
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Стратегијата на НЛБ Банка вклучува подобрување на дигиталното искуство на своите клиенти и континуирано се фокусира на осовременување на картичното работење, на апликациите за мобилно и електронско банкарство со нови функционалности и сервиси, како и развој и промоција на нови дигитални канали. Доколку сте амбициозни, аналитични и имате желба за постигнување на дополнителни резултати, придонес кон унапредување и подигнување на нивото и ...
Секој од нас има соништа и желби. Можеби посакувате поголем дом, одмор во некоја егзотична земја или луксузен автомобил. Можеби сакате да можете да го живеете пензионерскиот живот што е можно поудобно. Или да ја реновирате куќата, да започнете сопствен бизнис или да ги купите најновите гаџети. Несомнено, за да се оствари секоја желба потребни се финансиски средства. Затоа е паметно навреме да се почне со штедење. Иако можеби ќе кажете дека во ...
Во Музејот на Народната банка на 7 јануари, по шест месеци поставка, се затвора изложбата „В/редности и вредности“, која беше посветена на културното наследство претставено на тековното издание на македонските книжни пари. Изложбата беше организирана како дел од активностите со кои Народната банка ја одбележа 30-годишнината на македонската монетарна самостојност и воведувањето на денарот како национално платежно средство. Изложбата „В/редности ...
Дигиталната револуција во плаќањата, која особено се засили за време на пандемијата на ковид-19 како во светски рамки, така и во нашата земја, придонесе за сѐ позачестена употреба на дигиталните решенија за плаќање, коишто се најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки современо (паметно) извршување. И во третиот квартал на 2022 година, граѓаните сѐ повеќе ги користат платежните картички од домашните издавачи за плаќање ...
Народната банка на Република Северна Македонија и во 2022 година продолжи со засилени активности во доменот на финансиската едукација со што придонесува за подигањето на финансиската писменост и финансиската инклузија на населението во нашата земја. Во современите услови на динамичен финансиски систем, финансиската едукација станува сѐ попотребна за сите возрасти и за сите социјални слоеви од населението. Во 2022 година, беа одржани вкупно 115 ...
Најголем раст на износот, а воедно и на бројот на исплатени штети има кај приватното здравствено осигурување – осигурителна класа која книжи најголеми растови на продажба три години по ред. За медицински трошоци осигурителите исплатија 4,5 милиони евра за 30.000 оштетни побарувања. Генерално кај сите класи од неживотното осигурување бројот на исплатени штети, на крај на третиот квартал, надмина 70.000 што е 29% повеќе во споредба со истиот ...
Комерцијална банка и East Gate Mall лансираат Инстант шопинг кредит за вистинска слобода во купувањето на самиот почеток од сезоната на празничните попусти. Инстант кредитот е создаден за едноставно и ефикасно пазарење во East Gate Mall. Кредитот е со максимален износ до 120.000 денари и со рок на отплата до 60 месеци. Сѐ што посакувате станува достапно затоа што кредитот се одобрува во кус рок, а средствата се префрлаат на специјална картичка. ...
Дали донесовте некакви финансиски резолуции минатиот јануари што требаше да ги остварите во годинава што изминува? Доколку да, како ја завршувате 2022 година? Дали ги исполнивте или не успеавте да ја постигнете целта? Последните денови пред Новата година честопати ги поминуваме во размислувања за годината што изминува, наместо за годината што е пред нас, и ја согледуваме сопствената финансиска состојба, притоа барајќи начин за нејзино ...
На овогодинешната конференција за е-трговија која се одржа на 11 ноември во Скопје беше промовирана годишната Анализа на е-трговијата 2022 година со наслов „E-трговијата во Република Северна Македонија и споредба со регионот и европските земји, 2022 година”, каде што беа презентирани клучните сознанија за состојбата на е-трговијата во земјата и регионот, според кои може да се забележи напредок и раст во бројот и обемот на онлајн трансакции, ...
Шпаркасе Банка продолжува со атрактивна, промотивна понуда за сите клиенти што се заинтересирани да штедат во денари и во евра и кои посакуваат да направат добар план за заштеда и во новата 2023 година. Имено, Шпаркасе Банка креираше нови, уште попривлечни каматни стапки за Депозит Плус, орочен депозит со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување, наменет за сите оние што посакуваат да штедат на подолг период. Отсега, па сè до 31 март ...
Во пресрет на предновогодишната еуфорија кога сите се подготвуваме за дочекот на Новата година, покрај трошоците што ги правиме за славење и набавка на подароци за најблиските, потребно е да размислуваме и за целите кои што планираме да ги исполниме и плановите што сакаме да ги реализираме во текот на 2023та година. Тогаш, зошто да не почнеме од креирање на финансиски план и правење планови за штедење и остварување на дополнителен приход? ...
Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која се продолжува можноста за Народната банка за користење на репо-линијата до 15 јануари 2024 година, со што на нашата централна банка ѝ се става на располагање девизна ликвидност од 400 милиони евра за уште речиси една година. Репо-линијата е само уште еден заштитен слој, имајќи го предвид високото ниво на девизни резерви и високата ликвидност на банките, коишто ја гарантираат стабилноста на ...
Како дел од зелената транзиција, за првпат во банкарскиот сектор во земјава Шпаркасе Банка започна да издава Visa Eco картички од рециклирачки материјал, со посебни својства на разградливост. Производството на картички на разградлив материјал, ќе влијае да се заштедат минимум 300 кг пластика произведена и одложена во животната средина годишно, или еквивалент на 1.800 кг CO2. Шпаркасе Банка, во склоп на Групацијата Ерсте, е активно фокусирана на ...
На 13 декември 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,50 п.п. до нивото од 4,75%. ...
Вчера во Кочани започна голема акција за засадување на нови садници низ училиштата, градинките, градскиот пари и одделни зеленила во градот, како донација од Халкбанк АД Скопје реализирана во рамките на платформата HalkEco. За потребите на оваа акција, банката обезбеди 120 садници кои се набавени со средствата собрани од котизациите за учество во хронометар велосипедската трка HalkVeloGreen што банката традиционално, трета година по ред, на 8 ...
„Да се подобри квалитетот на животот во нашиот матичен регион, Југоисточна Европа, е една од клучните стратешки цели на НЛБ Групацијата. На овој пат тргнавме решени да создадеме подобар свет, да оставиме подобри траги во регионот што го сметаме за наш дом, и исклучително сме горди што нашите напори и нашиот напредок се препознаени на начин што не оставаат никаков сомнеж во очите на инвеститорите и јавноста“, нагласи извршниот директор на НЛБ, ...
„Усогласувањето на правната рамка со законодавството на Европската Унија во областа на монетарната политика е во напредна фаза“, истакна вицегувернерката Емилија Нацевска во своето излагање на конференцијата организирана од страна на Секретаријатот за европски прашања, насловена „На европскиот пат: нови реформи, нови можности!”. Обезбедувањето и одржувањето на независноста на Народната банка е од витално значење за да се исполни улогата на ...
Халк осигурување АД Скопје информираше за новиот Управен Одбор кој ќе ја води оваа компанија во периодот што следи. „Новиот Управен Одбор го сочинуваат г-дин Ило Ристовски – Претседател на Управен Одбор и Генерален Директор на Халк Осигурување АД Скопје, г-ѓа Селин Шакарер – Член на Управен Одбор на Халк Осигурување АД Скопје и г-дин Игор Доневски – Член на Управен Одбор на Халк Осигурување АД Скопје” – се вели во објавата на компанијата на ...
По прекрасната атмосфера на вчерашната проекција на „Мирно лето“ во Кинотеката во Скопје, на која можеше да се види публика од различни генерации, акцијата „На кино со баба и дедо“ во среда (14 ноември) продолжува во Битола. Во битолскиот Културно-информативниот центар во 19 часот ќе биде прикажан македонскиот филм „Дедо и внук“ од 2019 година, режисерско остварување на Илија Пиперковски. Станува збор за емотивна семејна драма, која е во дослух ...
Штедилница Можности, како партнер од доверба на голем број на штедачи во своето портфолио од 01.12.2022 ги зголеми каматните стапки на денарските депозити на сите рочности со што ги нуди највисоките каматни стапки на депозити на финансискиот пазар во земјава. Со Денарски депозит, Штедилница Можности ви овозможува на едноставен начин да започнете со штедење, да ја обезбедите иднината и да добиете финансиска сигурност. Користејќи ги најповолните ...
Вашите пари се вашата лична финансиска слобода. Секоја банка што ја цени вашата слобода и ве прави безгрижни во однос на вашите лични финансии, ја заслужува вашата доверба. Ако се замисливте што поточно значи финансиската слобода, многу едноставно може да дојдете до потребните одговори. Слободата ви ја носат лесните и достапни банкарски трансакции и широкиот избор на производи, услуги, поволности и привилегии што ви ги нуди банката. Вратата за ...
Со поддршка од Комерцијална банка по 17-пат беше доделена годишната награда „Новите“ за најдобар прозен дебитантски ракопис со што македонското прозно творештво е побогато за уште едно вредно дело. Годинашниот добитник е Дејан Гаџовски за неговиот ракопис „Бегство од изгрејсонцето“. Книгоиздателството „Темплум“ ја доделува оваа награда со цел поттикнување и промовирање на домашните литературни дејци кои со својот талент заслужуваат да ...
Пресметката за платен данок на дивиденда исплатена од Комерцијална банка АД Скопје во 2022 година за добивката остварена во 2021 година е достапна во електронска форма преку апликацијата Интернет банка. Корисниците (физички лица – резиденти) на електронско банкарство на Комерцијална банка, кои во исто време се и акционери на Банката, можат на едноставен и брз начин, откако ќе се најават на апликацијата, да ја симнат потврдата за платен данок. ...
Еко свесноста е еден од главните принципи во работењето на ИутеКредит Македонија. Постојаното залагање за развој на финансиски услуги кои ќе остават што помал белег на природните ресурси се пресликува и во користење на производи кои се во синергија со оваа мисија на компанијата. Новата ИутеКредит Mastercard картичка е целосен новитет на македонскиот пазар, бидејќи е направена од специјален биоразградлив материјал наречен PLА (polylactic acid). ...
НЛБ Банка преку својата веб страница информираше за спроведени зголемувања на дел од провизиите кои се однесуваат на работењето со физички и правни лица, а важат од 01.12.2022 година. Промените на провизиите се однесуваат на: – Денарски и девизен платен промет – Готовинска исплата од трансакциска сметка во МКД во експозитура за физички лица – Водење на трансакциска сметка во домашна валута за физички лица – Готовинска и безготовинска уплата на ...
Забрзува растот на зеленото кредитирање во третиот квартал од 2022 година, достигнувајќи 17,7%%. Зелените кредити се наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развој на нова еколошка технологија. Во третиот квартал е зголемен и уделот на зелените кредити во вкупните кредити, од 2,7% во претходниот квартал, на 3,1%, односно за 0,4 процентни ...
„На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите баба и дедо или повозрасни роднини и да поминат едно убаво неделно пладне со прекрасен филм, да создадат мигови што ќе се паметат. Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ која се однесува на поддршка на повозрасните лица, в недела (11 декември) во 12 часот во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На ...
УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. Визијата на УНИБанка е да биде константен лидер во иновации на пазарот, следејќи ги ...
Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13 милиони евра. Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност УП 1 Број 10-283 од 11.11.2022 година, одобрена е VI-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 2.600.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во ...
Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува ...