Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ...

Во периодот јануари – март годинава се запишани 1.953 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари, покажуваат податоците од кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижости. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 751 хипотека во вредност од 111.754.457 евра и 1.473.285.204 денари. Во 29. подрачни одделенија за катастар на недвижности (ОКН), пак, се впишани 1.202 хипотеки ...

На европските берзи утринава пораснаа цените на акциите, што најмногу се должи на корекцијата по минатонеделниот остар пад. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,3 отсто во 9:30 часот, откако минатата недела падна за повеќе од два отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс зајакна 0,20 отсто, на 8.165 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,56 отсто, на 18.106 поени, а париски CAC за 0,60 отсто, на 7.548 поени. Растот на ...

Во просек по 59.000 денари, или 965 евра месечна нето плата добивале 58 вработени во Развојна банка на РСМ, државен кредитор кој не работи со депозити, туку посредува во финансирањето на бизнисите кое главно доаѓа од странските банки од Европа. Иако на почетокот бројот на вработени бил 44, за две години, односно до крајот на 2023 тој се зголемил на 58, со шест новопримени работници во текот на минатата година и ниту еден заминат. Трошокот за ...

Секој пораст на трошоците за производство ќе значи скок на цената на тие производи, велат од мелничко пекарската индустрија. Неделава, поради зголемените цени на пченицата на светските берзи, лебот веќе поскапе за 10%. Најавите за повисока цена на струјата, ќе значат дополнително зголемување на цената на основните прехранбени производи. Секое зголемување на трошоците се знае како ќе се одрзаи врз цената, Неминовно ќе биде поскапување, вели ...

Кризите во изминатите неколку години, како пандемијата, енергетската криза и геополитичките тензии претставуваа вистински тест за централните банки. Овие кризи предизвикаа силна инфлациска промена во светски рамки, невидена во изминатите триесетина години. Исто така, економиите со стратегија на стабилен курс на домашната валута, како нашата, се справуваа и со големи притисоци за задржување на стабилноста на домашната валута. Сепак, од крајот на ...

Турскиот министер за финансии неодамна изјави дека падот на инфлацијата ќе започне во јуни До крајот на 2024 година се очекува инфлацијата во Турција да достигне 43,52 отсто, покажува истражувањето на Централната банка на Турција, пренесоа турските медиуми, цитирани од БТА. Еден месец претходно, прогнозата за овој показател беше 43,64 отсто. На крајот на мај инфлацијата во Турција, според официјалните податоци, достигна 75,4 отсто. Турскиот ...

Потрошувачката на безалкохолно пиво во европските земји достигнува 4,4%. Со годишна потрошувачка од 36 милијарди литри, 1,6 милијарди се безалкохолни, а трендот е да се диверзифицираат стиловите на овие производи. Ова го објави годишниот Форум на пивари на Европа, кој обединува 30 национални здруженија, објави Бугарскиот сојуз на пивари. Производителите побараа од институциите и новите европратеници стимулации за пошироко производство на ...

Економијата на Украина застана по инвазијата на Русија на почетокот на 2022 година, и иако таа беше неочекувано отпорна околу една година, првичниот шок го принуди Киев да побара замрзнување на долгот на две години за да избегне замрзнување на плаќањата. Тој рок, сепак, истекува во август, оставајќи малку време на Украина да го реструктуира својот долг или претпочитаната опција на владата да обезбеди продолжување за замрзнување на плаќањата на ...

Продолжува градежната офанзива на станови во државата. Официјалните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани биле изградени речиси 6000 станови. Статистичарите пресметале дека 2.331 биле изградени од страна на физички лица, односно инвидуални градители, а 3.445 ги граделе градежните компании. „Во 2023 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 599 милион евра. ...

За два денари ќе поскапат дизел горивото и маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, а ќе нема промена кај цената на бензините и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на литар дизел гориво ќе изнесува 73,50 денари, а 72,5 денари ќе чини литар Екстра лесно 1. Моторниот бензин Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава по 80 денари за ...

Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски. Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата ...

Романската нафтена компанија OMV Petrom на 11 јуни објави дека ќе продолжи со плановите да ја претвори својата рафинерија Петробраси во Брази, Романија во водечки производител на биодизел и одржливо воздухопловно гориво (SAF). Проектот опфаќа и изградба на два зелени водородни капацитети кои ќе се користат за производство на биодизел. Компанијата соопшти дека ќе инвестира околу 560 милиони евра во проектот за конверзија за производство на ...

А британските богаташи таму бараат засолниште за своите средства Во текот на изминатите неколку години, Абу Даби стана жешка точка за најбогатите луѓе во светот. Нивниот број наскоро би можел да се зголеми од богатите во Британија кои бараат безбедно засолниште за нивните средства. Според луѓе запознаени со ова прашање, финансискиот центар на емиратот добивал бројни барања од Обединетото Кралство, каде владејачките конзервативци го укинале ...

Струјата поскапува. Оваа одлука е донесена вчера попладне на затворена владина седница. Владата во заминување одлучила државните електрани произведената електрична енергија да ја продаваат поскапо на универзалниот снабдувач. Актуелната цена засега изнесува 57 евра за мегават час а според нашите информаци цената на ЕСМ по која ќе ја продава на универзалниот снабдувач ќе биде неколку евра повисока од досегашната. Тоа значи дека понудената ...

„Исцрпувачките“ санкции не доведоа до недостиг во продавниците. Полиците на руските супермаркети се полни. Целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година не само што предизвика меѓународен гнев, туку и бран санкции чија цел е да ја ослабне способноста на Кремљ да води војна против својот сосед. Имотот на Русија во странство беше замрзнат, нејзината економија беше отсечена од глобалниот финансиски систем, нејзиниот извоз на енергија ...

На Волстрит вчера индексот С&П 500 достигна нови рекордни нивоа, исто како и Насдак, што најмногу се должи на натамошниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор. Дау Џонс загуби 0,17 отсто, на 38.647 поени, додека С&П 500 зајакна 0,23 отсто, на 5.433 поени, а Насдак зајакна 0,34 отсто, на 17.667 поени. По четири дена раст, С&П 500 и Насдак достигнаа нови рекордни нивоа. Во исто време, најмногу пораснале цените на акциите ...

Големите инвестиции ја заобиколуваат Бугарија и одат во земји надвор од ЕУ Нивото на инвестиции во Бугарија е на рекордно, историски најниско ниво. Односно, инвестициите во основни средства во однос на БДП постојано процентуално паѓаат и гледаме дека големите инвестиции ја заобиколуваат Бугарија и одат во земји надвор од ЕУ, како Србија. Бугарскиот бизнис отсекогаш сакал едно – политичарите да создадат соодветен деловен амбиент за развој на ...

Климатските промени имаат влијание врз производството на храна, но на експертите потребни им се долгододишни податоци за да направат една квалитетна анализа и стратегија. Според мерењата на УХМР последните години се потопли, а со тоа и вегетацијата на растенијата е поместена за две до три недела. Оваа година временските прилики беа погодни за житните култури. Бубе Трајковски, кој е еден од најголемите производители на житни култури во земјава ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13 763 912 илјади денари. Градени се вкупно 2 020 објекти и завршен е вкупно 2 331 стан со вкупна површина од 299 224 м2, од кои 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128.4 м2. По региони, најмногу се градело во Полошкиот регион, потоа во ...

Минатогодишното истражување на американската компанија Галуп утврди дека секојдневните негативни емоции на вработените ја чинат светската економија дури 8,9 трилиони долари, што е девет отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП). Во истражувањето учествувале 128.278 вработени од 140 земји. Имено, 20 отсто од споменатиот број луѓе кои учествувале во истражувањето изјавиле дека секојдневно се чувствуваат осамено, луто или тажно, додека 41 ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и го отвори патот на Аргентина да повлече 800 милиони долари за да и помогне на нејзиното економско закрепнување, објавувајќи дека програмата за кредитирање е „цврсто на вистинскиот пат“. Аргентина има програма од 44 милијарди долари со ММФ, која вклучува економски цели поврзани со растот, инфлацијата и девизните резерви. Во вчерашното соопштение ММФ наведе дека неговиот Извршен одбор го завршил осмиот преглед ...

Само 45 милиони евра наплатила државата од концесиски надоместок за експлоатација на минерални суровини од 348 концесии доделени на 257 концесионери во период од 2018 до 2022 година, покажуваат податоците од последниот ревизорски извештај. Концесионерите доцнат со уплата на надоместоците, а дел од нив самоиницијативно ги прошириле границите на концесиските површини, утврдиле ревизорите. Во однос на експлоатацијата на мермерот кој е во фокус на ...

Златната индустрија се бори да го одржи растот на производството бидејќи депозитите стануваат сè потешко да се најдат, објави Светскиот совет за злато, цитиран од „CNBC“. „Имавме рекорден прв квартал во производството во 2024-та година, што беше зголемено за 4% од година во година. Но, мислам дека поголемата слика за рударството е тоа што во основа се зголеми околу 2016-та, 2018-та година и оттогаш не сме забележале раст“, рече Џон Рид, главен ...

Земјоделието трпи штети од климатските промени. Решението е во употреба на современи агротехнички мерки, велат земјоделците, но и во соработката меѓу земјоделската наука и пракса. На земјоделскиот факултет на УГД се одржа меѓународно научно советување… Климатските промени имаат директно влијание врз земјоделието. Годишните сезони се поместени за две до три недели порано. Порано започнуваат и земјоделските активности. За да се справат со ...

Во Албанија, првото тромесечие од годинава забележано е намалување на платите и во јавниот и во приватниот сектор во однос на крајот на 2023 година. – Според државниот институт за статистика, ИНСТАТ, просечната бруто месечна плата во првиот квартал од 2024 година, изнесува 73. 641 лека (736 евра) од 75 илјади (750 евра) на крајот на минатата година. Тоа значи дека просечната плата е помала за речиси 2 отсто, објави агенцијата Балкан веб. Според ...

Компанијата Фортонмка претставувајќи ги интересите на својот клиент Скопски пазар АД, успешно реализира продажба на компанијата ЛИДЛ, земјиште од 16.000 м2 во Скопје, на кое се наоѓа објектот на некогашниот „Бриколаж“ во скопската населба Гази Баба. Фортонмка со ова уште еднаш ја покажа својата висока експертиза во делот на управувањето со комерцијалните недвижности, успешно водејќи го целиот купопродажен процес од самиот почеток. Информацијата ...

Кина изразува силно незадоволство и се спротивставува на планот на ЕУ за воведување привремени царини за увоз на кинески електрични возила, соопшти кинеското Министерство за трговија, истакнувајќи дека потегот на ЕУ ги игнорирал фактите и правилата на Светската трговска организација (СТО), политизирајќи економски и трговски прашања. – Кина апелира до ЕУ веднаш да ги исправи своите лоши потези, да го спроведе важниот консензус постигнат на ...

Цената на лебот се зголемува за 10 проценти. Причина, зголемената цена на пченицата на светските берзи. Новото поскапување ги налути граѓаните, велат и другите прехранбени производи се поскапени… Новото поскапување на лебот за 10 проценти ги налути граѓаните. Тие се жалат дека сè живо поскапело, а сиот товар, како што велат, паѓа врз и онака истенчениот семеен буџет, особено врз оние семејства кои во големи количини и често го купуваат овој ...

Регулаторната комисија за енергетика, донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 % во однос на одлуката од 10.6.2024 година. Од 14.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар) Масло за ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
43%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
42%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
42%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.08
46%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.92
42%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
43%
1013
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
7.6
75%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
2.24
39%
1017
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
46%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58