Европската централна банка предупредува дека растечките геополитички тензии претставуваат сериозен ризик за стабилноста на европскиот банкарски сектор, оценувајќи дека финансиските пазари во моментов недоволно ги вградуваат овие ризици во цените на имотот, што може да доведе до нагли и болни распродажби. Главната супервизорка на Европската централна банка, Клаудија Бух, во годишниот извештај за банкарски надзор истакна дека сега не е време за ...

Живееме во време на длабоки и брзи глобални промени. Време во кое економските текови, финансиските пазари и безбедносните предизвици се испреплетуваат повеќе од кога било досега. Во таков свет, улогата на централното банкарство станува уште поважна – не само како чувар на ценовната стабилност, туку и како столб на довербата, стабилноста и економската отпорност, рече денеска премиерот Мицкоски. Централните банки денес не делуваат во изолирани ...