Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Русија даде предупредување дека е можно да ги возобнови испитувањата на нуклеарно оружје, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави планови за рестартирање на тестирањата за прв пат по повеќе од 30 години. Според руските новински агенции, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека се надева оти Трамп е соодветно информиран за најновите руски тестови, кои не беа поврзани со нуклеарно оружје, пренесе ДПА. “Досега не ...
По повод четиридецениското постоење на Шенген зоната, Европската Унија преку иницијативата „Откриј ја ЕУ“ нуди посебна прилика за 40,000 млади луѓе да ја разгледаат Европа, изјави денес претставничката за медиуми на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен. “ЕУ нуди 40,000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот на аплицирање е многу едноставен.” Таа додаде дека за аплицирање, младите луѓе ...
Винаријата „Монтеко“ го претстави своето ново премиум вино – „Волкано“ на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје. Ова премиум вино е каберне совињон одгледувано на вулканска почва, на 600 метри надморска височина. Се работи за берба од 2023 година, а серијата е лимитирана на 5.997 шишиња. „Волкано“ е вино што ја отсликува суштината на тероарот од кој потекнува, додека во себе носи впечатлива ...
Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и ...
Во пресрет на локалните избори во Струга повторно се појавуваат политички обвинувања и обиди за создавање на тензии. Од коалицијата што го поддржува кандидатот Менди Ќира реагираат дека се прават намерни обиди за прикажување на наводна нестабилност, иако, како што велат, таква ситуација во градот не постои. „Обидите да се создаде ситуација во Струга, каде што навистина го нема и не може да има, се разочарувачки и се поврзуваат со коалицијата ...
Гунвор Груп е една од најголемите компании во светот за тргување со енергенси и суровини. Основана околу 2000 година, компанијата денес има седиште во Женева, Швајцарија, а е регистрирана во Кипар. Главната дејност на Гунвор е трговија со нафта, нафтени деривати, природен гас, течен природен гас (LNG), биогорива и други енергетски производи. Исто така, компанијата инвестира и во инфраструктура за складирање, транспорт и преработка на ...
Компанијата објави дека постигнала договор со швајцарско-сингапурскиот трговец со енергенси Gunvor Group, кој доставил понуда за купување на меѓународните операции на „Лукоил“. Со договорот, Gunvor треба да ги преземе рафинериите, складиштата, терминалите и малопродажните мрежи на компанијата во повеќе европски земји. Трансакцијата опфаќа голем дел од активностите на „Лукоил“ надвор од Русија, но останува да се добие финална регулаторна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Пекинг ќе работат заедно со цел да се стави крај на руската војна во Украина, оваа информација ја пренесе ДПА по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја. „Долго време разговаравме за тоа и двајцата ќе соработуваме за да видиме дали можеме да постигнеме нешто“, изјави Трамп пред новинарите за време на летот назад кон Вашингтон. Според зборовите на ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ќе има средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, на 7 ноември во Вашингтон, соопшти шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљаш, на денешната прес-конференција. Гуљаш појасни дека оваа средба ќе даде можност на двајцата лидери да разговараат за агенда која би можела да придонесе кон мировен договор во Украина. Орбан претходно најави дека во текот на разговорот со Трамп, планира да ги отвори и прашањата ...
„Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се приближи кон историскиот просек.“ Ова го порача вицегувернерката Ана Митреска на Конференцијата во ...
Четиринаесеттиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој денеска ќе се заокружи со потпишување на „Декларација Скопје“ која ќе ги обедини заложбите и заклучоците од тридневниот настан. Декларацијата за која свои сугестии можеа да дадат сите учесници на Форумот, ја потенцира потребата од конкретна акција кон одржлива енергија што е дел и од овогодинешното мото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија. На 14. ...
Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола утрово ќе започне дистрибуцијата на 1 013 357 избирачки ливчиња за гласањето на вториот круг на Локалните избори 2025, информираат за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Во сабота гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии. Локалните избори, според ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека е постигнат спогодба со кинескиот претседател Си Џинпинг во врска со несогласувањата околу регулирањето на кинескиот извоз на ретки метали, пренесе ДПА. Трамп изјави дека препреките се надминати и дека договорот првично ќе важи една година. “Пречките се отстранети”, рече Трамп. Тој не предочи дополнителни информации за условите на спогодбата, додава германската агенција во својот првичен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави моментален почеток на нови тестови за нуклеарно оружје, наведувајќи ги програмите за тестирање во други земји во објава на неговата платформа „Truth Social“. „Поради тестирањето на програмите во други земји, му наложив на Министерството за војна да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа“, напиша Трамп денеска. „Тој процес ќе започне веднаш“. Тој не прецизираше кое ...
Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14), што се одржува во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Република Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција. Во фокусот на разговорите беше изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија, ...
Министерството за финансии на САД ги повлече санкциите за одредени поединци од Република Српска, вклучувајќи го и водачот на босанските Срби, Милорад Додик, неговото семејство, неговите компании, како и за бројни негови соработници. Исто така, санкциите се повлечени и за српската членка на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ. На 17 октомври, американското Министерство за финансии ги отстрани санкциите за четворица ...
Во присуство на повеќе од 500 претставници од целиот свет, во Скопје беше отворен 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и петте Регионални економски комисии на Обединетите нации. „Во ...
„Funky Buddha“, главниот моден бренд на грчката компанија „Altex S.A.”, влегува на македонскиот пазар со отворање на својата прва продавница во трговскиот центар Diamond Mall. Продавницата е лоцирана на првиот кат на молот и нуди модерна облека и обувки за мажи и жени, како и различни модни додатоци. Брендот „Funky Buddha“ се карактеризира со минималистичка естетика и дизајн инспириран од урбаната култура. Брендот е верен на принципите за ...
Рускиот претседател Владимир Путин денес соопшти дека Русија извршила тестирање на подводен дрон со способност да носи нуклеарно оружје, познат како „Посејдон“. Оваа изјава доаѓа само неколку дена по објавувањето на успешен завршен тест на крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревестник“. „Вчера спроведовме уште еден тест, на уште еден перспективен систем – подводниот дрон Посејдон“, изјави Путин денеска. Рускиот претседател исто така ...
Рано утрово, седумкатна резиденцијална зграда во Гебзе, град во северозападниот дел на Турција, колабираше, при што две лица ги загубија животите, а тројца се затрупани под остатоците. Сите петмина се членови на исто семејство, како што изјави гувернерот на провинцијата Гебзе, Илхами Акташ. Државната агенција Анадолија информираше дека причините за несреќата се нејасни. Сепак, градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, пред медиумите наведе ...
„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари или кога плаќаат снабдувачи во странство или, пак, кога примаат дознаки од странство“, порача вицегувернерката на Народната банка, Емилија ...
Од полноќ граѓаните ќе плаќаат повисока цена за дизел горивото. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, литар Еуродизел (Д-Е V) поскапува за 2 денари. Со тоа, новата цена на дизелот ќе изнесува 70 денари за литар. Цените на бензините остануваат непроменети: Исто така, не се менува цената на екстра лесното масло за домаќинство, кое и натаму ќе чини 67,5 денари за литар, како и мазутот, чија цена останува 36,1 денар за ...
Дигитализацијата на архивата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија беше една од главните теми на разговор помеѓу директорот на Фондот, Никола Мемов, и претставниците на Мисијата на Светска банка, предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску. Оваа средба е дел од СИАП проектот и пензиската политика. За време на средбата, како што известуваат од Фондот на ПИОМ, беше истакнато дека во претстојниот ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила денес попладне во скопската населба Маџари, кога возач со автомобил удрил 11-годишно девојче кое преминувало улица, а потоа избегал од местото на несреќата. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 14:30 часот на улицата „Благоја Стефковски“. Девојчето со тешки повреди било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му е укажана ...
Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг утре ќе се сретне со претседателот на САД, Доналд Трамп, во Јужна Кореја, пренесе ДПА. „Висококвалитетните разговори треба да се одржат во јужниот пристаништен град Бусан“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Двајцата лидери ќе разменат мислења за „билатералните односи и прашања од заеднички интерес“, рече портпаролот на министерството, Гуо Џијакун. Тој додаде дека ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески се обрати на конференцијата „Manufacturing 2025 – Од Преместување на Производство до Локално Напредно Производство“ . Конференцијата е во организација на Македонското здружение на металната и електро индустрија – MAMEI и се организира во рамки на Меѓународниот саем за енергетика и технологија – „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2025“. „Индустријата и производството се столбови на домашната економија и ...
Државите членки на Европската Унија имаат имплементирано само околу една третина од активностите за кои добија финансиска поддршка преку Инструментот за обнова и отпорност (ИОО) на ЕУ, креиран за да се справи со последиците од Ковид пандемијата, се вели во извештајот на Европскиот суд на ревизори. “Иако некои реформи започнаа да создаваат подобрувања, поголемиот дел од нив беа пролонгирани, а само мал дел од оние што досега се реализирани ...
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна ...
Руската економија се соочува со нов сериозен удар, откако неколку од нејзините најголеми купувачи на нафта, меѓу кои и Индија, одлучија да ги прекинат новите нарачки на сурова нафта од Русија. Одлуката доаѓа по најновиот пакет санкции што САД ги воведоа против најголемите руски нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“, што предизвика загриженост кај азиските партнери поради ризикот од секундарни санкции. Според извештаите на Reuters и Business ...
„Убер“ вчера сооопшти дека има за цел да распореди 100.000 самоуправувачки возила на својата платформа за возење и услуги, во соработка со производителoт на чипови „Н-видија“ за снабдување компјутерските системи што ќе ги опремат возилата. Новата платформа за услуги со самоуправувачко такси-возење на „Н-видија“ – „Драјв А-ге-икс хиперион 10“ (Drive AGX Hyperion 10), ќе биде инсталирана во возила од повеќе производители. Американските ...