
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Управата за јавни приходи денеска соопшти дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. Како што стои во соопштението, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. „Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто ...
Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија. За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор. – Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македониј. Северна Македонија е значајна инвестициска ...
Одлуката на Уставниот суд за поведување на иницијатива за оценување на уставноста на членот 2 и членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи, е официјално објавена во Службен весник. Имено, измените се однесуваат на членот 368, каде се предвидува застарување на долгови или побарувања постари од 10 години и истите се отпишуваат. Објавена е и времената мерка со која се запира било какво постапување по овие ...
Освен зголемениот дефицит во Буџетот, државата од месецов ќе биде позадолжена за дополнителни педесетина милиони евра кои ќе бидат обезбедени преку издавање на државна обврзница. На Македонска берза од денес котира нова државна обврзница која Министерството за финансии ја издало на 11 јули, а рокот за доспевање е 11 јули 2039 година и 15 години. Во известувањето од Берзата стои дека е поднесено барање од ресорното Министерство за котација на ...
Додека Владата се чуди од каде да најде повеќе пари за буџетот, во Агенцијата за вработување на крајот од минатата година останале непотрошени 42 милиони евра. Владата стокми ребаланс на Буџетот кој ќе тежи рекордни 5,89 милијарди евра (постојниот е околу 5,5 милијарди евра), со огромен буџетски дефицит кој од 585 се зголемува на 720 милиони евра. Приходите во Буџетот се проектирани на 5,17 милијарди евра, за околу 130 милиони евра повеќе од ...
Земјоделците кои поседуваат најмалку 2 декари лозов насад ќе можат да добиваат субвенции за нивно одржување. Висината на финансиската поддршка е 12.000 денари по хектар. За предадениот род на регистриран откупувач е 48.000, а за домашни потреби или за на пазар, дополнителните директни плаќања се 28.000 денари за хектар. Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади имаат право на 12.000 денари по хектар за сите лозја. Услов е да ...
Министерот Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека е исполнето ветувањето за обезбедување и исплата на плати за вработените во двете претпријатија за Железници и во Македонски пошти. „Ветив дека 4.400 вработени нема да ги оставам без плата! Плата е исплатена на Македонски Железници Инфраструктура, Македонски Железници Транспорт и Македонски Пошти“, напиша Николоски. Повика на одговорност за претходните раководства за ...
Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако. Најголем пад, кога станува збор за бројот на милионери, забележа Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто. САД и покрај тоа што се на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери. Виетнам, чија економија е во ...
Новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, иако на прес-конференција во Владата најави нови задолжувања кон крајот на годината, таа веќе инстантно ја задолжи државата за нови 48 милиони евра преку државна обврзница издадена на 11 јули со рок на доспевање од 15 години, велат од Левица. „Ако се додаде најавеното задолжување на премиерот Мицкоски од 500 милиони евра со кредит од Република Унгарија, вкупниот ЈАВЕН ДОЛГ би бил на ...
Соединетите Држави треба да почекаат да ги намалат каматните стапки додека нема појасни докази дека инфлацијата во земјата одржливо се враќа на посакуваните 2 отсто, се вели во извештајот објавен денеска од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Како што е наведено, јасната комуникација ќе помогне да се насочат очекувањата на пазарот во согласност со планираната политика на ФЕД. „Економијата на САД се покажа силна во изминатите неколку години. ...
Вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи дел од инвеститорите се повлекуваат од пазарот по силниот раст на берзанските индекси од почетокот на годината. Индексот Дау Џонс се лизна за 1,29 отсто, на 40.665 поени, додека С&П 500 падна за 0,78 отсто, на 5.544 поени, а Насдак 0,70 отсто, на 17.871 поени. И вчера, втор ден по ред, секторот за производство на чипови беше под притисок ...
BlackRock, со седиште во Њујорк, достигна нова рекордна вредност на средства под управување од 10,6 трилиони долари (10 илјади и шестотини милијарди долари), стимулиран од раздвижените пазари на капитал. И покрај ова, компанијата само малку ги надмина очекувањата во однос на приходите, додека нето-приливите паднаа, пишува Financial Times. BlackRock, најголемиот светски инвестициски фонд, достигна нова рекордна вредност на средства под ...
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни годинава изнесува 2,5 отсто, што е пад од 2,6 отсто во мај. Една година претходно, во јуни 2023 година, оваа стапка изнесуваше 5,5 отсто, објави Европскиот статистички институт – Евростат. Во Европската унија, годишната инфлација беше 2,6 отсто во јуни 2024 година, наспроти 2,7 отсто во мај. Една година претходно оваа стапка беше 6,4 отсто. Најниски годишни стапки се регистрирани во Финска ...
Глобалната економска несигурност, инфлацијата, зголемувањето на каматните стапки, трговските грижи, нестабилноста на берзата, демографските и технолошките промени имаа големо влијание врз растот на глобалното богатство, значително забавувајќи се во втората деценија во споредба со претходната деценија. Ова е според податоците во најновиот извештај „UBS 2024 Global Wealth Report“, според кој стапката на раст е преполовена во текот на изминатите ...
Mерките и активностите на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни за вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и нивно задржување во руралните средини. Ова е заклучокот на регионалната кооперативна ревизија во која освен земјава учествувале Албанија и Косово. Главниот државен ревизор Максим Ацевски вели дека властите не вложуваат доволно во регионалниот развој, односно од предвидени 1 отсто од БДП се ...
Народната банка по вторпат е добитничка на наградата на „Комерцбанк“, којашто претставува една од водечките меѓународни деловни банки во Европа. Наградата се доделува за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи и на трансферите со финансиските институции во меѓународниот платен промет. Ова е големо признание за Народната банка коешто го доби за високото ниво на квалитет и автоматизираност на ...
Претстои голем реформски процес на редизајнирање на деловните процеси и нивно автоматизирање и дигитализирање, со кои ќе се промени начинот на пресметки на платите и собирање на даноците, најави новата директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Со новините се очекува да биде променет сегашниот, како што рече, традиционален начин на функционирање на УЈП како даночна администрација. -Тоа значи дека во некоја блиска иднина, ...
Министерството за финансии на Кина објави дека државата ќе издаде нова четврта серија на ултра долги специјални државни обврзници на 24 јули. Обврзниците ќе достигнат вредност од 55 милијарди јуани или околу 7,7 милијарди американски долари, ќе бидат издадени со рок од 30 години и каматна стапка во зависност од конкурентното наддавање. Ултра долгите специјални државни обврзници обично се однесуваат на оние со рок на траење од повеќе од 10 ...
На девизните пазари во вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути бележи остар пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,80 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,26 поени. На девизните пазари во вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути бележи остар пад. Индексот на ...
Филџан кафе наскоро би можело да поскапи поради новите правила за негово производство и уништување на шумите, изјави претседателот на Lavazza, Џузепе Лаваца. Неодамна спроведените правила на ЕУ за уништување на шумите може да значат дека извозот на илјадници зрна кафе во ЕУ наскоро би можел да биде одбиен бидејќи тие се произведени на земјиште кое неодамна беше исчистено. Додека правилата на ЕУ се сметаат за добронамерни бидејќи имаат за цел да ...
Шесте економии на Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за ефикасно да ги заштитат луѓето и имотот од штетните и растечки ефекти на климатските промени, се вели во Регионалниот извештај за Западен Балкан за климатски промени и развој на Групацијата Светска банка (CCDR) објавен денеска. Придобивките од ефикасната климатска акција би биле огромни за Западен Балкан, кој ги вклучува ...
Европскиот извоз во трети земји во мај достигна 216,3 милијарди евра или 0,6 отсто помалку од мај 2023 година, информира „24Часа.бг“. Увозот изнесува 206,5 милијарди евра или 6,2 отсто помалку од истиот месец лани. На месечно ниво извозот опаѓа – во април изнесувал 12,8 милијарди евра. Ова се должи на падот на извозот на машини и автомобили (-3,7 милијарди евра) и хемикалии (-1,2 милијарди евра), но тоа е делумно неутрализирано со растот на ...
Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година. Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот којашто ќе се применува во јули 2025 ...
Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. „Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии“, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски ...
По приемот на новите членки, земјите од БРИКС располагаат со 72 отсто од светските резерви на ретки метали, изјави првиот човек на Роснедр, Евгениј Петров. Според неговите зборови, минералните и суровинските комплекси на земјите од БРИКС меѓусебно се надополнуваат и постои потенцијал за проширување на трговијата меѓу членовите на таа организација за да се обезбеди стабилност на снабдувањето, пренесува ТАСС. Ретките земјини метали се клучни за ...
Анализа: Во кои дејности и градови има најмногу нови фирми во првите 6 месеци? Во првото полугодие од годинава на деловната сцена стапнаа 3.428 компании. Нивните имиња се запишани во Централниот регистар и освен една голема и три мали, сите останати се микрофирми. Притоа, новите инвеститори најмногу биле охрабрени во јануари, кога се основале 707 компании. За разлика од првиот квартал од годината, во наредните три месеци се намалува интересот ...
Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба. Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе ...
Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Буџетот е во алармантна состојба и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, како што рече, ќе има. – Направиле Буџет за шест месеци како да знаеле дека нема да бидат повеќе Влада па ...
Корисна информација за банките – ако сакате да им продадете потрошувачки или станбен кредит на граѓаните, не ги барајте во јануари – ни под разно! Корисна иформација за граѓаните – ако сакате да земете потрошувачки или станбен кредит, не одете во банка во јануари, нема да добиете. Јануари е, дефинитивно, најлошиот месец за кредитирање на граѓаните во земјава. Тоа е така веќе 16 години наназад. Во овој месец е регистрирана најмалата кредитна ...
Европската комисија најави дека оваа недела ќе стапат на сила новите правила на ЕУ за Трансевропската транспортна мрежа (TEН-T), што со себе носи бројни новитети. Политиката на ЕУ за трансевропска транспортна мрежа е клучен инструмент за развој на кохерентна, ефикасна и висококвалитетна транспортна инфраструктура низ Европската унија. Во оваа прилика, Европската комисија нагласи дека стапувањето во сила на овие правила ќе повлече и низа други ...