Да почнеме со златото. Овој благороден метал привлече најголем интерес кај инвеститорите и читателите на порталот „Блумберг Адрија“. Цената на златото ја проби психолошката бариера од три илјади за унца (31,1 грама). Колку повеќе се зборува за растечки геополитички поделби, продлабочување на тензиите на Блискиот Исток, трговски војни, послаба економска перспектива во САД и други актуелни предизвици, толку посветло златото сјае. Експертите велат ...

Се појавува револуционерна нова технологија и ги воодушевува инвеститорите со своите наизглед неограничени можности. Еуфоријата го поттикнува берзанскиот пазар. Со текот на времето, работите се прегреваат и цените на акциите стануваат смешни. Потоа сè се руши. Звучи познато? Тоа се случи точно пред 25 години, кога пукна приближно петгодишниот „дот-ком“ (dot-com) балон, кој остави зад себе загуби од илјадници милијарди долари. На 24 март 2000 ...

„Во кариерата само еднаш добив црвен картон“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју. Како поранешен фудбалер, турскиот лидер сигурно е свесен дека судиите многу почесто замижуваат пред некој познат играч отколку пред кој било друг, дури и кога станува збор за сериозни прекршоци како што е затворањето на политичките противници. „Ердоган е самоуверен и засилен“, вака, Фарис Кочан, предавач по меѓународни односи на Факултетот ...

Турскиот суд одреди притвор за Екрем Имамоглу, главниот противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Имамоглу беше приведен во средата под обвинение за корупција и помагање на терористичка група, а неговото приведување предизвика масовни протести во градовите низ земјата. Стотици демонстранти се уапсени. Добро утро, ова се останатите пет вести кои треба да ги знаете за почеток на денот. Што би се случило со вашите 1.000 евра доколку сте ги ...

Македонскиот берзански индекс МБИ10, како што знаеме, беше регионален шампион минатата, 2024 година, со принос од 65 проценти, со што влезе и меѓу индексите што на светско ниво најмногу пораснаа за 12 месеци. МБИ10 по големиот пад во 2008 и 2009 година, кога загуби практично 80 проценти од својата вредност, кон крајот на 2024 година повторно се врати на својот историски рекорд од 10.000 поени. Тоа значи дека ако сте вложеле во кошничката акции ...

Во голем број од општините детално се проверуваат училиштата, градинките, спортските сали, културните домови, угостителски објекти и други места каде секојдневно се собираат граѓаните. Ваквите контроли се координирани преку Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски вели дека посебен акцент е ставен на објектите во кои престојуваат деца и млади, а контролите ќе продолжат и во наредните недели ...

Претстојниот бран царини на Доналд Трамп ќе биде поселективен (таргетиран) од заканите што тој повремено ги упатува, велат советниците и сојузниците. Ова може да биде олеснување за пазарите кои се под стрес поради стравувањата од општите трговски тарифи. Трамп подготвува тарифна објава за „Денот на ослободувањето“ на 2 април (како што тој го нарекува), кога ќе ги открие таканаречените реципрочни царини што ги гледа како одмазда за царините и ...

Владата на Обединетото Кралство ќе се обиде да го намали бројот на државни службеници за 10.000, изјави министерката за финансии Рејчел Ривс пред клучниот говор за јавните финансии во среда. Лабуристичката влада ќе се држи до својот план за зголемување на реалните трошоци во секоја година од овој мандат, но ќе даде приоритет каде ќе се распределуваат парите, при што се очекува секторите да бидат поефикасни преку подобра употреба на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека напорите да се запре понатамошната ескалација на војната меѓу Русија и Украина се „под контрола“. Трамп ги наведе неговите „добри“ односи со рускиот колега Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски како клучни за преговорите за ставање крај на војната. Тој зборуваше во интервју за „Ауткик“, веб-страница која комбинира спортски разговори со конзервативна политика и е во ...

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој беше уапсен под обвинение дека е поврзан со група вмешана во корупција, мито и помагање на терористички активности, го заврши петчасовното сведочење пред судот, објавија денеска турските медиуми. Имамоглу беше уапсен во средата за време на рација во неговата резиденција, само неколку дена пред да се очекува да биде номиниран за претседателски кандидат на опозициската Републиканска народна ...

Повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство идната недела ќе почнат да се враќаат во земјава. Се работи за пациенти кои се во добра здравствена состојба за да можат да се вратат назад, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното враќање на сите оздравени ...

По САД и Кина, Германија има најмногу жени милијардери. На листата милијардери во најголемата европска економија има 35 жени. Со 35 жени милијардери, Германија го зазема третото место на глобално ниво, по САД и Кина. Но, кои се приказните за успехот на овие извонредни жени? Најновото истражување на порталот Studying-in-Germany покажува дека Германија има висок удел на жени милијардери, дури 27,18 отсто од вкупниот број милијардери. Сепак, само ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги укина безбедносните дозволи на поранешниот претседател Џо Бајден и на некои клучни членови на неговата администрација, велејќи дека „повеќе не е во национален интерес“ да продолжат да имаат пристап до доверливи информации. Меѓу оние што го губат пристапот се и поранешната потпретседателка Камала Харис, поранешниот државен секретар Антони Блинкен и поранешниот советник за национална безбедност Џејк ...

Додека првите геополитички маневри на Доналд Трамп по враќањето во Белата куќа ги вознемирија повеќето американски сојузници и ги принудија да ги променат своите стратегии, оваа нова ситуација на меѓународната сцена му помогна на еден европски лидер брзо да се врати во центарот на вниманието. Згора на тоа, тој триумфално тврди дека неговите предлози за европска стратешка автономија долго време се подготвуваат за актуелниот геополитички хаос за ...

Кај сите настрадани во трагедијата во Кочани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот. До крајот на месецот се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, соопштија денеска деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков. Облеката и се што е најдено кај починатите е на Институтот за судска медицина, но се во ...

„Фолксваген“ (Volkswagen AG) сè повеќе и побрзо го намалува бројот на работни места. Компанијата само од декември најави планови да го намали својот германски работен кадар за 35.000 луѓе во период од пет години, да укине 1.900 работни места во „Порше“ (Porsche) и 7.500 во „Ауди“ (Audi), како и да го намали својот софтверски бизнис за приближно една третина. Меѓутоа, подетален увид во тоа како компанијата се споредува со некои од своите ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2025 година, изнесувала 43.050 денари, што е благо намалување во однос на декември 2024 година кога просечната нето-плата изнесувала 43.587 денари, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика. Сепак, во однос на јануари минатата година просечната нето-плата бележи раст од 8,9 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна ...

Без лиценци за работа ќе останат 13 угостителски објекти кај кои при вчерашните контроли Државниот пазарен инспекторат констатирал дека не исполнуваат минимум технички услови за работа. Овие правни лица ќе добијат забрана за вршење на дејноста, информираше денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. „Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени вкупно 82 контроли по Законот за угостителска дејност и ...

Судот во Кочани им одреди триесетдневен притвор на 13 осомничени за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ минатиот викенд. Триесетдневен притвор е одреден за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, и други приведени. Синоќа беа приведени и тројца поранешни градоначалници на ...

Министерството за транспорт по извршена контрола на 643 лиценци од над 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градење и урбанистичко планирање кај 97 лиценци констатирало дека по издавањето, правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски. Како што појасни на прес-конференција ...

Турција се подготвува за третата вечер на протести, ризикувајќи ескалација откако главната турска опозициска партија повика на национални демонстрации поради приведувањето на најистакнатиот ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Ме прашуваат дали упатувам повик да се излезе на улица? Да, да, да“, им рече претседателот на Републиканската народна партија или ЦХП, Озгур Озел на демонстрантите кои вчера вечер во Истанбул се собраа втор ден ...

Судот во Кочани им одреди триесетдневен притвор на 13 осомничени за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ минатиот викенд. Триесетдневен притвор е одреден за поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, поранешниот директор Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути и други приведени. Синоќа приведени беа и тројца поранешни градоначалници на Кочани, ...

Владата подготвува измени на Законот за локална самоуправа со кои меѓудругото се предвидува можност да се покрене доверба на градоначалниците преку организирање референдум. Според нацрт-законските измени објавени на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) прашање за доверба на градоначалникот може да се покрене еднаш во мандатот на градоначалникот, но не во првата година и во последната година од мандатот. „Советот на ...

Основното јавно обвинителство побара 30-дневен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Освен за него, продолжување на притворот се бара и за, поранешната државна секретарка во Министерството Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот Беким Хаџиу. Синоќа приведени беа и тројца поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илиев, Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Досегашната истрага предводена од ...

Лондонскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен поради прекин на струја предизвикан од пожар во блиската трафостаница. Прекинот на летовите на еден од најпрометните светски аеродроми ќе ги наруши плановите за стотици илјади патници. Пожарот се случил во текот на ноќта во трафостаница во Хејс, северно од Хитроу и голем број пожарникари се борат со пламенот. Од Хитроу во изјава порачаа дека нарушувањата во сообраќајот ќе продолжат „во текот ...

До Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) е доставено известување за концентрација со кое српската веледрогерија „Вега“ од Ваљево ќе се стекне со целосна контрола над македонската „Феникс Фарма“, црногорските „БЕНУ“ и „Фарманегра“, како и над „Феникс“ од Република Српска. Станува збор за преземање преку директно стекнување на 100 отсто од уделите во друштвата. Од КЗК информираат дека „Вега“ е веледрогерија која работи со увоз, набавка, ...

Македонија вчера ги испрати жртвите од трагичниот пожар што се случи во Кочани. Редакцијата на „Блумберг Адрија“ изразува искрено сочувство до семејствата што ги загубија најблиските. Прочитај повеќе Погребани жртвите од пожарот во Кочани Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани. пред 14 часа Автор: Владимир Николоски Објавена листа на сите жртви во пожарот, повредените се ...

Замолкнавме од тага и од бес. Шеесет животи одзеде пожарот во Кочани, 59 во дискотеката и Иле, возачот на кочанската брза помош, чие срце пукна по тоа што го гледаше цел ден. За огнот не е крива пиротехниката, туку неодговорноста и корумпираноста. Неделава зборуваа само политичарите, информираа за текот на акцијата во која бројот на приведени секојдневно расте. Зборуваа за мерките што ги преземаат за да не се повтори ова. Кажаа дека дискотеката ...

Бројот на невработени во Македонија минатата година првпат падна под границата од 100.000 лица, меѓутоа статистичките податоци откриваат дека лани имало само мал пораст на бројот на вработени. Всушност, во претходниот период од 2019 до 2023 година има континуирано опаѓање на бројот на вработени лица. Нашата анализа покажа дека најизразено намалување на бројот на вработени има во земјоделството. Бројот на вработени во секторот „земјоделство, ...

Анализираме со какви долгорочни инвестиции односно штедење би можеле да имате мирни пензионерски денови. Откриваме колку може да бидат успешни бизнисите кои даваат услуги од земјава во странство. Истражуваме каква е состојбата со производство на јагнешко месо во земјава и каква е состојбата со сточниот фонд денеска во однос на минатото. Со оглед на тоа што во светот се јавува хроничен недостиг од јајца, истражуваме какво е производството во ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
41%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 24ᴼ
2.06
42%
1016
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
41%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
7.33
37%
1011
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
54%
1017
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.14
43%
1007
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1010
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
32%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
59%
1010
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
8.75
65%
1009
Currency

61.56

Currency

53.3066

Currency

71.1701

Currency

34.6055

Currency

38.6599

Currency

66.1266

Currency

7.42752

Currency

0.65049

Currency

0.35977

Currency

0.52492

Currency

1.31354

Currency

0.60958

Алуминиум

2.71

Иридиум

148831.87

Кобалт

42.99

Никел

14940.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.77

Сребро

1224.45

Злато

107116.67

Бакар

11.28

Паладиум

40574.24

Платина

45476.29

Родиум

225858.99

Цинк

2.79