
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Според прелиминарните податоци, вредноста на германскиот извоз во земјите надвор од Европската унија во јуни изнесува 58 милијарди евра, што е за 4,5 отсто помалку од истиот месец лани. Ова е за 2,6 отсто помалку во однос на мај, објави германската Федерална статистичка служба (Дестатис). Најважниот извозен партнер на Германија во јуни беа Соединетите Американски Држави, бидејќи на американскиот пазар беа извезени стоки во вредност од 13 ...
Мекиот, сребрено-бел алкален метал, како што изгледа литиумот, привлекува големо внимание во последните месеци, не само во Србија, туку и во Европа и светот. Литиумот отвори не само еколошки, туку и сериозни финансиски прашања, како во Србија, така и во целиот свет, каде што со години се води борба околу еколошката оправданост на рударството. Ова е уште повеќе важно ако се знае дека литиумот се користи во индустријата за производство на батерии ...
Европските и американските берзански индекси денеска се во пад, златото поскапе, а на пазарите истовремено е забележан пад на цените на нафтата и на пченицата. Индексот DAX на Франкфуртската берза, денеска, во 9.15 часот падна на 18.416,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.128,63 поени, францускиот CAC 40 на 7.506,63 поени, а московскиот MOEX на 3.021,48 поени. Вредноста на американскиот берзански индекс „Дау Џонс“ падна на 40.358,09 поени, ...
На 23 јули 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите ...
Со нова кредитна линија од 3,5 милиони евра Комерцијална банка ќе обезбеди значајна поддршка на енергетски ефикасни проекти на домаќинствата. За таа цел, Комерцијална банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска потпишаа Договор за заем во рамките на ГЕФФ програмата за зелено финансирање. Новата кредитна поддршка од 3,5 милиони евра ќе придонесе да се зголемат инвестициите во енергетска ефикасност на домаќинствата и на ...
Еден од клучните предуслови за аплицирање за неповратен грант до 600.000 евра преку популарната мерка 7 од ИПАРД програмата е локацијата на инвестицијата да се наоѓа во рурално подрачје. Без разлика дали планирате инвестиција во рурален туризам, производство на непрехранбени производи или алтернативно земјоделско производство, доколку локацијата каде што ја планирате инвестицијата се наоѓа во листата во продолжение го исполнувате овој услов. ...
Регулаторот им нареди на компаниите како „Bytedance“, „Alibaba Moonshot“ и „01.AI“ да подлежат на задолжително тестирање за нивните модели со вештачка интелигенција, објави „Financial Times“, повикувајќи се на добро информирани извори. Како дел од тестирањето, големите јазични модели треба да одговорат на многу прашања, од кои некои се поврзани со политика и идеологија. Пред една година, кинескиот регулатор воведе правила за чет-ботови кои ...
Минималната плата следната година ќе се зголеми за 19,6 отсто, што ќе доведе до зголемување на надоместокот на еден вработен, предвидува БНБ во својата макроекономска прогноза. Во пракса тоа значи дека ќе стане 1.115 лева или ќе се зголеми за нешто повеќе од 182 лева од сегашното ниво – 933 лева. И покрај забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени, растот на компензациите по вработен во номинална смисла се очекува да остане висок од ...
Покрај „Рио Тинто“, кој планира да ископува литиум во долината на реката Јадар, 10 други компании добија дозволи за истражување на металот во изминатите 20 години. Судејќи според документацијата што ја објави здружението „Први, први на скалата“, издадени се дозволи за истражување на повеќе од 60 места во Србија, пишува Нова рс. Во период од нешто помалку од две децении, од 2004 до 2022 година, надлежните министерства во земјата донеле дури 126 ...
Менаџерот за односи со јавноста на „Инфостуд“, Милош Турински, оцени дека сезонските работни места можат да бидат добар извор на приход, особено за младите, и дека во Србија, од април, поради заминувањето на многу работници од угостителството на јадранското крајбрежје, има голема побарувачка во овој сектор. „Сезоната трае приближно од април до октомври. Што се однесува до заработките, тие се движат од 300 динари на час па нагоре преку одделот ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информираше дека е иницирана постапка за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва“, ...
Законот за измена на Законот за пензии ќе биде донесен откако ќе помине ребалансот на Буџетот, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Во гостување на „Топ тема“, Мицкоски повтори дека во Буџетот недостигаат 200 милинои евра и за тоа, најави, ќе има одговорност. Се осврна и на средствата од ЕУ кои се предвидуваат за земјава со Планот за раст, истакнувајќи дека министрите Муртезани, Муцунски, Божиновска, Андоновски, Кочовска Димитриевска и ...
Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот на Буџетот за 2024 година што новата Влада го објави минатата недела за економистот и аналитичар Бранимир Јовановиќ. Првиот е дека јавниот долг до крајот на годината ќе достигне 68% од БДП, а вториот е дека ќе треба да враќаме скоро 300 милиони евра во камати. За ребалансот на Буџетот, проекциите за економскиот раст, задолжувањето на државата кај Унгарија и други економски теми ...
На европските берзи во вторник претпладнето се тргува внимателно, додека инвеститорите ги очекуваат новите економски показатели и кварталните деловни резултати на компаниите. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек беше речиси непроменет во однос на вчерашниот ден кога порасна. Лондонскиот FTSE индекс претпладнево ослабе за 0,23 отсто, на 8.179 поени, а париски CAC за 0,08 отсто, на 7.615 поени. Франкфуртскиот DAX ...
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на меѓународната конференција „Повторно поврзување на глобалната економија“, на која најпрво се обрати заменик извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат, свое обраќање имаше и извршната директорка на Банката за меѓународни порамнувања, Андреа Махлер, а учествуваа гувернери од повеќе земји во светот. „Геоекономската фрагментација претставува ризик за глобалната ...
Одењето во Германија на сезонска работа сега е многу полесно отколку во претходните години, особено за студентите. Одамна е случај дека работната сила недостасува во речиси цела Европа. Германија е особено погодена од овој проблем, бидејќи во оваа земја недостигот на работна сила е присутен во речиси секој сектор. Неодамна, Германија воведе бројни олеснувања кога станува збор за доаѓањето на работници од други земји. Постапката за пристигнување ...
Во денешно време, патувањето низ светот е полесно отколку кога било порано, но сепак, прашањето за најдобриот начин на плаќање останува актуелно. Изборот меѓу готовина и платежни картички може да има значителни финансиски последици, особено кога станува збор за меѓународни трансакции. Готовината нуди анонимност и избегнување на потенцијални банкарски провизии, но носи и ризик од кражба или загуба. Од друга страна, платежните картички се ...
Капиталните проекти најголеми губитници, општините најголеми добитници. Со ребалансот на буџетот скратени се скоро 2,6 милиони евра од инфаструктурните инвестиции. Занително кратење има во патната инфраструкуира за изградба на Коридот 8 и 10 д. Овде од првичните 245,5 милиони евра парите се кратат на 67 милиони евра. Повеќе пари од првичната сума предвидени се само за железницата. – пругата од Коридорот 8 – делницата Бељаковце- Крива Паланка и ...
Главниот град на Данска, Копенхаген, покрена нова иницијатива за промовирање на природниот туризам на поеколошки начини на транспорт низ градот, вклучувајќи велосипеди и јавен превоз. Иницијативата наречена CopenPay предвидува награди за туристите кои користат одржливи форми на транспорт. Туристите кои ќе одлучат да патуваат со јавен превоз или со велосипед, наместо со автомобил или такси, ќе бидат наградени со различни погодности: од попусти, ...
Низ историјата, различни делови од светот економски се издигнувале и паѓале. Блискиот Исток со векови бил многу поразвиен од Европа, Африка била побогата од Централна и Југоисточна Азија во првата половина на 20 век, Кина била една од најбогатите области во светот до 19 век. Како што има примери на земји кои за неколку децении станаа од релативно богати во сиромашни, исто така има и примери на земји кои се издигнаа од сиромаштија за само две ...
Сточарите и годинава ќе добијат државна финансиска помош. Најголем дел од парите се наменети за одржување на бројноста на стадата. Субвенција за кравјото млеко е 5, а за овчото и козјото 6 денари за литар произведено и предадено млеко на регистриран откупувач. Пријавувањето е до 31-ви јули… Корисници на средствата се земјоделските стопанства кои стадото ги имаат евидентирано и го чуваат најмалку до 30 ноември 2024 година. Сточарите имаат право ...
Развојот на ависоообраќајот и отворање на нови дестинации за македонските граѓани е еден од приоритетите за работа во следниот период на Владата. За таа цел формирана е работна група која ќе работи на привлекување на нови дестинации и веќе од следната година се очекува да се обезбедат нови линии за граѓаните кои во овој момент не се опериратат од двата аеродорми, истакна во своето видео обраќање заменик на претседателот на Владата и министер за ...
Ребалансот на буџетот во четврток ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот. Ребалансот на буџетот се очекува да биде усвоен најдоцна до првата недела од август. Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана ...
Студентите бараат од новата министерка да најде подобри начини за финансирање на студентскиот оброк. Сумата е мала и во случаи на инфлација, министерството треба да има резервен план за договор со угостителските ланци.Форумот за промени во образованието предлага МОН да гради соработка со деловната и угостителската заедница за цените на храната да се прилагодат според потребите и барањата на студентите. Според Бленди Ходаи дневниот студентскиот ...
Во Калифорнија, новите регистрации на Tesla паднаа за 24% во вториот квартал, покажаа податоците на дилерите, што укажува на зголемени проблеми за производителот на електрични возила… Високите каматни стапки и силната конкуренција доведоа до намалена побарувачка за електрични автомобили бидејќи купувачите се одлучуваат за поевтини хибридни автомобили. Како што пишуваат информативните агенции, Model Y на Tesla сè уште е најпродаваниот модел во ...
Мудис го зголеми кредитниот рејтинг на Турција, наведувајќи го подобреното владеење, построгиот став кон монетарната политика и напредокот во однос на инфлацијата, додека ја одржуваше перспективата на земјата како „позитивна“. Суверениот кредитен рејтинг беше подигнат за два степена, од „Б1“ на „Б3“, што ја означи првата надградба на Мудис за Турција во последните децении. Како причини се наведуваат „подобрувања во менаџментот, поточно одлучно ...
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути порасна минатата недела, по две недели пад, додека еврото благо ослабе откако Европската централна банка ги остави каматните стапки непроменети. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,3 отсто, на 104,39 поени. Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута ...
Италијанскиот ланец супермаркети Conad наскоро ќе го прошири своето присуство во регионот, влегувајќи на пазарот во Македонија. Оваа експанзија е дел од стратегијата на компанијата за зголемување на своето меѓународно присуство и зајакнување на позицијата на Балканот, која вклучува и Црна Гора. Conad, кој е еден од водечките ланци супермаркети во Италија, планира да отвори неколку продавници во Северна Македонија во текот на следните години. ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информира дека се направени паралелни програми, една за култура и една за туризам, во која единственото важно што ги спојува овие два битни ресори е развивањето на културниот туризам. Како што изјави Љутков во тема на денот во дневникот на Сител телевизија, според статистиката во економијата најмногу средства има од развивањето на културниот туризам. Имаме законски рок од пет месеци да ги споиме ...
Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што, како што објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, се одвоени вкупно 80.000.000 денари од буџетот на Министерството. „Малите и средните компании од денеска може да аплицираат за пет мерки за да добијат финансиска поддршка за субвенционирање на ...