Една од најголемите платформи за тргување со криптовалути FTX прогласи банкрот во САД, а нејзиниот директор и основач Сем Бенкман-Фрид поднесе оставка. Стечајот доаѓа откако конкурентската платформа Binance се повлече од преземањето на проблематичниот FTX. Како што објави SEEbiz, FTX Group објави дека поднела барање за стечај и дека започнала „уреден процес на ревизија и ликвидација во корист на сите глобални повереници“. Барањето е поднесено ...

Сите граѓани од денеска во реално време ќе можат да ги проверуваат превозниците во патниот сообраќај дали поседуваат лиценци и сите неправилности да ги пријавуваат до надлежните органи. Ова е овзоможено со новиот јавен сервис http://etransport.mtc.gov.mk, кој денеска го презентираа министерот за транспорт и врски, Благој Бочвaрски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорката на Царинската управа, Славица Кутиров и директорот ...

Илон Маск (Илон Маск), сопственикот на Твитер, објави твит во кој се претпоставува дека се обидел да објасни зошто, од бурното преземање на компанијата, отпуштил илјадници работници и вовел трошоци за проверка на сметката. Многубројните корисници на оваа социјална мрежа не ги оправдаа потезите на Маск, а тој им одговори користејќи популарна американска фраза. – Го направив тоа за смеење – напиша Маск на Твитер. Но, набрзо оваа негова објава ...

Иако капацитетите за складирање гас во Германија се речиси 100 отсто полни, здружението за складирање INES вели дека е можно да се складира уште малку пред времето да стане постудено. „Под оптимални услови, сосема е можно складиштата за гас да достигнат пополнетост од повеќе од 100 проценти“, рече извршниот директор на Иницијативата Energien Speichern (INES) Себастијан Блечке. Факторите како што се температурата, калориската вредност или дури и ...

Народната банка континуирано работи на подобрувањето на процесот на прибирање и на квалитетот на статистичките податоци кои ги објавува, како и на нивната презентација и достапноста за јавноста. Со цел понатамошно унапредување на податоците и процесите, Дирекцијата за статистика спроведе две одделни анкети, помеѓу корисниците и известувачите на податоци. Беа анкетирани вкупно околу илјада испитаници, кои искажаа релативно високо ниво на ...

Европската комисија ја намали својата прогноза за економскиот раст на Европската унија следната година. Според очекувањата, 19. земји кои го користат еврото ќе влезат во рецесија во текот на зимата бидејќи врвот на инфлацијата трае подолго од очекуваното, а високата потрошувачка и трошоците за греење ја намалуваат куповната моќ на потрошувачите. Новата прогноза на ЕК предвидува пад на економското производство во последните три месеци од оваа ...

Во понеделник, 14 ноември, 2022 година, со почеток од 16:30 часот, проследете ја онлајн дебата во организација на првата македонска банкарска академија – АБИТ, а под капата на Глобалната недела на претприемништво. Видни домашни експерти и општествени титулари од областа на финансиите и банкарството ќе говорат за ефектите на кризниот период, актуелните настани во државата на економски план и предвидувања за идните текови. Говорници: 1. Проф. д-р ...

Станува збор за онлајн настан во рамките на Глобалната недела на претприемништво, реализирана од Стартап Македонија. ГНП е програма на „Глобалната мрежа на претприемништво“, која има за цел преку настани кои истовремено се одржуваат во околу 180 земји ширум светот да иницира зголемување на дијалогот меѓу општествените чинители, оваа година на темите поврзани со: образование, инклузивност, креирање на јавни политики за подобрување на ...

Здравко Илиќ, Виш експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА ги претстави политиките за електронска трговија во рамките на ЦЕФТА , потенцирајќи ја нивната важност за градење на регионалниот маркет за е-трговија, на панел сесијата – Улогата на владите во забрзувањето на регионалната е-трговија, на E-commerce конференцијата во Скопје. Во фокусот на неговото обраќање беа токму политиките за електронска трговија – збир на договори кои ...

Денес, во хотелот „DoubleTree by Hilton Skopje“ во Скопје под мотото „E-commerce: Accelerate!“, започна Петтата годишна конференција за е-трговија, премиерно во своето регионално издание, на која присуствуваат преку 500 учесници од повеќе од 10 земји, а свое излагање ќе имаат 29 еминентни говорници од земјата и странство. Можностите кои ги нуди е-трговијата во регионот, промените на навиките кај купувачите предизвикани од е-трговијата, ...

Бурното преземање на Твитер од страна на Илон Маск продолжи да предизвикува конфузија, по оставките на главниот извршен директор на социјалната мрежа и реткото предупредување од Американската антимонополска агенција (FTC). – Со голема загриженост ги следиме најновите настани на Твитер. Ниту еден извршен директор или компанија не е над законот – рече портпаролот на ФТЦ. Тој потсети дека платформата мора да биде во согласност со одредени правила ...

Во Австрија последните денови температурите значително се намалија, а парното драстично порасна. Во оваа земја на пелети се греат 667.354 домаќинства, чија цена во однос на лани е зголемена за цели 148 отсто. Гасот со кој се затоплуваат околу 911.000 домаќинства поскапе за 113 отсто, додека нафтата за греење со која се уште се греат околу 509.000 домаќинства поскапе за 105 отсто. Моментално полнењето на просечен резервоар од 3.000 литри чини ...

Или како службеник во администрацијата, како социјален работник, наставник, судија, полицаец или работник во канцеларијата за јавен ред и мир. Работните места во јавниот сектор се разновидни и попопуларни од кога било во Германија во моментов. Тоа е според истражувањето на Stepstone за Business Insider. Според истражувањето, барањата за државни работни места се двојно зголемени во споредба со претходната година. Но, од каде доаѓа тој бум и зошто ...

Според проценките на хипотекарните банки, цената на станбените недвижности во Германија паднала за прв пат од 2010 година, но во исто време е забележан и пораст на цената на новите договори за изнајмување станови. Цените на становите и куќите паднаа за 0,7 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, покажува индексот на цените на недвижностите, објавен од Здружението на хипотекарни банки (вдп), пренесува ДПА. Трендот на раст на цените ...

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, преку е-пошта ги известил вработените во компанијата да се подготват за „тешките времиња што претстојат“ и дека работата од дома е забранета, освен ако тој лично не го одобри тоа, објави денеска Bloomberg News. Новите правила, кои стапуваат на сила веднаш, бараат од вработените да бидат во канцеларија најмалку 40 часа неделно, додаде Маск во е-поштата што ја видела агенцијата во Њујорк. Тој рече дека „нема ...

Граѓаните ќе добијат празнични цени на основните прехранбени производи по склучувањето на договорите на малите компании со ЕВН продажба, најави министерот за економија, Крешник Бектеши. Се очекува да бидат потпишани околу 1.000 договори со компаниите кои произведуваат храна, училиштата и малите фирми кои добија можност да купат струја по повластена цена од ЕВН Продажба. Меѓу нив се околу 600 пекарници и тоа треба директно да влијае врз цената на ...

Еврозоната веќе една година се бори против зголемената инфлација, а руската инвазија на Украина дополнително ја зголеми. Во септември 2021 година зголемувањето на инфлацијата во еврозоната изнесуваше 3,4 отсто, што беше највисок пораст во последните 13 години. Но, од септември овој процент значително порасна и сега изнесува вртоглави 10,7 отсто, пренесува Си-ен-би-си. Сепак, од Европската централна банка (ЕЦБ) сметаат дека растот на цените ...

Во Буџетот за 2023 обезбедени се средства за раст на минималната плата и не пзниите согласно новата методологија. Ова деновиве го објави министерот за финансии Фатмир Бесими, а денеска го повтори и пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ. Март следната година е новиот термин кога согласно новиот воспоставен модел минимланата плата треба да порасне за нови 10 проценти или за 1 800 денари, со што таа ќе изнесува неполни 20.000 денари. Во истиот месец, ...

Во согласност со својата трајна определба и стратегија за градење и одржување долгорочни партнерски односи со лозарите, винарската визба „Тиквеш“, веднаш по завршувањето на годинешната берба, продолжи со продлабочување и развој на соработката со производителите на грозје за следната берба. На најновата средба помеѓу раководството на ВВ „Тиквеш“ и лозарите посебно внимание беше посветено на поставување на стандардите за квалитет на винско грозје ...

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм. Владата донесе одлука да ја замрзне цената на пелетите на 27 000 денари за тон согласно предлогот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, информира денеска ресорниот министер Крешник Бектеши. „Одлуката за цените на пелетите и огревното дрво е донесена согласно анализите и ...

Стопанската комора се заблагодарува на поддршката и напорот на Владата за поддршка на бизнисите. Владата на РСМ ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора на Северна Македонија за проширување на списокот со дејности коишто ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават/час. Со новата Одлука за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба со електрична енергија, што според ...

Традиционално со свечен настан во НЛБ Галерија, НЛБ Банка го заокружи единаесеттиот по ред „НЛБ Месец на штедење“. На настанот беа прогласени најдобрите ликовни творци на темата „Штедиме и создаваме изуми за подобар свет” и најуспешните основни училишта во креирање „Изум кој ќе го направи светот подобро место за живеење’ . Годинава на ликовниот конкурс на НЛБ Банка пристигнаа повеќе од 1000 цртежи од деца на возраст од 5 до 15 години, од 40 ...

Портпаролот Арсовски на прес-конференцијата информираше дека повеќе авиокомпании пројавија интерес за поддршка, по усвоената програма за финансиска поддршка со која се поттикнува развој на воздушниот сообраќај за периодот од три години почнувајќи од 2023 година. Со јавниот повик што ќе биде распишан во наредниот период, како што истакна, е овозможено повеќе од една компанија да ги користи средствата што треба да донесе повеќе нови дестинации за ...

На медиумскиот интерес за тоа како ќе се постапи со манипулациите на 12.000 фирми во земјава што се вратиле сами на регулираниот пазар, соработникот за енергетика во Владата на Република Северна Македонија Виктор Андонов, истакна дека заради спречување на злоупотребите од страна на некои правни лица, Владата донесе одлука за регулирање на овој проблем. „Со таа одлука точно е наведено дека доколку наведените правни лица до крајот на годината не ...

МТЕЛ ја шири продажната мрежа, нов продажен салон и во Куманово Новиот мобилен оператор на македонскиот пазар, МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата ја проширува својата продажна мрежа со нов салон во Куманово. На новата МТЕЛ локација ќе може да купите mSTART припејд картички, да склучите договор за mCONNECT постпејд тарифите, mNET интернет пакетите, за комбинираниот пакет услуги mBOX или да аплицирате за приклучок на mSAT TV сателитската ...

Ќе бидат ли јавно објавени општините, казината, супер маркетите кои направиле штета од десетици, а можеби и стотици милиони евра на државната каса, за што ќе се соочат со финансиската полиција и УЈП, но и обвинителството и судот? Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ќе ги исфрли од регулираниот пазар сите фирми и општини кои во последните седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем и плаќаа цена како домаќинства. Министерот за економија, ...

Народната банка ги повикува сите заинтересирани млади истражувачи да поднесат свој труд на Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2023 година, којшто беше објавен во јули на интернет-страницата. Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2023 година, додека право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се ...

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пред присутните земјоделски здруженија и професорите од агрономската фела, беше презинтарана новата платформа „Национална рурална мрежа“. Пред точно 10 години, или поточно во октомври 2012 година, донесени се законските одредби а конечно денес, со донесувањето на соодветните подзаконски акти го ставаме во функција и овој механизам, кој државата го нуди за уште ...

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време. Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот. Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа ...

Тоа е најскапиот зачин на светот, нашата почва многу му одговара, но хрватските лозари се избројуваат на прсти од една рака. Станува збор за шафран, а бербата во моментов е во тек. Иако многу луѓе лесно би полуделе кога ќе слушнат дека грамот се продава за 20 евра, брзо се ладат со сознанието дека за грам од овој зачин треба да се соберат од 140 до дури 180 цветови. И со рака! Цвет по цвет, во зори. А единствените далматински одгледувачи на ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
4.63
32%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1021
weather icon

Софија

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
22%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1021
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 33ᴼ
6.71
31%
1018
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
2.57
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
9.77
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326