
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Европскиот увоз на гас од Русија во мај ги надмина американските испораки за првпат по речиси две години, и покрај напорите на ЕУ да се одвикне од руските фосилни горива по почетокот на руско-украинскиот конфликт. Според Фајненшл тајмс, по почетокот на конфликтот во февруари 2022 година, Москва ги намалила испораките на гас во Европа, а регионот го зголемил увозот на ЛНГ испорачан од специјализирани бродови со САД како главен снабдувач. САД ја ...
Ново зголемување на цените на производите. Минималната кошница расте, а тоа го потврди и синдикатот. За основни трошоци, за едно четиричлено семејство се потребни повеќе од 60.000 денари… Струјата, горивата, пекарските производи. Сите најавуваат нови цени, граѓаните размислуваат како да го поминат месецот. Синдикатот одново пресмета зголемување на синдикалната кошница. Без илјада евра, едно четиричлено семејство не може да го помине месецот. ...
Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање. Прв информацијата на социјалните мрежи ја објави министерот за одбрана Нико Пелеши наведувајќи дека од неговото министерство „станбени кредити со камата од 0% ќе имаат 90 припадници на армијата“. „Ова е важна одлука која има за цел да ги поддржи нашите војници, нудејќи им можност да ги ...
Вкупната трговија со стоки надвор од Европската Унија во евра во 2023 година изнесува 46 отсто, додека во американски долари 42 отсто. Валутите на земјите од ЕУ, освен еврото, се користени за два отсто од трговската размена, а другите валути учествуваат со десет отсто. Најчесто користена валута за извоз е еврото со учество од 52 отсто, пред американскиот долар со 32 отсто, валутата на земјите од ЕУ освен еврото со три отсто и другите валути со ...
Доследната примена на законската регулатива, на меѓународните стандарди за финансиско известување, на етичките принципи на професијата, како и континуирано стручно усовршување на сметководителите, беа дел од темите за кои се дискутираше на новиот серијал средби помеѓу членовите на раководниот тим на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и претставниците од сметководствените друштва ширум земјата. Посебно внимание на ...
Гордана Кочоска Димитриеска изутрината ја презеде функцијата министер за финансии од досегашниот министер Фатмир Бесими. Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Бесими кој со ресорот раководеше од септември 2020 година ја запознал новата министерка со тековните ...
Во однос на тоа зошто првиот работен ден го почнува токму од Штип, Мицкоски рече дека пораката е јасна оти многу споменици и неуспешни проекти имаат наследено од, како што рече, крајно неуспешната влада на СДСМ и ДУИ и сите тие треба да се трансформираат во проекти, а еден таков, според него, е Клиничката болница во Штип. Мицкоски на првиот работен ден се појави во костум и портокалова вратоврска. Прашан од новинарите дали тоа има некоја порака ...
Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат од денар и пол до два и пол денари за литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на литар еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари, за два денари по литар се зголемуваат цените на еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство, а дизелот поскапува за 2,5 денари по литар. Од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава по 82,5 денари за литар, литар ...
Предложените царини на Европската унија (ЕУ) за кинески стоки не се „казна“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за време на состанокот со кинеските власти во Пекинг на 22 јуни. Посетата на Хабек на Кина е прва на висок европски функционер откако Брисел предложи високи царини за увоз на електрични возила од кинеско производство за да се бори против она што ЕУ го гледа како прекумерни субвенции. Кина во петокот пред неговото ...
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути повторно порасна минатата недела, втор пат по ред, бидејќи ФЕД нема да ги намали каматните стапки толку брзо како што се очекуваше, додека еврото е под притисок поради политичката неизвесност во Франција. На валутните пазари вредноста на доларот во однос на другите валути повторно порасна минатата недела, втор пат по ред, бидејќи ФЕД нема да ги намали каматните стапки толку ...
Земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата, порача Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е предлог министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Поминаа 7 тешки години, понижувања на трудот и маката на чесниот македонски земјоделец. Свртуваме нов лист. Земјоделецот нема да биде повеќе социјална категорија, туку еден од столбовите на економијата. Јас сум земјоделски инжинер, потекнувам ...
Кинеската марка Wuling има модел кој веројатно уште долго ќе биде еден од најевтините на пазарот. Станува збор за поприфатлива верзија на нивниот популарен електричен модел Wuling Bingo, кој чини само 7.850 долари. Надолу, најскапото Bingo чини нешто помалку од 12.000, па ни тоа не е скапо. Оваа најевтина варијанта има автономија од нешто повеќе од 200 километри, а со димензии од 3950mm x 1708mm x 1580mm, јасно е дека се работи за мало градско ...
Услов за буџетските пари е да го снема ценовниот монопол за писмата до 50 грама. Дури и годинава да бидат усвоени измените на Законот за поштенски услуги, АД Пошта, може да побара компензација за трошоците за универзалната услуга за 2025 година во 2026 година. Агенцијата за пошти потоа ќе ги верификува пресметките и износот за државна помош да се испланира за во Буџетот во 2027 година. Процесот не е ниту едноставен, ниту брз, објаснува за ...
Природните ресурси во Нигерија, Нигер и Демократска Република Конго можат да станат клучен фактор за просперитетот на овие земји доколку се искористат и ефикасно се управуваат. „Овие три земји практично ги претставуваат двете различни лица на африканскиот развој. Нигерија е втората најразвиена земја во Африка, за разлика од Нигер и Демократска Република Конго, кои по природа би можеле да бидат едни од најбогатите земји во светот, но всушност се ...
Германците треба повторно да работат повеќе бидејќи германската економија бележи лоши резултати, смета премиерот на југоисточната германска покраина Баварија, Маркус Зедер, нагласувајќи дека другите земји станале економски поуспешни. „Во Грција, на пример, сега има шестдневна недела, додека ние зборуваме за четиридневна недела. Нема да ги стигнеме на тој начин. Мораме повторно да работиме повеќе, но повеќе работа треба да се исплати“, изјави ...
Германскиот производител на душеци Ема отпушти дури една петтина од своите вработени Компанијата од Франкфурт објави дека 200 од 1.120 вработени во филијали ширум светот останале без работа. Директорот на компанијата наведува дека причина за отказот се тешките услови на пазарот, односно тоа што секторот за е-трговија и станбениот сектор се долги години нестабилен. „Го прилагодивме нашиот план земајќи ги предвид овие фактори и не планираме ...
Сите функционери од тогаш актуелната локална власт па се до централната кои пред 4 години беа инволвирани во уривањето на плажите, да се прогласат за непожелни личности во Охрид-гневни се поранешните концесионери кои изгубија се што вложиле уредувајќи го крајбрежјето со урбано средени плажи,кои им беа срамнати со земја. Концесиите не им беа продолжени и за да не останат со празни раце, локалната самоуправа сега им дозволи само поставување на ...
Боби и Жанко Мојсовски се основачи на Мистив Дев, инди студио за изработка на компјутерски видео игри лоцирано во Охрид, од каде управуваат со глобален бизнис. Браќата Мојсовски повеќе од 14 години заедно развиваат видео игри. Неодамна тие добија инвестиција од светски познатиот издавач на видео игри – Snail Games USA за развој и лансирање на нивната најнова игра „Chasmal Fear“. Тоа беше повод да разговараме со Боби Мојсовски кој ни раскажа за ...
Стапката на наталитет драстично опадна во некои од најбогатите земји во светот и веројатно ќе остане ниска бидејќи економските грижи ги тераат луѓето да размислуваат повнимателно за трошоците за одгледување деца, покажа извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Многу луѓе во земјите-членки на организацијата сега избираат да имаат деца подоцна во животот или воопшто да немаат, се вели во извештајот објавен во петокот. ...
Раст на информатичко-комуникацискиот сектор од 15% годишно Оваа индустрија бележи пораст по сите параметри (остварени приходи, број на вработени, извоз) и значајно придонесува во државниот буџет од аспект на платени даноци и придонеси. Ова дава на знаење дека државата мора стратешки да вложува во ИКТ-индустријата, при што стимулацијата на овој сектор води кон дополнителен развој на сите други сектори во нашата економија во развој, велат од ...
Британскиот јавен долг достигна повеќе од 2.700 милијарди фунти (3.200 милијарди евра) во мај и изнесуваше речиси 100 отсто од БДП. Ова е највисокото ниво на јавен долг од март 1961 година, и покрај фактот што задолжувањето на државата беше помало од очекуваното, германската новинска агенција Дпа ги сумира податоците од Британското биро за статистика. Нето долгот на јавниот сектор, кој ги исклучува банките под контрола на државата, изнесуваше ...
Македонија се соочува со значителен пад на текстилната индустрија, бидејќи дел од странските партнери го преместуваат своето производство во земји со поевтина работна сила. Оваа тенденција предизвика опаѓање на бројот на текстилни работници и намалување на производствениот капацитет во државата. Работодавачите велат дека ситуацијата се менува од ден на ден. „Додека до пред месец дена баравме повеќе работници и повисоки цени за да можеме да ја ...
Мајкрософт повторно се врати на првото место како највредна компанија во светот. Всушност, тоа се случи бидејќи цената на акцијата на Nvidia, која накратко го презеде првото место од Microsoft, падна за 3,5 отсто. Би-Би-Си пишува дека акциите на Nvidia паднаа на 130,78 долари, со што вредноста на компанијата се спушти на 3,22 милијарди долари, додека Мајкрософт се врати на првото место со 3,3 милијарди долари. Инаку, во трката за број еден, ...
Туристичката сезона започна, а дел од плажите на охридското крајбрежје сè уште не се уредени. Причина за ваквата состојба е доцнењето со носењето на планот за управување со охридското крајбрежје, велат лицата кои закупија простор за поставување урбана опрема на капалиштата. Тие обвинуваат дека со уривањето на шанковите и пропратните објекти на плажите пред неколку години охридскиот туризам бил вратен две децении наназад … Централната власт што ...
Mерките и активностите за родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд кои се преземаат од страна на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни со цел вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и задржување во руралните средини. Ова е заклучокот до кои дошле државните ревизори по спроведените ревизорски активности и обезбедените ревизорски докази. Државниот ...
Поврзување на креаторите на политики, националните и локалните власти, финансиските институции, деловни здруженија, компаниите, како и други клучни чинители да дискутираат за креирање и спроведување на поефективни политики за енергетска ефикасност за компаниите во Македонија. Со ваква цел, Центарот за климатски промени денеска одржува конференција… Замена на горивата, подобрување на управувањето со енергијата, менување на навиките на ...
Народната банка во мај годинава евидентира годишен раст од 8,2 проценти на вкупните депозити и од 6,8 проценти на вкупната кредитна поддршка. АНАЛИЗИРАНО НА ГОДИШНО НИВО, ВКУПНИТЕ ДЕПОЗИТИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 8,2 ПРОЦЕНТИ, ПОРАДИ ПОВИСОКИТЕ ДЕПОЗИТИ НА ДВАТА СЕКТОРА, СО ПОГОЛЕМ ПРИДОНЕС НА СЕКТОРОТ ДОМАЌИНСТВА. НА ГОДИШНА ОСНОВА, ВКУПНИТЕ КРЕДИТИ БЕЛЕЖАТ РАСТ ОД 6,8 ПРОЦЕНТИ, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЗГОЛЕМЕНОТО КРЕДИТИРАЊЕ НА ДВАТА СЕКТОРА, КОЕШТО Е ...
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од ноќеска на полоќ се зголемува за 1,222 денари за килограм, а не се менуваат цени на бензините, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Килограм Мазут М-1 НС од ноќеска ќе се продава по 45,680 денари, а останува цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ( 81 денар за литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98 (83 ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 60.325 денари и е за 235 денари зголемена во споредба со таа за мај, кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Во однос на јануари годинава, кога кошницата изнесуваше 57.163 денари, зголемена е за 3.162 денари или за 5,5 проценти. За храна и пијалоци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од ...
На покана на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира позитивните искуства од оцената на транспарентноста на Народната банка во согласност со најновите стандарди за транспарентност на ММФ. На настанот којшто се одржа во Обединетиот виенски институт учествуваа и експерти од ММФ и од Швајцарската централна банка. ММФ во Извештајот за оцената на транспарентноста заклучува дека: „Народната банка практикува ...