиромаштија. Предлогот е доставен во собраниска процедура, а целта е дополнително да се заштитат граѓаните кои имаат најголеми тешкотии со плаќањето на сметките. Според најавените измени, снабдувачите ќе мора навреме да ги предупредат потрошувачите доколку ...

Во земјава досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се сигурно потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. За првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир, објави 4news.mk Во Скопје е потврден вирусот и кај мртов гавран, што е прв регистриран случај на мртва птица позитивна на западнонилска треска. Во изминатиот период ...

На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со која ќе се формира годинешната училишна кошничка – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. – На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање на училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно и за родителите и за учениците. Така што, во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ...

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...

Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...

Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање. – Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07