
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Добра работа и успех на македонската дипломатија, вака универзитетскиот професор, екс амбасадор во САД и поранешен вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски го толкува актот со Извештајот за напредокот на Македонија во ЕП, кој ја мина првата пречка во Комитетот за надворешни работи со 40 гласа ЗА и 19 гласа ПРОТИВ. Запрашан околу опозицискиот патетичен наратив и дали гласањето на Извештајот за напредокот на Македонија во Европскиот парламент ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оцени дека преку конкретни мерки за една година Владата успеала да го врати достоинството на земјоделците и да го вреднува нивниот труд онака како што заслужуваат. – За една година Влада реализиравме голем број проекти, решивме крупни проблеми, воспоставуваме систем за соработка, изградивме партнерски однос со земјоделците и им ја вративме довербата кон ...
Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“ која ќе се одржи од 24-27 јуни во Будва. На Летната школа се очекува учество на високи дипломатски претставници од регионот, како и јавни службеници, експерти од областа на евроинтеграциите и академици кои ќе разменат искуства и мислења за актуелните предизвици на Западен Балкан на патот ...
Соопштение на коалицијата ВЛЕН „Го поздравуваме усвојувањето на законската рамка од страна на Собранието на Македонија со која, во пресрет на сезоната на летни одмори, се става во функција системот “One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце Оваа иницијатива претставува значаен напредок во модернизацијата и подобрувањето на граничните процедури за граѓаните, особено за дијаспората, која со децении се соочува со долги чекања и бројни тешкотии ...
Во овие година дена од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет и фокус на владата беше економијата. Грижа за сите граѓани и посветеност на изградба на економска визија базирана на факти, докази и долгорочно планирање, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Од економија што тоне со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ економијата почна да заздравува и да се стабилизира. Инфлацијата се стави под контрола. Од двоцифрена инфлација за време на СДСМ и ДУИ до ...
Соопштение на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „СДСM се обидува да ја продаде старата политика преку рециклираниот партиски аватар-Александар Трајановски, кој е верна сенка на Зоран Заев и Венко Филипче. Наместо вистински нов почеток, повторно гледаме ист деструктивен стар режим. Трајановски веќе беше носител на советничка листа во Аеродром, но поразен од граѓаните, а кога едвај успеа да стане советник брзо ја напушти функцијата, оставајќи ги ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток. Посебно внимание на средбата ѝ беше посветено на улогата на централните банки во ...
Американската амбасада во Скопје објави дека наскоро ќе почне повторно постапката за аплицирање за студентски визи. Како што најавија од Амбасадата, според новите правила ќе се врши темелна проверка на кандидатите, кои исто така ќе треба да ги прилагодат своите профили на социјалните мрежи така што тие да бидат јавно достапни. „Стејт департментот е посветен на заштитата на нашата нација и нашите граѓани, почитувајќи ги стандардите за национална ...
По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот. -Одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре. Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, ...
Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 57. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања. Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот. На последната седница за пратенички прашања одржана во мај, пратеникот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Фатмир Битиќи и пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче, го повикаа претседателот на Собранието Африм ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и ...
Летниот период (јули-август-септември) се очекува да биде со натпросечни температури, но и со нестабилности со локализирани врнежи. Во јули и август се очекуваат топлотни бранови, особено во втората половина од месецот, кога ќе има и поголема опасност од пожари поради фазата на созревање на вегетацијата. Веќе денеска дневните температури ќе го надминат 40-тиот степен, а во петок попладне кон сабота (27/28 јуни) се очекува нестабилност. Нова ...
Ќе направиме, почитувани прилепчани уште многу работи заедно. Свесен сум дека се живее тешко и нашата желба е тоа да го смениме. Затоа во наредниот период ќе бидат објавени две мерки, истакна премиерот Христијан Мицкоски вечерва од Прилеп. -Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, додека за здружување ...
На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој зборуваше за посветеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, за темелите на промените кои се поставуваат, како и дека граѓаните заслужуваат да имаат лица коишто ќе се грижат за нив, а воедно ги истакна и четирите реформски закони кои ќе го постават темелот на модерната дигитализација, ...
Гордана Димитриеска Кочоска, министер за финансии и потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на тема „Економски раст и дигитална трансформација“. Таа истакна дека по преземањето на Министерството за финансии бил затекнат катастрофален буџетски дефицит и необезбедени средства за основни обврски, но со ребаланс и одговорни политики успеале да стабилизираат финансии и да обезбедат ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски се наоѓа на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија. -На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни ...
На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и Елена Петрова, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се фокусираше на тоа што е направено во насока да се дојде до поголема стабилност на јавните приходи, за проектите кои се однесуваат на дигитализацијата во УЈП, но и за тоа кои мерки донесоа забележлив ефект во сузбивањето на сивата економија. „Нашите политики, политиките на Владата се сосема ...
Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно ниво. Гувернерот на Народната банка Трајко Славески денеска на средба со претставници ...
Министерството за дигитална трансформација беше заборавено седум години, почнавме од минус, а не од нула затоа што последен проект што се паметеше беше „Компјутер за секое дете“. Сега го имаме порталот uslugi.gov.mk како прв шалтер на кој се добиваат сите услуги во државата, со амбиција нивниот број да се зголемува и нив да ги користат што повеќе граѓани. Ова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп „Економски раст и дигитална трансформација“ го ...
Претедателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоcки вечерва на трибина во Прилеп, пред граѓаните даде отчет за сработеното во изминатата година, и притоа соопшти дека во наредниот период ќе бидат објавени две мерки за самовработување. – Првата, во рамки на мерката за поддршка за самовработување, предвидуваме 7.000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10.000 евра, ...
Одлуката е донесена, историјата напишана. Членките на Алијансата ќе треба да одвојат најмалку 5% од бруто домашниот производ за Армијата. Тоа значи дека буџетот на нашето министерството за одбрана ќе треба да стигне до 3,5% во следните 10 години. Како ќе се постигне тоа, одговара министерот за одбрана Владо Мисајловски. -За нас како помала земја тоа е голем импулс за министерството за одбрана, но и самата економија да расти и повеќе средства да ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Република Латвија Едгарс Ринкевичс на маргините на Самитот на НАТО во Хаг, на којашто искажаа задоволство од развојот на билатералните односи. Тие нагласија дека двете држави пред речиси три децении воспоставија дипломатски односи коишто се карактеризираат со отворен, интензивен политички дијалог. Претседателот Ринкевичс ѝ упати покана на Сиљановска-Давкова и ...
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска (25 јуни) ја посети Општина Желино, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, оствари средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции. Целта на посетата беше теренска презентација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2025 година. Централна тема беше обемната поддршка што Владата ја обезбедува за ...
Гаранцијата за отпорност на мали и средни претпријатија за Западен Балкан, финансирана од ЕУ, поддржува финансирање под поволни услови за кредитирање, придонесувајќи за раст на малите бизниси и зголемувајќи ја вработеноста и конкурентноста. Оваа иницијатива ја надополнува пошироката посветеност на ЕУ кон регионот во рамките на Механизмот за реформи и раст за Западен Балкан, подобрувајќи го пристапот до финансии за малите и средни претпријатија, ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на маргините на Самитот на НАТО во Хаг заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имаше куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседател Џеј Ди Венс. По средбата таа рече дека Џеј Ди Венс кажал дека би можел да ја посети нашата земја. -Морам да кажам дека со него беше господинот Венс и тој го познава нашиот министер за надворешни работи и мислам дека рече дека ...
На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници. Македонија е посветена на оваа одлука. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО Целите на способности, објави попладнево министерот за одбрана Владо Мисајловски. ...
Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше затворена, а гласот на народот пригушен, пишува премиерот Христијан Мицкоски кој сподели видео со порака дека доаѓа времето на Македонија. „И не оставија со единствен избор: или да се откажеме, или да почнеме одново. Не почнавме од нула. Почнавме од минус. Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав. И пак, решивме: ќе ...
Директорот Јанев денеска во Берат, Албанија учествува и предводи делегација на БЈБ – МВР на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа, во рамки на албанското претседателство на асоцијацијата. Заедно со колегите од регионот, директорот Јанев се осврна на предизвиците од илегалната миграција и борбата против трговијата со луѓе, сузбивањето на организираниот криминал и јакнење на регионалната соработка преку ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Состанокот на Северноатлантскиот совет, на Самитот во Хаг, на којшто истакна дека НАТО се соочува со бројни закани и за да се зачува мирот и безбедноста, потребна е колективна одбрана. Осврнувајќи се на конвенционалните и хибридните предизвици и закани, Сиљановска-Давкова истакна дека земјава е посветена на својот фер дел од товарот. Потсетувајќи на симболиката на 26 јуни – денот на ...
СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Македонија. Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевамe дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина, реагираат од Министерството за правда на тврдењата на ...