Кина денес ја одби понудата на американскиот претседател Доналд Трамп за давање тарифни олеснувања во замена за продажба на апликацијата TikTok, која е во сопственост на кинеската фирма ByteDance. TikTok се соочува со закана од забрана во САД, освен ако нејзината матична кинеска компанија ByteDance не се согласи да го продаде својот дел во нејзините операции во САД. „Кога станува збор за TikTok, Кина постојано го искажуваше својот став. ...

Турски суд денес донесе одлука за ослободување на фотографот на новинската агенција АФП, Јасин Акѓул, кој беше приведен оваа недела од турските власти под сомнение дека учествувал во недозволен протест, кој како новинар го документирал во Истанбул, објави неговата агенција, цитирајќи го неговиот правен застапник и Турската асоцијација за медиуми и правни истражувања за човекови права (MLSA). Исто така, денес беше издадена судска одлука за ...

Чешката иницијатива за обезбедување финансии за Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ), по одлуката на САД да ја повлечат финансиската поддршка, досега е поддржана од 12 држави членки на ЕУ, изјави чешкиот министер за Европската Унија, Мартин Дворжак. Според Дворжак, покрај Чешка, кон иницијативата со која се демонстрира подготвеност на земјите кои поддржуваат да работат заедно за да пронајдат и осигураат соодветни финансиски средства за ...

Италија издвои 68 милиони евра за поддршка на хуманитарни проекти и реставрација на инфраструктурата во Сирија, објави денес италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, потенцирајќи дека е од есенцијална важност да се асистира транзицијата во Дамаск. „Почетниот пакет е доделен за хуманитарни иницијативи во болничкиот и здравствениот сектор, инфраструктурата и зајакнувањето на синџирите за снабдување со храна.“ Тајани додаде: ...

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, денес истакна дека создавањето на Европска одбранбена унија повеќе не е дилема „дали“, туку „колку брзо“ тоа ќе се случи. На собирот „Европа 2025“ посветен на европскиот суверенитет, Бербок укажа дека европската одбранбена индустрија сѐ уште има обележја на национална припадност и заради тоа е „многу неефикасна“. „Ако продолжиме да користиме 150 различни системи на вооружување во Европа кои ...

Британскиот премиер Кир Стармер се состана утрово во Париз со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, веднаш пред почетокот на состанокот на „коалицијата на подготвените“. Во изјава од кабинетот на британскиот премиер се наведува дека Стармер и Руте дискутирале за продолжување на асистенцијата за Украина, согласувајќи се дека Европа мора да стори сѐ за да ја одржи Украина цврста и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин. ...

Симулацијата за појава на болеста чума кај мали преживари завршува денес во Северна Македонија. Вежбата беше организирана од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со помош од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и стручњаци од Агенцијата за безбедност на храна на Бугарија. Како што известува ФАО, чумата кај малите преживари е високо заразна вирусна болест која ги напаѓа козите, овците, другиот ситен добиток и ...

Деловниот успех во било кое поле не е прашање на среќа, туку потребно е многу труд и напорна работа за да се стигне до целта или до дестинацијата која ја посакуваме. Пример за тоа е Давор Митревски, кој успешно ја гради својата кариера во македонската компанија Panteleon GS и успешно ја искачува корпоративната скала, која го донесе до одговорната позиција на Финансиски контролор. Иако млад, Давор уште пред 4 години решително ја направи одлуката ...

Според информациите од Банката на Грција, бројот на туристи кои ја посетиле Грција во јануари годинава бележи пораст од 11,4 проценти во однос на истиот период претходната година. Дополнително, забележано е и зголемување од 7,5 проценти во приходите од туризмот за овој месец, информира дописничката на МИА од Атина. Во првиот месец од 2025 година, Грција ја посетиле 821.600 туристи. Пристигнувањата на аеродромите се зголемиле за 24,9 проценти, ...

H&M Шведскиот моден синџир H&M објави послаба од очекуваната продажба во првиот квартал од 2025 година, со зголемување на продажбата од 1 година порано. „Нашата продажба и добивка во кварталот беа малку послаби од планираните, но првиот квартал е најкраткиот квартал од годината за нас во однос на продажбата и ние сме уверени во патот напред“, изјави извршниот директор на синџирот Даниел Ервер. Компанијата известува дека речиси 30% од ...

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го надгледуваше испитувањето на беспилотни летала-камикази со интегрирана вештачка интелигенција (ВИ), потенцирајќи дека контролата на беспилотните летала и можностите за вештачка интелигенција мора да бидат највисоки приоритети во еволуцијата на современото вооружување во државата. Според севернокорејската новинска агенција КЦНА, Ким исто така извршил увид во нови, софистицирани извидувачки беспилотни ...

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза, овозможувајќи им на граѓаните преку користење на своите мобилни апликации да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог. Трошоците за пренос на паричните средства во евра ќе се намалат имајќи предвид дека во СЕПА првенствено се применува принципот на поделба на трошоците, ...

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, со гордост најавува дека ќе биде домаќин на собир на заедницата во Скопје. Овој настан претставува уникатна можност членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво. Првата средба во Скопје ќе биде на 3 април 2025 година, од ...

Партијата на пензионери во потполност ја поддржува Владата во врска со најавата на премиерот Мицкоски за изработка и ставање во процедура на предлог на Закон за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија. Од партијата напоменуваат дека во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на оние лица кои се пензионери и ...

Денес, Република Северна Македонија обележува пет години од приклучувањето кон НАТО, откако на овој ден во 2020 година стана 30-та членка на Алијансата. Со ова, државата оствари една од своите стратешки цели, која е утврдена и во Резолуцијата што Собранието ја усвои во 1993 година. По повод јубилејот, денес во Клубот на пратеници во Скопје ќе се одржи средба на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, со ...

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека одредени поединци во западните земји не ја разбираат Русија, но дека тоа не го попречува напредокот на државата. Оваа информација ја пренесоа руските медиуми. Путин ја даде оваа изјава вчера, за време на седница на надзорниот совет на организацијата „Движење на првите“, руска структура посветена на децата и младите. “Има луѓе на таканаречениот Запад кои не ја разбираат Русија. Но, тоа не не спречува ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, вчера вечерта, рече дека “не може да има безбедност” доколку Америка не ја контролира територијата на Гренланд. Тој додаде дека Соединетите Американски Држави “мора да ги убедат” жителите на Гренланд да станат американски државјани, како што пренесоа американските медиуми. На прашањето дали мисли дека тие сакаат да станат американски државјани, Трамп одговори дека “не знае, но Вашингтон мора да ги убеди и ...

Администрацијата на САД се наоѓа пред опасност да пропушти некои од исплатите поврзани со државниот долг на земјата. Според Канцеларијата за буџет на Конгресот, ова може да се случи во август, а многу е извесно и на крајот на мај, доколку американскиот Конгрес не донесе одлука за покачување на границата на задолжување. Оваа проценка на Канцеларијата за буџет на Конгресот беше обелоденета денес. Во моментов, државниот долг на САД е на ниво од ...

Здруженијата на новинари, АГШ и БИРН, доставија поднесок до Уставниот суд со барање за укинување на владината одлука за забрана на Платформата ТикТок, тврдејќи дека истата е во спротивност со Уставот и Конвенцијата за човекови права, пренесе телевизијата А2. “Не можете да одите на целосна цензура и затворање социјални мрежи. Ова ја нарушува слободата на изразување и правото на албанските граѓани,” се наведува во поднесокот. Иса Мизирај, ...

Новите заштитни мерки за увоз на челик во ЕУ, кои вчера беа објавени од Европската комисија, нема да се однесуваат на државите чиј дел од увозот е помал од три проценти, на Украина, како и на земјите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕП) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, соопшти за МИА претставник на ЕК. “Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј дел во увозот од ЕУ во дадената категорија ...

Новата поликлиника во Илинден наскоро ќе ги отвори вратите за пациентите, соопштија денеска од Министерството за здравство преку нивната официјална Фејсбук страна. Според информациите, поликлиниката во Илинден ќе пружа медицински услуги за повеќе од 30.000 граѓани, во објект со површина од приближно 600 квадратни метри, каде што ќе бидат распоредени 14 кабинети. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари. Од Министерството за ...

Во своето излагање на Редовното годишно собрание на Академијата, претседателот на МАНУ, Живко Попов, апелираше на проактивен и разумен пристап во однос на надворешната политика на државата и нејзиното позиционирање во новонастанатата глобална политичка ситуација. Тој истакна дека перспективата за европската интеграција на државата е “комплетно блокирана со ирационалниот спор со нашите соседи” и додаде дека “многу позитивно и не треба да се ...

Од 1 април годинава, минималната плата во Грција ќе се покачи за 50 евра, односно од сегашните 830 евра ќе достигне 880 евра. Ова го објави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на почетокот на денешната седница на Владата, пренесе дописничката на МИА од Атина. Мицотакис нагласи дека ова е петто подигнување на минималната плата откако Нова демократија ја презеде власта во 2019 година, кога таа изнесуваше 650 евра. Тој додаде дека ова најново ...

Јон Фрчкоски, шефот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, се повлече од својата позиција во партијата, откако ВМРО-ДПМНЕ денес на прес-конференција обелодени информации дека тој употребува наркотички средства. Во оставката, за која извести и преку Фејсбук, Фрчкоски наведе дека ја поднесува од етички причини. “Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во ...

Општина Новаци доби значајно унапредување на својот фудбалски стадион благодарение на донацијата од градежната компанија Стентон Градба. Компанијата донираше 500 нови седишта за трибините, во вкупна вредност од 10.000 евра, со што значително се подобрија условите за спортските натпревари и настани во општината. Поставувањето на новите седишта претставува дел од иницијативата за модернизација на спортската инфраструктура во регионот, а локалните ...

Саемот на мебел 2025, настан кој традиционално предизвикува голем интерес, и оваа година, под мотото „Инспирација за секој дом“, подготвува уште побогато доживување за сите обожаватели на дизајнот, ентериерот и мебелот, изјави за МИА извршната директорка на Скопски саем, Даниела Глигоровска. Според зборовите на Глигоровска, од денес до 30 март, во комплексот „Борис Трајковски“ посетителите ќе имаат прилика да ги разгледаат најновите трендови, ...

Централната банка ја објави својата стандардна статистичка објава во врска со клучните флуктуации во надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. Според објавата, на 31 декември претходната година, нето надворешниот долг достигна 4,630 милијарди евра, што претставува 30 проценти од БДП. Нето надворешниот долг на државата забележа пораст во четвртиот квартал од 2024 година, зголемувајќи се за 183 милиони ...

Постојаноста на девизниот курс на денарот, која се зачувува преку веродостојни и доследни политики, претставува еден од најважните аспекти за одржување на кредитниот рејтинг на нашата држава. Ова е потенцирано во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјата повторно е потврден на нивото „ББ+“ со стабилна перспектива, соопштуваат од Народна банка (НБ). Во извештајот, како што наведуваат, се истакнува ...

Ограничувањата наметнати на Русија не можат да бидат ублажени се додека руската офанзива е во тек, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на заедничката прес-конференција со неговиот норвешки колега Еспен Барт Ејде во Киев, објави Укринформ. Сибиха соопшти дека за време на дискусиите, двете страни посебно го дискутирале прашањето за зајакнување на ограничувањата против Русија. “Го делиме гледиштето дека притисокот врз ...

Истрагата сè уште е во тек и во овој момент можам да се осврнам на она што го имаме како официјално известување од Министерството за внатрешни работи, изјави денес портпаролката на Владата на Република Северна Македонија, Марија Митева, одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со апсењето на поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во истрагата е вклучена компанија за обезбедување, која, според вчерашното ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
41%
1020
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
48%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1020
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.26
38%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
6.17
35%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
46%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
36%
1019
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
1.34
41%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.24
47%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
56%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62