
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Државниот инспекторат на Република Хрватска повлече говедски и пилешка коцки тешки 120 грама со рок на траење до 2 и 3 јули 2025 година, поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината. Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката со пилешко е од серијата 0307241 со рок на траење до 3 јули 2025 година, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата ...
Поплаките дека на германската економија сѐ повеќе ѝ недостига стручна работна сила, се сѐ погласни. За да ги привлече од странство, владата планира даночни поволности. Како е тоа регулирано во другите земји од ЕУ? Во „иницијативата за раст“ германската влада предвидува новодоселените стручни работници да може даночно да бидат ослободени во првите три години – 30, 20 и 10 проценти од бруто платата. За таквото ослободување ќе биде дефинирана ...
Во петокот бил разрешен надзорниот добор во МЕПСО, дознава Телма. Новиот одбор утре треба да назначи и нов директор. На чело на компанијата во моментов е Зуди Енуз, а негов заменик е Никола Рилак, пишува Телма. Членови на Надзорен одбор се Назиф Буши, проф.д-р Николче Ацевски, Дарко Тасев, Мусли Муслиу, проф.д-р Владимир Димчев и Јане Миланов. Телма дознава дека во петокот по разрешувањето на надзорниот одбор, од МЕПСО во УЈП испратиле ...
Регулаторната комисија донесе одлука за нова цена на горивата која стапи на сила од полноќ. Има намалување на цените кај сите горива. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и ќе се продава за 81 денар по литар. Цента на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 0,5 денари и ќе се продава за 83 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и изнесува 74 денари по литар. Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва, во рамки на првиот ден од амандманската расправа за предложениот ребаланс на буџетот, не го усвои првиот амандман предложен од СДСМ, со кој опозициските пратеници бараат да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците, „согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против и во расправата истакнаа ...
Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ...
Амбасадорот Гир ги поздрави напорите на Народната банка за подготовка и поднесување на барањето за членството во СЕПА коешто е еден од седумте приоритети за зајакнување на економско интегрирање согласно Планот на Европската комисија за раст и побрза интеграција на регионот на Западен Балкан. Поднесувањето на апликацијата за пристапување кон Единствената област за плаќање со евра СЕПА е историски значаен чекор што ќе ни овозможи пристап до ...
Размената на денари во евра е една од активностите што често знаат да бидат стресни пред патување. За да го олесни овој процес за своите клиенти, ПроКредит Банка воведе едноставен начин за повлекување евра директно од банкомат и брза и безбедна размена на валути преку нивната мобилна апликација. За полесно управување со средствата модерните банкомати на ПроКредит овозможуваат лесно подигање и депонирање на евра и денари и нивно префрлање на ...
Решение за спорот со изведувачот на автопатот „Синохидро“ е најдено, како и за косините и свлечиштата кои во изминатиов период ја забавуваа и кочеа работата на терен. Автопатот Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, уверува министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој повтори дека решение за спорот со изведувачот на автопатот „Синохидро“ е најдено, како и за косините и свлечиштата кои во изминатиов период ја ...
Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени. Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат: прва класа – 40 денари за килограм ...
Објектот на „Бриколаж“ во скопска Керамидница е целосно урнат. Деновиве, градежни машини го расчистуваат градежниот шут, а просторот се оградува за да почне изградбата на новиот маркет на германската компанија „Лидл“, која, пред неколку години, донесе одлука да инвестира во Македонија. „Лидл“ е веќе присутен во Македонија, гради голем регионален дистрибутивен центар во Куманово, а, освен во Скопје, треба да отвори маркет и во околината на ...
Стапката на продадени електрични автомобили во светот и натаму рапидно расте. Германскиот Истражувачки центар за соларна енергија и водород вчера објави податоци според коишто на крајот на 2023 година во светот имало околу 42 милиони автомобили со електрични мотори, што е за околу 50 отсто повеќе од една година претходно. Оваа бројка се однесува исклучиво на електромобили, плаг-ин хибриди и електрични возила со уред којшто го зголемува нивниот ...
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат податоците на Евростат, а нај задолжени земји се на југот на континентот. „На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто долгот кон БДП во еврозоната беше 88,7 отсто, додека на крајот на четвртиот квартал од 2023 година беше 88,2 отсто. Во рамките на Европската Унија долгот забележа и пораст од 81,5 на 82 отсто“, наведуваат од статистичката институција на ЕУ. Највисоки стапки на ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на прес-конференција треба да ја соопшти новата цена на парното. РКЕ потврди дека најголем дел од компаниите побарале зголемување на цената до 50 отсто, додека дел од нив се и со барање за намалување, како ЕСМ производство и ЕСМ Енергетика. -Клучно е да се каже дека просечната цена на гасот е значајано пониска оваа година во споредба со претходната, но од друга страна, субвенции од оваа грејна ...
НЛБ Банка бележи успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2024 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка обезбеди кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, како и поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и одржливо работење. Во периодот од ...
Доставувањето на барањето за членство во Единствената област за плаќања во евра, СЕПА e историски исчекор, којшто ќе донесе голем број придобивки, бидејќи ќе овозможува пристап до европскиот платежен систем и користење на придобивките од тој систем пред земјата да стане членка на ЕУ, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската радио телевизија. Според неа значајно ќе се намалат трошоците за прекуграничните ...
Продавачите кои прдоаваат крофни, пуканки, цедени сокови и други производи на било каква и да е манифестација се должни пред отпочнување на дејноста да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход во Управата за јавни приходи (УЈП). Маре Данкова, виш даночен референт во регионална подружница во Штип на УЈП истакна дека на транспарентен начин УЈП ги информира даночните обврзници. -Во летниот период знаеме дека се случуваат многу ...
Трговскиот дефицит на САД во стоки се намали за 2,5 отсто на 96,8 милијарди долари во јуни, според прелиминарната проценка на Министерството за трговија објавена во средата. Дефицитот е зголемен во претходните два месеци. Владата го најави објавувањето на својата прелиминарна проценка за растот на бруто домашниот производ во вториот квартал за четврток. БДП веројатно порасна со годишна стапка од 2,0 отсто во последниот квартал, според анкетата ...
„Долгите периоди на бавен економски раст може да предизвикаат зголемување на нееднаквостите ширум светот, но избалансиран сет на политики мерки може да спречи таков исход. Ова го пишува во блог-пост на директорката на ММФ, Кристалина Георгиева. Денес во Рио де Жанеиро, Бразил, започнува состанокот на министрите за финансии и централните банкари од земјите од Г-20. Во текстот се наведува дека „глобалната економија се лизга надолу, што може да ...
Овоштарите директните плаќања ги добиваат по 4 основи. Парите се наменети за одржување на овоштарниците, за предаденото овошје во домашните преработувачки капацитети и за подигнување на насади со нови сорти. Пријавувањето е до 31-ви јули, а право на субвенции имаат и производителите на домашни овошни садници… Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 2 декари збирно за ...
Секогаш сме тука за да ги поддржиме врвните културни настани и да обезбедиме заедничко уживање и задоволство. Како Главен спонзор на „Охридско лето 2024“, со задоволство ве каниме на јубилејниот концерт на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски по повод 50 години на сцената, на 26 јули во Античкиот театар во Охрид. На овој музички спектакл ќе имаме можност да уживаме во добро познатите хитови какo што сe „Ноќта будна“, „Јованo Јованке“, „Учи мe ...
Министерството за финансии на денешната владина седница информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица. Од Владата велат дека даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. Воедно, како што велат од Владата, ...
Берзанските индекси остро паднаа на Волстрит во средата, бидејќи послабите од очекуваните деловни резултати на гигантите Alphabet и Tesla предизвикаа распродажба на акциите на технолошките компании. Индексот Dow Jones се лизна за 1,25 отсто, на 39.853 поени, додека S&P 500 потона за 2,31 отсто, на 5.427 поени, а Nasdaq 3,64 отсто, на 17.342 поени. Најголемиот дневен пад на S&P 500 и Nasdaq индексисте од 2022 година е резултат на ...
Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите од даночните обврзници за периодот јуни 2024 (месечни) и април-јуни 2024 (тримесечни) истекува денеска, соопштија од Управата за јавни приходи. Досега 76 проценти од даночните обврзници ја исполниле оваа обврска и навреме ја поднеле пријавата ДДВ-04, останува уште 24,6 проценти даночни обврзници да ја остварат оваа обврска. – Управата за јавни приходи уште на самиот почеток на овој месец ги објавуваше ...
Половината од годината ја обележува успешната интеграција на Adriatic Strauss и растот на приходите од продажба и профитабилност Атлантик Група во првата половина на 2024 година оствари приходи од продажба во износ од 512,5 милиони евра, што претставува раст од 11,5% во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 29,2% на 57,4 милиони евра, додека нето добивката порасна за 16,5% и ...
Во Србија од 2003 година, заклучно со 2024 година, се издадени 69 решенија поврзани со истражување на литиум и сродни елементи, објави Данас. Во тој период издадени се 441 решение за истражување други метали. Вкупно 138 компании добиле одобренија за истражување на метал во Србија. За литиум, првото решение и е издадено на компанијата „Рио Сава Експлорејшн“ на 8 јуни 2004 година, да врши геолошки истражувања во басен Јадар, во областа Лозница, ...
Италија му изрече прелиминарна казна од 121 милион евра на американскиот малопродажен гигант „Амазон“. Причината е сомнеж за изигрување на даночните закони, јави ДПА, пренесува „24Часа.бг“. Полицијата во Милано ја оправда одлуката со резултатите од истрагите на Обвинителството, кои укажаа на тоа „Амазон“ избегнува да плаќа големи суми данок со поставување нарачки за испорака преку сложен систем на подизведувачи. Тоа е поврзано и со ...
Платата на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изнесува 140 450 денари, односно 2 280 евра, а сите останати министри, меѓу кои и вицепремиерите, земаат 115 540 денари или 1 870 евра плата. Информацијата денеска беше објавена на веб-страницата на Владата во делот – отчетност. Според табелата прикажана на веб-страницата, единствено во платите се издвојува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кому му следува 20 отсто ...
Треба да продолжи континуитетот на правната проблематика за време на владеењето на една власт, а дали ќе се злоупотреби, е друго прашање и за тоа треба да постојат институции што ќе го санкционираат, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во врска со вчерашната најава на премиерот Христијан Мицкоски, дека на следната владина седница, во среда, ќе се формира ад-хок тело кое ќе испитува „како претходната влада поделила ...