Производителите на житните култури ќе добијат дополнителна субвенција. За пченицата од интервентната програма ќе добијат по 3 денари по килограм, а за јачменот наместо 6 ќе добијат по 12.000 денари за хектар. Целта е да се обезбеди поголемо количество на жито од домашно производство… Поради повисоките трошоци за производство на пченицата и да се намали зависноста од увоз, преку Интервентната програма ќе се зголеми субвенцијата за земјоделците ...

Веќе пет години сте во MINT Fintech Group и брзо се искачивте на висока позиција. Што беше клучно за вашиот успех? Петар Чороловски: Размислувајќи за моето патување, верувам дека неколку фактори придонесоа за мојот успех во MINT Fintech Group. Прво и најважно, се работи за прифаќање одговорност од самиот почеток. Кога се приклучив на компанијата имав само 23 години, прифатен од искусен тим со значајни задачи кои бараа не само технички вештини, ...

Стопанската комора на Србија (СКС) наскоро ќе отвори претставништво во Скопје со цел да обезбеди уште посилна поддршка за зајакнувањето на економските врски меѓу двете земји и да покаже дека Србија и Северна Македонија се вистински примери за успешна регионална соработка без бариери, објави Марко Чадеж, претседател на СКС, пренесува еКапија. – Веќе направивме многу, малку ни недостасува да бидеме пример како треба да функционира ...

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5 проценти, а 8.7 ...

Во Технолошко – индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година, а извозот во првите три години да достигне најмалку 60 милиони евра. Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе ...

Преку интервентна програма ќе се додели финансиска поддршка Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донела одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица, со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица. Поддршката на домашното ...

Европските и американските берзански индекси денеска се главно во пад, како и цените на нафтата и златото. Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.589,85 поени, британскиот FTSE 100 на 8.255,18 поени, францускиот CAC 40 на 7.522,74 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.544,04 поени. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 69.666 долари, а на нафтата „брент“ на 73.188 долари. Европските ...

За само еден ден вредноста на акциите на Нвидиа падна за 9,5% што сметано според вредноста што компанијата ја имаше пред крахот значи дека за 24 часа Нвидиа изгуби 279 милијарди долари. Неверојатната загуба се должи на се поумерениот оптимизам што пазарот го има околу вештачката интелигенција чиј подем годиниве главно зависеше од чиповите што ги произведуваше Нвидиа. На еден ден пред крахот Нвидиа ја објави својата квартална прогноза која не ги ...

Аналитичарите оценуваат дека тековниот пад на приходите се случува бидејќи рударите се под притисок од падот на обемот на трансакциите и зголемените тешкотии во рударството на биткоинот и намалувањето н наградите за 50%. Приходите од рударите на биткоинот (BTC) достигнаа 827,56 милиони долари во август, што е за повеќе од 10,5% од постигнатото во јули, но за 5% повеќе од август минатата година, според податоците на Битбо. Резултатот од август ...

Согласно Понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на Комерцијална банка по цена од 3.200 денари за една акција, Управниот одбор на Банката и вработените излегоа со свое мислење. Управниот одбор на Стопанска банка АД Битола излезе со позитивен став и вели дека преземањето ќе има позитивни ефекти врз деловното работење на Стопанска банка АД Битола, бидејки со припојувањето, Банката ќе биде дел од една од најголемите банки во ...

За прв пат во историјата на Македонија бројот на невработени се спушти под 100 илјади, објави Агенцијата за вработување. Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени во јули месец изнесувал 98.976 лица од кои дури 46.291 се пријавуваат редовно како лица кои бараат работа. Во февруари бројката на невработени била 106 илјади додека во јули таа паѓа на 98 илјади. Односно, за само неколку месеци има пад од речиси 8 илјади ...

Вчера поранешниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека ја донел инвестицијата. Јас од мое име сакам да му се заблагодарам што го водел процесот, но жалам што не успеал да го заврши до крај. Претпоставувам дека не успеал да ги убеди граѓаните на 8-ми мај, како што ги убедувал неговите сопартијци, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по почетокот на изградбата на нова германска инвестиција „BMZ Group“ во ТИРЗ 2. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Прес 24 предупредува дека кредитот од Унгарија ќе резултира со сериозни негативни финансиски и политички последици за земјата. Toj изразува сомнеж за транспарентноста и економската оправданост на договорот, посочувајќи на можни коруптивни интереси зад истиот. „СДСМ ќе ги искористи сите средства да укаже и докаже зошто е ова штетен договор. Аргументите за наводната поволна камата не само што ...

Цените на туристичките аранжмани во Северна Македонија во јули се зголемени повеќе отколку во речиси сите европски земји. Додека просечното зголемување на цената на пакет аранжманите во јули во Европската унија (ЕУ) изнесуваше 6,6 отсто, според Евростат, во Македонија цената на туристичките пакети се зголеми за дури 16,5 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. Во споредба со земјите од регионот, високо зголемување на пакет аранжманите имаше и ...

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата. Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и ...

Македонски телеком ќе подели дивиденда од 35,9 милиони евра на над 3.300 акционери домашни и физички лица. Според информацијата споделена од компанијата на Македонската берза, вкупниот бруто- износ определен за дивиденда е 2.212.067.762 денари (35,97 милиони евра) или секој акционер со право на дивиденда ќе добие по 25,65 денари за акција бруто (со сите даноци). Право на дивиденда имаат сите акционери што се евидентирани во книгата на акционери ...

„Тендер мора да има, но тој меморандум е необврзувачки, со кој компанијата 4iG изразува интерес, пројавува интерес дека е заинтересирана да се појави на тој тендер, инаку таман работа, сигурно не може тоа да биде дадено во четири очи, нормално и други доколку има компании што се заинтересирани и доколку сакаат да потпишат ваков необврзувачки меморандум, тоа ќе биде потпишано“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на ...

Во најава е германска инвестиција во Македонија. За тоа денеска зборуваше премиерот Христијан Мицкоски. -Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија, најави претседателот на Владата одговарајќи на новинарско прашање. Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 ...

Годишната инфлација во Турција дополнително се намали во август и достигна 52 отсто по 61,8 отсто во јули, покажуваат официјалните податоци. Во август цените на производите за широка потрошувачка пораснале за 2,5 отсто во однос на истиот месец. Според податоците на турскиот завод за статистика, на инфлацијата во август најмногу влијаеле повисоките цени на образованието, недвижностите и услугите во хотелите и рестораните, резимира француската ...

Министерството за економија и труд денеска објави јавен повик за поддршка на развојот, одржувањето и спроведувањето на општествено прифатливи практики на деловните субјекти, дел од Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност за 2024 година, соопшти Министерството. Со оваа мерка се надоместуваат дел од трошоците од страна на Министерството за економија и труд за развојот, одржувањето и ...

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани е зголемен за 1,2 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 5,3 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,2 %. Според главните ...

Товарите со кафе ја преплавуваат Европската унија (ЕУ) додека трговците се тркаат да набават семиња пред да стапат на сила новите еколошки правила на крајот на годината, пишува „Bloomberg“. Регулативата на ЕУ за уништување на шумите (ЕУДР) ќе бара од увозниците во блокот да докажат дека суровините како кафе, говедско месо, какао и дрва не придонесуваат за уништување на шумското земјиште. Сепак, недостигот на јасност во деталите остава многу ...

Најголемите европски кредитори се на пат да вратат повеќе од 50 милијарди евра на акционерите за прв пат во историјата, нагласувајќи колку тие профитирале од повисоките каматни стапки, пишува „Bloomberg“. Десет од најголемите заемодавци во еврозоната најверојатно ќе објават вкупно 50,02 милијарди евра исплати оваа година кога планираните привремени дивиденди ќе бидат распределени во наредните месеци, според пресметките на „Bloomberg“ врз основа ...

Според истражувањето на британскиот институт ЦМИ, поради сè почестиот синдром на исцрпеност, желбата за нови искуства и подобра рамнотежа меѓу приватноста и работата, работниците сè повеќе бараат работа во компании кои нудат подолги, можеби платени отсуства од работа, како годишни одмори или слободни денови, објави Бизнис.рс. Според резултатите од истражувањето што ги сумираше британски Гардиан, 53 отсто од организациите нудат можност за ...

До почетокот на декември владата ќе исплати К-15 на 84.000 вработени, изјави премиерот Христијан Мицкоски, запрашан дали наставниците ќе добијат регрес за годишен одмор за годинава. – Во ребалансот на буџетот се планирани 1 милијарда денари за таа намена. Исплатата ќе се реализира при крајот на ноември и почетокот на декември за да се опфатат што поголем број на вработени, знаете дека вработените по закон треба да работат 6 месеци за да добијат ...

Откако учебната година започна и учениците веќе ги набавија училишните производи, премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе воведувале ограничувања на цените, за да ги олеснеле трошоците за родителите. Тој рече дека во Владата се уште се прави анализа на овие трошоци, а утре на владината седница ќе се разгледувала предлог мерката. Од друга страна, пред само пет дена, премиерот Мицкоски за цените на прехранбените производи рече дека цените ...

Иако во основниот буџет не беа, во ребалансот на буџетотот се предвидени милијарда денари за исплата на К15, секако и за наставниците, која е законска обврска на сите работодавци, рече премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. „Речиси 83-84 илјади вработени, чиј работодавец е Владата, ќе добијат К15 на крајот на ноември или почетокот на декември“, рече тој. Мицкоски додаде дека во согласност со законот потребни се минимум шест месеци работен ...

Анализа: Што има во касата на ЈСП, колку пари треба за нормален превоз? Градскиот превоз од денеска станува уште поголема мака за скопјани, но и за сите оние кои имаат потреба да дојдат во метрополата. Учениците тргнаа во училиште, годишните одмори привршија, а прашањето за јавниот сообраќај остана на ниво на партиски препукувања и нефункционално градско собрание. Порталот Пари ја анализира финансиската состојба на Јавното сообраќајно ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти денеска Регулаторна комисија за енергетика. Со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит. ...

На валутните пазари трговската седмица започна со благ раст на вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,79 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот изнесуваше 101,73 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 146,17 на ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1028
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
0.9
60%
1027
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 14ᴼ
0.33
99%
1026
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.02
52%
1023
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1023
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
67%
1027
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 12ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941