Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата на готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка. За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје ...

ПроКредит групацијата, која е активна пред сè во Југоисточна Европа и Источна Европа, забележа значајно подобрен финансиски резултат од 29,5 милиони ЕУР во првото тримесечје. Повратот на капиталот, според тоа, беше на многу подобрено ниво од 13,3%, што е во согласност со среднорочните цели на групацијата. Kоефициентот на трошочна ефикасност, со 59,7%, остана приближно на нивото од претходната година, но се подобри значајно за 2,5 процентни ...

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување на монетарната ...

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. Истражете ја вашата дестинација – Започнете со собирање информации за местото каде што ќе ...

Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. Вложувањата во неживотни осигурување достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за првите три месеци годинава. Граѓани, фирми и институции во овој период ...

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. Според последните оцени, се очекува дека фискалната ...

Народната банка во април регистрира годишен раст од 8,6 проценти на вкупните депозити и од 6,3 проценти на вкупната кредитна поддршка. Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,6 проценти, како резултат на растот на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Годишниот пораст на кредитите од 6,3 проценти е резултат на повисокото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на ...

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер ...

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. Вработените од Деловниот сектор за работа со корпоративни клиенти во Службата за големи претпријатија на НЛБ Банка АД Скопје, Ве ...

НЛБ Банка промотивно воведува нова, атрактивна понуда за штедење, СУПЕР депозити со фиксни каматни стапки до 3,5% за депозити во денари и до 2,5% за депозити во евра, со рок на орочување до 36 месеци. Понудата се однесува за ново-склучени договори за штедење во периодот од 15 мај до 31 јули, годинава. Како Банка која ја разбира важноста на штедењето, со оваа промотивна понуда, НЛБ им овозможува на клиентите да ги остварат своите финансиски ...

Народната банка за оваа година проектира економски раст од 2,1 проценти, а просечна инфлација во интервал од 8 до 9 проценти. По усвојувањето на најновиот квартален Извештај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави макроекономските проекции на прес-конференција. „Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува стабилизирање на растот и ...

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте љубопитни за другите земји и култури ПроКредит Банка вработува: Советник за клиенти во Експозитура Струмица Потребни вештини: ПроКредит Банка нуди: Во филијалите на ПроКредит Банка нема процесирање на налози и готовински трансакции за клиентите. Се е автоматизирано! Аплицирајте на: mkd.job@procredit-group.com, не подоцна од 15.05.2023 година. Вашата апликација треба ...

Грижата на Комерцијална банка за задоволството и напредокот на своите вработени резултираше и со награда за освоено прво место за „Добри практики во областа на безбедни и здрави работни места во 2022 година, во категоријата услужни дејности“. Комерцијална банка е избрана за најдобра компанија која реално и стручно инвестира и имплементира добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени, со што придонесува и за сопствен ...

Тимот на Шпаркасе Банка од Скопје денес масовно се приклучи на најголемиот пролетен настан за чистење- Генералка викенд! Вработените во Шпаркасе Банка беа во поход на чистење во реонот околу Кејот на Скопје и Централното градско подрачје и успејаа да соберат голема количина на отпад и да придонесат за почисто Скопје. Огромна благодарност до вработените во Шпаркасе Банка што ја покажаа на дело нивната борба и огромна желба за почиста животна ...

Инвестирањето во високото образование е една од најважните одлуки што можете да ги донесете во животот. И покрај незаборавните доживувања во текот на студирањето и многуте среќни и возбудливи моменти, студентскиот живот знае да биде и стресен и исполнет со различни предизвици, најчесто врзани за финансиските трошоци за време на студиите. За да го направи студентското искуство попријатно и попрактично и да им пружи блескава иднина на сите ...

ПроКредит Банка скрои примамлива понуда наменета за фриленсери од Македонија, специјално дизајнирана да ги задоволи уникатните потреби на современите професионалци. Како прва банка во земјата што ја препозна важноста на фриленсерите во земјата, ПроКредит Банка нуди низа финансиски решенија и поддршка за младите луѓе кои вообичаено работат за странски пазар. Фриленс пакетот обезбедува целосна поддршка на фриленсерите, кои работат дигитално, ...

Стопанска банка а.д. Битола со најконкурентна депозитна понуда на пазарот. Промотивниот денарски депозит со фиксна каматна стапка 4,1% за орочување на средства на период од 36 месеци е моментално најатрактивен производ кој може да го изберат сите постоечки и нови клиенти на Банката. Минималниот влог е 6.000 денари, а исплатата на каматата се врши годишно, односно, по 12 месеци од датумот на влогот или 12 месеци од претходно исплатена камата. ...

На 9 мај 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната ...

Од денеска, 8 мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски продукти, кој Банката, трета година по ред, го организира во соработка со своите партнери Сава Осигурување, Триглав Осигурување Живот, Кроација Осигурување Живот, Генерали Инвестмент и Сава Пензиско Друштво. Караванот има за цел да им овозможи на клиентите подобра информираност, советување и едукација за осигурителните продукти во делот на ...

НЛБ Банка Скопjе обjавува оглас за отворена работна позициjа во Секторот за финансиско управување при Службата за финансиска оператива во областа на пресметка и исплата на плати и други лични примања на вработени и на примена на даночната регулатива и интерните даночни политики на Банката и НЛБ Групациjата. Доколку сакате да работите во оваа област ве мотивираме да се приjавите на отворената работна позициjа: Соработник за ...

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. Банката има тековна потреба за вработување во Дирекцијата за деловна мрежа во Одделот за работа со население и за таа цел, ТТК Банка АД Скопје ...

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ги зголеми клучните каматни стапки за 25 базични поени поради високите инфлациски притисоци. ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка, бидејќи продолжува да се бори со порастот на потрошувачките цени, со стапки сега на нивоа што не се забележани од ноември 2008 година. „Изгледите за инфлација продолжуваат да бидат премногу високи предолго време“, се вели во соопштението на ЕЦБ. Одлуката доаѓа ...

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти дека согласно зголемениот обем на работа поради реиздадени картички, Банката донесе одлука во периодот од 05.05.2023 до 13.05.2023 година, одредени експозитури да работат со продолжено работно време исклучиво за подигнување на картички. Eкспозитурите во Скопје: Аеродром 1, Аеродром 2, Центар и Чаир, како и во градовите: Битола, Гевгелија, Гостивар, Кичево, Кочани, Куманово и Прилеп ...

Шпаркасе Банка креираше специјална понуда наменета за пациентите на Очната болница „Деница“, која важи исклучиво за плаќање на услугите во болницата. Па, така, клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,99% за првите две години, како и рок на отплата до 48 месеци на максимален износ до 180.000 денари, со вклучено кредитно животно/неживотно осигурување и без жиранти. Дополнително, со оваа понуда клиентите ...

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес. Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. ...

Дозволете си повеќе со кредитните картички од Комерцијална банка, кои до 15.06.2023 година може да ги добиете и без надомест за аплицирање и обработка на барање. Може да изберете Mastercard Standard, Mastercard Revolving или Мastercard Skopje City Mall кредитна картичка, зависно од тоа која вам најмногу ви одговара, и да уживате во поголема куповна моќ, бескаматен период, разни попусти, поврат на средства, учество во наградни игри… Дополнителна ...

Комерцијална банка ги известува клиентите дека експозитурата „Туш“ во Штип, како и банкоматот во истата, нема да работат на 05.05.2023 година (петок) поради нивна преселба на нова локација. Експозитурата и банкоматот ќе продолжат со работа од 08.05.2023 (понеделник) на истата адреса, но на нова локација која се наоѓа непосредно до самиот влез во маркетот „Туш“. Клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции во Филијалата на ...

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на ...

Советoт на Народната банка, на редовната седница одржана на 28 април 2023, во насока на понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, донесе одлука за воведување макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка, согласно со европската практика. Согласно со Законот за финансиска стабилност којшто стапи на сила минатата година, во декември 2022 година, Советот усвои одлука со која се воведоа макропрудентните инструменти за ...

Деловното опкружување во првиот квартал од 2023 година претставува континуитет на исклучително сериозните предизвици со кои економиите и бизнисите, како глобално така и на ниво на домашната економија, се соочија во претходната 2022 година. Војната во Украина, енергетската криза, инфлаторните притисоци што достигнуваат децениски максимум и како последица на сето тоа, затегнувањето на монетарните политики на централните банки, неминовно доведува ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
1.54
28%
1015
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
4.63
38%
1019
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
42%
1022
weather icon

Софија

37ᴼ / 32ᴼ
2.57
28%
1017
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.65
14%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
51%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
10.8
24%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.03
15%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
21%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
39%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326