Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Ретките метали, фентанилот и сојата се главни прашања помеѓу САД и Кина, според американскиот претседател Трамп. Тој ги наведе клучните точки во преговорите непосредно пред враќањето на преговарачката маса. „Не сакам да си играат со нас кога станува збор за ретките метали“, изјави Трамп. Неколку дена порано, американскиот претседател се закани со царина од 100 отсто на кинеските пратки, откако Пекинг најави воведување опсежни контроли врз ...
Поминаа неколку години откако пандемијата ги прошири видиците и овозможи работата да се одвива и од далечина, секако, таму каде што е можно. Иако на тоа прво се гледаше со недоверба, искуството во годините потоа во најголем број случаи го докажа спротивното – дека манипулациите од страна на работниците се изретчија, продуктивноста остана иста или некаде дури и се зголеми, а трошоците на компаниите се намалија. Учинокот? Вин-вин или двојна ...
Во мај лани цената на бакарот за првпат надмина 11.000 долари за тон, потоа се стабилизира и од почетокот на трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп годинава, повторно има нагорен тренд. Неделава ја почна со раст од еден отсто. Во услови на раст на побарувачката на металот, а сè поголем недостиг на пазарот, не е исклучена можноста да се остварат проекциите и цената да надмине 12.000 долари за тон. „Иако не е благороден ...
Кина соопшти дека економијата сè уште е на пат да ја достигне годишната цел за раст, и покрај најслабиот квартален резултат во изминатата година, при што силниот извоз ја амортизира пошироката забавеност. Бруто-домашниот производ пораснал за 4,8 отсто во третиот квартал во однос на истиот период лани, што е малку над очекувањата на економистите. Според Националното биро за статистика, растот во првите девет месеци поставил „цврста основа“ ...
Најголемиот сопственик на франшизата на ИКЕА (IKEA) купува шумско земјиште во Латвија и Естонија во вредност од 720 милиони евра. Станува збор за најголема ваква аквизиција, чија цел е да обезбеди добро управуван извор на одржлива суровина за својот мебел. Според соопштението објавено денеска, „Ингка инвестментс“ (Ingka Investments), инвестициската гранка на „Ингка груп“ (Ingka Group), купува околу 153.000 хектари земјиште од шведското ...
Претседателот Доналд Трамп ги наведе ретките метали, фентанилот и сојата како главни прашања помеѓу САД и Кина, непосредно пред да се вратат на преговарачката маса и додека лабавото примирје во трговските односи влегува во завршната фаза. „Не сакам да си играат со нас кога станува збор за ретките метали“, изјави Трамп во претседателскиот авион во неделата, на патот од Флорида назад во Вашингтон. Неколку дена порано, американскиот ...
„Керинг“ (Kering SA) се согласи да му го продаде својот козметички сектор на „Лореал“ (L’Oreal SA) како дел од долгорочен стратешки сојуз, при што извршниот директор Лука де Мео има цел да ја обнови успешноста на францускиот луксузен гигант. Компанијата, која е сопственик на модни брендови, меѓу кои и „Гучи“ (Gucci), соопшти дека зделката има цел да го забрза растот. Вредноста на зделката изнесува 4 милијарди евра (4,7 милијарди долари), сe ...
„Керинг“ (Kering SA) се согласи да го продаде својот козметички сектор на „Л’Ореал“ (L’Oreal SA) како дел од долгорочен стратешки сојуз, при што извршниот директор Лука де Мео има цел да ја обнови успешноста на францускиот луксузен гигант. Компанијата, која е сопственик на модни брендови меѓу кои и „Гучи“ (Gucci), соопшти дека зделката има за цел да го забрза растот. Вредноста на зделката изнесува 4 милијарди евра (4,7 милијарди долари), сe ...
Златото се движеше меѓу добивки и загуби – по остриот пад што го зафати поширокиот пазар на благородни метали кон крајот на минатата недела, додека знаците за намалување на тензиите меѓу САД и Кина го подобрија расположението на пазарите. Благородниот метал осцилираше пред на почетокот на тргувањето во Азија утринава да забележи мала промена, продолжувајќи ја нестабилноста што следеше по петочниот пад од 1,7 отсто, најголемиот дневен пад од ...
Уште една неизвесна недела на финансиските пазари е зад нас, обележана со значителна нестабилност. Сепак, падовите не беа толку нагли како претходната недела, кога референтниот индекс S&P 500 го забележа својот најлош ден од април, а пазарот на криптовалути потона во бездна. И покрај неодамнешниот пад на крипто пазарот, биткоинот сè уште е во пораст од околу 14 проценти во 2025 година и е блиску до рекордната вредност од речиси 126.000 ...
Македонија се разбуди со нова локална власт. Осмите локални избори од осамостојувањето генерално минаа во фер и демократска атмосфера. Градоначалниците и советниците нови (некаде старо-нови), ама желбите на граѓаните многу стари. Година 2025. Европските метрополи го фаворизираат еко-превозот на сметка на автомобилите-загаувачи, некои дури имаат целосно бесплатен јавен превоз, скали и ескалатори што свират, паметни контејнери, изобилство на ...
Македонија не е директно засегната од американските санкции врз „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС), кои стапија во сила на 9 октомври, откако осум пати годинава беа одложувани. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат дека најголем дел (речиси 86 отсто) од нафтата што е достапна во земјава е од увоз од Грција, додека од Србија се увезува под еден отсто. Во согласност со Годишниот извештај на РКЕ за 2024 година, трговците на ...
Неодамна висок функционер на Европската централна банка (ЕЦБ) изјави дека 2029 година е најверојатно моментот кога еврозоната официјално ќе го добие дигиталното евро – дигитална валута што треба да биде одговор на растечката доминација на т.н. стабилни коини или стабилни валути, во моментов најголем дел од нив врзани за американскиот долар. Ова ќе го смени начинот на кој над 450 милиони жители на Европската Унија (ЕУ) ќе менаџираат со своите ...
Мирен изборен ден во фер и демократска атмосфера. Ваква е генералната оценка за осмите по ред локални избори во независна Македонија, иако има пријави и обвинувања за неправилности во изолирани случаи. Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на локалните избори. Според речиси целосно обработените податоци за излезноста, правото на глас го искористиле 46,5 проценти, или гласале ...
Напорите на Обединетото Кралство за декарбонизација на својот енергетски систем до крајот на деценијата ќе дадат најголем поттик за вработување во Источна Англија и Шкотска. Владиниот план објавен денеска предвидува дека овие региони ќе имаат најголема корист од над 400.000 нови работни места што ќе се создадат за поддршка на транзицијата кон енергија со низок јаглероден отисок. Прочитај повеќе Пресврт во 2024 година во ЕУ: Енергијата ...
Светски познатиот музеј „Лувр“ во Париз денеска беше затворен по грабеж што се случил утрово. Министерката за култура на Франција, Рашида Дати, го објави инцидентот на својот профил на социјалните мрежи, без да даде дополнителни детали за тоа што е украдено. Од „Лувр“ соопштија дека се музејот се затвора за тој ден „од посебни причини“, без да дополнително да образложат. „Утрово на отворањето на музејот ‘Лувр’ се случи грабеж“, напиша Дати ...
Инфлацијата во еврозоната веројатно ќе ја достигне целта од два отсто на Европската централна банка (ЕЦБ) во наредните години, смета претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел. „Се чини дека сме прилично блиску до нашата цел за следните години“, рече тој синоќа во Вашингтон. „Иако не треба да бидеме многу самозадоволни, сепак приказната за инфлацијата изгледа добро.“ Најновите проекции на ЕЦБ предвидуваат годишен раст на потрошувачките цени ...
Акциите на големите компјутерски компании коишто овозможуваат функционирање на биткоинот повторно ја надминуваат оригиналната криптовалута бидејќи сè повеќе се насочуваат кон хибридни модели изградени околу вештачка интелигенција (ВИ) и високоефектно компјутерство. Одамна наречени рудари поради перципираните сличности при креирањето на биткоин со рударењето на традиционални стоки како што е златото, компаниите честопати биле на милост и ...
Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, ја пофали Германија за конечното отворање на својот државен паричник. „Фискалната политика ќе игра поподдржувачка улога во наредните години“, рече таа вчера во Вашингтон. „Ова е особено точно за земјите кои ќе ги зголемат своите инвестиции во одбраната, а тоа е секако случај - во голема мера - за Германија, каде што се во тек големи воени и инфраструктурни инвестиции, кои ...
Кина соопшти дека открила „неоспорни докази“ за кибер напади од страна на американската влада врз главната агенција во земјата одговорна за мерење на времето. Американската агенцијата за национална безбедност (НСА) ја искористила ранливоста во мобилните телефони на некои вработени во Националниот центар за услуги за време за да ги нападне уредите и да добие чувствителни информации почнувајќи од 25 март 2022 година, пишува во соопштението ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп формално воведе царини од 25 проценти за увезени средни и тешки камиони и делови, како и царина од 10 отсто за автобуси, а го продолжи клучното олеснување на царините за американските производители на автомобили. Трамп вчера потпиша указ со кој се воведуваат царини за камионите и автобусите почнувајќи од 1 ноември, според високи функционери на администрацијата. Трамп претходно ...
Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс глобал рејтингс“ (S&P Global Ratings) го намали рејтингот на Франција, нанесувајќи уште еден удар врз кредибилитетот на земјата бидејќи ослабената малцинска влада се бори да донесе закон за справување со зголемениот долг. Непланирано, фирмата го намали рејтингот на Франција на А+ од АА-, посочувајќи дека неизвесноста во буџетот на земјата „останува висока“ и покрај поднесувањето на ...
„Дојче Луфтханза“ (Deutsche Lufthansa AG) може да елиминира околу 100 домашни летови неделно следното лето, бидејќи високите даноци и такси за авијација во Германија влијаат врз профитабилноста, изјави главниот извршен директор Карстен Шпор за „Велт ам зонтаг“ (Welt am Sonntag). „Без намалување на трошоците за локација, понатамошните намалувања ќе бидат неизбежни“, рече Шпор во интервјуто за германскиот весник. „Ова вклучува околу 100 ...
Следната рунда трговски преговори меѓу САД и Кина е закажана за идната недела, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг ќе се соочат со задачата да преговараат за новите ескалациски мерки меѓу двете најголеми економии во светот. Бесент рече дека синоќа виртуелно разговарал со Хе. Шефот на финансии претходно ги опиша разговорите со Хе како „искрени и детални“ и ги потврди плановите за лична средба ...
По два месеца пазарно блаженство, Волстрит се буди од својот сон. Прво, колапсот на „Фрст брендс груп“ (First Brands Group) и „Триколор холдингс“ (Tricolor Holdings) ги оживеа долгогодишните стравувања за скриени кредитни загуби. Потоа, отпишувањата поврзани со измами кај „Зионс банкорп“ (Zions Bancorp) и „Вестерн алијанс“ (Western Alliance) - бришејќи повеќе од 100 милијарди долари вредност на акциите на американските банки за само еден ден ...
По успешното посредништво за крај на двегодишниот конфликт на Блискиот Исток, иако и таму тешкиот дел допрва следува, Трамп повторно го враќа фокусот на војната што близу четири години се води на европско тло. Тој најавува втор состанок со Путин во Будимпешта откако вчера, по третпат годинава, се сретна со Зеленски во Вашингтон. Пред средбата со американскиот, украинскиот претседател напиша на Х дека земјата ја сработила домашната, и воено и ...
Во период кога доаѓа до заострување на условите за тргување на глобално ниво, воведување царински и други бариери и разгорување на трговската војна меѓу САД и Кина анализираме каква е реалната перспектива за македонската економија следната година. Со оглед на тоа што овие месеци се креира домашниот буџет презентираме какви прогнози за раст на БДП дадоа досега Владата и различни меѓународни институции за наредниот период. Буџетскиот дефицит ...
Франција ги проширува своите проверки против перење пари на крипто берзите додека регулаторите се обидуваат да утврдат кои од повеќе од 100 субјекти регистрирани како нудечи на крипто услуги во земјата ќе добијат дозволи за работа низ целата Европска Унија во наредните месеци. Француското тело за супервизија и санација на бонитет, познато како АЦПР (ACPR), спроведува контроли на десетици берзи, а тој потфат започна кон крајот на минатата ...
Во споредба со колапсот на „Фрст брендс“ (First Brands Group) и „Триколор“ (Tricolor Holdings), загубите што ги открија регионалните банки „Ционс“ (Zions Bancorp) и “Вестерн“ (Western Alliance Bancorp) изгледаат мали — во износ од „само“ неколку десетици милиони, а не милијарди долари. Сепак, последователното откривање на измами со заеми повторно ја разгоре дебатата на „Волстрит“ за тоа дали ерата на лесен капитал конечно ќе донесе ...
Турската лира падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот бавен пад поради очекувањата дека властите ќе дозволат таа да продолжи да ослабува сè додека тоа го прави побавно темпо од стапката на инфлација. Лирата утрово се лизна за 0,2 проценти, на 41,95 лири за долар. Валутата, која оваа година падна за 16 отсто, се движи кон 15-та недела загуби. „Слабеењето на лирата не е изненадување - валутата достигнува најниски ценовни нивоа ...