
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Регулаторната комисија за енергетика, донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар) Масло за ...
Квалитетното управување со податоците е предуслов за ефикасно извршување на задачите во современите централни банки. Оттаму, за понатамошно унапредување на работењето на Народната банка во оваа област, од посебно значење е билатералната соработка со Народната банка на Австрија, во рамките на Втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западен Балкан, финансирана од ЕУ. Во периодот од 3 до 5 јуни ...
Народна банка на последната седница оцени дека монетарната политика во земјава треба да остане затегната и со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30 отсто, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20 и 4,25 проценти, соодветно. Ваквата одлука следи и покрај тоа што Европската централна банка, ја намали основната каматна стапка за 25 базични поени. Според новата каматна стапка на ...
Светска банка ја зголеми прогнозата за светскиот економски раст, оценувајќи дека оваа година ќе изнесува 2,6 отсто, поддржан од растот на САД. Тоа е повисоко од глобалниот раст од 2,4 отсто за 2024 година што Светска банка го предвиде во претходната прогноза во јануари. Таа предвидува дека економскиот раст во светот годинава ќе биде ист како и во 2023 година, односно 2,6 отсто. Банката предупреди дека растот е сè уште бавен според минатите ...
Учеството на еврото во девизните резерви е намалено во 2023 година во корист на доларот и јенот, но и на „нестандардните валути“ како што е кинескиот јуан, објави во средата Европската централна банка (ЕЦБ), предупредувајќи дека неговата иднина би можела „релевантно“ да биде одредена од западните санкции против Русија. Учеството на еврото во девизните резерви минатата година се намали за цел процентен поен, на 20 отсто, утврди ЕЦБ. Уделот на ...
Повеќето луѓе поминуваат голем дел од својот живот на работа, па не е изненадување што нашите работни места во голема мера влијаат на нашето целокупно ментално здравје и благосостојба. Иако работата може да предизвика стрес, тага и гнев во нашите животи, таа исто така може да донесе задоволство, смисла и среќа. Според анкетата на „Gallup“ за состојбата на светот на работното место во 2024-та година, 34 отсто од глобалните испитаници велат дека ...
Компанијата „Пауер Чајна“ ја приклучи на мрежа најголемата соларна централа во светот со капацитет од 3,5 гигавати, која се наоѓа во близина на градот Урумчи во автономниот регион Ксинџијанг. Новиот соларен проект зафаќа површина од 809 квадратни километри и, според планот, ќе произведува 6,09 терават-часови електрична енергија годишно и ќе снабдува околу три милиони домаќинства во Кина, пишува порталот Енердата. Покрај тоа, Кина го најави ...
Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, велат мелничарите. Тоа, според нив, е импликација на зголемените цени на пченицата на светските берзи и регионалните пазари во мај за исто толку проценти. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, во наредниот период, со почетокот на жетвата, се очекува цената да се стабилизира и да се намали, односно да се врати на ...
До 2030 година, зголемувањето на глобалното производство на нафта ќе го надмине растот на побарувачката за овој енергетски производ и ќе создаде вишок капацитет што последен пат беше забележан во екот на пандемијата на коронавирусот, се вели во среднорочниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) објавен денеска. Организацијата со седиште во Париз предвидува дека растот на побарувачката на нафта постепено ќе се забави до 2030 ...
Во годината кога славиме 15 години успешно работење на финансискиот пазар, со задоволство ве известуваме дека КБ Публикум инвест АД Скопје станува КБ ИНВЕСТ АД Скопје. Промената на името на Друштвото значи нов импулс за уште поголем раст и развој врз основа на веќе цврсто поставени вредности и стандарди во работењето. КБ ИНВЕСТ добива дополнителен стимул за уште подобри деловни резултати благодарејќи и на засилената позиција на Комерцијална ...
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари, е оценето на вчерашната седница на ИО на Народна банка. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и ...
ВМРО-ДПМНЕ одлучило да го предложи поранешниот вицепремиер за еконосмки прашања Зоран Ставрески за следен гувернер на Народна Банка, дознава ТВ21 од свои извори. Аргументите да се поддржи кумот на поранешниот премиер Никола Груевски биле работно искуство што го имал во Светска банка и раководењето со Министерството за финансии. Ставрески на таа позиција би дошол како независен експерт, бидејќи не станува збор за член на ВМРО-ДПМНЕ. Од јули 2009 ...
Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) нема да ја промени основната каматна стапка ниту по јунскиот дводневен состанок што почнува денеска. Ова е мислењето на огромното мнозинство американски финансиски аналитичари, со оглед на актуелните трендови на инфлација и условите на пазарот на трудот. Судејќи според сите изјави на претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел и другите членови на ФОМЦ, централната банка најпрво сака да ...
Иднината на монетарните трансакции, зајакнувањето на плаќањата преку прифаќање на методите, поддршката за малите и средни претпријатија и имплементацијата на вештачката интелигенција во дигиталните финансиски текови, беа само дел од темите за кои се разговараше на бизнис форумот Visa SEE 2024. Годишната конференција која се одржа во Котор, беше посветена на технолошките иновации во платните системи и финансиската вклученост собра над 120 ...
Во државава во април годинава се регистрирани 81.752 туристи, од кои 23 проценти се домашни, а 77 проценти се странски туристи. Бројот на ноќевањата изнесува 151.720, при што 28,8 проценти се од домашните, а 71,2 проценти од странските туристи, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупно 62.978 странски туристи, 25.324 се од Турција, 3.254 од Германија, 5.006 од Србија, 2.766 од Грција, 2.319 од Бугарија, 2.116 од Хрватска, 1.892 од ...
Индексот на ФАО во мај 2024 година сѐ уште е понизок за 2,9 отсто во споредба со истиот месец од 2023 година и сѐ уште значително е понизок, за 26 отсто, во споредба со мај 2022 година кога го достигна врвот. Кај нас цените на храната значително подоцна го достигнаа врвот, така што и надолното приспособување што се случуваше на берзите изминатите месеци сѐ уште не е целосно пренесено. Во согласност со најновите очекувања, оваа година цените на ...
Во просториите на Македонска берза се одржа работилница на тема: “Запознавање со законските измени поврзани со трансформација на претпријатијата во акционерски друштва“ на која присуствуваа финансиски консултанти кои се дел од Платформата за пристап до финансии 3.0 на Активноста на УСАИД Партнерства за економски раст. На работилницата беа објаснети законските измени со кои се олеснува постапката на транформација на друштвата со ограничена ...
„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „24 Анализа“, која вчера вечер се емитуваше на телевизија 24. Коментирајќи ја најавата на Христијан Мицкоски за ...
Европските и американските берзански индекси денеска се во најголем дел во пораст, а во исто време е забележан и пад на цената на нафтата и златото. Пазарите се смирија бидејќи стана јасно дека центристичките и проевропските партии ќе го задржат мнозинството во Европскиот парламент по изборите во недела, пренесува Еурактив. Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 18.522,75 поени, британскиот FTSE 100 на 8.242,63 ...
Приходи од 48.778.104.541 денари или околу 800 милиони евра лани оствариле 58 правни лица кои се занимавале со игри на среќа. Од тоа, овие компании оствариле профит од 70,4 милиони евра, покажува анализата на „Пари“. Доколку се анализираат деловните движења последните години, заклучокот на анализата е дека овој бизнис постојано расте. Вкупниот број на вработени во оваа индустрија е 7.745, додека просечната плата е 33.383 денари или околу 550 ...
Во првиот квартал од 2024, БДП се зголемил за 1,2 отсто на годишна основа, задржувајќи ја потиснатата економска динамика од 2023. Релативно воздржаната економска активност е резултат на две главни тенденции. Од една страна, извозот забележа релативно голем пад од 7.8 отсто, подлабок од тој во 2023. Од друга страна, приватната потрошувачка, која сочинува доминантен дел од БДП, порасна за 2 отсто, што претставува солиден раст кој го одразува ...
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за ...
Забележан е фрапантен пад на количината на пестициди што се продаваат во ЕУ, најмногу поради тоа што нивните цени се зголемија, објави Евростат. Заводот за статистика на ЕУ наведува дека во 2022 година биле продадени околу 322.000 тони пестициди, што е за 10 отсто помалку од продадената количина една година претходно. Од бројните пестициди што се користат во ЕУ, најголем обем на продажба имаа фунгицидите и бактерицидите со 43 проценти од обемот ...
Како што покажа годишната анализа на Здружението на индустријата за видео игри на Србија повеќе од половина од компаниите во оваа гранка планираат да ги прошират своите тимови во 2024 година. Годинава ќе има потреба од 475 нови работни позиции. – Во првите три области по бројот на вработени во индустријата се програмирањето, уметничките професии како 2Д уметност, 3Д уметност, илустратори, аниматори, каи и контрола на квалитетот. Најзадоволни ...
Мнозинството Швајцарци, 69 отсто од нив, денеска кажаа „да“ за законот за електрична енергија, кој има за цел да го забрза развојот на обновливите извори на енергија, според првите проценки на излезни анкети по референдумот. Проценката е малку под предвидувањата на анкетите пред гласањето, во кои 75 отсто од граѓаните се определија за тој закон. Конечните резултати ќе бидат познати на крајот на денот. Законот има за цел да гарантира „безбедно ...
Додека голем број земји во Европа и во светот почнаа со тестирање на скратена работна недела, се поставува прашањето може ли во Македонија да се скрати работната недела, а платите да останат исти? Работодавачите сметаат дека идејата е добра, но е полесно изводлива во државната администрација за разлика од приватниот сектор каде што приходите на компаниите директно зависат од оствареното производствово, а тоа пак од работните часови. Кај нас сè ...
Доларот се врати на пазарите откако приносите на американското Министерство за финансии останаа покачени. Запирањето на собирот на глобалниот ризик дојде на позадината на петочниот извештај за нефармските плати, кој покажа дека американската економија отвори многу повеќе работни места отколку што се очекуваше во мај и годишниот раст на платите повторно забрза, нагласувајќи ја отпорноста на пазарот на трудот. Резултатите од извештајот за ...
Индустријата за ископување злато се бори да го одржи растот на производството бидејќи залихите на жолтиот метал се потешко се наоѓаат, според Светскиот совет за злато (WGC), пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. „Видовме рекордно производство во првиот квартал од 2024 година, кое беше зголемено за 4 отсто на годишно ниво. Но, поголемата слика, мислам дека производството достигна врв околу 2016, 2018 година и оттогаш не сме забележале ...
ПроКредит Банка ја отвори новата и модернизирана филијала во Гостивар, со што ја продолжи иницијатива за збогатување на својата мрежа, во чии рамки оваа година ќе се отворат нови локации, а некои од постоечките филијали ќе бидат реновирани и модернизирани. Целта на иницијативата е унапредување на персонализираното искуство на клиентите и достапноста на услугите од стручните лица на банката. Ова не само што им користи на клиентите, туку ...
Инвестициите на кинеските фирми во Европа се намалија на најниско ниво во повеќе од една деценија минатата година, при што најголемиот дел од свеж капитал отиде во секторот за електрични возила и поврзаните индустрии. Кинеските компании инвестирале 6,8 милијарди евра во 27-те земји на Европската унија (ЕУ) и Обединетото Кралство во 2023-та година, се наведува во новиот извештај развиен од групацијата Родиум и Институтот за кинески студии ...