
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николовски, учествуваше на важен состанок со раководството на УНЕСКО во Париз, посветен на заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро. Во својата изјава, Николовски истакна дека овие прашања мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга. „Морам да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ...
Во мирување е работниот однос на полициските службеници инволвирани во истрагата за трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврдува дека нивниот статус е замрзнат сè додека трае постапката и оти тие се иземени од тековните работни обврски во МВР. „Јавното обвинителство е оној орган кој е надлежен да постапува во овој дел од истрагата. Истрагата во оној дел за полициските службеници кој што ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се сретна со бугарскиот премиер Росен Жељазков. Изненадена е од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со Жељазков. Имав пријатен ...
Доналд Трамп го спореди американскиот напад врз Иран со одлуката на САД да се фрлаат атомски бомби во Јапонија на крајот на Втората светска војна. „Нели бевме успешни со нашиот погодок? Тоа ја заврши војната. Не сакам да ги користам примерите со Хирошима и Нагасаки, но тоа во суштина беше истата работа која ја заврши војната. Ако не го направевме тоа сега, тие и натаму ќе војуваа“, кажа Трамп на Самитот на НАТО во Хаг. Во своето воведно обраќање ...
По обелоденувањето на неодамнешните фрапантни откритија од извесни ревизорски куќи дека во изминатите години се набавувале медицински апарати за милионски суми кои завршувале во болничките подруми, новите менаџери во болниците ширум земјава, сега коренито ја менуваат тактиката за набавка. Според нив, за добивање квалитетни здравствени услуги, освен опременоста, многу битен фактор се и кадровските можности на установите, односно обученоста на ...
Вечерва свечено отворање на комплексот „Македонско село“. Со почеток во 19 часот и 30 минути, овој значаен локалитет за Скопје и Македонија повторно ќе прерасне во средиште на културната интеракција, наследството, изворната архитектура и туристичката понуда на државата. Македонско село претставува одредиште за локални и меѓународни посетители, за ученици и академци, за творци и научници, за сите оние кои сакаат да ја доживеат душата на ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски се наоѓа на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија. -На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни ...
Собранието денеска ги усвои измените на Законот за царинската тарифа, со што се врши намалување на царинските стапки за 67 стоки, претежно суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија. Истовремено, се укинуваат царинските давачки за увоз на стоки со потекло од Соединетите Американски Држави. Овие измени се дел од реализацијата на програмата за работа на Владата 2024–2028, која предвидува постепена хармонизација на ...
Сега, наместо да понудат искрен пресврт и самокритичност, тие повторно се обидуваат да го префарбаат старото лице – овојпат преку Александар Трајановски. Ни го нудат како „свежо лице“, а зад него стојат истите луѓе кои ја закопаа Македонија во корупција, урбан хаос и национално понижување: Зоран Заев, архитектот на сите отстапки, промашени политики и длабока политичка демотивација на народот и неговата продолжена рака, Венко Филипче – симболите ...
Летната жега и оваа сезона им го помати умот на угостителите во туристички Охрид кои до небо ги кренаа цените на услугите, па така едно кафе чини од 2,5 до 3 евра. Што значи за туристите не се изгор само високите температури,туку и цените,посебно за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Дека Охрид,е туристичка стапица посебно за домашните гости се согласуваат и функциониерите.Заменик министерот за економија Марјан Ристески,упати апел до ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска најави дека на 5 јули се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот „уан стоп шоп“ со Србија. Вчера помина завршната ратификација на договорот и во тек е фазата на тестирање на системот. -Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот кој што претходно го потпишавме со мојот колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5-ти наредниот месец, ќе имаме официјално ...
Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забележаниот раст на туризмот во Македонија за 20 проценти, како и за тоа на што се должи растот и кои се очекувањата на Владата, изјави: „Да, тоа е добар податок во првите четири месеци од оваа година. Добар податок во смисла на тоа дека повеќе од 20% имаме и туристи и ноќевања. Тоа значи повеќе пари, за граѓаните кои што нудат услуга на ...
Денес заедно со премиерот Мицкоски ја посетивме Клиниката за детски болести по повод завршување на 11 значајни инфраструктурни и медицински проекти, насочени кон подобрување на условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти. – За да биде здравството поблиску до граѓаните има три столба коишто директорот денес ни ги претстави – инфраструктура, добри технологии во работата и добро обучени доктори. Голема благодарност до директорот Мемеди ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на НАТО самитот во Хаг, оствари средби со претседателот на Чешка, Петр Павел, премиерот на Република Естонија, Кристен Михал и со премиерот на Кралството Белгија, Барт де Вевер. На средбите соговорниците изразија задоволство од одличната билатерална соработка и партнерство во различни области и поддршка за евроинтегративниот пат на државава. Заблагодарувајќи му се на претседателот Петр ...
Делегација на Европската унија, предводена од евроамбасадрот Михалис Рокас, денеска беше во официјална посета на Општина Кочани, при што се сретна со в.д градоначалникот Венко Крстевски На средбата беа споделени информации за актуелната ситуација во општината, како и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и вработените во институциите. -Ги претставивме можностите и потенцијалите за развој на градот, со акцент на младите кои ќе бидат едни ...
Министерството за економија и труд ја известува јавноста дека согласно усвоената Информација за спроведување на мерки од Фаза 3 на Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението (2025 – 2030), активно ги координира и имплементира препораките за заштита на работниците и подобрување на работните услови во летниот период. Во услови на екстремни топлотни бранови, Министерството ги повикува сите ...
Лани почна имплементација на најголемиот инфраструктурен проект – подобрување и реновирање на системот за водоснабдување и канализација во 80 општини во земјата. Исто така, во Скопје се гради еден од најголемите и најважни проекти на деценијата во оваа област, тоа е станица за пречистување на отпадни води, во тек е процесот за усвојување на новиот Закон за воздух и обезбедени се шест еколошки автобуси, информира денеска на прес-конференција ...
На 25.06.2025 во 07.20 часот на булевар „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Н.К.(47) од село Долни Дисан, неготинско. -При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „ауди“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,46 промили алкохол во крвта, информира МВР. Н.К. е задржан во полициска ...
Агенција за храна и ветеринарство информира дека порастот на температурите, кој неделава според најавите на синоптичарите во одредени региони ќе го надмине четириесеттиот степен ги зголемува и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Од Агенцијата велат дека е неопходно да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. -За да се спречи евентуална појава на труење со храна кај ...
Денеска во посета на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје беа премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерот за здравство Азир Алиу. -Издазувам благодарност бидејќи се грижат за овој објект, бидејќи во овој објект се грижат за здравјете на најмладите, изјави Мицкоски. На новинарско прашање што ќе донесе британскиот договор за македонското здравство, ...
Најпрвин ќе ми дозволите да му честитам на директорот, на медицинскиот персонал на оваа клиника, на директорот на Фондот за здравство, на сите оние коишто изминативе месеци допринесоа да се случат овие 11 чекори, за коишто претходно директорот нè запозна. И во една неформална дискусија разговаравме и си кажавме дека некогаш треба работите за малку пари да ги движиме, за да изгледаат добро. А некогаш не се ни потребни пари за да земете и го ...
На покана на Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во рамки на првиот ден од самитот, министерот Муцунски присуствуваше на работната вечера на земјите членки на НАТО, во формат Совет НАТО–Украина, на која учествуваа и украинскиот ...
По една година од преземањето на одговорноста за водење на владата, ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски започнуваат голема акција на јавна отчетност и отворена комуникација со граѓаните – трибини низ цела Македонија под слоганот: „Ги градиме темелите на промените – доаѓа времето на Македонија“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. -Оваа иницијатива е израз на нашата определба за транспарентно, ...
Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани. Венко Филипче има за цел да ја дестабилизира состојбата во Кочани и со создавање на хаос да добие некој ситен политички поен, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Тепачот советник Аки Акиов делувал по налог на Заев и Филипче, и затоа нема ни збор од СДСМ во насока на негова оставка. СДСМ и Филипче сакаат односот на Акиов да се ...
Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета на Деткста клиника во Скопје. Претседателот на македонската влада посочи дека Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија за произнесување, а потоа и во Собранието за донесување. – Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со директорот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) Лимко Бејзароски. На средбата разговарале за зацврстување на меѓуинституционалната соработка. Во рамки на средбата се разговарало за имплементацијата на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Министерството и Комисијата, со акцент на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на ...
Во мирување им е работниот однос на полициските службеници кои беа опфатени со истрагата за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. – Јавното обвинителство е органот којшто е надлежен да постапува во овој дел, а истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал сѐ ...
Соопштение на ВЛЕН „По децении празни ветувања, одложувања и манипулации, вчера беше историски ден за еднаквоста и правдата во Македонија. Владата го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, фундаментален акт што гарантира уставното спроведување на принципот на правична застапеност во државните институции. Овој закон претставува конкретен и обврзувачки чекор кој за прв пат воспоставува јасна и извршителна нормативна основа за уставниот ...
Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев се осудени на единствена казна доживотен затвор за грабнување и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За кривичното дело грабнување, сите се осудени на 10 години затворска казна, а за стореното убиство на сите им е изречен доживотен затвор. Единствената изречена казна за сите обвинети е доживотен затвор, во која им се засметува времето поминато во притвор. Пресудата беше ...
Таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски е ослободен од обвинениет. Судот пресуди дека обвинителството не докажало, надвор од разумно сомневање, дека тој со умисла им помогнал на обвинетите за грабнување на неговата ќерка. Трошоците за судската постапка против него се на товар на државниот буџет. За убиствата на Вања и Панче Жежовски, судот на доживотен затвор ги осуди Палевски, Манев, Кешишев и Видевски. Повеќе за тоа тука. ...