
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка. Работна позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население во Филијалата на Банката во Велес. Тип на вработување: На ...
Халкбанк АД Скопјее еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од својата визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи Халкбанк АД Скопје го нуди насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали. Согласно тековните потреби од нововработени лица, Халкбанк АД Скопје објавува оглас за ...
УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на: Администратор во Сектор за Управување на корпоративно банкарство Потребни квалификации: Одговорности и задачи: Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју. Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски ...
Комерцијална банка ја имаше честа по петти пат да го награди лауреатот на „Роман на годината“ со парична награда од 150.000 денари. Добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година е Симона Јованоска за нејзиното дело „Денот на црвот“ во издание на „Или – или“. Комерцијална банка на авторката и честита за наградата и, пред сѐ, за нејзиното дело кое претставува уште едно збогатување на домашното литературно творештво. Банката е горда на ...
Народната банка, на својата веб-страница, меѓу податоците и показателите за банкарскиот систем на Република Северна Македонија, почна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Објавувањето на овие податоци е една од активностите на Народната банка со која придонесува за создавање „зелена“ и одржлива економија. Народната банка досега презеде повеќе активности за ...
На ден 12.10.2022 година, започна со работа новиот Бизнис Центар за услуги на мали и средни претпријатија лоциран на Ул. Македонија бр. 34. На добро позната и атрактивна локација, во современо уреден простор со урбан ентериер согласно најновите трендови во банкарството, овој центар ќе овозможува целосно опслужување на правни лица со банкарски производи и услуги, од отворање на сметки, е-банкарство, гаранциско работење и акредитиви, бизнис ...
Народната банка досега соодветно одговора на тековните предизвици, кои се последица на глобалната криза, преземајќи мерки во насока на постепено нормализирање на монетарната политика, заради одржување на среднорочната ценовна стабилност. Ова е од особено значење во услови кога глобалната економија се соочува со повеќе големи предизвици – највисоката инфлација во изминатите неколку децении, руската инвазија на Украина, заострувањето на ...
Во ситуација на голема економска криза која создава потенцијална недоверба за инвестирање на заштедите или тековен прилив на средства на граѓаните од нашата земја направивме истражување како нашите сограѓани управуваат со своите средства во вакви неизвесни состојби и колку имаат доверба во осигурувањето, поведени од фактот дека официјалните податоци на Агенцијата за осигурување покажуваат двоцифрени стапки на пораст на осигурувањето на живот. И ...
Советот на Народната банка на седницата одржана на 13 октомври 2022 година, донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка. Одлуката ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година. Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на ...
Народната банка преку квалитетното извршување на статистичката функција и натаму придонесува за јакнење на процесот на донесување одлуки на економските чинители. Постојано се прибираат, се изготвуваат и се објавуваат податоци согласно со меѓународните стандарди, а не заостануваат ни активностите за развој и надградба во одделните статистички домени. Во овој контекст беше истакнато дека Народната банка за првпат ќе објави и ќе достави и нов сет ...
За максимално задоволство и сигурност при плаќање онлајн со картичка, Комерцијална банка им овозможи на своите клиенти лимити за онлајн трансакции. Со оваа корисна и практична услуга клиентите добиваат уште поголема безбедност и заштита од злоупотреба на нивната картичка. Покрај постојните лимити за број и износ на трансакции на ПОС терминал и на АТМ, сега можат да постават посакуван лимит и за број и износ на онлајн трансакции. Лимитите можат ...
Комерцијална банка е докажан поддржувач на добрата музика. Поддршката на Комерцијална банка овој пат е наменета за концертот на Il Divo во Скопје, а целта на банката е да овозможи македонската публика да ужива во спектакуларен музички настан. Добрата музика секогаш подобро звучи во добро друштво. Уживајте во концертот на овој мултинационален вокален квартет, кој безмалку две децении ги освојува симпатиите на публиката ширум светот. Комерцијална ...
Штедењето пари се смета за здрава животна навика бидејќи обезбедува финансиска сигурност и е гаранција за сигурна и побезгрижна иднина. Ако редовното одвојување одредена сума пари, согласно вашите можности, го претворите во навика, во иднина не само што тие средства можат да би бидат „спас“ при кризи или несакани ситуации, туку со нив ќе можете да ги остварите своите планови кои во моментот, во најголема мера, зависат од состојбата на вашите ...
Монетарната политика којашто ја води Народната банка е соодветна на тековните услови и предизвици. Преку постепено зголемување на каматните стапки, Народната банка придонесува за стабилизирање на инфлациските очекувања, водејќи сметка да нема значителни ефекти врз економскиот раст и да се намали негативното влијание од здравствената и енергетската криза. Ова го заклучи Европската комисија во Годишниот извештај за напредокот на земјава. Исто ...
Стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви со кое располагаме, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот. Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија, вели во интервју за „Гласот на Америка“ гувернерката на Народната ...
Халкбанк и овој октомври, во светскиот месец на штедење, со веќе познатиот производ ПРОМО депозит на штедачите им нуди одлични услови за орочување на своите средства со најатрактивни каматни стапки! ПРОМО депозитот е наменет за физички лица и овозможува штедење во денари или во евра, а орочувањето може да биде на 13 и 25 месеци. Најновата понуда за ПРОМО депозит важи во месецот на штедење, односно истата може да ја искористите во период од ...
Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба за период од 6 месеци заклучно до 30.06.2022 година од страна на Народната банка на Република Северна Македонија трендот на пораст како на вредноста така и на бројот на трансакциите и понатаму е значителен. Македонците потрошиле речиси 195 милиони евра во првите 6 месеци од оваа година кон домашни онлајн продавници што претставува 70% од ...
Уплатата на дневен промет нека биде брза и бесплатна затоа што тоа ви го овозможува вашата Visa Business Debit картичка за правни лица од Комерцијална банка. Банката го продолжи промотивниот период до 31.12.2022 година во кој можете бесплатно да извршите уплата на дневен промет. Доколку вашиот микро или мал бизнис е особено динамичен, имате уште една причина плус уплатата на дневен промет да ја извршите на банкоматите на Комерцијална банка. ...
„Процесот на дигитална трансформација на финансиската индустрија, којшто се одвива повеќе години, значително забрза заради пандемијата. Плаќањата сè повеќе стануваат безготовински. Според Светската банка, во глобални рамки, две третини од возрасното население врши дигитални плаќања, притоа 95% во развиените економии, а 57% во економиите во развој. Трендот на сè поголема дигитализација е присутен и кај нас, поточно 74% од возрасните вршат ...
Шпаркасе Банка АД Скопје се стекна со сертификат за „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, кој го доделува Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ). Овој сертификат претставува потврда за мисијата на Шпаркасе Банка, која во својот работен фокус ги има своите клиенти и нивното задоволство во сите области на делување. Со стекнувањето на сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, верификувано е дека Шпаркасе Банка ги ...
Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Јунит Линкд“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но, тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите. Токму заради ова АСО ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците ...
Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на ...
Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. Визијата на Шпаркасе Банка е да биде најдобар избор за клиентите, да ја поддржува економијата и заедницата и да создава подобра иднина. Банката своето работење го темели на вредности, а успешниот тим делува во духот на извонредност, доверба, агилност, страст и партнерство. ...
„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република ...
На редовната седница на Советот на Народната банка, беше усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за вториот квартал од 2022 година. Од Извештајот може да се заклучи дека банкарскиот сектор и во второто тримесечје од 2022 година, соодветно се справува со предизвиците наметнати од воениот конфликт меѓу Русија и Украина и ги зголеми активностите на квартална основа. Мерките преземени од страна на Народната банка за стабилизирање на ...
Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) со поддршка на зелената економија во Северна Македонија со обезбедување заем од 23 милиони евра за Шпаркасе банка АД Скопје (ШБС) за кредитирање на локални микро, мали и средни претпријатија (ММСП). Заемот ќе овозможи ШБС да го зголеми кредитирањето на ММСП со фокус на регионалните и руралните претпријатија. 30% од кредитната линија ќе биде насочена за инвестиции кои ќе им помогнат на малите ...
Плаќањата од страна на граѓаните во трговијата во земјата со платежни картички издадени од издавачи во земјата, во вториот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 22,9% и 17,8%, соодветно. Притоа, бројот на извршени трансакции забележа годишен раст од 18,3% на физичките места на продажба, односно од 12,6%, на виртуелните (интернет) продажни места, во споредба со вториот квартал од 2021 ...
Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. Вредноста на доларот се искачи на рекордно ниво откако Белата куќа реши да ги намали шансите за слабеење на валутата, во време кога останатите моќни валути продолжија да „тонат“, а приносот на државниот трезор го допре највисокото ниво од 2008 година. Според курсната листа на НБРСМ средниот курс на американскиот долар денеска изнесува 63.3577 денари, ...
Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека во тек е исплатата на септемвриските пензии.Пензионерите кои својата пензија ја примаат на сметка во Халкбанк АД Скопје веќе ги имаат парите на своите сметки и истите може слободно да ги користат при пазарење со своите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии. За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската ...
Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: Кредитен референт во Сектор за изготвување кредитни предлози (3 работни позиции) Кредитниот референт е одговорен за навремено и квалитетно изготвување, поднесување и презентирање на кредитни предлози за постојни и нови компании до соодветните Кредитни одбори на банката, континуирано следење на кредитната способност, исполнување на договорните услови, а по ...