Цените на храната паднаа во септември шести месец по ред, како одраз на пониските цени на растителното масло што го засени растот на цените на житариците, објави агенцијата за земјоделство на Обединетите нации – ФАО. Кошничкиот индекс на цените на основните прехранбени производи на ФАО падна во септември за 1,1 отсто во однос на ревидираната вредност во август, на 136,3 поени. Неговата вредност паѓа од март, кога достигна рекордно високо ниво од ...

Рецесија сигурно ќе започне во САД во следните 12 месеци, според новите проекции на Блумберг. Ова е во целосна спротивност со пораките на американскиот претседател Џо Бајден во пресрет на изборите во ноември, пренесува Индекс. Најновите модели на веројатност за рецесија на економистите на Блумберг Ана Вонг и Елиза Вингер предвидуваат поголема веројатност за рецесија во сите временски рамки, со 12-месечна проценка за рецесија до октомври 2023 ...

Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат: – корисници на право на социјална сигурност на стари лица;; корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост;; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не ...

Банките стануваат сè повеќе фокусирани на одржливо (ESG) финансирање на комерцијални недвижности, две третини од анкетираните банки веќе имаат стратегија за ESG за овој сектор, додека сличен број банки ги оценуваат заемите од перспектива на одржливост. Речиси половина од учесниците во истражувањето работат на или веќе нудат специјални, одржливи производи за финансирање, при што некои банкари веќе согледуваат дека заемите се одбиваат поради ...

Народната банка, на својата веб-страница, меѓу податоците и показателите за банкарскиот систем на Република Северна Македонија, почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Објавувањето на овие податоци е една од активностите на Народната банка со која придонесува за создавање „зелена“ и одржлива економија. Народната банка досега презеде повеќе активности за ...

И директните средби со компаниите, кои Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) интензивно ги имаше деновиве, покажуваат дека енергетската криза има силно влијание врз конкурентноста на македонската економија и со тоа компаниите тешко ја одржуваат ценовната ликвидност на своите производи и услуги на странските, но и на домашниот пазар. За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во ...

Денеска, до 11 часот, склучени се 950 договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите во пунктовите на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје. Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до своите домови и објекти. Во меѓувреме, „ЕСМ – Снабдување“ подготвува поедноставување на постапката за ...

АД ЕСМ вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 MWh. „ АД ЕСМ на 17.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Согласно договорот кој го склучи ЕСМ Продажба на 12.10.2022 година за продажба ...

АД ЕСМ денеска испрати допис до Макпетрол, и до уште две други фирми кои покажаа интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ, во кој допис од истите е побарано до 20.10.2022г да достават понуда за гас за периодот ноември-април. Понудата која треба да ја достават се однесува на количини, цена, услови на плаќање и обезбедување преку банкарски гаранции. Инаку, за периодот ноември-април АД ЕСМ има потреба од 225 милиони нм3 природен гас, со кои ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,43% % во однос на одлуката од 12.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,57%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,624%, кај екстра лесното ...

Владата на денешната седница донесе нов сет на антикризни мерки во вредност од 350 милиони евра за справување со енергетската криза. Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција истакна дека севкупната поддршка за полесно пребродување на кризата во сите сфери досега изнесува 750 милиони евра. Дел од мерките ги опфаќаат социјално ранливите категории граѓани, невработените и пензионерите со ниски примања. Според планот, околу 42 ...

Неодамна почна берењето на јаболката во Преспа. Преспанчани имаат недостиг од работници за берење и пакување на јаболката. Платена храна и над 1500 денари дневница. Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа. Сезоната за берење на јаболката започнува на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври. Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е ...

Во моментов на светските берзи нафтата од типот WTI Crude е околу 93 долари, брент е речиси 98 долари за барел. Утре Регулаторната Комисија за Енергетика се очекува да ги објави новите цени на горивата кои ќе важат веќе од вторник. Во моментов цените на горивата се продаваат по овие цени: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на одлуката од 21.09.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за ...

Во понеделник РКЕ ќе донесе одлука за нови цени на горивата во Македонија. Според последните активности на берзите, нафтата драстично падна на 86 долари од барел од типот брент. Во моментов дизелот се продава по цена од 90 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-95 останува 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по цена од 87 денари за литар, а мазутот за 50, 391 денар за килограм. Новата цена на горивата се очекува да биде позната во ...

Вчера спектакуларно беше отворен Weekend.15, а за одличната забава во свој уникатен стил се погрижија Дарко Рундек и џез оркестарот на ХРТ, додека атмосферата дополнително беше загреана од популарните Матија Цвек и The Funkensteins. Предавањата и панелите започнаа денеска, а истите беа отворени со интригантен разговор 1 на 1 помеѓу израелскиот новинар и експерт за Мосад, Јоси Мелман и Игор Алборгети. „Веќе 15 години Weekend ја има таа моќ да ...

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката дејност и приватниот сектор со цел инвестирање во човечкиот капитал е фокусот на соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Бизнис Академија Смилевски БАС, која вчера доби правна рамка со потпишување на Меморандум за соработка. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорката на БАС, Маја Кузмановска. На настанот ...

Петнаесетина претставници на комунални претпријатија од словенечки општини деновиве присуствуваа на практична презентација на можностите на две машини од палетата на „Грин Машинс“, која се одржа во рамките на „Отворените денови на ’Грин Машинс’“, кои се организираа во Ново Место, во близина на Љубљана. „Впечатокот на присутните по презентацијата, беше дека токму со ваков тип на возила, дополнително ќе се подигне нивото на хигиена во словенечките ...

Вредноста на британската фунта денеска падна под симболичната вредност од 1,1 долар и се приближи кон историскиот минимум, последица на загриженоста кај инвеститорите од ситуацијата во јавните финансии и во мигови кога Велика Британија веројатно е навлезена во рецесија. Британската валута денеска падна за 2,56 проценти во однос на американскиот долар и попладнево се менува за 1,0972 долари, ниво што не е достигнато од 1985 година, кога фунтата ...

Wizz Air, најбрзо растечката и најодржливата авиокомпанија во Европа, најавува дополнително проширување на своите бази во Италија, што ја прави трета по големина авиокомпанија во земјата. Wizz Air доделува три од своите авиони Ербас А321нео во своите бази во Рим Фиумичино и Милано Малпенса: два во Рим и еден во Милано. Доделувањето на овие авиони овозможува лансирање на 12 нови линии, како и зголемена фреквенција на пет линии од Рим Фиумичино и ...

Американските стопански комори на Република Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој. Американските стопански комори се заложија да продолжат да работат заедно за создавање на подобра деловна и инвестициска клима, отстранување на ...

Не трчајте од шалтер до шалтер, од банка до банка, од извршител до присилни наплаќачи и не нервирајте се ако морате да чекате само за една потврда за тоа дали, кому и колку должите. Оваа реакција доаѓа од Македонското кредитно биро кое ги поседува извештаите за обврските на правните и физички лица за секоја од изминатите години. Верувале или не, само со еден клик или за неколку минути можете преку компјутер или на рака, да ја имате потврдата за ...

По двата исклучително успешни циклуси за време на пандемијата, проектот на НЛБ Групацијата #РамкаЗаПомош започнува по третпат. Овојпат, со фонд од 100.000 евра, Групацијата ќе ја поддржи реализацијата на три најдобри идеи за одржлив бизнис од регионот. Во последните неколку години, НЛБ Групацијата посвети големо внимание на одржливото работење во регионот на Југоисточна Европа, на кој гледа како на свој дом и во кој е присутна со своите ...

На денешната седница, беше усвоена редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец. Усвоената Информација е со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.09.2022 година. Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската ...

Се намалува бројот на крави, овци, кози во државата, млеко има сè помалку, а цената на млечните производи уште ќе расте. Во Хрватска килограм кашкавал се продава по 50 евра, а кај нас стигна до 750 денари. И на другите млечни производи цените излегоа од колосек, така овчото сирење се продава од 400 до 600 денари, кравјото од 350 до 450 денари, урдата над 200 денари, а цената на млекото и јогуртот, која постојано се менува во зависност од ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,92% во однос на одлуката од 2.09.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло ...

Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на шокови. Стабилноста на девизниот курс, како клучен предуслов за ...

Вредноста на еврото падна под 0,99 долари за прв пат од 2002 година во азиското тргување на 5 септември. Британската фунта, исто така, достигна најниско ниво во последните 2 и пол години на 1,14 долари. Европските валути се најдоа под притисок откако Русија ја прекина испораката на природен гас преку гасоводот Северен тек 1, наведувајќи дека има истекување нафта во турбината. Потегот дојде веднаш откако министрите за финансии на Групата седум ...

Денеска на редовен состанок Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) ќе ги утврди новите цени на горивата во Македонија кои ќе важат уште веечрва на полноќ. На светските берзи во моментов нафтата од типот брент се продава за 95 долари за барел, a вчера се продаваше за 93. Во моментов горивата се точат по следните цени: Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 – 87,50 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар); Дизел ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91% во однос на одлуката од 24.08.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,102%, кај дизелот зголемување во просек за 2,304%, кај екстра лесното ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
78%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
51%
1020
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.78
69%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
2.24
55%
1010
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
49%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
73%
1018
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
0.89
63%
1018
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
7.72
52%
1015
Currency

61.525

Currency

54.6226

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56