
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Копирај, пастирај, реферирај. Во текот на 18 месеци, тоа е едноставниот процес кој му помогна на еден технолошки работник да препорача повеќе од илјада кандидати за работа на својот работодавач. Неговите напори резултираа со повеќе успешни вработувања за компанијата и околу 30.000 долари во бонуси за него. Се чини дека на никој не му е важно, па дури и дека никој не ни забележал, дека речиси секоја личност што ја препорачал била целосен странец. ...
Во текот на 2025 година прехранбената компанија „Витаминка“ од Прилеп очекува забрзан раст на приходите од продажба во однос на претходните две години. Во бизнис планот на компанијата објавен на Македонската берза се наведува дека за оваа година се планирани приходи од продажба во висина од 80 милиони евра, што претставува раст од 30 отсто во однос на очекуваните за 2024 година. Очекувањата на менаџментот се дека лани биле остварени приходи од ...
Кинески официјални лица ја разгледуваат можноста Илон Маск да ги преземе американските операции на Тикток (TikTok) доколку компанијата не успее да ја спречи контроверзната забрана на апликацијата за кратки видеа, според луѓе запознаени со ситуацијата со кои разговарал „Блумберг“ (Bloomberg). Официјалните лица во Пекинг силно претпочитаат Тикток да остане во сопственост на матичната компанија „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.), велат луѓето, и ...
Илон Маск ги измамил акционерите на Твитер за повеќе од 150 милиони долари со тоа што доцна го открил својот растечки удел во компанијата, додека подготвувал понуда за преземање, тврди американската Комисија за хартии од вредност (Securities and Exchange Commission - SEC) во тужба поднесена неколку дена пред администрацијата на Доналд Трамп да ја преземе власта во САД. Она на што се жали државната агенција - а што адвокатот на Маск веднаш го ...
„Рајанер“ (Ryanair Holdings Plc) побара од европските власти да ја ограничат продажбата на алкохол на аеродромите, обновувајќи го својот повик за строги мерки поради низа скапи нарушувања од страна на патниците. Ирската нискобуџетна авиокомпанија изјави дека поддржува максимум по два пијалака на аеродромите, наведувајќи инцидент од април 2024 година, кој ја чинел повеќе од 15.000 евра. „Не разбираме зошто патниците на аеродромите не се ...
„Блекрок“ (BlackRock Inc.) постигна годишен рекорд од 641 милијарда долари во средства на клиенти, нагласувајќи го глобалниот досег на фирмата преку акции и обврзници, индексни и активни фондови и сè повеќе на брзорастечкиот и профитабилен пазар за приватни средства. Вкупниот износ вклучува 390 милијарди долари, кои минатата година се влеале во нејзиниот ETF-бизнис со фондови со кои се тргува на берза ЕТФ (ETF), 226 милијарди долари во фондови ...
„Стопанска банка Битола“ лани оствари добивка по оданочување од 163,17 милиони денари (2,6 милиони евра), што претставува значајно подобро остварување споредено со истиот период од минатата година, кога работеше со загуба од 189,82 милиони денари (3 милиони евра). „Позитивниот финансиски резултат се должи на задржаниот висок оперативен резултат, засилената активност за наплата на нефункционалното портфолио на банката, како и на пониското ниво ...
„Скопски пазар“ купи дополнителни 156 акции и сега поседува 89.364 акции односно 19,76 проценти од вкупниот број обични акции издадени од „Македонијатурист“, информираа од компанијата преку Македонската берза. Оттаму додаваат и дека „Промедика“ купила дополнителни 28 акции и сега поседува 53.799 акциja односно 11,90 проценти од вкупниот број обични акции издадени од компанијата. Од „Македонијатурист“ исто така информираа дека акционерот „МГ ...
Рејтинг агенцијата „Фич“ (Fitch Ratings) за следната година го оценува како неутрален автомобилскиот сектор во светски рамки. Се очекува раст на овој пазар од два отсто на глобално ниво со пригушени цени поради големата конкуренција. „Неутралните изгледи за глобалниот автомобилски сектор ги одразуваат нашите очекувања за стабилна производствена средина, при што глобалната продажба на лесни возила се предвидува да се зголеми за околу два отсто. ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп вчера рече дека Панамскиот канал наплаќа „прекумерни цени и стапки на минување“ на американските поморски и трговски бродови и побара да се намалат таксите или во спротивно Панама ќе треба да го врати каналот во САД. „Таксите што ги наплаќа Панама се смешни, особено ако се знае извонредната великодушност што ѝ беше дадена на Панама од САД“, рече Трамп во објавата на неговата платформа „Трут сошл“ (Truth ...
„Тесла“ (Tesla Inc.) го надмина еден од најценетите германски премиум брендови на автомобили минатата година и покрај тоа што продаде помалку возила од очекуваното. „Ауди“ (Audi) на „Фолксваген“ (Volkswagen AG) продаде 1,67 милиони возила во 2024 година, што е за 12 проценти помалку од една година порано. Борбата со засилената конкуренција во Европа и Кина и слабата побарувачка за електричните модели го фрлија брендот зад „Тесла“ на Илон Маск, ...
Нарачките во германските фабрики опаднаа најмногу во последните три месеци, што дополнително ги истакна проблемите на индустријата на само неколку недели пред сè уште актуелниот канцеларот Олаф Шолц да се соочи со избори. Побарувачката во ноември се намали за 5,4 проценти во однос на претходниот месец, а таквиот резултат е многу полош од падот од 0,2 отсто што го предвидуваа економистите во истражувањето на „Блумберг“. Тоа е поради падот на ...
Во текот на третиот квартал од 2024 година гостите платиле 366,2 милиони ноќевања преку краткорочно изнајмување на сместувачки капацитети во рамки на земјите од ЕУ, а кои биле резервирани преку платформите „Ер-би-ен-би“ (Airbnb), „Букинг“ (Booking), „Експидија“ (Expedia Group) или „Трипадвајзор“ (Tripadvisor). Според статистичките податоцо на Еуростат, ова претставува зголемување од 18 проценти во споредба со истиот период во 2023 година. Во ...
Германија се бори со низа економски проблеми кои на оваа економски силна и извозно ориентирана земја и ја донесоа неславната титула болниот од Европа. Владата на канцеларот Олаф Шолц досега не успеа убедливо да го поттикне економскиот мотор на Европската унија – германската економија се намали за време на пандемијата, подоцна зајакна и повторно стагнира во последните две години. Додека владата на Шолц ги пакува куферите, листата на проблеми и ...
Сараево ја освои титулата најдобар град за посета во 2025 година, според читателите на „Нешнл џиографик травел“ (National Geographic Travel). Гласањето беше спроведено преку Инстаграм страницата на овој престижен магазин, а меѓу финалистите се најдоа пет светски дестинации. Во конкуренција на Хо Ши Мин Сити (Виетнам), Њу Орлеанс (САД), Бодрум (Турција) и Куско (Перу), Сараево победи како омилена дестинација што читателите сакаат да ја посетат ...
Квалификуваната работна сила станува сè поголем проблем во развојот на европската економија. Во моментов, 18 отсто од производствените и 27 отсто од услужните компании во ЕУ го наведуваат проблемот со недостигот од работна сила како најголем проблем во бизнисот. Според досегашните податоци, може да се каже дека сите што сакаат да работат – работат. Имено, вработеноста на ниво на ЕУ е на историско ниво од 75,3 отсто. Од друга страна, ...
Што би била „нормална“ каматна стапка? За гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска тоа би била каматна стапка што од една страна не ја стимулира инфлацијата, а од друга страна не го спречува економскиот развој. „Многу е тешко да се одреди кое е тоа ниво на каматна стапка. Многу дискусии има на темата што можеме понатаму да очекуваме, дали враќање кон пониски каматни стапки или нивен поголем раст“, рече Ангеловска-Бежоска на Банкарскиот ...
Гувернерот на хрватската централна банка Борис Вујчиќ предупреди дека виталниот туристички сектор на земјата може да биде оштетен од кумулативното влијание на покачувањето на цените во последните неколку години. Вујчиќ во денешното телевизиско интервју рече дека цените на туризмот во Хрватска се зголемиле за околу 50 отсто во изминатите три до четири години. Тоа е многу повеќе од зголемувањето од 20 отсто во конкурентните медитерански ...
Само уште неколку дена нѐ делат од официјалното прогласување на Доналд Трамп за нов американски претседател, а светот е веќе во грч поради неговите најави за трговски царини кон Кина, ЕУ, но и други земји, желбите за купување (анектирање) на Гренланд и спојувањето на Канада кон САД и другите фамозни изјави околу идните политики на САД што ги дава периодов откако победи на изборите во ноември. Колку и да изгледаат некои од нив бизарно или ...
Администрацијата ќе протестира и денеска. Протестите ќе се одржат пред министерствата и институциите во кои вработените бараат зголемување на платите за сто евра. Организаторот на протестите, Синдикатот на УПОЗ, ја обвинува власта дека нема слух за нивните барања. Владата обвинува дека протестот не е организиран согласно законот за работни односи. Добро утро, еве ги останатите пет вести кои се важни за почеток на денот. Буџетот губи поради ...
Македонија се подготвува за издавање еврообврзница во 2025 година, според изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска во рамките на форумот на Централна и Источна Европа во Виена којашто ја пренесе „Блумберг“. Во изјавата таа не прецизира за колкава сума станува збор и кога би било новото задолжување. Ваквата најава доаѓа во период кога пристигнува за исплата еврообврзницата издадена во 2018 година во износ од 500 милиони ...
Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП за периодот 2024 ‒ 2026 година, спроведена во декември, не упатува на позначителни промени во очекувањата за просечната стапка на инфлација, додека очекувањата за растот на БДП се умерено повисоки, соопшти Народната банка. Економските аналитичари и натаму сметаат дека постои висок степен на неизвесност околу текот на идните случувања и најголемите ризици ги ...
Во декември цените на сите влезни трошоци за производство во земјоделството се зголемиле за 2,4 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Наспроти тоа, растот на цените кај аутпутот во земјоделството е десетпати поголем, односно цените на крајните производи за период од една година се зголемиле за 20,3 проценти. „Блумберг Адрија“ веќе пишуваше за тоа дека во случајот со земјоделството, родот е тој што ги ...
Светска банка ја ревидира нагоре прогнозата за растот на македонската економија во 2025 и во 2026 година. Во најновиот извештај за глобалните економски перспективи, СБ проценува дека економијата во земјава годинава ќе забележи раст од 3 отсто, што е за 0,1 процент повеќе од претходната проекција. За 2026 година се прогнозира раст од 3,2 проценти, или зголемување за 0,2 отсто во однос на претходната проценка. Од земјите во регионот, се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), во 2024 година издала 299 лиценци за нови енергетски капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори-сонце, со вкупно инсталирана моќност од близу 330 MW, соопшти нејзиниот претседател Марко Бислимовски. „Трета година по ред како инвестициите во обновливи извори на енергија не губат на темпо. Само во 2024 година приватната ...
Комисијата за заштита од конкуренција (КЗК) има веќе оформено 50 предмети за примери за нефер трговски практики, изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. „Комисијата веќе оформи 50 предмети по дојави за случаи за нефер трговски практики. Комисијата ќе излезе на терен, ќе има многу работа, ќе ги проверува случаите. И секако, ако има потреба, ќе има и казни“, рече Ристески. Комисијата ќе ги разгледа сите предмети и ќе ги ...
Нешто над 1,55 милион нови патнички возила со нулта емисија на штетни гасови се регистрирани во 2023 година во Европската Унија. Тоа претставува 14,5 проценти во вкупниот број нови регистрации на патнички автомобили во земјите на ЕУ. Бројката на нови регистрации на патнички автомобили со нулта емисија во земјите од Унијата потврдува добар напредок со тоа што во 2023 година е приближно 70 пати поголема отколку пред десет години и 11 пати ...
За повеќето луѓе односот цена-перформанси е најважниот аспект при купување автомобил. За жал, многу модели тука не успеваат, како што докажува автотестот на германскиот автомобилски клуб АДАК (ADAC), кој ги рангира автомобилите токму по критериумот цена-перформанси. Набавната цена не е сѐ Од АДАК констатираат дека автомобилите никогаш не биле толку скапи како денес. Дури и во најевтините сегменти на возила – мини и мали автомобили – изборот на ...
Eден од четирите најголеми тениски гранслем-турнири во светот - Австралија опен, реши да ги помести границите во пристапот кон публиката, па покрај искуството во живо, да понуди и анимирана верзија на често напнатите мечеви меѓу врвните тенисери, која во реално време ја следи фактичката состојба на натпреварот. Подетално - на официјалниот канал на Австралија опен на Јутјуб (YouTube) може да ги следите натпреварите „во живо“, според тоа што ...
Појавата на стриминг-платформите започнаа нова ера на впивање содржини од страна на аудиториумот, особено кога станува збор за помладите генерации. Иако прогресот се одвива бавно и традиционалните медиуми и натаму се првиот избор на публиката дури и кога станува збор за содржини за забава и рекреација, сепак напредокот е видлив и неминовно е дека во иднина трката меѓу стриминг-платформите и традиционалните медиуми ќе ја зголемува неизвесноста ...