Тензиите на Блискиот Исток добија нова димензија откако Иран изврши ракетни напади врз американски воени бази во Катар и Ирак. Нападите се случија во доцните вечерни часови, а според првичните информации, истрелани биле повеќе ракети — најмалку десет кон цели во Катар и една во Ирак. Силен одек на експлозии бил забележан во главниот град Доха, како и во Луаил — индустрискиот и воен центар во северниот дел на Катар. Американски извори велат дека ...

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“. Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија. -Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно бил цел на неуспешен обид за атентат, а овојпат во планот бил вклучен полски воен пензионер, кој уште одамна бил регрутиран од Советскиот Сојуз. Ова го соопшти генерал-потполковник Васил Маљук, директор на Безбедносната служба на Украина (СБУ), на затворен брифинг за украинските медиуми, на кој детално го објасни планот што бил осуетен со заедничка акција на украинската СБУ и полската ...

Утре во Хаг започнува дводневниот НАТО самит, а сè уште нема официјална потврда од Бугарија дали на маргините на настанот ќе се одржи средба меѓу претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и бугарскиот премиер Росен Жељазков. Средбата, доколку се случи, би се одвивала во сенка на дебатите во Хаг, каде што лидерите на земјите-членки, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, ќе разговараат за зголемување на трошоците за ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани отпатува во Брисел по повод потпишување на Меѓународната спогодба за учество на Македонија во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“ (Citizens, Equality, Right and Values – CERV), соопштија од Министерството. Програмата „Граѓани, еднаквост, права и вредности“, појаснуваат од Министерството, нуди структурна поддршка за подобрување на заштитата на ...

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци. Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на оштетениот и започнале да му се закануваат поради претходна ...

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, информираат од УХМР. Особено топло се очекува од среда до петок, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на места ќе достигне до 40°C. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот, кога ќе дува умерен до ...

Уште четворица македонски државјани – мајка со три деца – утре ќе бидат евакуирани од Израел со лет од Тел Авив до Атина, информира Министерството за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку Министерството за транспорт на Израел, во рамките на организираните летови кои се користат за евакуација на ...

Предлог-законот на СДСМ за помош на настраданите во катастрофалниот пожар во Кочани заглави во партиска расправија на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Опозициските пратеници побараа оваа точка да биде прва на дневниот ред, но претседавачката од ВМРО-ДПМНЕ не го дозволи тоа. Пратеникот Оливер Спасовски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со, како што ги нарече, „акробации“ во Собранието, го блокира носењето на законот: „ВМРО-ДПМНЕ не сака ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со претставници на Програмата за развој на трговското право при Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави (CLDP) и на Амбасадата на САД во Македонија, на која што беше истакната заедничката заложба за унапредување на правната рамка и подобрување на инвестициската клима во Македонија, соопштија од Министерството. Во рамки на средбата било потенцирано дека ...

На покана на Генералниот секретар на НАТО, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на Самитот на НАТО во Хаг, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На првиот ден, министерот Муцунски ќе учествува на работната вечера во форматот Совет НАТО–Украина, заедно со министрите за надворешни работи на земјите членки, украинскиот министер Андреј ...

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи за очекувани повисоки максимални дневни температури од утре до 27 јуни, Институтот за јавно здравје попладнево повика на почитување на мерките на заштита на здравјето на општата популација и на ранливите групи на население во услови на високи амбиентни температури. – Покрај другите, за ранливи категории на луѓе се сметаат лицата кои работат во надворешни услови и се повеќе изложени на ...

Во Македонија има двојно помалку пожарникари од законски пропишаното – само 400, иако потребни се минимум 800, или по еден пожарникар на секои 1.500 жители. Освен недостигот на кадри, државата нема национален тренинг-центар за обука, а опремата е застарена и неунифицирана. Општините не можат сами да се справуваат со пожари посебно со сложени интервенции. „Само како пример ќе ви го спомнам случајот што ни се случуваше во неколку општини ...

Израелската армија нападна шест аеродроми во Иран, уништувајќи 15 авиони. Во денешните воздушни напади врз иранската престолнина погодени се и седиштето на паравоената организација Басиџ, познатиот затвор Евин, како и споменикот-часовник познат под името „Уништување на Израел“. Само ден претходно, израелската армија објави дека погодила складишта за ракети земја-земја во близина на градот Јазд, во централниот дел на Иран, оддалечен околу 2.200 ...

Биткоинoт падна под 100.000 долари за првпат од мај, а етер нагло се намали, откако претседателот Доналд Трамп изјави дека американски бомбардери ги нападнале трите главни нуклеарни постројки на Иран. Најголемата криптовалута по нападите падна до 98.904 долари, што е намалување од 3,8 отсто, до 12:05 часот по локално време во Њујорк. Етер, вториот по големина токен, се намали за 10 отсто до околу 2.157 долари, што е најниско ниво во текот на ...

Во изминатите седум дена сведоци сме на три корекции на цените на горивата. За жал, тие се движат нагоре и, судејќи според ситуацијата на планетата, тие уште ќе растат. Од полноќ ќе плаќаме поскапо за 1,5 денари по литар за бензините и еден денар повеќе за дизелот, кој, патем речено, за само седум дена, поскапе за повеќе од четири денари по литар. Тоа ќе донесе лавина од поскапувања бидејќи логистичките испораки и ланци се зависни од овој ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната 33 седница ги усвои Предлог законите за вработените во јавниот сектор, за административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници во прво читање и ги даде на понатамошна собраниска постапка. Министерот Горан Минчев во своето обраќање од говорницата ги образложи Предлог законите пред присутните членови на Комисијата. Тој рече дека промени во ...

Со силна порака за поддршка, инспирација и системски промени, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го одбележа Светскиот ден на жените инженерки – 23 Јуни, со посебен настан кој ги обедини жените од секторот: од студентки до експертки, од практикантки до професорки, од млади инженерки до докажани, влијателни жени во инженерството. Настанот се одржа во Министерството за енергетика. Присуствуваа претставнички од ...

Признавање на македонскиот идентитет и јазик, силна поддршка за евроинтеграциите, повик за забрзување на преговорите за членство во ЕУ, спроведување на обврските и имплементирање на реформите. Ова ќе бидат главните теми за дебата во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент кој ќе заседава утре. Извештајот за Македонија подготвен од известувачот Томас Вајц, кој најмалку и се допаѓа на соседна Бугарија, ќе се најде пред ...

Со изборот на Венко Филипче, Влатко Митовски да биде кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од СДСM, тие уште еднаш покажаа дека воопшто не се реформирана партија, рече на денешната прес-конференција Виктор Трпевски од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо свежи, кредибилни и професионални кадри, СДСM продолжува да нуди стари, потрошени личности кои одамна се синоним за криминал, корупција, лажни ветувања и, пред сè, неработење. СДСM сака да ја врати Гази ...

Во моментов Министерството за економија и труд и сите останати министерства и државни институции работат на промена на постојните нормативи во вид на закони и правилници за работа со кои ќе се воведат построги и повисоки стандарди за заштита и безбедност за сите физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност. Ќе се зголеми координацијата меѓу институциите и ќе се зајакнат контролите и механизмите на државата, истакна ...

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ „Срамно е СДСM да говори за земјоделците, тони овошје и зеленчук беа исфрлани по улиците од страна на земјоделците поради неспособноста на тогашните власти. Сведоци бевме на секојдневни протести и маршови низ улиците на Градско, Росоман, Прилеп, Ресен поради тоа што СДСM немаше никаков план за помош за земјоделците. Сега, после една година од новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кога земјоделците ...

Лидерите на НАТО ќе се соберат утре на дводневен самит во Хаг, каде што се очекува да се донесе одлука за зголемување на трошоците за одбрана и безбедност на земјите-членки на Алијансата од сегашните два проценти на пет проценти од БДП. Зголемувањето би вклучувало зголемување од 3,5 проценти за одбраната и дополнителни 1,5 проценти за одржување на инфраструктурата поврзана со одбраната, како што се подобрувања на патиштата, мостовите, ...

Денеска во ФЗОМ директорот Сашо Клековски се сретрна со Шпела Керин, протетичарка од Кршко, Словенија. Таа е водечки стручњак протетичар во регионот за протези за раце и за лице (епитези), со над 25 годишно искуство. Таа ќе има работни посети на Скопје и Кочани за за да ја процени состојбата на повредените од трагедијата во Кочани. Инаку во Македонија веќе има петмина корисници на нејзините протези. Разговарано е за потребите на повредените и ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина. Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин ...

Зоран Давитков службеникот од Народна банка кој е осомничен дека наводно го зел ранецот со пиштолот на Љупчо Палевски негира вина и вмешаност во грозоморниот случај за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, дознава Алфа од судски извори. Тој пред судија на претходна постапка тврдел дека не се вистинити обвинувањата од страна на осомничениот Велибор Манев кој сведочеше за телефонскиот повик и наредбата од Палчо. Зоран Давитков ...

Една година Влада, година на придвижување напред во речиси секој сегмент. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со Вреди и ЗНАМ успеа да државата да ја застане на нозе. Она што можеби е најважно за граѓаните е што конечно има позитивни чекори напред во економијата, тоа го покажуваат и бројките. Според Државниот завод за статистика во април годинава растот на прометот во индустријата е повисок за шест проценти во однос на истиот месец ...

Купишта скандали, договори во четири очи, промена на името на државата, прифаќање на уцени од соседите, недостоинствено преговарање, голтање кнедли, понизност на патот на Македонија кон ЕУ, неказнивост на криминалци, афери со давање пасоши на нарко босови, неконзистента политика, изневерени очекувања, корупција… Листата, по што е препознатливо седумгодишното владеење на СДСМ, е долга и широка. Во време кога популарноста на опозициската партија е ...

Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè, рече на прес-конференција пратеникот Јане Мицевски. Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела. Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со ...

Министерството за внатрешни работи искочи со соопштение во ги демантираат написите на политичката партија Левица. „Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста. Имено, во однос на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
36%
1017
weather icon

Белград

36ᴼ / 33ᴼ
4.12
27%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
4.12
25%
1016
weather icon

Софија

33ᴼ / 26ᴼ
4.63
25%
1017
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.61
18%
1016
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
37%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
7.2
44%
1013
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
26%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.06
23%
1013
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 32ᴼ
4.12
27%
1017
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 36ᴼ
1.54
26%
1017
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
16.46
100%
1013
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052