
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Исчезна субвенцијата за струја. Процентот кој беше испишан во фактурите од април месец повеќе го нема. Од претходната владина гарнитура тврдеа дека оваа бројка покажува колку државата покрива од трошокот за струја на домаќинствата. Овие пари со одлука на Влада му се префрлаа на ЕСМ и тоа дирекно од државниот буџет кој го полнат граѓаните и фирмите, но се нарекуваат субвенции. Првично изнесуваше 92 отсто, но подоцна процентот на поддршка се ...
Годишната стапка на инфлација во Турција надмина 75 отсто во мај. Според проценките на властите, цените на стоките за широка потрошувачка го достигнаа својот врв, а во јуни се очекува намалување на инфлацијата, пренесе француската новинска агенција АФП. Според официјалните податоци, годишната стапка на инфлација во мај изнесувала 75,45 отсто, откако во април била 69,8 отсто. На месечна основа, цените на производите за широка потрошувачка се ...
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истио месец лани е заголемен за 2.0%. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.9 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%. ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Согласно одлуката на РКЕ, од полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит. Од 4.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ...
Југословенскиот динар беше валута која почна да се користи во Кралството СХС од 1920 година, а потоа се користеше во Кралството Југославија, социјалистичка Југославија, а потоа и во Сојузна Република Југославија. Се променија имињата на државите, но не и динарот, кој доби култен статус и престана да биде „југословенски“ кога Србија го замени со српскиот динар, а Црна Гора со евро, години по распадот на поранешна Југославија. На почетокот на ...
Бизнисот со осигирување неживот, па и живот, во земјава доживува бум каков што немало досега. Иако македонските граѓани важат за неодговорни кон себе и кон имотот со кој располагаат, барем според кажувањата на осигурителите и споредбата со другите држави, сепак се чини, почнале да ги менуваат своите навики. Или, пак, осигурителните компании нашле начин како да допрат до совеста и одговорноста на обичниот човек и да го убедат, покрај атомобилот, ...
На европските берзи најважните индекси зајакнаа во понеделник додека инвеститорите ја чекаат одлуката на Европската централна банка (ECB) за каматните стапки кон крајот на седмицата. На европските берзи најважните индекси зајакнаа во понеделник додека инвеститорите ја чекаат одлуката на Европската централна банка (ECB) за каматните стапки кон крајот на седмицата. Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за ...
Малите бизниси се столбот на економијата, но тие често се борат да ги обезбедат потребните финансии за да растат и да напредуваат. Традиционалните финансиски институции имаат строги барања и долги процеси на одобрување, оставајќи многу перспективни бизниси без поддршката што им е потребна. Поради тоа, потребни се флексибилни финансиски решенија, кои нудат различни опции за финансирање приспособени на уникатните потреби на стартапите во различни ...
Производителите на модра слива во Малешевијата полека како да се откажуваат од производството на слива. Производителите на модра слива од пехчевско, беровско и делчевско денеска дебатираа околу моменталното производство на сливата, нејзиниот квалитет, третирањето, како и проектите кои се планираат за подобрување на производството и откупот на сливата во наредниот период. Во рамки на настанот кој денеска се одржа во Пехчево, професорот Маријан ...
Некогаш најскапиот старт-ап во САД, WeWork е на пат да излезе од стечајната постапка, надевајќи се дека помалку обврски и канцеларии за изнајмување ќе вдахнат нов живот во него, пишува Би-Би-Си. Компанијата, која изнајмува заеднички канцелариски простор, е основана во 2010 година и претходно се сметаше за иднината на канцелариите, но имаше загуби за време на нејзината агресивна глобална експанзија. WeWork поднесе барање за стечај минатата ...
Државната Дума усвои закон за ратификација на четири протоколи, кои создаваат правна основа за реструктуирање на долговите на Србија кон Русија според голем број меѓувладини договори. Ова е јасно од одлука на законодавното тело, пренесе БГНЕС. Протоколите беа потпишани во Москва на 13 ноември 2023 година и во Белград на 21 ноември 2023 година. Тие ги менуваат договорите за обезбедување државни извозни кредити од Русија за Србија од 11 јануари ...
Во последно време на светскиот пазар има значително зголемување на побарувачката на злато. Ако порано, пак, благородниот метал главно се извезуваше во западните земји, сега се почесто се испраќа во спротивна насока – на исток. Оваа промена во насоката на извозот на злато може да има крајно непријатни последици за САД, забележува Gold Eagle. Според податоците од јавни извори, Кина во првите два месеци од 2024 година увезла 367 метрички тони ...
Бруто домашниот производ на Европската унија во 2021 година претставуваше 15,2 отсто од светскиот бруто домашен производ, објави Меѓународната програма за споредба. Најголема светска економија е Кина со 18,9 отсто од светскиот БДП, потоа САД со 15,5 и Европската унија со 15,2 отсто, објави Евростат. Меѓу 20-те земји кои учествуваат во светскиот БДП со повеќе од еден процент се пет членки на ЕУ: Германија со 3,4, Франција со 2,4, Италија со 1,9, ...
Европската комисија проценува дека ќе бидат потребни дополнителни финансии од приватни и јавни извори во износ од 620 милијарди евра годишно – со цел Унијата да ги реализира сите свои зелени и енергетски визии, како и дополнителни 125 милијарди евра годишно за инвестиции во дигитализација. Двете најголеми земји-членки на Европската унија – Германија и Франција – деновиве предложија дека во следните пет години треба да се направат напори за ...
Денеска во 15:15 часот, Биткоинот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance, поскапе за еден процент на 63.185,16 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 27,38 милијарди евра. Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) поврзан со Биткоин денес изнесува 73 во категоријата „алчност“, што значи дека инвеститорите се уште се оптимисти за понатамошниот раст на Биткоин. Вредноста на итриумот ...
„Климатските промени се кинеска измама“, рече Доналд Трамп на еден од неговите митинзи во 2019 година, со што го негира овој глобален феномен. На бројни други митинзи, тој ги исмеваше турбините на ветер како убијци на птици кои прават повеќе штета отколку корист, спомна дека Америка може да живее само на нафта, гас и јаглен под нејзината површина, а исто така ги исмеваше и електричните автомобили. Неговата најблиска средина, која се занимава со ...
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна минатата недела, додека курсот на САД во однос на европската валута остана непроменет. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на валутата на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 104,62 поени. Во исто време, вредноста на доларот во однос на европската валута остана речиси непроменета, па цената на еврото ...
Цената на станбениот квадрат во Скопје е во постојан раст иако расте и изградбата на нови станови и згради во главниот град. Во Скопје, метар квадратен стан не може да се најде по 1.000 евра (освен во стари згради приградските населби) а во строгиот центар и населбите што важат за поелитни метар квадратен чини повеќе од 2.000 евра. Тоа значи дека ако сакате да живеете во стан од 60 квадрати, ќе треба да платите најмалку 120.000 евра. Но каква е ...
Она што ги разликува луѓето од животните е тоа што раскажуваме приказни за да стимулираме колективна акција. Меѓународната финансиска архитектура (ИФА) е еден од централните наративи кои го обликуваа нашето економско размислување во изминатите осум децении. Нејзините институции, правила и клучни актери влијаат на начинот на кој економиите, владите, бизнисите и луѓето комуницираат финансиски, пишува Мајкл Краке, извршен директор за Германија во ...
Техничката влада си го стори своето, изборите поминаа и сега се чека само да биде објавен новиот владин состав. Со оглед на фактот што проектите и плановите за трошењето се планирани од страна на претходната влада која со сигурност веќе оди во опозиција, тоа ќе значи и прекројување на државната каса. Според првичните најави кон крајот на јуни можно е да се очекува ребаланс на буџетот. Сега се отвора прашањето, со што ќе се соочи новата влада ...
Руската економија, според паритетот на куповната моќ, веќе стана четврта економија во светот во 2021 година, а во претходните две години ги задржа овие позиции, покажуваат пресметките на државната агенција РИА Новости врз основа на податоците на Светската банка. Организацијата ги ажурираше податоците за показателите за паритет на куповната моќ, од кои произлегува дека Русија ја зазеде четвртата позиција со учество од 3,8 отсто од глобалниот ...
Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за ТВ21 за реконструкцијата на министерството за Економија тој вели „да не мислиме дека самата реорганизација по автоматизам ќе создаде подобар квалитет и ќе донесе нешто подобро“. – Тоа што се реорганизира министерството за Економија и во него се додава труд и пазар на труд целиот фактор работна сила има логика бидејќи тоа како дел беше досега несоодветно споено со социјална политика. Социјална политика е ...
Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на прописите за државјаните на земјите од Западен Балкан, соопшти германското МВР. Според ова правило, работниците ...
Тоа што загрижува последните две недели е цената на природниот гас, која расте, и тоа влијае и на цената на електричната енергија на пазарот ден однапред и на фјучерсите што ги следи РКЕ, за првпат по четири-пет месеци, има предвидувања дека цената на струјата во 2025 година ќе биде над 100 евра. Но, сепак, тоа споредено со цените од 250-300 евра е помалку, но не е на ниво од педесетина евра, а во моментов цената е 57 евра на мегават-час. ...
Сега е на највисоко ниво во последната година Екстремните временски услови во Европа можат да донесат изненадувања на пазарот на жито, предупредуваат експертите. Агроекономскиот аналитичар Жарко Галетин вели дека според некои проценки залихите на пченица ќе бидат најниски во последните десет години. Тој вели дека состојбата со другите земјоделски култури не е сјајна. Поради ова, посочува, светскиот пазар ќе биде во неволја. Жарко Галетин ...
На едно македонско семејство му требаат минимум околу 1.000 евра за да може да го преживее месецот, а доколку нема сопствен дом и плаќа кирија, тогаш не му стасуваат ниту 75 илјади денари за да ги подмири основните трошоци. Официјалните податоци велат дека од вкупниот број на вработени, кој изнесува нешто над 690 илјади, повеќе од 100 илјади се на минималец. Ова покажува дека на семејствата во кои еден е вработен и зема минимална плата, им ...
Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, за градежни материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска државниот завод за статистика… Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за ...
Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво. Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и ...
Индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е намалено за 1,2 проценти, а за 2,6 проценти во првите четири месеци од годинава споредено со истиот период минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство бележи опаѓање од 39,6 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а пораст во секторите Рударство и вадење на ...
Бруто платите на вработените во Германија значително се зголемија во првиот квартал од оваа година. Скокот на платите статистичарите го објаснуваат со големото зголемување на колективните договори и бонусите кои работниците ги добивале поради инфлацијата. Номиналните плати во првиот квартал се зголемени за 6,4 отсто во однос на истиот период минатата година, објави во средата Федералното биро за статистика. Истовремено, потрошувачките цени ...