
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



„Буџетот за идната година е направен во координација со сите министерства и инститиции и тој е реален и остварлив. Таму е обрнато внимание на се што треба да содржи буџетот – инвестиции, инфраструктура, но и помош на компани, ранливи категории на граѓани итн.“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24. Таа додаде дека УЈП има обврска со 74 отсто да го наполни буџетот за следната година, што е најмногу откако таа е на ...
По маркетите веќе може да се забележат ефектите од мерките на Владата, лебот е со намалени цени, а денес можеше да се купи леб за 32 денари. Мерката со која Владата им помага на компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти да плаќаат стабилна и пониска цена на електрична енергија на крајот носи придобивки за сите граѓани. Со плаќањето на поевитна, но и стабилна цена на електрична енергија фирмите кои производуваат основни ...
Во изминатите две и пол години зеленото кредитирање е зголемено за 55%. Станува збор за заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Расте и уделот на зелените во вкупните кредити, но и натаму е на ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со првото полугодие од 2022 година, учеството на зелените во ...
Според неофицијални информации, Марк Цукерберг (Цукерберг) ќе го следи примерот на Илон Маск (Илон Маск) и ќе почне да отпушта голем број вработени во Мета. Тој, наводно, им рекол на извршните директори на состанокот во вторникот дека кратењата првенствено треба да се случат меѓу вработените во секторите за вработување и операции на Мета. Се очекува вработените да бидат известени за кратењата преку е-пошта што се очекува да биде испратена до ...
Норвежанецот Бјорн Гулден (Бјорна), шеф на ривалската Пума, германскиот производител на спортска опрема Адидас објави дека е назначен на чело на групата. – Бјорн Гулден е назначен за член на управниот одбор и претседател на Адидас од 1 јануари 2023 година – стои во соопштението на баварската компанија, која очекува новиот шеф да донесе нова ера. Поранешниот шеф на познатиот бренд со три ленти, Каспер Рорстед, чие заминување беше најавено летово, ...
Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година и ја донесе Програмата. Донесена е и Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и ...
Httpool на Aleph и Meta изјавија дека двете компании ќе соработуваат во Северна Македонија под протокол на Авторизираната Програма за Партнерска Продажба ( ASP ) на Meta. Авторизираната Партнерска Програма на Meta е глобално дополнување на продажните тимови на Meta. Тие, воедно, ги поддржуваат промоторите и агенциите во домен на постигнување на нивните деловни цели, а преку обезбедување на локална асистенција и насоки за стратегија прават и ...
Овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна започнува на 10 ноември (четврток),со гала вечера во ресторанот BELLA VISTA во EAST GATE MALL, каде гостува тимот готвачи од Салерно, Џовани Писапиа и Кармела Санторо. Гостите ќе уживаат во една несекојдневна вечер, во пријатна атмосфера, со врвните специјалитети подготвени од вештите раце на готвачите – вистинско гастрономско патување во Салерно, мало гратче на југот на Италија. ...
Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Владата деноноќно работи за справување со инфлација која е резултат на скапите енергенси. Во гостувањето на Сител телевизија, тој истакна дека веќе е донесена одлуката за цена на електрична енергија што ќе биде дадена на прехранбената индустрија, со цел цената на прехранбените производи, како брашното и лебот, да биде 10 проценти помала. -Тие ќе се снабдуваат преку ЕСМ за 80 евра по киловат час. Таа цена ќе ...
Корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија добиваат повеќе од само врвни телекомуникациски услуги. Новиот мобилен оператор за своите корисници овозможува и пристап до ексклузивни дигитални содржини. МТЕЛ е единствениот оператор во Македонија кој што им овозможува одредени привилегии и на своите при пејд корисници. Оттаму, корисниците на МТЕЛ мобилната телефонија и интернет ќе имаат можност да користат две мобилни апликации преку своите мобилни ...
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски зеде учество на годишниот самит на Генералниот Совет на Светската коморска федерација кој се одржува во Париз со фокус на утврдување на стратегијата за дејствување на коморите во наредните години втемелена на реалните потреби на бизнисите и глобалните економски предизвици. На настанот свои презентации имаа највисоките претставници на истакнати комори организации како ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство го најавува големиот настан „Вкуси ја традицијата – Прв национален саем за храна и пијалоци“ кој ќе се случи на 12.11.2022 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје. Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Слоу Фуд Македонија, а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste ...
Врз основа на добиен позитивен резултат за присуство на афлатоксин М1 над максимално дозволени концентрации во млеко од брендот МИЛКАНО увезено од Босна и Херцеговина, Агенцијата за храна и ветеринарство почна постапка за повлекување небезбеден производ од пазарот. Станува збор за резултат добиен во рамки на мониторинг програмата за безбедност на храната, која покрај редовните и вонредните контроли, Агенцијата ја спроведува секоја година. Од ...
Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на месец октомври годинава во однос на истиот месец 2021 година трошоците на живот достигнале високи 19,8 проценти. Ова е најголемата стапка на инфлација која ја регистрираше ДЗС од почетокот на годината, но и во подолг временски период. Минатиот месец индексот на трошоците на живот во споредба со месец септември 2021 година изнесуваше 18,7 отсто. Како што објавува ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4.11.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло ...
Почнувајќи од денеска па се до 25.11.2022 отворено е онлајн номинирањето во изборот “Жена на годината 2022” во десет посебни категории. Во номинирањето на кандидатки за победнички по категории може да се вклучат сите посетители на веб сајтот www.zenanagodinata.mk со пополнување на формата која е достапна на следниов ЛИНК. При самото номинирање, веб посетителите треба да ги земат во предвид следниве критериуми што треба да ги исполнуваат ...
Планирани се повеќе средства за повисоки пензии, за поттикнување на приносите и производството во земјоделството, за усогласување на платите со минималната, но и за развој на економијата преку инвестиции во инфраструктурата и поддршка на приватниот сектот. Предлог-буџетот за 2023 година има за цел да одговори на тековната криза, со 250 милиони евра наменети директно за справување со истата. Но, тој и има за цел да ја стимулира економијата, за да ...
Кинеската рударска компанија Tibet Summit Resources Co. Ltd. ја објави својата намера да инвестира 2,2 милијарди долари во два проекти за истражување на литиум во Аргентина. Ова се наведува во соопштението објавено од аргентинското Министерство за надворешни работи. Претседателот на компанијата Џианронг Хуанг ги сподели овие планови додека зборуваше со аргентинската амбасадорка Сабина Вака Нарвај на Меѓународната изложба за увоз на Кина во ...
Светските цени на храната останаа главно стабилни во октомври, со зголемувањето на цените на житариците повеќе од компензирани со падот на другите основни производи, покажа новиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Референтниот индекс на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на цените за пет прехранбени производи со кои се тргува на глобално ниво, во октомври изнесуваше во просек ...
Купувачите на нови автомобили во Германија повторно очекуваат поголеми попусти, производителите нудат просечен попуст од 16,3 отсто за 30-те најпродавани нови автомобили. Прво имаше недостиг на автомобили поради кризата со чиповите, а сега има се помалку купувачи, па производителите на автомобили ја стимулираат побарувачката со попусти, дури и оние кои одамна не нудат попусти. Сепак, ова се однесува на големиот и конкурентен германски пазар. Кај ...
Соработникот за енергетика во Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на денешната прес-конференција ги соопшти последните информации кои се однесуваат на енергетската состојба во земјата. Како што истакна, во рамки на заложбите на Владата за подигнување на јавната свест за тоа колку е важно штедењето на електричната енергија, институциите и компаниите се многу важни во овој процес и секој треба ...
Додека војната ја задушува Европа, мала нација „заглавена“ под Русија ужива во неочекуван економски бум. Имено, според странските медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои побегнаа таму по конфликтот меѓу Русија и Украина и стравот од мобилизација. Како што голем дел од светот оди во рецесија, земјата со 3,7 милиони жители што се граничи со ...
„Твитер“ во саботата ја ажурираше својата апликација во „Еп-стор“ на „Епл“ за да почне да наплаќа 8 долари за синото лого што означува верификуван профил, потег што го најави новиот шеф на компанијата, Илон Маск. Апликацијата за iPhone на оваа социјална мрежа во саботата вечерта доби ажурирање, со кое, меѓу другото, се воведува наплатата на сината птица која досега служеше за означување на проверени профили на јавни личности. Ова ќе чини 7.99 ...
Во првите десет месеци од годинава во компаниите во ТИРЗ се отворени над 2000 нови работни места, а бројот на вработени за првпат се искачи над 16.000. Ова е зголемување за 16% за една година покажува редовната месечна анализа. Само во октомври се отворени речиси 500 нови работни места, е наведено во соопштението од ТИРЗ. „Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со октомври извозот ...
Иако златото на пазарот речиси отсекогаш било синоним за стабилност, последните седум месеци цената на златото доживеа пад, што ги загрижи аналитичарите. Според анализата на Дојче банк, падот на цената на златото е и најдолг од 1869 година. Само во октомври цената на златото падна за 1,6 отсто, додека од почетокот на годината цената на овој благороден метал е намалена за 11 отсто. – Цените на златото забележаа најдолг пад од 1869 година со нагло ...
Цените на нафтата паднаа под 95 долари на меѓународните пазари, откако зголемувањето на каматната стапка во САД го поддржа доларот и повторно ги разгоре стравувањата од глобална рецесија и послаба побарувачка за гориво. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 1,39 долари отколку во моментот на вчерашното затворање и изнесуваше 94,77 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,76 долари, од ...
Имајќи ја предвид потребата од обезбедување детални и сеопфатни податоци за финансиските инструменти, Народната банка на Република Северна Македонија започна со објавување нови статистички податоци за показателот должнички хартии од вредност. Овој показател ги прикажува финансиските врски помеѓу секторите во националната економија, како и помеѓу секторите на националната економија и секторот странство, врз основа на должничките хартии од ...
Илон Маск почна да дели масовни откази во Твитер со испраќање мејлови до вработените. Во мејлот до вработените, Твитер соопштува дека неговите канцеларии ќе бидат привремено затворени и сите пристапи ќе бидат суспендирани за да се обезбеди сигурност на секој вработен, како и системот на Твитер и корисничките податоци. Во пораката се наведува дека денеска им е последен работен ден во компанијата, но оти ќе останат вработени и ќе добијат надомест ...
Во нашата земја се уште треба да се инвестира во развој на претприемништвото бидејќи тоа ќе да придонесе во развој на економијата и ќе креира решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваме меѓу кои и актуелните поврзани со енергетската криза, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски во дискусијата на настанот „Менаџерски муабети 5“ кој се одржува во рамки на седмата Меѓународна научна ...
Според владината одлука, мерката за субвенционирање на сметките за парно греење во Скопје ќе важи се до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Владата на денешната седница, меѓу другото, одлучи да го продолжи субвенционирањето на сметките за парно греење на домаќинствата на подрачјето на Град Скопје. Според одлуката, оваа мерка ќе важи сè до истекот на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа ...