
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Цената на недвижностите во регионот идната година ќе бележи намалување за 10% прогнозира аналитичкиот тим на Блумберг Адриа. Според анализата, поскапувањето на кредитите под притисок на инфлацијата ќе го намали интересот за купување недвижности што според анализата ќе придонесе за намалување на побарувачката а со тоа и спуштање на цените. Но овој ефект веројатно најмалку ќе се почувствува во Македонија „Градежништвото во земјава заклучно со јули ...
Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети во изминатите години од 1 декември до 30 април до кога завршува кризната состојба во енергетиката, не е над 33 гигават часови електрична енергија. -Како Влада и Министерство за ...
Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно одлуката, највисоката цена на огревното дрво се утврдува во висина до 4.500 денари за метар просторен (МПР) односно до 6.429 денари за метар кубен (м3). Највисоката цена на пелетите за огрев се утврдува во висина до 27 денари за еден килограм. Во цената на стоките е вклучен ...
Американскиот долар денеска продолжи да се намалува од речиси еднонеделните највисоки нивоа во однос на главните ривали, а активноста на трговците беше ограничена пред одлуката на Федералните резерви (ФЕД) за каматната стапка, која треба да даде навестување за идниот пат на монетарната политика. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошницата ривали, ослабе за 0,14 отсто на 111,32 поени, иако тоа не е ...
Сојузот на стопански комори на Македонија воспоставува соработка со „Генерали Инвестментс“ со цел подигнување на нивото на информираност на бизнис секторот за можност за создавање на додадена вредност преку инвестирање на расположливите финансиски средства во инвестициски фондови, во рамките на што беше организиран информативен состанок за членовите. Лазе Камчев, главен извршен директор на „Генерали Инвестментс“ истакна дека постои високо ниво ...
НЛБ Банка, следејќи ги потребите и барањата на клиентите, ја продолжува промотивната кампања која се однесува на сите потрошувачки, станбени, хипотекарни и останати кредити за физички лица до крајот на годината, овозможувајќи низа поволности за сите оние кои ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер. Имено, клиентите кои до 31 декември ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитните продукти за физички лица добиваат единствена можност бараниот ...
Порталот Centar.mk, ја објави листата на неработни денови во 2023. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ 01 јануари (недела), Нова Година, 02 јануари (понеделник) е неработен ден; 07 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар; 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според ...
Владата, согласно донесената измена за Законот за поштенски услуги во врска со одлагањето на либерализацијата на поштенските услуги до 31.12.2023 година,а со цел подобрување на финансиското работење на АД Пошта на Република Северна Македонија, ги задолжи сите државни институции да ја користат универзалната поштенска услуга на АД Пошта на Република Северна Македонија, согласно измените на Законот, а им препорача и на сите општини и Град Скопје да ...
1 ноември 2022, Скопје – Со заштеди во Буџетот и прераспределби помеѓу буџетските корисници обезбедивме допонителни 3,75 милијарди денари (61 милион евра) за да се справиме со енергетската криза, односно средства за ЕСМ, за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза. Ова како што истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во Собранието е предвидено со Предлог-одлуката за прераспределба на средства ...
Собранието денеска на седница донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година. Неискористените средства од државни институции, со Одлуката се пренаменуваат за други цели и за обезбедување дополнителни пари онаму каде што е најпотребно. Средства ќе се пренаменат за ЕСМ – за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, потоа за ...
Канцелариите и продавниците во Париз, главниот град на Франција, ќе ги исклучат светлата по работното време. Со одлука на градот Париз да заштеди струја, од денеска канцелариите и продавниците во Париз ќе ги исклучат светлата на крајот од работното време. Одлуката се однесува на дигиталните екрани во излозите и осветлувањето. France Bleu, мрежа на локални и регионални радио станици во Франција, објави дека компаниите кои нема да ја почитуваат ...
Apple беше едно од големите изненадувања за време на сезоната на приходи во минатиот квартал, пркосејќи на најоптимистичките прогнози за кварталот што завршува на 30 септември. Apple соопшти дека заработката за трите месеци што завршуваат во септември, четвртиот фискален квартал на групацијата, е утврдена на 1,29 долари, што е за 4 отсто повеќе од истиот период минатата година. Приходите на групата, велат од Apple, се зголемиле за 2 отсто во ...
Цената на гасот во Европа падна за повеќе од една третина во октомври 2022 година во споредба со претходниот месец, на околу 1.246 долари за 1.000 кубни метри, се вели во извештајот на лондонската берза ICE за движењето на цените за ноемвриските и декемвриските фјучерси и пресметките на агенцијата Тас с. Една од главните причини за ваквото намалување на цените е невообичаено топлото време во регионот, што го одложува почетокот на грејната ...
Пишува: Пеева-Ѓуриќ, Оперативен директор за претставување на членките и вмрежување во Стопанската комора на Северна Македонија Концептот на Комора на иднината меѓу другото има зацртано да креира активности во насока на „корекција“ на системските слабости но и на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски раст и развој на една економија. И во овој случај кризата не ...
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, цената на природниот гас за ноември ќе се намали за 500 евра за 1000 нормални метри кубни, во однос на цената за октомври оваа година, соопшти денеска „Макпетрол“ АД Скопје. Од АД Макпетрол воедно информираат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на нивните ...
Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија И во услови кога енергетската криза е во полн ек со сериозни проблеми во деловното функционирање на компаниите, Комората ги продолжува останатите редовни активности кои се од интерес за нашите компании. Фокусот во претстојниот период е на меѓународните активности. Во Белград, Берлин, Скопје состаноци, дебати, средби за инвестиции и проширување на соработката во ...
Медицинскиот мебел и медицинската опрема произведени во БРАКО и натаму се барани во повеќе земји во светот, како Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД. И покрај кризата, линијата за опремување на здравствени установи продолжува со производство и партнерство со 10 големи светски компании и во речиси 95% оди за извоз. Медицинската програма на БРАКО има повеќе од 500 различни производи, кои се ...
„Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред пандемијата се токму помалите инвестиции, во услови на намалено домашно штедење и ...
Некои корисници на „Инстаграм“ во текот на вчерашниот ден пријавиле дека не можат да се поврзат со своите профили на социјалната мрежа. Добивај вести на вибер Од „Инстаграм“ соопштија дека ја поправиле грешката. Тие се огласија на „Твитер“ за да објават дека го решиле проблемот. „Решивме грешка што предизвика проблеми со пристапот до профилите ширум светот. Грешката исто така предизвика некои луѓе привремено да го променат бројот на следачи. Се ...
Американскиот милијардер и сопственик на Space X и Tesla Motors, Илон Маск, се именуваше за нов извршен директор на Twitter, откако го распушти одборот на директори и најави ново реструктуирање. Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави, повикувајќи се на извори блиски до Маск, дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од работниците во првиот круг од реструктуирањето. Адвокатот Алекс Спиро, долгогодишен правен застапник на Маск, ги ...
Повеќе од два милиони пензионери имаат право на паушална цена на енергијата, односно како вработени и како пензионери, соопшти Министерството за социјални работи на Германија. На работниците веќе им беше исплатен енергетски бонус од 300 евра во септември. Износот од 300 евра е исплатен и на пензионери кои се вработени. Германското Министерство за труд и социјална заштита соопшти дека исплатите за вработените и пензионерите меѓусебно не се ...
Германската влада начелно се согласи да воведе горна граница на цената на гасот за околу 25.000 големи индустриски компании од 1 јануари 2023 година, соопшти денеска Министерството за економија, откако експертската комисија ги претстави своите предлози во Берлин. Министерството соопшти дека Владата ќе направи одредени технички корекции во врска со првичниот предлог на Комисијата и дека ќе ја ограничи цената на гасот на седум евроценти за ...
Првиот ден, Илон Маск (Илон Маск) се справи со менаџментот на компанијата Твитер и вети полесна комуникација. Производителите на автомобили не се премногу задоволни. Голем број на производители на автомобили се многу активни на Твитер. Сега, сепак, работите се сменија, бидејќи нивниот еден вид ривал стана сопственик на мрежата. Меѓу првите реагираше Citroen, со многу јасна најава. – Поздрав до платформата за социјални медиуми во сопственост на ...
Какви се цените на горивата во Македонија, регионот и Европа? ДРЖАВА БЕНЗИН БМБ-95 БЕНЗИН БМБ-98 ДИЗЕЛ Албанија 203,66 ALL (1,69 EUR) 243,20 ALL (2,01 EUR) Австрија 1,80 EUR 2,06 EUR 2,08 EUR Белгија 1,87 EUR 2,03 EUR 2,21 EUR БИХ 2,838 BAM (1,45 EUR) 3,235 BAM (1,65 EUR) 3,477 BAM (1,78 EUR) Бугарија 2,96 BGN (1,51 EUR) 3,34 BGN (1,71 EUR) 3,35 BGN (1,71 EUR) Чешка 42,89 CZK (1,76 EUR) 44,60 CZK (1,83 EUR) 47,24 CZK (1,94 EUR) ...
Поради поскапувањето на природниот гас и електричната енергија во Германија, потрошувачите сè почесто користат дрва за загревање на своите домови. Германец, кој со семејството живее во Берлин, во изјава за локални медиуми вели дека оваа зима ќе користи дрва за загревање на својот дом. Тој посочува дека веќе не е економично да се користи гас бидејќи цените се речиси двојно зголемени во државата. „Би рекол дека алтернативните системи за греење ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период лани е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 бележи пад од 0,4 отсто. Ова се најновите информации од Државниот завод за статистика. Имено, бројот на работниците во секторот „Рударство и вадење на камен“ во септември 2022 година во однос на септември 2021 година бележи опаѓање од 3,3 отсто, во ...
Новиот концепт за земјоделско осигурување на кој министерството работи нема цел да наметне нов трошок на земјоделците, туку напротив нуди решение за уште едно повеќе децениско прашање кое ги мачеше земјоделците. Оттука, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира на изнесените невистини од страна на политичката партија Левица. Во интерес на јавноста би сакале на кратко да информираме што точно се предвидува со новиот ...
Економијата на еврозоната речиси застана во третиот квартал, бидејќи инфлацијата се зголеми над сите очекувања и за првпат надмина 10 отсто, покажаа прелиминарните податоци на Евростат во понеделникот. Токсичната комбинација на слаб раст и зголемените цени укажуваат на претстојните мрачни зимски месеци. Инфлацијата се искачи на 10,7 отсто од 9,9 во септември и беше значително повисока од просечната прогноза во анкетата на Ројтерс меѓу ...
Цената на пченицата во тргувањето денеска скокна откако Русија се повлече од договорот со Украина за извоз на жито по нападите на бродовите вклучени во обезбедувањето на трговскиот пат преку Црното Море. Пченицата за испорака следниот месец поскапе за 5,5 отсто на 8,75 долари за бушел (27,2 килограми) на трговската берза во Чикаго, достигнувајќи максимум од 8,93 долари во почетокот на тргувањето. Цената на пченката се зголемила за 2,2 отсто по ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 4,35 проценти и бележи мало месечно зголемување од 0,01 процентен поен. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,11 процентни поени. Слична динамика има и кај просечната каматна стапка на вкупните депозити, којашто изнесува 0,70 проценти, додека на годишно ниво забележан е пад од 0,08 процентни поени. Кај новоодобрените кредити, просечната ...