Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија откако се опоравил од потенцијално фаталната болест, објавија денеска американските медиуми. Питер Стафорд работел со мисионерската група „Серж“ во Конго кога се заразил со вирусот, соопшти претходно групата. Тој бил евакуиран во болница во Берлин на 20. мај, а неговата сопруга, исто така лекарка која волонтира во ...
Грчкиот туризам продолжува да расте и покрај војните, инфлацијата и нестабилната меѓународна економска средина. Според најновите проценки, Грција е на пат да ја забележи четвртата рекордна туристичка сезона по ред, со силен раст на пристигнувањата и приходите. Во 2025 година, Грција ја посетиле 43 милиони странски туристи, а вкупните приходи достигнале речиси 24 милијарди евра, што претставува раст од 9,4 проценти на годишно ниво, според ...
Околу 35 отсто од албанските граѓани или секој трет не можат да си дозволат основни трошоци како што се наем, сметки за комунални услуги, еднонеделен одмор далеку од дома или купување нова облека. Податоците на Евростат покажуваат дека Албанија останува меѓу земјите со највисоко ниво на материјална и социјална немоќ во Европа. Неможноста да се си дозволат овие трошоци ги одразува економските тешкотии со кои се соочуваат многу албански ...
Канцеларијата на Европската Унија во Косово денеска ги повика сите политички субјекти и нивните претставници во изборните тела да обезбедат мирен, слободен, фер и инклузивен процес на гласање, пред утрешните предвремени парламентарни избори. „Гласањето мора да биде мирно, слободно, фер и инклузивно“, се наведува во поканата на ЕУ и се нагласува дека се неопходни институционална консолидација и европска интеграција на Косово. Во заедничко ...
„На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции,“ најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија, пренесува Радио Пела. Тој им се извини на производителите поради тоа што треба да се стрпат уште десетина дена ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, зона за обука и дресура, детска зона со ...
Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...
Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починале 49 луѓе од жед, соопштија локалните власти. Инцидентот се случил откако им се расипал камионот со кој патувале. Двајца патници пешки пристигнале до еден извор на вода и ги известиле властите на Нигер. Сите починати се државјани на Нигер. Тие се враќале од верски фестивал во Мали кога им се расипал камионот. извор: 24info.mk Во пустината Сахара, на територијата на Нигер, починале 49 луѓе ...
Годинашното полагање на државната матура, државната стручна матура и државната уметничка матура започна без проблеми и се одвива во најдобар ред, оцени министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се реализира полагањето на матурските испити. Јаневска информираше дека годинава матура полагаат вкупно 14.500 ученици, од кои над 12.000 ...
Во овие две години откако сум претседател на Владата пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни а тоа е дека процесот на проширување не е завршен. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дадоа силен мотив да продолжиме во делот на реформите, да испорачуваме, врз основа на методот на заслуга, а не врз основа на билатерални прашања и тоа беше неколку пати потенцирано на самиот самит, изјави ...
Во Тирана, главниот град на Албанија, со денови траат масовни протести. Демонстрантите бараат откажување на градежен проект за кој се тврди дека е поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Трамп, кој има намера да изгради луксузен одморалиште на ненаселениот остров Сазан, поранешна воена база во Јадранското Море. Изградба е планирана и на брегот, во заштитено подрачје, недалеку од градот Валона. Демонстрантите истакнуваат дека ...
Ако барате торта што сите ја сакаат, а е брза и без печење, плазма тортата е вистинскиот избор. Совршена комбинација од кремаст фил и крцкави бисквити за неколку минути – идеална за родендени, неделен десерт или некој друг сладок момент. Состојки (за 8 парчиња) 300 г плазма бисквити 200 г маргарин или путер 200 г млечно чоколадо 200 мл млеко 2 лажици шеќер во прав 1 кесичка ванилин шеќер Подготовка Кремаста основа: Во мало тенџере, растопете ...
Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје. Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, Мицкоски ...
Подобро е да се запре истрагата отколку да се поднесе обвинение кое нема да издржи судска проверка, изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески во врска со случајот „Мазут“. На брифинг со новинарите, Савески ја поддржа одлуката на обвинителката Коларевиќ и посочи дека бил изненаден од реакциите што следуваа по запирањето на постапката. Голем дел од јавноста реагира без да има увид во доказите со кои располага обвинителството. За разлика од ...
Викендов, во сабота и недела, 6 и 7 јуни 2026 година, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во сабота, 6 јуни. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер ...
Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само втората тенисерка која од квалификациите стигнува до финале на Гренд слем турнир, а пред неа тоа и успеа на ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со соопштение се огласи во врска со реакцијата на ФК Шкендија. Соопштението на ФФМ го пренесуваме во целост. Со жалење констатираме дека ФК Шкендија наместо да преземе одговорност за инцидентите што се случија на финалниот натпревар од Купот на Македонија, повторно сме сведоци на обид вниманието да се пренасочи кон ФФМ и нејзините одлуки. Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат ...
Кинески научници спровеле истражување за развојот на ембриони од цицачи во вселената. Експериментот е дел од мисијата Шенжоу-22, соопштија кинеските медиуми. Според информациите, примероците се вратени на 29 мај, а потоа се транспортирани во истражувачки центри во Пекинг каде што ќе бидат анализирани со цел да се утврдат ефектите од вселенското опкружување врз ембрионот.Истражувањето го врши Институтот за напредна технологија во Шенжен при ...
Рецепт за ликер од ореви кој е добар за штитна жлезда, грлото, дишните патишта, за бронхитис, желудник и за зајакнување на имунитетот. Сега е време да го направитe, кој е одличен и здрав. Состојки: 30 зелени ореви 500 г шеќер 1 литар вотка или квалитетна домашна ракија 2 стапчиња цимет 1 лажица арома на ванила Подготовка: Исецкајте ја кората од лимон. Измијте ги и исушете ги оревите, а потоа исечете ги на четвртини. Измешајте ги сите ...
Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани. – Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба да им се изврши итна ...
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри пакет помош за Украина и нови санкции против Русија, откако 18 републикански конгресмени им се придружија на демократите при гласањето. Пакетот е усвоен со 226 гласа „за“ и 195 „против“, што претставува прва голема проукраинска мерка изгласана за време на вториот мандат на претседателот Доналд Трамп Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, претходно ги повикал членовите на својата ...
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е прерано да се зборува за негово евентуално учество на претседателските избори предвидени за 2030 година, иако Уставот му дозволува повторно да се кандидира. „Навистина, Уставот дозволува кандидатура во 2030 година, но мислам дека е прерано да се зборува за тоа, навистина е многу рано. Во моментов дури и не размислувам за тоа“, рече Путин на средба со раководители на меѓународни новински ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатениот ураниум од таа земја. „Би можеле да го добиеме веднаш. Не мислам дека би можеле да не спречат доколку решиме да го преземеме, но нема причина за тоа. Ураниумот е закопан“, рече Трамп пред новинарите во Овалната соба. Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер, Моџтаба Каменеи, но додаде дека ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги отфрли наводите што кружат низ западните земји за наводен претстоен напад на Русија врз НАТО, оценувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и како „намерна манипулација“, а истовремено порача дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно во преговорите посредник да биде некој што е неутрален. – Која е целта на напад врз Европа и борба против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа е ...
Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува ...
Австралиските власти запленија повеќе од 100.000 живи егзотични лебарки од комерцијален одгледувач во сојузната држава Нов Јужен Велс во она што официјалните лица го опишаа како најголема заплена на илегални егзотични безрбетници во историјата на земјата. Одделот за климатски промени, енергија, животна средина и вода (DCCEEW) денеска соопшти дека инсектите, чија вредност се проценува на износ до 200.000 австралиски долари (142.000 американски ...
Грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, како прашање од национален интерес, ја повтори и истакна претседателот на Грција Константинос Тасулас при пристигнувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, потенцирајќи дека сакаат на север да имаат европско институционално опкружување, јави дописничката на МИА од Атина. – Како што е познато, Грција, веќе со децении, од 2003 година, цврсто ја поддржува европската перспектива на ...
Соединетите Американски Држави најавија значителна промена во својата енергетска стратегија, планирајќи инвестиции од стотици милиони долари за обнова на индустријата за јаглен, вклучувајќи и изградба на нови енергетски капацитети, кои би биле први такви проекти во земјата по повеќе од една деценија. Американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба потврди дека за оживување на овој сектор ќе бидат издвоени 700 милиони долари. Според ...
Во Тиват денеска ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на Европската Унија и Западен Балкан“, а главна тема ќе биде проширувањето на Унијата. Со собирот ќе претседава претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, кој претходно ги посети земјите од регионот, додека домаќин е претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На Самитот ќе присуствуваат и претседателката на Европската комисија, Урсула ...