Правата, можностите и изборот како привилегија на секое хумано суштество се секојдневие во корпоративното делување на Комерцијална банка, а се и поттик како општествено одговорна компанија да ја инспирира, охрабри и мотивира секоја жена да направи правилен избор, да стане финансиски независна и полесно да ги надмине предизвиците во кои не треба да биде оставена сама. Комерцијална банка порачува дека секој ден може и треба да биде 8 Март за ...

Кога семејството расте, Стопанска банка АД-Скопје e тука да сподели радост и да помогне во создавањето на трајни сеќавања. Затоа, покрај подарок за новороденчето, Банката на своите вработени, штом станат татковци, им одобрува платено отсуство во траење од 15 работни денови, дополнително на деновите што следуваат од колективниот договор. Стопанска банка АД – Скопје со оваа одлука станува една од првите компании во државата која во согласност ...

Г-дин Билал Суџубаши и во наредните две години ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Согласно Решението на Гувернерот на Народна банка на Р. Северна Македонија издадена е согласност за реименување на г-дин Билал Суџубаши за период од 2 години. Од 26.12.2017 година, Д-р Билал Суџубаши ја извршува должноста Претседател на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје. Во ...

Комерцијална банка АД Скопје во општествената одговорност како своја успешна приказна, оваа година се посветува и на пошумување опожарени подрачја во земјава со цел поздрава и почиста животна средина. Комерцијална банка во соработка со Сојузот на извидници на Македонија станува горд „Зелен поборник“ во рамките на најголемата волонтерска иницијатива „Боренка“. Банката ќе засади по едно дрво за секој нов клиент до 29 години кој ќе почне да го ...

Дојче банк (Deutsche bank) планира да скрати 3.500 работни места продолжувајќи го планот за намалување на трошоците за 2,5 милијарди евра до 2025 година. Најголемиот германски кредитор кажа дека е на пат да ја исполни својата цел. Повеќето работни места кои ќе бидат скратени се главно на административни позиции, како дел од програмата за оперативна ефикасност. Намалувањето изнесува околу четири проценти од вкупната работна сила на банката. ...

Досегашниот заменик-гувернер на Централната банка на Република Турција (ЦБРТ), Фатих Карахан е назначен за нов гувернер на Централната банка на местото на Хафез Гаје Еркан, која поднесе оставка од функцијата. Назначувањето на Карахан дојде неколку часа откако Еркан објави дека поднесува оставка од лични причини, но пред се поради енормната рекордна инфлација во Турција која достигна неверојатни 65%. Фатих Карахан кој е роден во 1982 година ...

Советот на Народната банка, на 2 февруари 2024 година, ја одржа својата редовна седница, на која го усвои Кварталниот извештај за последното тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се наведува дека во последниот квартал лани, Народната банка нема направено дополнителна промена во поставеноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Тековното ниво на основната каматна стапка, заедно со промените кај задолжителната ...

Рекордно високите каматни стапки што ги нудат Народната банка и Министерството за финансии ги ставија банките минатата година пред „тежок“ избор – дали да вложуваат во државни хартии од вредност со високи приноси и без ризик или да даваат кредити на компаниите и граѓаните, исто така, со зголемени каматни стапки, но и со релативно поголем ризик? Каков избор направија Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и НЛБ банка? Финансиските извештаи ...

Се наоѓате во период кога ве затекнале непредвидени трошоци? Ви треба брзо и поволно решение? Онлајн кредитите на ФД Монимакс Финансиско можат да бидат одговор на вашите проблеми уште денес. Создадени за брз одговор за итна финансиска потреба, што најчесто е резултат на непланирани и неочекувани трошоци, брзите онлајн кредити на ФД Монимакс Финансиско сѐ почесто се избор на клиентите за обезбедување на потребните финансиски средства и ...

Ако периодов размислувате за нови инвестиции и можности кои не сакате да ги пропуштите, тогаш новата кампања на НЛБ Банка Скопје може да ви помогне конечно да ги реализирате вашите планови преку нивната понуда на кредити за физички лица. Имено, сите физички лица кои во перидот од 1 до 29 февруари ќе се одлучат да аплицираат за потрошувачки, станбен, хипотекарен или автомобилски кредит преку НЛБ Банка, ќе можат да ја искористат поволноста и да ...

„Движењата на инфлацијата и на девизниот пазар се поволни. Сепак, неизвесноста постои, а инфлацијата сѐ уште е над историскиот просек. Оттаму, поставеноста на монетарната политика на Народната банка, соодветно на монетарната политика на Европската централна банка, засега останува иста“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во изјава за „Блумберг Адрија“. Таа истакнува дека идната поставеност на монетарната ...

Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, како и останатите централни банки од регионот, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се работи на олеснување на прекуграничното тргување, зголемување на конкурентноста и намалување на трошоците за меѓународните плаќања, коишто во моментов се повисоки и до шестпати во ...

Одговорот е едноставен – борбата на НБРМ со инфлацијата и задолжувањето на државата ги наполнија банките со пари. Како никогаш досега банките имаа можност да и позајмуваат пари на државата се рекордно високи каматни стапки. Тоа, заедно со каматите на меѓународните финансиски пазари, е главниот вентил кој во 2023 година ги наполни приходите на домашните банки и им обезбеди рекордни профити. Тоа го покажуваат и финансиските извештаи на банките, ...

Во периодот од 01.01-31.12.2023 година, Банката од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 3.912,6 милиони денари наспроти 2.311,0 милиони денари во 2022 година што претставува зголемување за 69,3 %. Планираната добивка за 2023 година е остварена со 128,3 %. Данокот на добивка во 2023 година изнесува 331,2 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 3.581,4 милиони денари, или 66,6% повеќе во однос на минатата ...

Минатата 2023 година одбележа континуитет на сериозни предизвици и неизвесности како последица на низа фактори, вклучително и неповолните движења во поширокиот макроекономски амбиент и глобалните геостратешки предизивици и конфликти. Во такви услови, домашната економија забележа понатамошно забавување на економскиот раст изрззен преку растот на БДП, кој за 2023 година се очекува да биде на ниво под 2 %. Истовремено, по постигнатиот врв од ...

Поставеноста на монетарната политика е еден од факторите за значителното намалување на инфлацијата во текот на минатата година. Девизните резерви бележат висок, двоцифрен раст и се во комфорната зона. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен, што се согледува преку клучните показатели за неговото работење. Ова се главните наоди во монетарната сфера, во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, каде што се потврдува ...

Проектот, во кој во изминатите три сезони беа вклучени стотици регионални компании, овојпат под слоганот „Градиме подобро општество“ бара микро, мали и средни компании, трговци-поединци и физички лица кои самостојно вршат деловна дејност и кои со своите идеи, иновации и деловно работење се занимаваат со актуелни општествени прашања и помагаат да се справиме со предизвиците во општеството, системските нееднаквости и грижата за благосостојба на ...

НЛБ Банка успешно ја заврши 2023 година, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2023 до 31.12.2023 година. Работејќи согласно усвоената годишна деловна политика, НЛБ Банка покажа силна посветеност за финансиска поддршка на населението и бизнис секторот и придонес кон локалната економија, поддршка на заедницата преку бројни општествено одговорни проекти и непоколеблив стремеж кон одржливо работење. Во ...

На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап за нашата централна банка до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните ...

На почетокот на тековната 2024 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Александар Николовски, Член на Управниот одбор на Капитал Банка АД Скопје. Банкарство: Кратка ретроспектива на изминатата 2023 година. Кои ...

На почетокот на тековната 2024 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Милка Тодорова, Претседател на Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје. Банкарство: Кратка ретроспектива на изминатата 2023 година. Кои настани ...

На почетокот од оваа година банките запишале рекорден износ на седум дневни депозити во Народната банка и добиле рекордно висока каматна стапка. Според податоците објавени од централната банка, на 17 јануари оваа година, банките вложиле 56,3 милијарди денари, односно околу 915 милиони евра во седум дневен депозит. Овој износ е за 5,6 милијарди денари повисок од достасаниот износ кој претходно го имале депонирано банките во НБРМ. За овие седум ...

На почетокот на тековната 2024 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Банкарство: Кратка ретроспектива на изминатата 2023 година. Кои ...

Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и Одборот за ревизија на банката. Согласно тековните потреби, процеси и активности, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за ...

Халкбанк АД Скопје е еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од својата визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи Банката го нуди насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали. Согласно тековните потреби од нововработени лица, Халкбанк АД Скопје објавуваме оглас за ...

Образованието е темелник на напредокот. Неговата трансформативна моќ во обликување на подобра иднина ги охрабрува поединците и општествата да достигнат нови височини на знаење и разбирање. НЛБ Банка АД Скопје се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на образованието идентификувајќи се со него преку една од своите три клучни вредности „Се развиваме”. Зад неа се постојаните заложби на Банката за развој на вработените како модел за ...

Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестираше повеќе пари во проекти за климата и животната средина од кога било досега, изјави денеска во Брисел претседателката на ЕИБ, Надија Калвињо. Во 2023 година, вкупно 49 милијарди евра се слеаа во проекти кои преземаат акција за климатските промени и одржливоста на животната средина. Во претходната година таа суме беше 38 милијарди евра, пренесе ДПА. „Со 349 милијарди ...

На почетокот на тековната 2024 година, се обраќаме до банките во Република Северна Македонија со цел објавување на очекувањата на водечките банкари во нашата земја од аспект на предизвиците со кои ќе се соочат Банките во периодот што следи. За таа цел во целост ги пренесуваме ставовите и очекувањата на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје кој го сочинуваат: Диомидис Николетопулос, Тони Стојановски, Милица Чапаровска – Јовановска и ...

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. Банката има тековна потреба за вработување во Дирекција за деловна мрежа и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје објавува: ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ...

УНИБанка АД Скопје на 22.01.2024 година ја исплати десеттата полугодишна камата на имателите на Првата емисија на перпетуални обврзници со ISIN MKBLBA200011 и шифра UNIPO. Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 9% на годишно ниво. Согласно Одлука на Собранието на акционери на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје бр. 0201/4-1/2024 од 16.01.2024 година, на 22.01.2024 година Банката изврши откуп на Првата емисија на ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Кобалт

64.04

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Алуминиум

3.09

Калај

48.78

Цинк

3.29

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51