
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



ПроКредит Банка е првата целосно дигитализирана банка во земјата, која постојано воведува иновативни продукти за своите бројни клиенти, физички и правни лица. Најновата промотивна понуда за физички лица, за орочен денарски депозит за 2 години, со фиксна каматна стапка од 2%, е одлична можност за сигурна, безбедна и стабилна заштеда. Една од главните предности на промотивната кампања е тоа што новите и постојните клиенти на Банката аплицираат ...
Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. Нови 20.000 граѓани го осигурале животот во првите три месеци годинава со што вкупниот број на граѓани кои имаат ...
Силната ценовна криза услови Централна банка на Албанија повторно да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 проценти и таа сега изнесува 1,25 проценти, што е втора интервенција годинава, за да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика. Гувернерот на централната банка, Гент Сејко изјави дека последиците од војната во Украина веќе се материјализирале со зголемување на инфлацијата, забавувајќи ги стапките на раст на ...
Стопанска Банка а.д. Битола, за своите потреби од ангажирање стручен кадар, објавува оглас за вработување на извршител/и на работното место стручен соработник за проценки за потребите на Службата за управување со имот. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови: Работни задачи и одговорности на работното место: Потребата за ангажирање на извршител/и на ова работно место се однесува за Битола или Скопје и за определено ...
Со важност од 8.7.2022 година, ТТК Банка ги зголеми пасивните каматни стапки на штедните влогови на физички лица. Каматните стапки на штедните влогови на физички лица во денари, со рочност од 6 до 60 месеци, од производните категории: стандардно штедење, скалесто штедење и детско штедење се зголемени од 0,20 п.п. до 0,25 п.п. Промената се однесува на сите постојни и новосклучени договори со важност од 8.7.2022 година. Каматните стапки се ...
Силк Роуд Банка воведе промотивен период за електронско и/или мобилно банкарство без надомест за активирање. Имено, сите нови корисници, физички и правни лица резиденти, ќе можат да ја активираат услугата електронско и/или мобилно банкарство со привилегија за плаќање, без надомест, промотивно до 31.08.2022 година. Електронското и мобилно банкарство на Силк Роуд Банка ви овозможува 24/7 преглед во состојба на Вашата трансакциска или штедна ...
Европската централна банка (ЕЦБ) истражува начини да ги спречи банките да прават дополнителни милијарди евра од ултра евтината шема за кредити, започната за време на пандемијата, кога ќе почне да ги зголемува каматните стапки подоцна овој месец, пишува „Financial Times“. Субвенционираните кредити за 2,2 трилиони евра што ЕЦБ им ги обезбеди на банките помогнаа да се избегне кредитна криза кога се појави кризата со Ковид-19. Но, бидејќи ...
Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. УНИТ Линкед е производ наменет за клиенти кои сакаат да бидат животно осигурани, но истовремено и да инвестираат во инвестициски фондови и да остварат ...
Во изминатите 30 години Народната банка ја одржа својата репутација на независна, стручна и кредибилна институција, која е столб на финансиската и макроекономска стабилност и дава поддршка во економскиот развој на земјата. Ова беше посочено од страна на поранешниот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава за време на транзицискиот период, Бишваџит Банерџи. Во рамки на неговата посета, организирана како дел од активностите за ...
Во животот секогаш е важно да се најде здрава, правилна и одговорна мерка помеѓу потрошувачката и редовното штедење. Има безброј причини зошто е добро да штедиме пари – тргнувајќи од заштита во случај на финансиска криза, избегнување долгови, намалување на финанскиските стресови, па сè до обезбедување финансиско наследство за нашите најмили. Штедењето е начин да се придонесе за финансиска сигурност и подобро да се планираат идните трошоци или ...
ТТК Банка АД Скопје е универзална банка-партнер за малите и средните претпријатија, која креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето на долгорочно партнерство. Банката има моментална потреба за вработување на нови лица во рамки на Дирекцијата деловна мрежа, кои ќе целат кон усовршување на благајничките операции, грижа на ...
Генералниот извршен директор на „Deutsche bank”, Кристијан Севинг, ја опишува високата инфлација како отров за општеството и предупредува дека континуираното зголемување на цените на сите производи се заканува да предизвика рецесија. „Кога 40 отсто од граѓаните велат дека на крајот на месецот не можат ниту едно евро да го остават настрана, тоа значи дека е загрозен социјалниот мир во Германија”, изјави Севинг во понеделникот на банкарска ...
Цената на суровата нафта би можела да падне на 65 долари за барел до крајот на оваа година и да продолжи да паѓа на 45 долари до крајот на 2023 година доколку дојде до рецесија, која по дефиниција ја поткопува побарувачката, проценува американската банка „Citigroup”. Ова сценарио се заснова на претпоставката за отсуство на каква било интервенција од страна на производителите од нафтената група ОПЕК+ и пад на инвестициите во нафта, наведуваат ...
Широката мрежа на cash-in банкомати на Комерцијална банка ги прави вашите финансиски трансакции брзи и ефикасни. Сега, корисниците на дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка имаат можност за уплата на готовина на својата сметка на 48 cash-in банкомати распоредени низ земјата. Со овие технолошко современи уреди Комерцијална банка им овозможува на своите клиенти да уплатат пари на своите дебитни или кредитни картичка секогаш кога имаат ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Референт во Служба за небанкарски дејности Потребни квалификации: Основни работни активности: Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на ...
НЛБ Банка ја продолжува промотивната кампања за кредитите за физички лица, при што сите клиенти кои ќе аплицираат за некој од НЛБ кредитите, ќе имаат можност да искористат низа промотивни поволности. Клиентите кои овој јули ќе се одлучат за купување на нов дом, но и оние кои во текот на летото имаат потреба од финансиски средства за реализација на своите планови, добиваат единствена можност, подигнувањето на кредитот да го добијат без трошоци ...
Делегација на Народната банка предводена од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во периодот од 29 до 30 јуни, оствари работна посета на централната банка на Црна Гора, при што се сретна со гувернерот Радоје Жугиќ и неговиот тим. Најголемо внимание им беше посветено на предизвиците со коишто се соочуваат носителите на политиките веќе подолг временски период, во услови на продолжена глобална криза. Посебен акцент беше ставен и на сѐ повисоката ...
Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд во јуни, непосредно пред првото зголемување на каматните стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) во последните 11 години. Стапката на инфлација во еврозоната минатиот месец изнесуваше 8,6 проценти на годишно ниво, во однос на 8,1 проценти во мај, според денешната прелиминарна проценка на европската канцеларија за статистика, „Евростат”. Ова е над прогнозите на економистите, кои во анкетата на ...
Членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Комерцијална банка се повеќе го зголемуваат својот влог во банката, а доказ за тоа се последните нивни инвестиции. Најнова информација со која Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста е дека г-ѓа Сава Димитрова, Претседател и независен член на Надзорниот одбор, се стекна со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Претходно, својот влог во Комерцијална банка АД Скопје го ...
Зошто ова лето не си допуштите нешто што отсекогаш сте посакувале? Заслуживте. Ајде, затворете ги очите. Што ви паѓа прво на памет? Патување, шопинг, реновирање, меден месец… Супер, сега можете веднаш да тргнете кон остварување на вашите желби и тоа онлајн со пополнување апликација за брз кредит. Од вашите желби ве делат само неколку чекори. Има многу среќни приказни. Нека и вашата летна приказна биде таква. Сега е вистинско време за почеток. ...
На крајот на март од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра, или 74,9% од проектираниот БДП. Бруто надворешните побарувања, на крајот на првиот квартал од 2022 година, изнесуваат 5.917 милиони евра, или 44,4% од проектираниот БДП. Нето надворешниот долг изнесува 4.060 милиони евра, односно 30,5% од проектираниот БДП). Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со ...
Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5% на 5%, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5% на 18%. Оваа мерка, којашто е втора по ред по мартовската ...
Почнувајќи од 1.7.2022 година Стопанска банка АД – Скопје изврши промена на каматните стапки на денарските и девизните депозити со фиксна каматна стапка на физички лица и на депозитите со променлива каматна стапка за физички лица. Притоа, фиксните каматни стапки на денарските и девизните депозити со рок на орочување до 36 месеци, се зголемуваат до 0,2 п.п. Детален преглед на актуелните каматни стапки на следниот линк. Промените на каматните ...
Шпаркасе Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека од понеделник, (04.07.2022 година), Банката ќе врши исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита (сите парични прaва). Со дебитните картички корисниците на паричната помош ќе можат да располагаат со средствата од 04.07.2022 година, а за останатите кои не користат дебитна картичка ќе можат да ги подигнат средствата во готовина преку ...
НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална и детска заштита ќе ја исплати на 4 јули (понеделник). Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 4.7.2022 година, клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е ...
Mastercard® дебитните и кредитните картички од Комерцијална банка ова лето ве носат во светот на забавата и наградите. „Три пати плати и освој“! Токму така! Со минимум 3 трансакции од по најмалку 2.000 денари во ресторани, хотели или бензински пумпи со Вашата Debit Mastercard, Debit Mastercard World, Mastercard Standard, Mastercard Revolving, Mastercard Skopje City Mall или Mastercard Platinum, каде било во земјава, станувате потенцијален ...
Синоќа во просториите на НЛБ Галерија со пригодна изложба, која го следи творештвото на еден од најпознатите словенечки архитекти Душан Грабријан, беше одбележана 70- годишнината од неговата смрт. Поводот за отворањето на оваа изложба е 30-годишнината од меѓудржавните односи на Р. Словенија и Р. Северна Македонија. На настанот присуствуваа голем број истакнати претставници на архитектонската фела, претставници од државните, културните и други ...
Граѓаните продолжуваат со зголемена употреба на дигиталните канали за вршење на плаќањата, а особено на употребата на платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери и во првиот квартал од 2022 година. Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8% на годишно ниво, додека вредноста на извршените трансакции пораснала за 13,2%. Забележан е годишен раст на ...
На САД и на другите економии во светот ќе им биде тешко да ја избегнат рецесијата, со оглед на зголемената инфлација, зголемувањето на каматните стапки и забавувањето на растот во Кина, изјави главниот економист на Светска банка, Кармен Рајнхарт. „Исклучително е тешко да се ограничи инфлацијата, а во исто време да се обезбедат услови за контролирано, постепено забавување на активноста“, рече Рајнхарт. Несомнено е дека рецесијата е актуелна тема ...
Ова лето е добра прилика да се започне да се штеди. Во Халкбанк тоа може да го направите по навистина промотивна и висока каматна стапка од 2% за орочување во денари, на период од 13 месеци. Каматната стапка на промотивната понуда е фиксна и се исплаќа по завршување на периодот на орочување. Кај овој производ минималниот износ на вложување е 30.000 денари и истиот е без можност за делумни исплати и уплати на средства пред истекот на датумот на ...