
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе му биде домаќин на својот ирански колега Масуд Пезешкијан на самит на кој ќе се потпише нов пакт додека двете земји се подготвуваат за враќањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа. Договорот за сеопфатно стратегиско партнерство има цел да ги продлабочи политичките и економските врски меѓу Русија и Иран додека се борат со санкциите наметнати од САД и нивните ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Шји Џјинпинг разговарале за трговијата, Тикток (TikTok) и фентанилот вчера пред инаугурацијата што може да го постави тонот за односите меѓу двете најголеми светски економии и главните геополитички ривали. „Само што разговарав со претседателот Шји Џјинпинг од Кина“, објави Трамп на социјалните мрежи. „Разговорот беше многу добар и за Кина и за САД“. Разговорот меѓу лидерите на ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска се очекува да замине за САД каде што на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Мицкоски на 20 јануари, според владино соопштение, ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“. Најавено е дека за време на ...
Пожарот Палисејдс се прошири кон североисток, предизвикувајќи нови евакуации во ултра-луксузните населби Брентвуд и Бел Ер во Јужна Калифорнија, додека заканата од суви ветрови одново ги зголеми ризиците по кратката пауза. Ширењето на пламенот донесе „уште една ноќ на невиден терор и тага“, рече рано во саботата надзорникот на округот Лос Анџелес, Линдзи Хорват. Проширената зона за евакуација опфаќа некои од најважните културни институции во ...
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска во 7 часот почна гласањето во вториот круг од претседателските избори на кои учествуваат досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, а првите резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги соопшти во 19 часот и 30 минути. Во првиот изборен ...
На пазарот на суровини нафтата се тргува близу петмесечен максимум, поради американските санкции на руската нафта, како и можните дополнителни царини од администрацијата на Трамп. Цената на брентот утрово е близу 81 долар за барел, по растот од пет проценти во последните две сесии, додека ВТИ (West Texas Intermediate - WTI) е близу 79 долари. Иако актуелните мерки на Вашингтон веќе сериозно го нарушија светскиот пазар, последиците всушност ...
Енергетскиот снабдувач „Едисон интернешнал“ (Edison International Inc.) во јужна Калифорнија се соочува со тужби во кои се посочува неговата опрема како причина за еден од пожарите што сè уште беснеат во вториот по големина град во САД. Првата од неколкуте тужби доставени во понеделникот е поднесена во име на група сопственици на домови, станари, сопственици на бизниси и други со имоти уништени од смртоносниот пожар Итон во областа Пасадена. ...
Европските сојузници на Украина стануваат претпазливо оптимистични дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, нема да го принуди Киев на прерани преговори со Русија. Ваквото расположение следува по серија приватни разговори со членови на тимот на Трамп, во кои трансатлантските партнери ја презентирале иницијативата за продолжена поддршка за Украина, според европски официјални лица запознаени со ситуацијата, кои одбија да бидат ...
Санкциите кон Русија станаа тема за која постојано се зборува, а Европа сега размислува за нов потег во таа насока. Во Јужна Кореја се случи политички преседан, а најбогатиот човек на светот се најде под истрага на регулаторите во САД. ПОЛИТИКА Забрана за увоз на руски алуминиум и ЛНГ? Европската Унија размислува за ограничувања на увозот на руски алуминиум и течен природен гас (ЛНГ), како дел од новиот пакет санкции кон Русија поради војната ...
„Рајанер“ (Ryanair Holdings Plc) побара од европските власти да ја ограничат продажбата на алкохол на аеродромите. Ирската нискобуџетна авиокомпанија изјави дека поддржува максимум по два пијалака на аеродромите, наведувајќи инцидент од април 2024 година, кој ја чинел повеќе од 15.000 евра. Инцидентите на летовите се зголемуваат од пандемијата, што ги поттикна авиокомпаниите и стјуардесите во Европа и во САД да повикаат на ограничувања на ...
По 15 месеци конфликт, Израел и Хамас конечно постигнаа договор за примирје, што доведе до привремено прекинување на војната во Газа. Освен тоа, постојат навестувања дека се ближи крајот на другата војна што се води во светот - онаа меѓу Русија и Украина. ПОЛИТИКА Израел и Хамас договорија примирје Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот, кој подразбира ослободување повеќе десетици заложници и привремено запирање на војната во ...
Минатата година на глобално ниво беа инсталирани 541.302 индустриски роботи, што е пад од приближно два отсто во однос на рекордното темпо од 2022 година, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната федерација за роботика. Процените се дека инсталациите на роботи на глобално ниво во 2024 година нема да се променат, но следната година ќе се зголемат за околу три отсто. Тоа е помалку од очекувањата во минатогодишниот извештај за раст од 5 ...
За бизнисите во Норвешка, болеста на вработените станува сè поголем проблем. Работниците земаат повеќе боледувања отколку каде било во Европа, а отсуствата се на највисоко ниво во последните 15 години. Додека компаниите се борат со хронични недостатоци, критичарите ја обвинуваат премногу дарежливата социјална заштита, каде што трошоците за здравствени бенефиции ги надминуваат оние во другите развиени земји. ММФ го нарекува тоа „скапо и ...
Женската застапеност во управните одбори е речиси тројно зголемена од 2010 година, при што диверзифицираните компании по родова основа обезбедуваат повисоки приноси за акционерите во споредба со управните одбори доминирани од мажи, според „Блумберг интелиџенс“ (Bloomberg Intelligence). Жените сочинуваа 26 отсто од управните одбори во 2023 година во споредба со 9 отсто во 2010 година, што укажува на тоа како регулативите во Европа, САД и Азија ...
„Беркшир Хатавеј“ (Berkshire Hathaway Inc.) купи акции во „Доминос“ (Domino’s Pizza Inc.) и во „Пул корп“ (Pool Corp.) за време на третиот квартал, додека претседателот Ворен Бафет намали некои од долго држените инвестиции. Акциите на двете компании скокнаа во доцното тргување во Њујорк. Основачот на конгломератот со седиште во Омаха, Небраска, купи околу 1,3 милион акции во рестораните за пица, давајќи му на „Беркшир“ удел од 3,6 отсто, ...
Нова кредитна линија во вкупна вредност од четири милиони евра и поврат на дел од средствата е новата поволност ставена на располагање за граѓаните во земјава за поддршка на проекти за енергетска ефикасност. Кредитите се наменски за инвестиции за енергетска ефикасност за домаќинствата, станбените заедници, производителите и давателите на услуги. Парите се обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а ќе бидат пласирани преку ...
Како што Лари Финк го води „Блекрок“ (BlackRock Inc.) подлабоко кон приватните пазари, тој постојано додава нови милијардери на списокот на гигантот за управување со средства - и во тој процес ги прави сите побогати. Најновото трио: Скот Капник, Скот Френч и Мајк Патерсон, основачите на ХПС (HPS Investment Partners). Понудата на „Блекрок“ од 12 милијарди долари за специјалистот за приватни кредити, објавена во вторникот, ќе им овозможи на ...
Македонија најмногу дава финансиска поддршка за земјоделството, Албанија за туризам, а Србија за поддршка на мали и средни претпријатија. Ова го покажува анализата на државната помош што ја нудат земјите од Западен Балкан, која ја изработи институтот „Фајненс тинк“ (Finance Think). Во фокусот на студијата се видовите и износите на државна помош за домашни и странски компании, со осврт на транспарентноста и одговорноста на надлежните институции ...
Националната референтна каматна стапка (НРКС) е на највисоко ниво од 2018 година досега. Каматата што на својата веб-страница ја објавуваат и Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Народната банка (НБРМ) се менува секој месец и во октомври изнесува 2,41 отсто. Во пресметката на оваа референтна каматна стапка се вклучени денарските депозити без валутна клаузула договорени со домаќинствата и нефинансиските институции, а која е објавена на ...
Иако забавено, трендот на раст на проблематичните кредити кај домаќинствата продолжува. Во вториот квартал од оваа година растот изнесуваше 10,7 отсто. Во јули биле за 559 милиони денари (9 милиони евра) повисоки отколку во првиот квартал. Според извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за вториот квартал од оваа година на Нардоната банка, сепак, растот во вториот квартал е помал отколку во претходното тримесечје. Тогаш нефункционалните ...
Фед и многу други централни банки во богатиот свет се очекува повторно да ги намалат каматните стапки наредната недела, веднаш по претседателските избори во САД, и покрај тоа што можеби нема да има одлука. Централните банки одговорни за повеќе од една третина од глобалната економија ќе ги одредат трошоците за позајмување по гласањето, држејќи се до каква било сигурност што можат да ја забележат за веројатниот пат на американската политика во ...
Започна судењето за измами со никел вредни милијарди долари, случај што ја потресе бизнис-заедницата во Сингапур. Имено, поранешен сметководител е обвинет за измама со никел во милијарди долари и од денеска му се суди по повеќе од сто обвиненија поврзани со измама и перење пари. Обвинителите тврдат дека Нг Ју Жи (37) собрал пари за обрти што не постоеле. Стотици клиенти, од кои многумина се истакнати личности во градот-држава, ги вложиле ...
Инвеститорите се оптимисти за глобалниот економски раст годинава. Анкетата која традиционално ја спроведува „Прајсвотерхаускуперс“ (ПвЦ – PwC) покажува дека повеќе од половина од инвеститорите очекуваат дека глобалната економија ќе расте во текот на 2025 година. Пад очекуваат помалку од третина од испитаниците. Истражувањето уште покажува дека само една третина од инвеститорите ја гледаат макроекономската нестабилност или инфлацијата како ...
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, го оправда укинувањето на проверувачите на факти со тврдењето дека тие „биле премногу политички пристрасни и уништиле повеќе доверба отколку што создале, особено во САД“. Промени како што дува ветерот Многумина во неговиот најнов потег гледаат кулминација на повеќемесечните напори да му се додвори на Доналд Трамп, на кого Фејсбук му го укина профилот по нападот на Капитол во јануари 2021 година. Од ...
Фармацевтската компанија „Реплек АД“ и во текот на 2024 година го задржа трендот на раст на приходите од продажба. Овој тренд почна пред две години, а лани ги надмина проектираните цели од годишниот бизнис план. Реализацијата изнесува 100,5 отсто. „За периодот од 1. јануари до 31. декември 2024 година, остварени се вкупни приходи од продажба од 1.919,6 милиони денари (31,2 милиони евра), што претставува раст од 24 отсто во споредба со ...
Врховниот суд на САД сигнализираше дека веројатно ќе го поддржи законот кој би ја забранил популарната социјална мрежа Тикток (TikTok) во САД, ако не биде продаден од неговата кинеска матична компанија до 19 јануари. Слушајќи аргументи во Вашингтон, мнозинството судии сугерираа дека ја сфаќаат загриженоста за националната безбедност на САД како поважна од интересите за слобода на говор на компаниите и креаторите на содржини. Неколку судии го ...
Предизвиците на е-трговците во регионов се речиси исти за сите пазари, покажува најновиот извештај за е-трговијата во Западен Балкан, кој го изработи Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), со поддршка на „НЛБ банка“. Доставата и логистиката и понатаму остануваат најголем предизвик за е-трговците во Македонија и регионот, и тоа во однос на брзината на доставата, високите цени на доставата, доверливоста на курирските услуги, ...
„Рио Тинто“ (Rio Tinto Group) и „Гленкор“ (Glencore Plc) одржаа почетни разговори за комбинирање на нивните бизниси за да создадат гигант што ќе му конкурира на долгогодишниот титан во индустријата БХП (BHP Group). Разговорите се одржале кон крајот на минатата година, но моментално не се активни, според луѓе запознаени со ситуацијата, кои побараа да останат анонимни. „Рио Тинто“ е втората најголема рударска компанија во светот, со пазарна ...
Сè уште не ја презел функцијата, а моќното влијание на новоизбраниот претседател Доналд Трамп можеби веќе се прошири од Силициумската Долина до Брисел. Само неколку дена откако Марк Закерберг рече дека ќе ја затвори проверката на факти за американските корисници на „Мета“ (Meta Platforms Inc.), што е очигледен смирувачки потег за Трамп, Европската комисија соопшти дека ги „проценува“ истрагите за пазарната доминација на „Епл“ (Apple Inc.), ...
Тикток (TikTok) рече дека ќе биде принуден утре да „згасне“ во САД, освен ако нема јасна изјава од администрацијата на Бајден до давателите на услуги кои ја одржуваат неговата достапност. Вчерашните изјавите од Белата куќа и Министерството за правда „не успеаја да ја дадат потребната јасност и сигурност“ на давателите на услуги, соопшти компанијата во објавата на X. Врховниот суд во петокот едногласно го потврди законот со кој се заканува ...