
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Поранешниот претседател Џо Бајден треба да присуствува на погребот на папата Франциск во сабота во Ватикан, според повеќе извори запознаени со неговите планови, објави Си-Би-Ес њуз. Бајден одржуваше блиски работни и лични односи со папата Франциск уште од посетата на покојниот папа на САД во 2015 година. „Иако конечните детали сè уште не се утврдени, Бајден има намера да присуствува“, велат изворите. Папата Франциск го започна својот понтификат ...
На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа. – Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија, појаснуваат од клиниката. Додаваат дека во текот на денот ...
На 24.04.2025 околу 23.30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.К.(29) од Република Грција затоа што при гранична контрола и преглед во возилото со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени повеќе разновидни пиротехнички средства, информира МВР. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ...
Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“. -Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, ...
Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство денеска започна со исплата на субвенции за произведениот тутун од последната реколта. Како што информира министерот Цветан Трипуновски, на сметките на 14.502 тутунари ќе бидат префрлени вкупно 2.404.561.224 денари, што претставува речиси 40 милиони евра. „Тутунарите заслужено ги добиваат овие средства за нивниот труд. Со ова покажуваме дека државата стои зад македонскиот земјоделец“, ...
За целосно спроведување на одредбите од Законот за нефер трговски практики, се засилуваат капацитетите на КЗК. Со борбата против корупцијата не се занимаваме за да импровизираме. Ако се докаже картелското здружување, тогаш ќе има и казни, тврди премиерот Христијан Мицкоски кој гостуваше во поткастот „Каде се парите?“ и зборуваше на повеќе теми, меѓу кои беше прашан и за случајот со четирите големи синџири маркети и ССК, за што Комисијата за ...
„На локално ниво, општините предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ активно вложуваат во младиот кадар преку изградба на градинки, реновирање на училишта, стипендирање спортисти и финансиска поддршка за млади брачни парови“, заклучи Ристески. „Се надевам дека ќе имаме измени и дополнувања кои ќе ги унапредат правата и можностите на младите. Главната цел е нивна поголема вклученост во политичките процеси и донесувањето одлуки што директно ги ...
Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудицирам, но како и да е, во секој случај Собранието сега е тоа коешто ги избира кандидатите за членови на комисијата, мислам дека треба да го зајакне својот надзор врз работењето на овие независни тела – рече Ивановска. Собранието е институцијата која ги избира членовите во Државната комисија за спречување корупција, и очигледно тоа треба да спроведува поголем ...
Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови. На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа. – Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес оствари работна посета на Општина Битола, каде што оствари средба со градоначалничкот Тони Коњановски, но и ги посети канцелариите на Центарот за услуги (ЕТУ) во Битола. Главна тема на посетата беше унапредувањето на процесот на дигитализација на општинските услуги и интегрирањето на локалните институции преку националната платформа за интероперабилност. На средбата со ...
Економските и политичките односи меѓу Македонија и Обединетото Кралство се на исклучително високо ниво, двете земји го негуваат стратешкото партнерство. Ова беше заклучено на средбата на вицепремиерот Александар Николоски со министерот за Европа и Северна Америка Стивен Даути во Лондон. Вицепремиерот Николоски на средбата посебен акцент ставил на економијата. Тој вели дека инвестициските проекти поттикнуваат раст и развој на нашата држава но и ...
Трагедијата во Кочани прва тема на седницата за пратенички прашања. Опозицијата обвинува за наводна селективна правда и прашува зошто ниту еден функционер не поднел оставка од морални причини. Им реплицираше лично премиерот – дециден дека никој не е над законот и дека дел од истрагата се луѓе кои се и од актуелната владејачка гарнитура, нешто што било незамисливо во времето на СДСМ и ДУИ. Обвинувањата на истрагата се на погрешна адреса- ...
Актуелната претседателка на Антикорупциската Комисија, Татјана Димитровска остана без пасош како осомничена за вмешаност во случајот Адитив. Заедно со уште двајца други беше спроведена пред судија на претходна постапка во скопски Кривичен, кој го прифати барање на ОЈО за ГОКК таа добие и забрана во одреден дел од работата кои се поврзани со кривичното дело. Се наведува во соопштението на Кривичен суд Во однос на осомничената Т.Д. која доцна ...
Залагањето на оваа Влада да донесе што повеќе инвестиции во ТИР-зоните во земјава, со единствена цел раздвижување и развој на домашната економија, останува како еден од главните приоритети. Во таа насока се и активностите за подобрување на условите кои што постојано се надоградуваат во Технолошко-индустриските развојни зони, вклучувајќи го државното субвенционирање на идните бизниси, како и инфраструктурното уредување на зоните, уверува ...
„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен косовски државјанин за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 април веднаш по полноќ, на граничниот премин Долно Блаце при влез во државава, употребил како вистински лажни исправи – италијанска лична карта и италијанска возачка дозвола. Бил задржан кога на ...
Посетата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) беше извонредно успешна, а македонската делегација беше пречекана на високо ниво во Абу Даби. За време на посетата, премиерот Христијан Мицкоски имаше 75 до 80-минутен разговор со претседателот и главниот емир на ОАЕ, кој требаше да трае само 20 минути. Разговарано беше за геополитички теми, како и за можностите за странски инвестиции. Мицкоски денеска одговараше на прашањата на пратеничката Бети ...
Околу 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда одигран пред осум дена на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Според извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, откако ќе заврши процедурата парите преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени кај семејствата од настраданите од големиот пожар во Кочани. Првиот оперативец на најторфејнито македонски фудбалски клуб искажа благодарност за гостите од ...
Владата преговара за инвестиции во вредност од 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, инвестициски бран во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и пруги и ски центри. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски. “Во периодот кој што следи убеден сум дека успешно ќе испреговараме и ќе заокружиме инвестициски план помеѓу 5 и 6 милијарда евра кои што ќе се случат во Македонија. И ...
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, е најлошата и најнефункционална Влада до сега во Македонија. Ова е констатација на СДСМ, која ја поткрепуваат со тврдење, дека системот наводно се распаѓал а власта се бави само со внатрекоалициски несогласувања велат од СДСМ. На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија велат дека ако некој во Македонија бил во целосен распад тоа биле СДСМ на чело со Филипче кој му слугувал на Заев. „СДСм има ...
Владата преговара за инвестиции во вредност од 5 до 6 милијарди евра за капитални проекти во локални, регионални и експресни патишта, во здравството за изградба на клинички центри и болници, како и во пруги и во ски центри, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека по финиширање на преговорите ќе има состанок со Стопанските комори околу капацитетот проектите да се реализираат. Во следните два месеци ќе биде и официјално објавено со кој ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој овие два дена е во посета на Обединетото Кралство, има значајни средби на кои се разговара за продлабочување на односите, зголемување на трговската размена и инвестициите, пред се во делот на инфраструктурата. Тој синоќа оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно-кредитната агенција на Обединетото Кралство, со кого разговарале за економската соработка меѓу двете ...
Реформската агенда е одлична основа за успешен и брз пат кон Европската Унија. Документот кој Владата го подготви минатата година е она што Македонија треба да го исполни со цел напредок во евроинтеграциите. Амбасадорката на Шведска Ами Ларсон Џаин, вели дека реофрмите ќе и помогнат на државава да се приближи кон Унијата, а доколку исполнувањето оди според очекувањата, вели Македонија за краток период откако ќе ги отвори преговорите би требало ...
А министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска е во Вашингтон на пролетните средби на ММФ и Светска Банка. „Состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварување на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата се дел од пораките што таа ќе ги пренесе на таму“ велат од Министерството. „Важно е да одржуваме редовни состаноци, затоа што на почетокот на ...
Доктори специјалисти, матични лекари и службеници од Клиниките од Скопје и Општата болница Велес здружени во две групи направиле шема за фалсификување на дијагнози за добивање на финансиска помош за туѓа нега и инвалидски пензи, информира Обвинителството за организиран криминал. Едната група се создала на Клиниката за неврологија во Скопје. На почетокот биле тројца службеници. На групата им се прикличиле уште деветмина, од кои двајца ...
Нов инвестициски бум на локалните власти. Ќе се градат патишта, водоводи, пречистителни станици, училишта, спортски сали. Вкупно 450 барања поднеле 63 општини за реализација на инфраструктурни проекти на вториот јавен повик на Министерството за локална самоуправа. 36 општини аплицирале со проекти во максимална вредност на парите што им следуваат согласно формулата по глава на жител. 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до ...
Три обиди за самоубиство кај деца имало лани поради страв, вознемиреност, гнев. Годинава само во првото тримесечије има пет такви случаи. Загрижувачки податоци сподели Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Малолетниците кои помислиле да си го одземат својот живот, побарале помош преку линијата „Ало Бушавко“. Главни причини за ваквите состојби на децата се нарушени односи меѓу родителите, особено по разводот, булингот или тензии меѓу ученици ...
Тензично, но мирно е во Источно Сараево по обидот за апсење на Милорад Додик од припадниците на Државната агенција за истрага и заштита. Специјални сили на МВР на Република Српска, опремени со долги цевки, ја обезбедуваат зградата на Владата на Република Српска. Според Судот на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, заедно со Ненад Стевандиќ и Радован Вишковиќ, се осомничени за напад на уставниот поредок на БиХ. СИПА дејствуваше по судска наредба, ...
По првиот силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер, кој вчера го погоди турското подрачје во близина на Мраморното море, регистрирани се уште 127 последователни земјотреси, од кои најсилниот бил 5,9 степени, потврди турскиот министер за внатрешни работи. Според информациите од Министерството за здравство, повредени се вкупно 236 лица, најголем дел од нив во Истанбул. Повеќето луѓе се повредиле скокајќи од високи објекти во паника. ...
Во фокусот на светската јавност е и смртта на папата Франциск и подготовките за неговиот погреб во сабота, на кој се очекува присуство на околу двесте илјади луѓе. Огромен е бројот на верници од целиот свет кои чекаат да се простат од него во базиликата Свети Петар, каде што неговото тело е изложено за време на тридневна жалост. Телото на папата Франциско беше пренесено од капелата Света Марта во базиликата Свети Петар, каде верниците со часови ...