Глобалната енергетска криза, предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, доведе до драстичен раст на цените на авионското гориво, што може да резултира со поскапување на авионските билети веќе од април, објави Банкар.ме Директорот на „Air Montenegro“, Вук Стојановиќ, во изјава за медиумите посочи дека компанијата засега ќе ги задржи актуелните цени на билетите до крајот на март, но предупреди дека доколку високите цени на горивото ...
Од полноќ горивата ќе се продаваат повторно по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, врз основа на светските берзи и зајакнувањето на доларот во однос на денарот, цената на дизелот да се зголеми за 3,5 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинство да поскапи за 2,5 денари по литар, цената на мазутот за 0,15 денари, додека цените на двата вида бензин остануваат непроменети. Од РКЕ соопштуваат дека и покрај ...
Поради кризата на Блискиот Исток, која влезе во четвртата недела, цената на авионските билети почнаа да расте, а поради зголемените трошоци за гориво, геополитички ризици и ограничен капацитет во авиосообраќајот, нивната цена може да продолжи да расте, анализира Фајненшл Тајмс. Главната причина е растот на цената на нафтата. Авионското гориво учествува со над 20% во трошоците на авиокомпаниите, а месецов неговата цена порасна за повеќе од 50% ...
По неколку месеци релативна стабилност, на светските пазари повторно расте неизвесноста околу цената на нафтата, што веднаш ги отвори прашањата – дали Македонија влегува во нов бран на поскапувања и колку тоа ќе го погоди секојдневниот живот. Во изминатите денови, растот на цената на суровата нафта на меѓународните берзи повторно ги стави во фокус енергенсите како клучен фактор за инфлација. Иако промените не се веднаш драматични на ...

