НЛБ Банка воведува нов кредитен продукт „НЛБ кредит на лице место“, прв и единствен на пазарот по своите карактеристики на уникатно и целосно дигитално клиентско искуство, достапен веќе од овој викенд во експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол. Станува збор за ненаменски инстант кредит до 300.000 денари и рок на отплата до 60 месеци, а промотивно, сите оние кои до крајот на годината ќе ја посетат експозитурата на НЛБ Банка во Ист Гејт Мол, ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 92,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 ...

Студентите од Машинскиот факултет, ФЕИТ, ФИНКИ и Технолошко – металуршкиот факултет во изминатите четири дена изразија огромен интерес и во голем број го посетуваа штандот на македонската компанија БРАКО за време на Саемот за практикантство и вработување. Младите идни инженери од различни струки се интересираа за производствените процеси кои се одвиваат во БРАКО, особено за линијата за производство на возила за одржување на хигиена во урбани ...

За време на Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес во 2022 година, Лилјана Павлова, потпретседателка на Европската инвестициска банка (ЕИБ), ја потврди поддршката на банката на ЕУ за зелената транзиција и енергетската безбедност на регионот. Под својата нова посветена структура ЕИБ Глобално, банката ја зголемува финансиската и техничката поддршка за да му помогне на регионот да напредува со Зелената агенда, да изврши диверзификација на ...

Расте интересот за високо квалитетно урбано живеење во мултифункционални комплекси во Скопје, кои нудат различни содржини. На самиот старт од изградбата на третата од вкупно четири кули од комплексот „Diamond of Skopje“ што го гради „Лимак Скопје“, купувачите покажуваат голем интерес за становите, кои се со различна површина, почнувајќи од 42, па сѐ до 105 квадратни метри. „Лимак Скопје“ нуди можност за плаќање на 24 рати без камата, а во оваа ...

Претседателот на СКСМ Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на индустриското производство и за извоз при Комората, Виктор Мизо, се во дводневна, интензивна бизнис-активност во Германија. Денеска (4.11.2022 г.), во седиштето на Асоцијацијата на германски стопански и индустриски комори (ДИХК), Азески и Мизо ќе имаат средба со раководството на ДИХК. Во текот на денот ќе се реализираат средби и со постојните германски инвеститори ...

Меморандум за разбирање меѓу Министерството за финансии на РС Македонија и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕЦО) воспоставуваат соработка во полето на макроекономското планирање и управување. Меморандумот за соработка за спроведување на Проектот за макроекономско планирање и управување во РС Македонија денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. На средбата ...

Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели во интервју за Банкарство.мк, вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска. Таа ...

Американскиот милијардер Илон Маск (Илон Маск) денеска ќе започне со масовни отпуштања на Твитер, објави оваа компанија во е-пошта испратена до вработените. Ројтерс, Њујорк Тајмс и Вашингтон пост имале пристап до мејлот што го добиле вработените во оваа социјална мрежа. – Во обид да поставиме здрав пат за Твитер, во петок ќе поминеме низ тешкиот процес на намалување на нашата глобална работна сила – пишувало во мејлот што го добиле вработените ...

Веќе нема да треба да отворате порака што ве известува за претстојното пристигнување на пакетот или да посетувате посебна страница каде што можете да го видите проценетиот ден на испорака. „Гугл“ воведува функции за следење на е-пошта кои ќе се обидат да им олеснат на корисниците да ја проверуваат испораката додека ги проверуваат нивните е-пошта. Компанијата наведува дека корисниците наскоро ќе видат „едноставен и корисен преглед на сите ...

Акциите на Apple поминаа подобро од неговите врсници во Big Tech во текот на изминатиот месец, помагајќи и на компанијата да го постигне неверојатниот подвиг. Гигантот на паметни телефони и друга технолошка опрема сега вреди повеќе од Alphabet (матичната компанија на Google), Amazon и мајката на Facebook Мета заедно. Apple ја заврши пазарната сесија во средата со вкупна пазарна капитализација од 2,307 трилиони долари, според податоците на ...

На светските берзи цените на нафтата значително осцилираа минатата недела, бидејќи трговците се загрижени за ризиците од рецесија во голем број економии, додека поддршка на цените обезбедува најавата за намалување на производството на ОПЕК. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за два отсто, на 93,50 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,7 отсто, на 85,05 долари. На европскиот пазар ...

Јунајтед Груп, водечкиот снабдувач на телекомуникациски услуги и медиуми во Југоисточна Европа, објави дека е избран за еден од 13-те члена на Извршниот одбор на ЕТНО (Европската асоцијација на оператори на телекомуникациски мрежи) меѓу Telecom, Orange, Telefonica, BT, Telenor, Telia, TAG и КПН. За време на генералното собрание на Европската асоцијација на оператори на телекомуникациски мрежи во Скопје, Северна Македонија, ЕТНО ја одобри ...

Mарк Закерберг го потврди воведувањето „Вацап-заедници“ (WhatsApp Communities), најнова карактеристика на апликацијата што служи како надградба на „Групите“ (Groups). „Денес, почнуваме заедници на ‘Вацап’. Воведуваме и анкети и видеоповици во кои може да учествуваат 32 лица. Вашите пораки остануваат приватни“, напиша Закерберг на „Фејсбук“. Communities се наменети за организирање повеќе групни разговори на едно место. На пример, училиште, ...

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 5 на 10 отсто в година ќе значи и ново поскапување на струјата за граѓаните. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели дека покачување мора да има, но внимаваат ударот за граѓаните да не биде голем. Добивај вести на вибер „Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот ...

„Програмата за Овластен економски оператор, која обезбедува конкурентска предност и нови деловни можности за компаниите, во последните неколку години станува се повеќе препознаена. Во моментов имаме 24 компании со статус на ОЕО во нашата земја, кои се вклучени во околу 50% од вкупниот обем на трговија според вредност. Фокусирани сме и на активностите за меѓусебно признавање на ОЕО во регионот, така што во овој момент воспоставивме меѓусебно ...

Петок, 11 ноември е датумот резервиран за 5. јубилејно издание на најголемиот настан за е-трговија во Македонија – Конференцијата за е-трговија, која оваа година, под мотото „E-commerce: Accelerate!“ добива регионален карактер и на истата се очекува да присуствуваат повеќе од 400 гости – успешни претприемачи, е-трговци, маркетинг специјалисти, директори на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, ...

„Во услови на енергетска криза и раст на глобалните цени на енергентите, коишто влијаат и врз девизниот пазар, домашните цени и животниот стандард, Народната банка целосно е посветена на остварувањето на својата основна цел, одржувањето на макроекономската стабилност“. Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерот Фадил Бајрами и претставникот на Европската банка за обнова и развој ...

Берлин, 3 Ноември 2022. – Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, во Берлин ги претстави клучните достигнувања, давајќи фокус на мерките кои обезбедуваат директни придобивки за граѓаните и бизнисите. Во своето обраќање на Самитот за Западен Балкан под покровителство на Берлинскиот процес, тој им честиташе на лидерите на земјите од Западен Балкан и на Советот за регионална соработка за потпишувањето на три договори за мобилност, но ...

Во текот на месец ноември, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица. Во промотивниот период, сите нови корисници кои ќе аплицираат за НЛБ Проклик или НЛБ мПроклик го добиваат Проклик мини пакетот без надомест за користење во текот на ноември и декември, а во наведените месеци новите корисници ќе можат да ги реализираат и сите електронски налози без трошок за ...

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 94,50 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена ...

Федералните резерви на САД објавија дека ја зголемуваат референтната каматна стапка за 0,75 отсто, пред изборите за Претставничкиот дом и третина од Сенатот следниот вторник, кои според многумина се клучни и ќе одлучат за иднината на Америка. Тоа е четврто последователно зголемување од 0,75 отсто и шесто зголемување на референтната каматна стапка годинава, јавува Би-Би-Си. Се вели дека ова е најновиот во серијата напори за спречување на ...

Неодамна Владата одлучи, а истовременои поднесе Закон до парламентот, за Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат: – корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената ...

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе Одлука со којашто се продолжува рокот за аплицирање за мерката за набавка на вештачки ѓубрива за есенската сеидба до 30.11.2022 година. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, според најавата од Министерството, по завршувањето на аплицирањето, а најдоцна до крајот на годината ќе треба да направи исплата кон земјоделците по ...

Владата на Република Северна Македонија, на денешната 98-ма седница, го усвои Предлог Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, предложен од Министерството за финансии. Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари. На седницата е усвоен и Предлог Законот за извршување на Буџетот на ...

Владата го усвои првиот среднорочен буџет, кој го предложи Министерството за финансии, согласно новоусвоениот, реформски Закон за буџети. Предлог-буџетот за 2023 година е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза, за што се издвоени 250 милиони евра во буџетот. Но со буџетот се поставува и основа за забрзан раст на среден рок. Во него се издвоени средства за покачување на пензиите, поддршка на фирмите и ...

Во четврток, 03 ноември 2022 година во 10:00 часот во Клубот на пратеници, амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на Европската унија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Набил Ганги, де факто шеф на Организацијата за храна и земјоделство во Северна Македонија ќе ја претстават помошта обезбедена од Европската унија и Обединетите нации за консолидација на земјиштето во Северна Македонија. Процесот на ...

Цената на недвижностите во регионот идната година ќе бележи намалување за 10% прогнозира аналитичкиот тим на Блумберг Адриа. Според анализата, поскапувањето на кредитите под притисок на инфлацијата ќе го намали интересот за купување недвижности што според анализата ќе придонесе за намалување на побарувачката а со тоа и спуштање на цените. Но овој ефект веројатно најмалку ќе се почувствува во Македонија „Градежништвото во земјава заклучно со јули ...

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија. -Како Влада и Министерство за ...

Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно одлуката, највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за метар просторен (МПР) односно до 6.429 денари за метар кубен (м3). Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.08
46%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.92
42%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
7.6
75%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
39%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58