
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита ...
Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека г-н Горан Антевски, член на Надзорниот одбор на Банката, се стекна со 400 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Горан Антевски, кој ја извршува функцијата генерален менаџер на “Раде Кончар-ТЕП”, со оваа нова инвестиција дополнително го зголеми акционерскиот капитал во една од најголемите македонски банки, откако претходно се стекна со 955 акции на Комерцијална ...
Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. Согласно тековните потреби, процеси и активности, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за прием на нововработени ...
Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински ...
Европската банка за обнова и развој ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2021 in North Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава. Тимот за документарно работење на Комерцијална банка се потврдува како експерт во меѓународни рамки, ...
Транспарентното работење на менаџментот на АСО придонесе да расте бројот на претставки добиени од осигуреници за работата на осигурителните компании. За три месеци АСО постапи по 52 претставки што е тројно повеќе од лани. Најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност покриенa со европски извештај. Нивниот број е зголемен за речиси четири пати. Агенцијата за супервизија на ...
Сивата економија во 2020 година е намалена во однос на 2006 година, а најголемите намалувања се случиле за време на финансиската криза во 2009 година и по воведувањето на минималната плата во 2012 година, покажува најновото истражување направено од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think”. Според наодите од истражувањето, во 2020 година уделот на сивата економија во БДП бил 23,2 проценти за разлика од 2006 ...
Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година. Инфлацијата се предвидува да биде 8,8 проценти во просек со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината. Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска најави дека Народната банка внимателно ги следи состојбата во однос на ...
Во периодот од 1.1.2022 до 31.03.2022 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2022-та година. Во анализираниот период, Банката оствари нето добивка во износ од 653.631 илјади денари, што претставува зголемување за 30,9% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година. Зголемувањето се должи на континуирани продажни активности на кредитните продукти со особен фокус кај ...
На Собранието на акционери на НЛБ Банка одржано на 12.05.2022 година беше усвоена Одлуката за распределба на дивиденда за 2021 година и утврдување на дивиденден календар.Согласно Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка и финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2021 година, на акционерите ќе им биде исплатена дивиденда за 2021 година во бруто износ од 630.297.018 денари или околу 10,2 милиони евра. ...
Со нова кредитна линија од 2 милиони евра Комерцијална банка ќе ги поддржи малите и средните претпријатија за поттикнување на нивните бизниси во пост-ковид периодот. Кредитната линија е обезбедена од Европската банка за обнова и развој, а е дел од новата Програма на ЕБОР за поддршка на малите и средните фирми со цел опоравување на малите бизниси по забавениот раст предизвикан од пандемијата. Договорот за кредитот беше потпишан денеска за време ...
Во периодот од 12-15 мај по двегодишната пауза поради пандемијата со Ковид-19 во Охрид по 22 пат ќе се одржат “Банкарски Игри 2022” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија – СФОМ. На натпреварите учество ќе земат вкупно 12 финансиски институции кои ќе се натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини како фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг, стрелаштво, куглање, тенис, пикадо, серва и шах. ...
Diners Club Македонија им овозможи на корисниците на картички да подигнуваат готовина од банкоматите на Халкбанк АД Скопје. Отсега корисниците можат да подигнат готовина на некој од 136 банкомати на Халкбанк ширум државата, а подигнатиот износ да го отплаќаат на максимум 12 рати. “Водејќи се од нашата мисија да им овозможиме поголема финансиска сигурност на нашите членови во секое време и на секое место, Diners мрежата за подигнување на ...
На 10 мај 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. По промените во инструментот задолжителна резерва и зголемувањето на основната каматна стапка во април на 1,5%, како превентивен одговор на нагорните ...
Почнувајќи од денеска, НЛБ Банка започнува промотивна кампања со која постоечките и новите корисници на некоја од НЛБ Mastercard кредитните картички за физички лица имаат вистинска можност да добијат повеќе. Имено, во периодот од 10 мај до 30 јуни годинава, за постоечките и новите корисници на Mastercard Standard, Mastercard Light, Mastercard Gold и Mastercard HaPPy картичките, НЛБ Банка овозможува единствени поволности, парична награда или ...
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија официјално ја презентираше Алијансата за родова еднаквост на работното место (анг. Gender Equality Alliance – GEA), иницијатива која ќе се стреми да придонесе за еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. ГЕА ќе биде насочена кон создавање инклузивна култура каде што и жените и мажите се вреднуваат за нивниот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови ...
Онлајн кредит е новиот производ на Халкбанк АД Скопје кој е достапен за сите приматели на плата во Банката кои лесно, брзо и едноставно, без потреба од посета на филијала, можат да дојдат до потребните средства. Со новиот производ Банката, која е лидер во воведување нови услуги базирани на новите технологии, станува и единствена банка во земјава која нуди онлајн депозит и онлајн кредит за своите клиенти. Максималниот износ за кој можат да ...
Со помош на соодветно поставената банкарска регулатива и создадените заштитни механизми во изминатиот период, домашниот банкарски сектор остана во добра кондиција во текот на овие две години, кога домашната економија се соочува со неколку шокови со негативно влијание. Така, кредитниот раст воопшто не забави, како што се случувало во претходни кризни епизоди. Напротив, тој умерено забрза, со тоа што од втората половина од минатата година се ...
Финансискиот караван кој годинава ќе се одржи по вторпат пред експозитурите на НЛБ Банка низ земјата, од 5 мај до 5 јуни, има за цел да ги едуцира и советува клиентите на Банката за различни осигурителни или инвестициски финансиски продукти. Клиентите ќе имаат можност да дознаат повеќе за активностите и соработката на Триглав Осигурување Живот и НЛБ Банка, како и подетално да се запознаат со придобивките на Унит Линк производот на Триглав ...
НЛБ Банка, во соработка со своите партнери: Сава Осигурување, Кроациа Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и Генерали Инвестмент, го организира вториот караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти. Караванот ќе се одвива во текот на целиот месец мај, пред експозитурите на НЛБ Банка ширум земјата. Едномесечниот караван има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и ...
Речиси 90% од сите банки и штедилници кај нас сметаат дека климатските промени се важен извор на ризик за финансиската стабилност, покажува најновата Анкета за ризиците од климатските промени, којашто Народната банка ја спроведе на почетокот на 2022 година. Само 40% од банките и штедилниците имаат воведено нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Сепак, 80% од испитаниците одговориле дека размислуваат да воведат вакви ...
Дали ви е познато ова сценарио: работите од утро до мрак, ви пристигнува платата, ги плаќате сметките и повторно сте во минус. Почнувате да ги проверувате цифрите, минусите и плусовите и пак исто. А следниот месец, сѐ од почеток… Ако ви е доста од овој маѓепсан круг во кој се наоѓате, прочитајте ги следните неколку редови… Создадени за брз одговор при итна финансиска потреба, што најчесто е резултат на непланирани и неочекувани ...
Зелената и дигитална трансформација можат да придонесат за градењето на посилни и поотпорни економии кон шокови во иднина. Предизвиците со кои сега се соочуваат економиите во светот, најнапред здравствената, а годинава и енергетската криза и ценовните притисоци, покажуваат дека треба да се бараат нови решенија и да се размислува подолгорочно во однос на обезбедување на одржливи извори на енергија и зголемување на производството на храна. Ова ...
Почнувајќи од 01.05.2022 година Халкбанк АД Скопје ќе изврши измена и дополнување на Тарифата за надоместоци и услуги за правни лица. Измените за правни лица се направени во делот за надомест и провизии за користење на електронски сервиси во платен промет. Дополнително е воведен и нов метод на најава и плаќања преку дигитален сертификат ЛИБ (Личен индентификационен број). Тарифите се поставени на web страната на Халкбанк и може да ги преземете ...
ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека за време на претстојниот државен празник – „Рамазан Бајрам“, првиот ден на Рамазан Бајрам, на 2.5.2022 година (понеделник), експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје нема да работат. Во секое време на располагање на клиентите се услугите достапни преку мобилното банкарство TTK M-bank, електронското банкарство TTK E-bank, а за подигнување и уплата на ...
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 2 мај (понеделник) 2022 година. „Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка. За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална ...
Справувањето со тековните предизвици не треба да ги стави на чекање структурните реформи. Напротив, напоредно треба да се продолжи со нив, бидејќи тие се оние кои ќе дадат долгорочни резултати. Ова беше пораката на заедничката прес-конференција на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова одржана по повод почетокот на 8. Истражувачка меѓународна конференција ...
Градот Херсон во јужниот дел на Украина, за кој Русија тврди дека е под нејзина контрола, ќе премине кон користење на рубљата од 1-ви мај, објавија руски државни медиуми. Кирил Стремусов, заменик-претседател на воено-цивилната администрација на регионот, изјави дека транзицијата ќе се одвива во период од четири месеци, во кој ќе бидат во оптек руската рубља и украинската гривна, пренесува „BBC”. „По тој период, регионот ...
Согласно финансиските резултати на Комерцијална банка, објавени официјално на веб страната на Македонска берза евидентно е дека банката подобрила неколку сегменти од своето работење, притоа зголемувајќи го нивото на добивка во првите три месеци годинава за 45% во однос на истиот период лани. Во периодот од 01.01-31.03.2022 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 522,6 милиони денари наспроти ...
Еврото утринава падна на најниско ниво во последните пет години од 1,05890 долари, откако руски „Газпром” соопшти дека ќе го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија. Падот под 1,06 долари за прв пат по пет години во однос на генерално силниот американски долар доаѓа поради зголемената загриженост околу енергетската безбедност и забавувањето на растот во Кина и Европа. Единствената европска валута падна за повеќе од 4% до ...