Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
За нашата европска интеграција, прво не треба да има никаква дилема дека наш интерес е да се најде решение за овој спор кој очигледно постои со Бугарија. Ме охрабарува што се повеќе земји членки, а и европските институции развиваат свест и до некој степен и разбирање за нашите позиции. И често ќе го слушнам моментот поврзан со прашањето за предвидливост со контрааргументот дека предвидливоста не е нешто што со сигурност може да се добие по ...
Европската комисија нема донесено одлука за суспензија на средствата од ИПАРД III програмата, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во соопштението се наведува дека на состаноците со претставниците на Европската комисија било најавено спроведување дополнителни контроли во делот на веќе завршените предмети. По завршувањето на проверките и контролите, како што се посочува, реализацијата на ИПАРД III програмата ќе ...
Следната недела треба да се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која се очекува да стане збор и за минималната плата. Од Владата остануваат на ставот дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, а бизнис секторот се надева дека ќе биде прифатен нивниот предлог за олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата. Заменик-министерот за економија и труд Марјан ...
Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“ насловена „The Economist MeetUp – The World Ahead“, која се одржа во Скопје. Како што потенцираше министерката, во услови на глобални економски и ...
Обвинителката Анита Тополова-Исајловска е именувана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Одлуката беше донесена едногласно на седницата на Советот на јавни обвинители, каде што таа беше и единствен кандидат предложен за функцијата. Тополова-Исајловска во моментов е заменик државен јавен обвинител, а нејзиното професионално искуство во обвинителството се протега повеќе од една деценија и пол. Во рамки на Јавното обвинителство, ...
Со многу емоции и носталгија – македонската рок група Меморија, покрај најавениот концрет на 25-ти месецов во МКЦ, годинава ја заокружуваат со музички времеплов – Изложба на фотографии од најзначајните моменти на групата од нејзиното постоење. Во наредните седум дена верните фанови на Меморија ќе можат да се вратат низ времето. Изложбата ги открива ретките и култни настани од повеќе од четири деценискиот музички пат – од првите проби и ...
Со засилена динамика продолжуваат да се изведуваат градежните зафати на автопатот Охрид – Кичево. За првпат во Македонија, но и во поширокиот регион, на оваа траса се применуваат напредни градежни решенија за стабилизација на теренот, со цел автопатот целосно да се доизгради и да се стави во функција како безбедно сообраќајно решение. Денеска увид во градежните активности извршија министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ...
Владата утре ќе одлучува дали ќе прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Државните електрани го побараа ова со писмо до Владата поради отежнатата набавка на енергенси како последица на секојдневните блокади на грчките земјоделци. Министерката за енергетика Сања Божиновска уверува дека нема да има проблеми во снабдувањето со енергенси. Доколку РЕК Битола не може да се снабди, односно да го доведе мазутот до македонска територија, ќе се ...
Иста работа, а различна плата – оваа неправда мора да престане. Унифициран колективен договор со кој лекарите ќе имаат иста почетна нето плата без разлика дали работат во Скопје или во внатрешноста, итно запирање на одливот на здравствен кадар и реално зголемување на платите – ова се клучните барања на Независниот синдикат на здравствени работници, кои ги ставиле на маса во Министерството за здравство. Од страна на министерот Азир Алиу, тие ...
Македонија не планира испраќање војници во Украина. Таква одлука ниту била разгледувана, ниту се зема предвид, дециден е министерот за одбрана Владо Мисајловски по изјавите на шефот на НАТО, Марк Руте дека неколку европски земји се подготвени да испратат свои војници во Украина за да помогнат во одржувањето на мирот. Според Мисајловски, Армијата останува фокусирана на модернизацијата и исполнувањето на обврските во рамките на сојузништвата. ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата не е против зголемување на минималната плата и оти нејзината заложба е платите да растат и трудот да биде соодветно вреднуван. Но, како што истакнува, цврсто се убедени дека таквото зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности. -Денешната седница на Економско-социјалниот ...
Изградба на енергетски објекти со вкупна моќност од 1.265 мегавати, предвидува годишниот план за 2025-та, што е околу 1,4 милијарди евра инвестиции, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. Како што информира Божиновска на брифинг со новинарите, од овие 1.265 мегавати, хидроцентрали се 15, фотонапонски се 812, ветерни се 426 и уште 11 се за биомаса. Во финална фаза е прегледувањето на сите документи. -Првпат имаме и ...
Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп која опфати смена на околу 30 амбасадори на САД. – Длабоко сме и благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи, се ...
По отварањето на конзултатот на Република Албанија во Струга, се очекува наредната година да се отвори наш конзулат во Корча, а разговараме и за поврзувањето во различни други области, за добрососедството и за размената на различни проекти, истакна на денешната заедничка прес-конференција министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски со неговата албанска колешка, односно министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, ...
Филип Андов – Сокол поранешен советник на Зоран Заев и поранешен директор на затворот во Шутка, и Агрон Демири, коносител во 6та ИЕ на последните парламентарни избори, се новите лица на СДСM и Филипче, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Филип Андов, човек со кривична пријава и активен судски случај е дел од раководството на Филипче. Познат по тоа што ...
Кадрите на СДСM и ДУИ во ЕСМ снабдување со топлина, фатени во криминал тежок неколку милиони евра. СДСM и ДУИ се однесуваа кон институциите како да се нивна приватна фирма. Тендер вреден 8 милиони евра завршил во фирма договорена од Бујар Дардишта, кадар на ДУИ, а именуван од СДСM, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Откако го договориле тендерот, потоа директорот заедно со уште 32 лица, испрале ...
Од утре до кон крајот на денот и во наредните два дена под влијание на нов влажен воздушен бран земјава ќе биде зафатена од повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Синоптичарите најавуваат дека на одредени места може да наврнат и над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од пет до 10 сантиметри. Поради спуштање на постуден воздух од север, ...
УНИЦЕФ го поздравува неодамнешното усвојување на сеопфатни протоколи насочени кон подобрување на квалитетот на воздухот во училиштата, како и јасни препораки за акција во услови на зголемено загадување на воздухот. Прифаќањето на овие препораки следи по неодамнешното усогласување на националниот индекс за квалитет на воздухот со Европскиот индекс за квалитет на воздухот и доаѓа во критично време, бидејќи нивото на загадување на воздухот во ...
Намалена видливост поради појава на магла до 30 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 25 до 30 метри на патниот правец село Гајре – Попова Шапка и од 100 до 150 метри на патниот правец Тетово – Гостивар. Како што информираат од АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Унифициран колективен договор според кој ќе биде иста почетната нето плата на докторите од другите градови и од Скопје, запирање на дефицитот на здравствениот кадар кој од внатрешноста доаѓа во Скопје, како и зголемувањето на платите на вработените во здравствениот сектор, се барањата на Независниот синдикат на здравствените работници. За овие барања, претседателот на Синдикатот Боби Бојчевски, денеска разговарал со министерот за здравство ...
Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот. Тој појасни дека се работи за надоместување на штети што земјоделците ги претрпеле од мраз оваа година и од врнежи од град, минатата година. -Овие средства се наменети за обештетување на земјоделците кои претрпеа штети. По целосна ...
Попладнево од 18 часот по грчко време (17 часот по македонско) граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, ќе бидат затворени на четири односно шест часа, поради блокадите на грчките земјоделци. Според грчката новинска агенција АНА-МПА во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај за ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешниот годишен брифинг со акредитираните одбранбени аташеа најави дека 2026 ќе биде година на забрзана модернизација и значително зајакнување на одбранбените капацитети. Тој оцени дека Армијата во изминатата година напредувала со забрзано темпо во интероперабилноста, обуката и опремувањето, а дека државата влегува во период со јасно дефинирани цели, стабилно финансирање и засилени инвестиции за ...
Финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем и натаму покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Овие оцени беа дадени на седницата на Комитетот за финансиска стабилност, одржана во Народната банка, на која присуствуваа Трајко Славески, гувернер на Народната банка, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии, Бујаре Абази, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, Ремзи Бајрами, ...
Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух. 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, тендери од 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, милионски износи за фирма на студентот на Мицкоски. Дури и по европските пари посегна власта за што ЕУ ја суспендираше ИПАРД 3 програмата, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Наместо инвестиции во мерки и политики за намалување на ...
СДСM и ДУИ одамна се познати по тендерските мрежи за нивното седумгодишно владеење, поточно за воспоставување на систем на однапред договорени тендери и контролирана конкуренција. Во 2023 година, преку организирана и добро осмислена шема во ЕСМ, во 2023 година биле испрани околу 2 милиони евра, преку наместен јавен тендер во вкупна вредност од 8 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо јавната набавка да биде ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во нашата земја во прва официјална посета. Муцунски и Споропали ќе остварат средба на која ќе се разговара за актуелните политички состојби во двете земји, билатералните односи и соработката, како и за можностите за нивно понатамошно унапредување во ...
Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на Град Скопје, денеска, ќе организира показна вежба на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што стои во соопштението на Црвениот крст, настанот ќе се одржи по осми пат под наслов „Да подариме насмевка“, каде членовите на тимот ќе бидат маскирани во костими на омилените суперхерои од цртаните филмови, ќе се ...
Советот на јавни обвинители денеска треба да одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка, откако минатонеделната седница на чиј дневен ред беше ставен изборот на заменик на Коцевски до изборот на нов државен јавен обвинител беше одложена поради отсутво на еден од членовите на Советот. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, минатата недела на 17 декември си ...
Во Собранието денеска треба да заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да го разгледа Предлог закон за Судскиот совет на Македонија, во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди, ...