Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер ...

Управниот одбор на Централната банка на Русија денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 проценти. Аналитичарите претходно не ја исклучија можноста за зголемување на референтната каматна стапка за 100 до 350 базични поени, па ова зголемување на каматната стапка е на горната граница на прогнозата, пренесува Комерсант. Банката на Русија не ја дочека редовната седница за зголемување на ...

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат ...

По повод големиот јубилеј, 75 години постоење, Стопанска банка а.д. Битола спроведува низа промоции наменети за различни групи на клиенти. Овие промоции опфаќаат различни типови на услуги кои согласно таргет групата се нудат на клиентите со посебни поволности. Почнувајќи од месец јуни, одбележувањето на овој голем јубилеј започна со воведувањето на исклучително поволниот денарски депозит со каматна стапка 4,5% и рок на орочување 45 месеци. Оваа ...

Италија објави дека ќе ги подложи на еднократен данок од 40% локалните банки откако беше обелоденето дека собрале милијарди дополнителен профит од зголемувањето на каматните стапки. Италијанската влада, која го одобри изненадувачкиот данок на состанокот на владата во понеделникот вечерта, рече дека планира да ги искористи приходите за поддршка на имателите на хипотеки и за намалување на даноците, во време кога зголемените стапки извршија ...

Девизните резерви на крајот на јули годинава изнесувале 3.801,7 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8%), по што следуваат валутите и депозитите (25,6%) и монетарното злато (10,4%). Оттаму истакнуваат дека рамката за изготвување на стандардните извештаи за девизните резерви и девизната ликвидност се заснова на два меѓусебно поврзани концепти – официјалните девизни резерви ...

Комерцијална банка АД Скопје ги известува клиентите дека од 14 август 2023 година експозитурата „11 Октомври“ во Скопје нема да работи поради реновирање. Нема да биде во функција и банкоматот во рамките на експозитурата. На располагање на клиентите ќе им бидат експозитурите на Банката кои се наоѓаат во непосредна близина – „Чешма“ и „Расадник“. Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет ...

Македонската економија во 2022 година е поддржана од Европската банка за обнова и развој со 250 милиони евра, со што оваа институција практично е најголемиот поединечен инвеститор во земјава, а со тоа и најголем помагач на домашниот економски раст и развој. За пет години, од 2017 до 2022 година, ЕБОР има вложено во Северна Македонија 684 милиони евра за поддршка на 71 проект, а за 20 години, од 1993 година наваму дури 2,49 милијарди евра во 171 ...

Светска банка неодамна ја објави новата листа на најголемите светски економии во 2022 година согласно паритет на куповна моќ, што драстично го менува распоредот во врвот на глобалната економија. Во минатото, согласно регуларните извештаи со децении на првото место се наоѓаа САД, оваа година првото место го завзема Кина со 30.300 милијарди долари. На второ место е САД, на трето место Индија, зад нејзе Јапонија. Исто така, интересно е што и ...

Во рамките на платформата #кариерабезбариера, Шпаркасе Банка организира Шпаркасе Академија – „Млад банкар” во периодот – ноември и декември 2023. Пријави се за учество и стекни се со нови знаења и вештини, искористи ја оваа шанса да ја лансираш својата кариера. Програмата се состои од едукативен и компетитивен дел во кои учесниците ќе имаат можност да следат предавања и обука од стручни лица од областа, но и тимски да се натпреваруваат ...

Оние речиси 9.500 корисници на апликацијата ХалкЕко на Халкбанк веќе знаат дека со секоја физичка активност, без оглед дали се работи за трчање или едноставно пешачење, или, пак возење велосипед или тротинет тие, не само што придонесуваат за заштита на природата, туку можат да освојат и вредни подароци. Голем дел од нив можеби веќе добија подарок бидејќи статистиката на ХалкЕко кажува дека во изминативе нешто помалку од 4 години колку што е во ...

Италијанската влада воведе еднократен данок од 40% на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми да го купат својот прв имот. Растот на каматните стапки на централната банка им донесе рекордни профити на банките бидејќи тие можеа овој раст да го пренесат на клиентите кои користат кредитни производи, а во исто време не го следеа на ист начин растот на каматните стапки на ...

Оние речиси 9.500 корисници на апликацијата ХалкЕко на Халкбанк веќе знаат дека со секоја физичка активност, без оглед дали се работи за трчање или едноставно пешачење, или, пак возење велосипед или тротинет тие, не само што придонесуваат за заштита на природата, туку можат да освојат и вредни подароци. Голем дел од нив можеби веќе добија подарок бидејќи статистиката на ХалкЕко кажува дека во изминативе нешто помалку од 4 години колку што е во ...

Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува нова значајна докапитализација и изразена поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција. Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое е одобрена XХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Односно, Халкбанка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална ...

Со цел проширување на својот тим, Стопанска Банка АД Скопје објавува оглас за следната работна позиција Дилер на финансиски пазари, Сектор за средства и ликвидност. Работното место опфаќа: Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации: Лични карактеристики: Кандидатите кои имаат претходно работно искуство со тргување на финансиски инструменти или поседуваат ACI Dealing Certificate ќе се смета дека имаат предност при вработувањето. ...

Колкави се разликите во каматите за штедење во различни банки? За една година може да заработите минимални 3.300 денари, но вашата заработка може да достигне и 23.171 денар! Повеќе од сигурно е дека штедењето станува исплатлива инвестиција затоа што каматните стапки од почетокот на годината значително се зголемија. Факт е дека сите банки во земјава ги зголемија каматните стапки за штедење во денари и во евра, но сепак постојат големи разлики ...

Пандемијата и периодот по неа донесоа бројни предизвици, но банкарскиот сектор ја задржа и дополнително ја зајакна стабилноста во работењето. Во согласност со најновите податоци, ликвидноста на банките е на задоволително ниво, солвентноста бележи подобрување и е највисока во последните шеснаесетина години, додека квалитетот на кредитното портфолио се задржа, со ниска стапка на нефункционални кредити. Ова беше истакнато на средбата помеѓу ...

Стопанска банка АД – Скопје ги објави финансиските извештаи за првата половина од 2023 година со што покажа во континуитет остварување на солидни резултати во сите аспекти во работењето. Приходите од основната дејност се зголемени за 25% во однос на истиот период во 2022 година, како резултат на порастот на нето каматните приходи и водени од органскиот пораст на кредитното портфолио од 3%, како и зголемената високо–ликвидна актива, дополнително ...

Комерцијална банка АД Скопје, согласно Правилата за котација, објави известување кое е поврзано со ценовно чувствителна информација. “Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-н Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и Член на Управниот одбор, се стекна со 120 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.” – се вели во објавата. Согласно пресметките на Банкарство, просечната вредност по акција на ден 01.08.2023 ...

Народната банка на Република Северна Македонија до 30 јуни 2026 година треба да изработи план за решавање на секоја банка во земјава со цел нејзино спасување доколку се соочи со проблеми во работењето. Дотогаш ќе треба да ги донесе и првите одлуки за потребното ниво на минимална стапка на сопствени средства и дозволени обврски за секоја банка. Банките, пак, имаат обврска да ги исполнат минималните стапки наложени од НБРСМ до 1 јануари 2031 ...

Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована ...

Стекнувањето високо образование најчесто може да претставува значителен финансиски товар. Затоа, секоја можна бенефиција за идните академски граѓани, треба да се препознае и искористи со цел да се добие позитивно влијание врз овој нивен образовен пат. Како банка што постојано води грижа за потребите и барањата на различните категории граѓани, Халкбанк го креираше специјалниот студентски пакет на производи наречен „За чиста 10-ка“, овојпат ...

Во периодот од 1.1.2023 до 30.6.2023 година, ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2023 година. Во анализираниот период, во услови на изразена економска и енергетска криза, динамичен пазар и силна конкуренција, применувајќи го одржливиот, ефикасен и традиционален деловен модел, ТТК Банка АД Скопје генерираше позитивен ...

Европската централна банка е подготвена повторно да ги зголеми стапките, а пазарните аналитичари се сигурни дека оваа институција се приближува до врвот и покрај тоа што инфлацијата останува упорно висока. ЕЦБ повеќе од веројатно ќе ја доведе својата главна каматна стапка (нејзината депозитна стапка) на 3,75%, бидејќи економските показатели укажуваат на забавување на реалната економија и пад на побарувачката за кредити на рекордно ниско ниво. ...

НЛБ Банка забележа успешни деловни перформанси во првото полугодие од годинава, покажува анализата на финасиските резултати на Банката. Работејќи согласно усвоената Деловна политика за 2023 година, во првите шест месеци, НЛБ Банка испорача значајна кредитна поддршка на населението и бизнис секторот, давајќи придонес во економијата на државата, и уште еднаш потврдувајќи ја својата позиција на системски значајна Банка со висок пазарен удел во ...

Стопанска банка а.д. Битола е една од банките со најдолга традиција на македонскиот пазар која прославува јубилејни 75 години постоење. Со текот на годините оваа домашна банка докажа дека нејзината визија за квалитетна банкарска услуга е остварлива и доверлива. По повод овој голем јубилеј, Стопанска банка а.д. Битола нуди повеќе промотивни поволности за различни групи на клиенти. Дел од поволностите се однесуваат на физички лица кои оваа година ...

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се заклучува дека во текот на вториот квартал, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, додека Народната банка за стабилизација на инфлацијата и на инфлациските очекувања ја затегна монетарната политика, но презеде и други мерки, во склад со останатите централни банки. Во однос на остварувањата, растот ...

Банките ќе мора да бидат солидарни и да ја спасуваат секоја банка во земјава што ќе се соочи со проблеми во работењето кои се закана за нејзиниот опстанок. Ова го предвидува новиот Закон за решавање на банки, кој како предлог доаѓа од Министерството за финансии, а е изработен во соработка со Народната банка и со домашни и меѓународни експерти. Новото законско решение налага финансирање нова финансиска институција во земјава, а тоа е Фонд за ...

Во периодот од 01.01-30.06.2023 година Комерцијална банка од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 2.003,3 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.127,3 милиони денари што претставува зголемување за 77,7%. Планираната бруто-добивка за првото полугодие од годинава е остварена со 131,4%. Притоа, остварената добивка пред исправка на вредност, која ...

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека e надминат проблемот поврзан со картичните брендови VISA и MasterCard. Претходно во јавноста излезе информација дека голем дел од корисниците на платежни картички имаат проблем со редовното функционирање односно речиси сите платежни картички на сите уреди не се достапни за користење. Иако постоеше проблем со функционирањето на платежните картички од картичните брендови Visa и ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
19%
1013
weather icon

Белград

33ᴼ / 31ᴼ
5.14
32%
1018
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
39%
1020
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
23%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
3.25
14%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.45
51%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
9.26
26%
1011
weather icon

Тирана

40ᴼ / 40ᴼ
2.06
11%
1011
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.63
17%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
7.2
35%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 30ᴼ
1.34
35%
1021
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
8.75
100%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326