Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека во периодот од 4 јули до 2 септември 2022 година за експозитурите и филијалите на банката ќе се применува летно работно време. Поради тоа, експозитурите во Скопје: „Ѓорче Петров 2“, „Водњанска“, „Чешма“, „Кјуби“ и „Ново Лисиче“, нема да работат, додека Филијала во Охрид ќе работи со продолжено работно време до 17:00 часот. Во однос на експозитурите во Скопје кои привремено не работат, ...

Од 1 јули 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје ја збогатува својата депозитна понуда со нов депозит за физички лица – Штеден план, погоден за клиентите кои се заинтересирани да штедат во денари и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период. Сите оние што ќе го одберат новиот производ Штеден план, добиваат поволни услови за штедење во денари со гарантирани каматни стапки и можност за дополнителни вложувања. Со овој депозит, ...

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека почнувајќи од денес (28-ми јуни 2022 година), започна со исплата на пензијата за месец јуни на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје. Oд 28.6.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати ...

Комерцијална банка од денес (28.6.2022г. – вторник), започна со исплата на пензиите за јуни. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија може да располагаат од денес и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред: ...

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти пензионери дека пензиите за месец јуни се веќе на нивните сметки од денес (28.06.2022 – вторник) и истите можат слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири ...

Цените на нафтата денеска пораснаа на трета последователна трговска сесија поради неизвесностите поврзани со глобалното производство, кои се закануваат дополнително да ја заострат понудата на пазарот. Членовите на нафтената алијанса ОПЕК + треба да се состанат оваа недела за да разговараат за ситуацијата со снабдувањето. Цената на северноморската нафта од типот „Брент“ се зголеми за 1,18 отсто на 116,5 долари за барел, а американската нафта WTI ...

Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени. Основана е во 2020 година, а од тогаш тимот на вработени е зголемен за повеќе од двојно. Генерален менаџер на компанијата е Влатко Палчевски кои има претходно работно искуство во банкарскиот сектор повеќе од 10 години. Со него во продолжение разговараме за компанијата, дејноста на компаниите со ...

Развојната банка започна со реализација на Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички наменета за обезбедување на средства за инвестиции за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии. Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра. Намената на кредитната линија е за поддршка на проекти ...

Најдобрите и највлијателни брендови во Македонија и оваа година се одликувани со глобалната награда Супербрендс, а Шпаркасе Банка се закити со престижното признание – Супербренд во категоријата финансиски институции за 2022 година. Супербрендс е меѓународна организација, која има за цел да ги препознае одличните брендови на различни пазари и да ја промовира културата на брендирање. Во организација на Супербрендс Македонија секоја година се ...

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе и даде на Молдавија заем од 300 милиони евра со цел и помогне на земјата да обезбеди дополнителни резерви на гас со кои би можеле да се надоместат можните прекини во снабдувањето предизвикани од руската војна против Украина. Молдавија која важи за една од најсиромашните земји во Европа, е речиси целосно зависна од испораките на руски гас за нејзината индустрија и потребите за греење. Рускиот државен ...

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. Визијата на Шпаркасе Банка е да биде најдобар избор за клиентите, да ја поддржува економијата и заедницата и да создава подобра иднина. Банката своето работење го темели на вредности, а успешниот тим делува во духот на извонредност, доверба, агилност, страст и партнерство. ...

Хипотекарен кредит со променлива каматна стапка од 3,6%, рок на отплата до 30 години и без провизија за предвремена отплата е најновото решение од Комерцијална банка за сите што имаат план и бараат слобода на избор со одлични услови за финансирање на својата замисла. Во низата поволности кај кредитот со хипотека на недвижен имот што ги обезбеди Комерцијална банка е и можноста да се користи со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување ...

Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на ...

Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. Според дефиницијата на ЕЦБ, стагфлацијата се јавува кога очекувањата за инфлација ја надминуваат целта на ЕЦБ од два проценти, додека економијата стагнира или се намалува и двата услови да бидат во траење од најмалку две години. ЕЦБ прогнозира реален раст на бруто домашниот производ (БДП) над два проценти, а само тројца експерти очекуваат раст под ...

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. За исполнување на своите основни цели, како одржувањето на ценовната и финансиската ...

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време. Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и ...

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). „Паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ), во мај 2022 година оствари пад од 0,1 отсто на месечна основа, пред сè како ...

На „Facebook” е забележана ЛАЖНА Facebook страница под името на Шпаркасе Банка која ги бара Вашите лични податоци за понатамошна злоупотреба! ШПАРКАСЕ БАНКА А.Д Скопје ги известува своите клиенти дека нема никаква поврзаност со тоа и ова е единствениот и официјален профил на банката. Бидете внимателни, ниту еден правен субјект не смее да ги бара и процесира Вашите лични податоци преку социјалните мрежи! Од Шпаркасе Банка ги советуваат своите ...

Вистинска слобода во изборот ви носат Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка. А, до 15.09.2022 се нудат без надомест за аплицирање и без годишна членарина за првата година за основната картичка. Уживајте во својата слобода и изберете ја картичката што најмногу ви одговара – Mastercard Standard, Mastercard Revolving или Mastercard Skopje City Mall. Дозволете си повеќе. Mastercard кредитните картички од Комерцијална банка ви ...

Кампања наменета за иматели на кредитни картички за физички лица издадени од Халкбанк АД Скопје од брендот Mastercard (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless и Mastercard World Contactless) преку платформата Pay and Get Rewards – алатка во системот за наградување на Mastercard. Првите 1.000 иматели на кредитни картички кои ќе направат трансакции во вкупна вредност од минумум 10.000 денари во периодот од 15.06. – 14.08.2022 ќе ...

Халкбанк АД Скопје ги зголеми пасивните каматни стапки за депозити на физички лица. Имено, се коригираа каматните стапки кај Генералното штедење, за рок на штедење од 6 до 36 месеци и истите се зголемија до 0,3 процентни поени. Односно, ако за орочување од 36 месеци досега каматната стапка изнесуваше 1,20%, сега таа е 1,50%. Следствено на ова, се зголемија и каматните стапки кај производите Отворен депозит, кој е со рок на орочување од 12 ...

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Референт во Дирекција Кредитна администрација Потребни квалификации: Основни работни активности: Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на ...

НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. За ...

Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180% има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80%. Вложувањата во неживотно осигурување достигнаа 2,5 милијарди денари (40,5 мил.евра) ...

НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 13.06.2022 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за распределба на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година на собранието на акционери од 12.5.2022 година. Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплати на акционерите изнесува 630.297.018 денари. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 738 денари. Исплатата на дивиденда се изврши за сите ...

На 14 јуни 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика. Имајќи ги предвид најновите информации и показатели беше одлучено да се продолжи со процесот на постепено нормализирање на монетарната политика со ...

Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. „Во иднина повеќе не сакаме да нудиме готовина во нашите филијали, бидејќи чувањето готовина во филијалите предизвикува трошоци“, изјави Ларс Стој, директор на одделот за домашни приватни клиенти на најголемата германска банка. „SEEbiz” пишува дека новиот план на германската банка многумина го гледаат како јасен чекор назад ...

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 10 јуни (петок) 2022 година заради празнување на Духовден. Сабота, 11.06, е работен ден за филијалите и експозитурите кои редовно работат во сабота. „Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и ...

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: АДМИНИСТРАТОР НА КАРТИЧЕН СИСТЕМ СЕКТОР за ИТ Работното место опфаќа: Потребни квалификации: Работата е со полно работно време, 40 часа неделно. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи и нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можности за професионален напредок. Кратка биографија може да се ...

Вредноста на акциите на европските берзи денеска бележат пад, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат ризици во пресрет на состанокот на лидерите на Европската централна банка, од кој се очекува да бидат најавени зголемувањата на каматните стапки, имајќи ја предвид рекордната инфлација во еврозоната. Индексот „STOXX 600″ на водечките европски акции изутринава падна за 0,6 поени. Лондонскиот „FTSE” индекс ослабе за 0,4 отсто на 7.562 поени, ...

Кој бил Лав XIII?

43 минути - 4News
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1012
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.0
85%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
59%
1011
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
4.12
96%
1010
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
90%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
91%
1008
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
59%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
72%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58