
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Екстремните температури влијаат на падот на продуктивноста, а со тоа и на економијата, вели Јелена Жарковиќ, професорка на Економскиот факултет и нагласува дека треба да се прилагодиме на климатските промени, пренесува Политика. Екстремната топлина не влијае само на активностите на отворено, како што се земјоделството и градежништвото. „Погодени се и секторите што се одвиваат во затворени простории, како што се индустријата и транспортот, се ...
Компаниите во еврозоната очекуваат платите на работниците да пораснат за 3,3 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Процентот е помал во споредба со претходното истражување од пред три месеци, кога компаниите очекуваа раст на платите од 3,8 отсто во еврозоната. Компаниите исто така ги намалија очекувањата за раст на продажните цени во следните 12 месеци и сега веруваат дека тие ќе ...
Во промотивниот период до 30 септември, станбените кредити од Комерцијална банка се растоварени од надоместот за одобрување и проценка, што е олеснителна и поволна околост за потенцијалните кредитокорисници. Освен тоа, во понудата на Банката, овие кредити кои решаваат важно животно прашање, се со фиксна каматна стапка од 3,3 проценти за првите пет години, со или без вклучено животно осигурување. Можна е фиксна каматна стапка и за 10 години, ...
Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во понеделникот дека централната банка нема да чека инфлацијата да достигне 2 отсто за да ги намали каматните стапки. Говорејќи во Економскиот клуб во Вашингтон, Пауел се осврна на идејата дека политиката на централната банка работи со „долги и променливи заостанувања“ за да објасни зошто Банката на федерални резерви нема да чека додека не се постигне целта. „Импликацијата од тоа е дека ...
Кинеското Национално биро за статистика во понеделникот соопшти дека БДП на земјата пораснал за 4,7 отсто на годишно ниво во вториот квартал, пропуштајќи го очекуваниот раст од 5,1 отсто, според анкетата на Ројтерс. Продажбата на мало во јуни исто така ги промаши проценките, зголемувајќи се за 2% во споредба со прогнозата за раст од 3,3%. Индустриското производство, сепак, ги надмина очекувањата за 5,3% во јуни во однос на претходната година, ...
Половина од 500-те милиони евра кои земјава ги договори со Унгарија, ќе бидат за општините, а половина за бизнисот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што објасни, општините ќе ги користат парите за конкретни проекти кои би им го подобриле животот на граѓаните, а фирмите ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на ...
Во првите 6 месеци од годинава 1.830 фирми не успеале да преживеат, од кои 1.663 се микрофирми, кои по дефиниција имаат до 10 вработени и до 50.000 евра бруто годишен приход, покажува анализата на порталот Пари врз основа на податоците од Бизнис Мрежа.мк. Ако се спореди со бројот на затворени фирми во цела 2023 година, кога деловната битка ја загубиле 4.330 фирми, може да се каже дека има шанси оваа година да ја завршиме со подобар Во однос на ...
Потребна е поголема мобилизација на финансиски средства, особено од приватниот сектор, за зелена трансформација, како дел од структурните реформи и за конвергенција на економиите во развој кон ЕУ. Анализите на ММФ покажуваат дека до 2030 година, уделот на приватниот сектор во зеленото финансирање треба да се зголеми од 40% на 80 до 90% кај брзорастечките и економиите во развој. Улогата на централните банки во поддршката на зелената ...
Цените на производите и услугите кои се користат во земјоделското производство (препарат, ѓубриво, работна сила итн.) во јуни се намалени за 0,1% додека цените на произведеното (вкупната вредност на сите добра и услуги произведени во земјоделството) се зголемени за 0,3%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството е ...
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги, за кој плаќањето се извршува во готово, должни се да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема (фискални каси) и да издаваат фискални сметки. Обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, не се однесува на: • даночните обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат ...
Во глобализираниот свет, поставувањето на корпоративните даночни стапки често се опишува како трка до дното. Имајќи пониска стапка од другите земји, земјата може да се надева дека ќе привлече повеќе компании, а со тоа ќе им обезбеди неочекувани даночни приходи. На списокот на државите се малите островски држави на Карибите, Пацификот и Британските Острови. Тие го сочинуваат мнозинството земји и територии без корпоративна даночна обврска. Многу ...
Производствената цена на пченицата чини неполни 14 денари за килограм. Сепак, земјоделците не се задоволни, бидејќи утврдената производствена цена е повисока од откупната. Претседателот на Националната мрежа на земјоделци, Ѓорѓи Каракашев, посочува дека состојбата на пазарот е уште по загрижувачка, бидејќи во моментов лебното зрно се откупува по цена од осум до 11 денари за килограм. – Не се согласуваме за таа производна цена. Според ...
Неформалните работници во Северна Македонија сочинуват 11.8% од вкупно вработените лица, но половина од нив се концентрирани во земјоделството, од кои доминантен дел се неплатени семејни работници. Други два важни сектори за неформалните работници се градежништво и трговија. Тие обично работат во мали фирми, функционирајќи како самовработени лица или неплатени членови на семејството, често заработувајќи плата под минималната. Овој вид работници ...
Повеќе од половина од 650 директори на болници кои беа анкетирани, сметаат дека ликвидноста на нивните институции е „ризична“ или дури „многу ризична“ во второто тримесечје од 2024 година, покажува истражувањето на консултантската фирма Роланд Бергер. Во просек, 28 отсто од болниците би можеле да се соочат со несолвентност до крајот на годината, според самоевалуацијата. Петер Магунија, експерт за болници и партнер во консултантската фирма, ...
Биткоинот се искачи на највисокото ниво во последните две недели во понеделникот, откако обидот за атентат врз американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги зголеми шансите на поранешниот претседател, кој се претставува себеси како застапник за криптовалутите, на претстојните избори. Трамп рече дека бил застрелан во увото за време на нападот на митинг во Пенсилванија во саботата. Неговата кампања рече дека му оди добро. Некои ...
Минатата година, бројот на трансакции за продажба на станбени недвижности е намален во 13 од 16-те земји-членки на ЕУ за кои Европската статистичка служба Евростат имала податоци. Во споредба од година во година најголем пад забележа Луксембург, а најголем пораст Кипар. Еден од најголемите падови забележа и Словенија, каде што бројот на трансакции се намали за една петтина. Минатата година беше втора година по ред во која е забележан пад на ...
На глобалните пазари минатата недела цените на нафтата паднаа за повеќе од 1 отсто, што главно се должи на загриженоста поради бавното закрепнување на кинеската економија, најголемиот светски увозник на „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 1,7 отсто, на 85,03 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,1 отсто, на 82,20 долари. Од друга страна, трговците беа охрабрени од ...
Народната банка во рамки на своите надлежности континуирано и посветено работи на процесот на европска интеграција. Имплементирањето на европската регулатива во платежната сфера и поднесувањето на барањето за пристапување во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) е значен чекор и дел од процесот на патот на земјата во Европската Унија. Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска и потпретседателката на ...
Вредноста на доларот падна втора недела по ред бидејќи инфлацијата во САД се намалува, а шпекулациите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки веќе во септември се зајакнаа. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,8 отсто на 104,08 поени, што е најниско ниво за повеќе од еден месец. Истовремено вредноста на доларот во ...
Во најновиот извештај на Евростат се наведува дека минатата година 9,5 проценти од жителите на Европска Унија ден не можеле да си дозволат оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 отсто повеќе отколку во 2022 година. Според истражувањето во 2023 година 22,3 проценти од граѓаните на ЕУ биле во ризик од сиромаштија, што е зголемување за 2,6 отсто во споредба со 2022 година. Најголем дел од ...
Европските берзански индекси денеска се во пораст, нафтата поскапе, додека на пазарите истовремено е забележан пад на цените на златото и на пченицата. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 83.247 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 85.861 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 31,295 евра за мегават-час. Цената на златото падна на 2404,34 долари за унца, а на ...
Расположението е чудна работа којашто влијае врз многу рационални и ирационални одлуки на луѓето. Многу често влијае и врз финансиското однесување на човекот, кое, сепак, во најголема мера зависи од неговите потреби, желби и можности. Кога, пак, станува збор за финансиските можности на македонските граѓани, од кои зависи и задоволувањето на нивните секојдневни или животни желби и потреби, откривме еден интересен феномен. Дали знаете кога ...
Инфлацијата во САД падна побрзо од предвиденото до три проценти во јуни, што е охрабрувачки знак за Федералните резерви додека дебатираат кога и за колку да ги намалат каматните стапки од нивниот максимум во последните 23 години. Годишниот раст на индексот на потрошувачките цени беше помал од очекувањата на економистите од 3,1 отсто, според прогнозите на Блумберг, а следеше по растот од 3,3 отсто во мај. Приносите на трезорите паднаа, а ...
„Централната банка, како професионална и независна институција дејствуваше соодветно за справување со последната инфлациска епизода, што придонесе за одржување на целокупната стабилност“ – беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Кенџи Окамура, заменик генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Притоа, се заклучува дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна, но неопходно е ...
Становите во Скопје за една година поскапеле за 11,5 проценти. Податокот од Народната банка се однесува на состојбата во второто годинешно тримесечје. А, само во однос на претходниот квартал зголемувањето изнесува 8,2 насто. Индексот на цените на недвижностите што го објавува домашната централна банка се базира на податоците од огласените станови за продажба на територијата на главниот град. Според ова, цените за станбен метар квадратен во ...
Годинава за растителното производство се обезбедени субвенции од 2 милијарди денари. По 6.000 денари за хектар им следуваат на земјоделците за сите полјоделски култури. Дополнителна финансиска помош ќе добиваат оние што употребуваат сертифицирано семе или производството го предале во сопствени или други преработувачки капацитети … По 6.000 денари за хектар годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни, ...
Сите сонуваме за земја во која ќе работиме помалку, ќе заработуваме повеќе и ќе живееме подолго. Можеби ова место изгледа како земја на соништата, но официјалната статистика вели дека постои едно место на оваа наша планета каде што луѓето живеат добро и долго. Параметрите земени предвид од истражувањето „Квалитет на живот“ (Quality of Life) на Универзитетот „Оксфорд“ при рангирањето на земјите го вклучуваат просечниот број на работни часови ...
Колку добро и колку брзо можете да препознаете кога некој ве лаже? Истражувањата покажаа дека луѓето, генерално кажано, се прилично лоши во разликувањето на вистината од лагата. Затоа не е чудно што низ историјата луѓето се обидувале на различни начини да детектираат лажење, дури и со помош на технологија. Сега вештачката интелигенција е актуелна, па луѓето се прашуваат дали ќе може да открие лаги поефикасно од постарите технологии. Имено, како ...
Јапонскиот јен падна на најниско ниво во последните 34 години. Само во последните три години јапонската валута загуби речиси 50 отсто од својата вредност, објави Дојче веле, пренесува „Сега.бг.њус“. „Тоа се димензии кои немаат аналог на глобално ниво“, коментира за AРД Мориц Кремер, главен економист во „Ландесбанк Баден-Виртенберг“.„Ова е невидена девалвација на јенот, што дури го засенува Брегзит“, додава експертот. Причините се вкоренети во ...
На Wall Street, цените на акциите на технолошките компании повторно пораснаа во средата, при што S&P 500 достигна ново рекордно високо ниво, како и индексот Nasdaq, додека инвеститорите го чекаат извештајот за инфлацијата во САД. Индексот Dow Jones зајакна 1,09 отсто, на 39.721 поени, додека S&P 500 порасна за 1,02 отсто, на 5.633 поени, а Nasdaq 1,18 отсто, на 18.647 поени. Така, Nasdaq достигна рекордно ниво седми ден по ред, а ...