Експертите заклучија дека постоечките докази не демонстрираат недвосмислена корелација помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и аутизмот и АДХД (Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност) кај децата, според опсежна анализа, пренесе ДПА. Истражувачите ги разгледаа сите достапни истражувања во врска со оваа тема и утврдија дека се со слаб квалитет, со “ниска до критично ниска” сигурност во однос на било какви резултати ...

Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека американските санкции за рускиот гас и нафта нема да бидат воведени за Унгарија сè додека тој е премиер на земјата, а Доналд Трамп е претседател на Соединетите Американски Држави. Тој рече дека со Трамп „се ракувал“ во врска со изземањето на Унгарија од американските санкции за нафтата на неопределено време и истакна дека не е претерување да се каже дека штотуку завршиле „досега најважните ...

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев изјави дека над 180.000 граѓани од Македонија поседуваат бугарски пасоши, а околу 20.000 нови апликации се моментално во постапка на разгледување од страна на бугарските власти. Во интервју за бугарските медиуми, Ковачев истакна дека оваа бројка покажува „длабоки историски и културни врски меѓу двата народа“, додавајќи дека многумина од апликантите го користат пасошот и како начин да патуваат и работат ...

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, соопшти денеска Министерството за транспорт на Кина. Според соопштението на Министерството за транспорт на Кина, наплатата на специјалните пристанишни такси „ќе биде суспендирана за една година“ од 10 ноември, што се совпаѓа со суспензијата на релевантните мерки против Кина од страна на САД, како дел од ...

Дали вашата фирма е меѓу 16,4% од малите фирми во земјава кои го користат интернетот за онлајн продажба или можеби меѓу 36,6% од големите компании кои продаваат преку веб-платформи? Ова е многу важно и актуелно прашање за секој бизнис што сака да биде конкурентен, одржлив и да се развива. Онлајн продажбата денеска го менува лицето на бизнисите во целиот свет затоа што значи достапност за клиентот 24/7, неограничени пазари и помали трошоци. ...

Отворен е повикот за третата сезона на инкубаторската програма „Имам Идеја 3“, наменета за сите млади, иноватори и идни претприемачи кои сакаат да ја развијат својата идеја во успешен стартап. Програмата нуди менторска поддршка, практични работилници, вмрежување со инвеститори и пристап до ресурси кои им помагаат на учесниците да го забрзаат својот раст, дополнително и учество на Startup Revolution AI Summit. Апликациите се отворени до ...

Три дронови синоќа повторно се забележани над критичната инфраструктура во Белгија, овој пат над нуклеарна централа Доел, лоцирана во близина на Антверпен. Операторот „Енги“ соопшти дека беспилотните летала немале никакво влијание врз активноста на електраната Доел. Претходно, неколку дронови беа забележани и над аеродромот во Лиеж, поради што околу еден час беше прекинат воздушниот сообраќај. Изминатите денови дронови надлетуваа над повеќе ...

Чистење на резервоарот на вода во селото Рашче ќе се врши денеска поради што без вода ќе бидат населените места Рашче, Копаница и Бојане. Од „Водовод и канализација“ информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот. Исто така, поради водоводен приклучок на улицата „Христо Смирненски 13“ од 9 часот до завршување на интервенцијата без вода ќе бидат корисниците на дел од истата улица, поточно на потегот од Зур – Маркет до ...

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе стават крај на буџетската блокада која го парализираше дел од јавниот сектор рекордни 40 дена, пренесоа бројни медиуми. Републиканците и демократите во Сенатот постигнаа согласност да ја финансираат владата до јануари, објавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз. Оваа мерка веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а потоа текстот ќе биде проследен до ...

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката – 10 Ноември. Како што соопшти Институтот, оваа година на Отворените денови ќе бидат одбележани јубилејните 80 години македонска азбука и македонски правопис, како и неколку годишнини од раѓања на македонски ...

Ефектите од промените во климата веќе принудија многумина да ги напуштат своите живеалишта, алармираше Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) пред денешното започнување на Конференцијата за клима КОП30, која ќе се одржи во Белем, Бразил. Во извештајот на УНХЦР се потенцира дека во текот на претходните десет години, несреќите поврзани со временските услови предизвикаа приближно 250 милиони внатрешни преместувања, што е ...

Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека. На ова натпреварување во Хрватска учествуваат балкански држави со 1,390 пријавени спортисти. Во финалната борба до 84 килограми во У-21 Данило Божовиќ беше подобар од Реџеп Рушити и извојува победа со резултат 3-2. До освојувањето на првото место, членот на скопски „Макпетрол“ ги оствари следните резултати против: ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, упати апел случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој темелно да се испита. Според Трипуновски, овој настан е доказ дека законите важат еднакво за сите, и за актуелни и за поранешни функционери. Тој потенцираше дека не постои никаква опасност за ИПАРД фондовите, ниту за националните исплати кои ги имаме како држава. „Владата ...

Македонски земјоделци денес учествуваат на Саемот за храна, кој под слоганот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ се одржува во Скопје. На бројни штандови, лоцирани во Градскиот парк, може да се дегустираат врвни земјоделски производи од локално производство, вклучувајќи вино, природни сокови, мед, сирење и млеко од магаре. “Овој саем ја отсликува македонската историја, место каде традицијата станува поблиску до секој граѓанин. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ниту еден американски претставник нема да отпатува на самитот на Г20 во Јужна Африка овој месец, посочувајќи дека Африканерите „се убивани и масакрирани“. „Целосен срам е што Г20 ќе се одржи во Јужна Африка. Африканците (народ кој потекнува од холандски доселеници, како и од француски и германски имигранти) се убиваат и масакрираат, а нивната земја и имоти нелегално се конфискуваат. Ниту ...

Соединетите Американски Држави (САД) и Унгарија потпишаа договор за нуклеарно гориво вреден 114 милиони долари, соопшти Стејт департментот, опишувајќи ги односите меѓу двете земји како „достигнување нови височини на соработка и достигнувања“, јави Анадолија. „Вестингхаус“, компанија со седиште во САД, ќе снабдува американско нуклеарно гориво за унгарската електрана „Пакс I“, која произведува околу половина од електричната енергија во ...

Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра), информираа за МИА од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава. ...

Бугарскиот парламент во петокот усвои закон со кој државата добива можност да преземе директна контрола врз рафинеријата на руската компанија „Лукоил“ во Бургас, најголемата нафтена рафинерија на Балканот. Со измените, владата ќе може да назначи државен специјален администратор кој ќе управува со работењето на компанијата доколку се оцени дека постои ризик по националната или енергетската безбедност на земјата. Оваа мерка доаѓа поради новите ...

Основното јавно обвинителство Битола ги прибра сите потребни докази и поднесе обвинение, бидејќи на 1 ноември во селото Црнеец во близина на Стрежево, тие заради користољубие грубо ги злоупотребувале и ги изложиле на непотребни маки кучињата. Првообвинетиот организирал борба меѓу двете кучиња во дворот од семејната куќа на второобвинетиот, кој претходно имал подготвено ринг каде се одвивала борбата. Настанот го следеле и други лица од ...

Вечерва МКЦ станува епицентар на музичката носталгија и страстта кон вистинскиот жив звук. Трибјут Фест пристигнува со три моќни настапи кои ќе те однесат од психоделичните 60-ти, преку суровиот грандж бран на 90-тите, до модерниот емо-поп ритам на новата генерација. Ова не е само концерт — ова е ноќ на музички митови, повторно раскажани на сцена. Настапуваат: 20:00 — THE DOORS | Eruption 21:45 — PEARL JAM | Epidemik 23:30 — PARAMORE | Red18 ...

Саем на студии во странство ќе се одржи денеска и утре во Скопје Сити Мол, посветен на студирањето и образовните можности во странство. Настанот е организиран од Скопје Сити Мол во соработка со платформата „Студентарија“ и има цел да им помогне на младите да ја пронајдат својата идна академска насока. Организаторите во соопштението наведуваат дека по успешното издание на Саемот за образование во март, на кој учество зедоа повеќе од 40 ...

Во Јавна соба денеска и утре ќе се одржува саемот на еколошки бизниси во рамки на фестивалот „Скопје дизајн вик 2025“ (Skopje design week 2025). – По успешното прво издание во 2023 година, Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Јес фор лес“ (Yes for less) повторно ја обединува македонската еко-заедница на вториот Саем на еколошки бизниси, што ќе се одржи денеска и утре во „Јавна соба“ (Public room), Скопје. Настанот е дел од ...

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев. На средбата претседателот Азески подвлече дека, Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати ...

Во недела, 09 ноември 2025 година, во Скопје ќе се одржи петтото издание на Социо-еколошки форум Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“- Канцеларија Скопје и „Прогрес“ Институт за социјална демократија. Темата на овогодинешниот форум е “Placemaking for Socio-Ecological Justice” и истиот ќе се одржи во CoWork21 и на јавниот простор помеѓу Кино Култура и Домот на АРМ. На Социо-еколошкиот форум учество ќе земат прогресивни ...

Уникатна можност да се вкусат домашни производи и специјатлитети од сите региони на Македонија, претставува Саемот за храна што ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје. Под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“, Саемот ќе ги промовира производите „Македонско најдобро“ кои, како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), претставуваат синоним за квалитет. -Саемот за храна ќе ...

Саем за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 2025 почнува денеска во Скопје во организација на Комората на приватно здравство на Македонија. На саемот ќе учествуваат експерти, компании и институции кои ќе ги претстават своите иновативни решенија преку јавни трибини, предавања и саемски презентации. На отворањето на дводневниот саем најавено е и обраќање на министерот за здравство Азир Алиу. Од Комората на приватно ...

Таксират Фестивал го најавува вториот ден од главната програма на овогодинешното издание, како најмоќната техно епизода досега која ќе донесе нешто сосема ново во фестивалското искуство – прва 12-часовна техно журка што ќе започне во 13:00 часот и ќе трае до 01:00 по полноќ. На 7 декември во Арена „Борис Трајковски“, ќе настапи еден од хедлајнерите на годинашниот Таксират, SVEN VӒTH – живата легенда што ги постави техно темелите на ...

Еврејски доселеници извршиле најмалку 264 напади врз Палестинци на Западниот Брег во текот на октомври што претставува рекорден број напади во еден месец откако ОН почнаа да водат статистика за овој показател во 2006 година. Во соопштение на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), во кое се предупредува на наглото зголемување на насилството, се наведува дека нападите кои резултирале со повредени лица и оштетена ...

Денес, Европската комисија донесе решение за воведување поригорозни прописи за издавање визи на руските граѓани, поради зачестените безбедносни опасности, саботажи и можната злоупотреба на визите. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, нагласи дека оваа мерка се презема во услови на најопасна безбедносна ситуација во Европа во последните децении, предизвикана од руската нелегална агресија врз ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
55%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
63%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
93%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.12
87%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.13
86%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
93%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
88%
997
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
77%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Алуминиум

3.09

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Калај

48.78

Сребро

2733.78