Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, СБ проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3 отсто, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 отсто во однос на претходната проценка. Од земјите во регионот, се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори-сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW, соопшти нејзиниот претседател Марко Бислимовски. „Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната ...
Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. „Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни“, рече Ристески. Комисијата ќе ги разгледа сите предмети и ќе ги ...
Нешто над 1,55 милион нови патнички возила со нулта емисија на штетни гасови се регистрирани во 2023 година во Европската Унија. Тоа претставува 14,5 проценти во вкупниот број нови регистрации на патнички автомобили во земјите на ЕУ. Бројката на нови регистрации на патнички автомобили со нулта емисија во земјите од Унијата потврдува добар напредок со тоа што во 2023 година е приближно 70 пати поголема отколку пред десет години и 11 пати ...
За повеќето луѓе односот цена-перформанси е најважниот аспект при купување автомобил. За жал, многу модели тука не успеваат, како што докажува автотестот на германскиот автомобилски клуб АДАК (ADAC), кој ги рангира автомобилите токму по критериумот цена-перформанси. Набавната цена не е сѐ Од АДАК констатираат дека автомобилите никогаш не биле толку скапи како денес. Дури и во најевтините сегменти на возила – мини и мали автомобили – изборот на ...
Eден од четирите најголеми тениски гранслем-турнири во светот - Австралија опен, реши да ги помести границите во пристапот кон публиката, па покрај искуството во живо, да понуди и анимирана верзија на често напнатите мечеви меѓу врвните тенисери, која во реално време ја следи фактичката состојба на натпреварот. Подетално - на официјалниот канал на Австралија опен на Јутјуб (YouTube) може да ги следите натпреварите „во живо“, според тоа што ...
Појавата на стриминг-платформите започнаа нова ера на впивање содржини од страна на аудиториумот, особено кога станува збор за помладите генерации. Иако прогресот се одвива бавно и традиционалните медиуми и натаму се првиот избор на публиката дури и кога станува збор за содржини за забава и рекреација, сепак напредокот е видлив и неминовно е дека во иднина трката меѓу стриминг-платформите и традиционалните медиуми ќе ја зголемува неизвесноста ...
Колку би ја чинело Македонија задолжувањето преку еврообврзница во 2025 година и дали е можно државата да најде пари за финансирање на буџетскиот дефицит односно јавниот долг по поволни услови на домашниот пазар се прашања на кои ќе дадеме одговор со помош на аналитичарите на „Блумберг Адрија“. Истражуваме дали постојат дупки во регулативата за заштита на личните податоци кои овозможуваат злоупотреби на штета на физичките лица и прашуваме како ...
Просечната плата на вработените во администрацијата е пониска од 500 евра или околу 200 евра под просечната плата на државно ниво. Тие неделава протестираат и бараат 30 отсто зголемување, Владата ги разбира (иако се сомнева во мотивите за протестот). Ставот на власта е дека е јасно дека платите се ниски, но треба да биде јасно и дека можностите на буџетот се лимитирани. А за тоа колку се лимитирани можностите на буџетот говори и веста што ја ...
Континуираниот раст на вредноста на златото во изминативе неколку години кулминира во текот на минатата година, а според првичните сигнали од првите две недели во 2025 година веројатно цената на скапоцениот метал ќе продолжи да се зголемува и во наредните месеци. Ваквите трендови позитивно влијаат врз македонските девизни резерви, од кои дел е пласиран во монетарно злато. Имено, од почетокот на 2019 година заклучно со минатата година вредноста ...
Пад на прометот во индустријата во ноември за 7,5 проценти на годишно ниво. Според податоците од Државниот завод за статистика, прометот во рударството и кај трајните производи за широка потрошувачка бележи значаен пораст во ноември лани споредено со истиот месец од претходната година, и тоа за 14,3 проценти односно за 12,8 проценти. Сепак, тоа не е доволно за да го анулира големиот пад на прометот главно во преработувачката индустрија и кај ...