Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
По долг период на загуби, штипското комунално претпријатие „Исар„ најавува финансиска консолидација. Раководството очекува до крајот на наредната година претпријатието конечно да заврши со позитивно салдо, со подмирени обврски и симболична добивка од околу половина милион денари. Во моментот се сервисираат заостанатите долгови рати од кредит кој беше покриен од Министерството за финансии, како и извршно решение од околу 38милиони денари за ...
Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило удрил во неколку паркирани возила и контејнери, по што удрил и во семафор и во уште едно возило во движење. – На 26.12.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Григор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(52) од Косово, со привремен престој ...
На плоштадот Македонија денес се одржа 11. издание на Coca‑Cola Дедомразовската трка 2025, традиционалната новогодишна улична трка во Скопје која уште еднаш го претвори центарот на градот во црвено море од дедомразовски костуми и празнично расположение. Оваа година трката забележа рекордно учество со над 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија. Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои ...
На социјаните мрежи се појавија фотографии од лидерот на СДСМ Венко Филипче, снимен на аеродромот во Венеција, Италија, каде, како што се тврди во објавата, фаќа лет за Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. „Венко Филипче штотуку сликан на аеродром Венеција како патува во Дубаи. Се скара со цела држава и за Нова година во Дубаи, вака на власт не се доаѓа“ – се вели во објавата на Фејсбук профилот Механичарот, каде што се објавени фотографиите ...
Празниците се време кога Куманово добива поинаков ритам, денови кога радоста има вистинска смисла само ако се сподели. Токму така размислуваат и членовите на мотоклубот „Мечки“, кои речиси две децении наназад ја претвораат празничната магија во конкретна помош и насмевки за најмладите во Куманово. Во пресрет на Новата година, „Мечките“ моторџиите ја играат улогата на Дедо Мраз. Со пакетчиња, празнична забава и подароци, тие традиционално ги ...
Венко Филипче си ги промени кадрите во врвот на СДСМ, побара сите од раководството кое тој го предводеше до голем пораз на локалните избори, да се повлечат. Тие го послушаа, тој си донесе нови. Но очигледно, наместо обединување, доби уште поголемо незадоволство внатре во партијата. Слух за критики на Бихаќка нема, оние поранешни видни партиски ликови, кои ги кажуваат своите ставови, секојдневно се мета на лични пресметки преку партиски ...
Граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција и денеска ќе биде затворен за сообраќај на сите возила во периодот од 11 до 15 часот и од 17 до 21 часот по македонско време, поради блокадите поставени од грчките земјоделци. Земјоделците кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин, и денеска, исто како и вчера најавуваат две четиричасовни блокади на границата за влез и излез од Грција на патнички и товарни ...
Дедомразовска трка се реализираше денеска во центарот на Кавадарци во рамките на предновогодишната програма што ја спроведува локалната самоуправа. – Програмата содржи бројни активности за сите генерации. Започнавме кон средината на месецот со гурмански викенд во дворот на Вински музеј, сместен во градскиот парк, еден од најубавите во државата. На агендата, на градскиот плоштад имавме и новогодишен базар, базар на храна и вино, време за ...
На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот од околу еден тон. Семејството Благадушески во Новата година ќе влезe без покрив над главата и без целиот макотрпен труд со тутунот. Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби сѐ. Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините. – Ние седевме во помошната ...
Настанот „Џез под ламба“, во организација на Општина Центар, создаде пријатна празнична атмосфера, исполнета со џез верзии на познатите божиќни песни и стари шлагери во изведба на бендот на Мартина Елиора, соопшти Општина Центар. -Центар синоќа оживеа во ритамот на џезот! На пјацетата пред Италијанската амбасада граѓаните уживаа во музика, греано вино и печени костени, се наведува во соопштението. -Ме радува што настанов и годинава привлече ...
Од силниот ветер, претпладнево падна дел од покрив на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово. Покривот падна од зграда, лоцирана во близина на крстосницата на улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета Македонска ударна бригада“. Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата. Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот ...
За добивање златна виза во Дубаи потребна е минимум инвестиција од 500.000 долари, недвижност или бизнис. Оттука, јавноста има право да добие јасен одговор дали Венко Филипче ја добил визата поради инвестиција од најмалку 500.000 долари, поради недвижност или бизнис? Венко Филипче досега не одговори дали има или нема стан во Дубаи и дали токму тоа е основата за добивање на златна виза. Наместо молк, потребни се факти и документи, се посочува ...
Две сообраќајни несреќи во кои учествувале пијани возачи се случиле во текот на изминатото деноноќие на територија на СВР Охрид и СВР Свети Николе. Сообраќајката во Охрид се случила вчера во 10:25 часот на автопатот во изградба Охрид -Кичево, кај влезот за село Требеништа, општина Дебарца. Во сообраќајката учествувале патничко возило „рено меган“ со охридски таблички, управувано од В.П.(47) од Охрид, патничко возило „хјундаи“ со скопски ...
Стапката на сиромаштија се намалила од 22,2% во 2023 на 21,9 отсто минатата година. Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, на едно четиричлено семејство месечно му требаат најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно. Кај оваа категорија домаќинства стапката на сиромаштија изнесува 17,1%. На сиромаштија најизложени се децата и младите до 17 години, кадешто ризикот достигнува високи 29,5%. Причината затоа се најчесто ...
Се редат осудите на политичарите во Грција кон градоначалникот на Лерин Василис Гианакис, откако тој прекина музички настап поради изведување на македонска песна. Грчката партија Сириза ја оцени цензурата на градоначалникот како неприфатлива. Во соопштението Сириза пишува дека ваквиот потег е сигнал дека постојат сериозни проблеми во однос на слободата на уметничкото изразување и начинот на кој се третираат музичарите, особено од луѓе кои ...
Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од ...
„Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје“ се зборовите со кои Владо Малески, писател и борец во НОВ, го означи почетокот на работата на Македонското радио. Првите зборови прозвучија во етерот на 28 декември, 1944 година, за време на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ. По тој повод, Канал 103 денеска ќе реализира целодневна програмска посвета со наслов „Зборуе Радио Скопје“. -Отворената програма ќе ја поврзе радио архивата со ...
Во свое појавување пред медиумите, Венко Филипче рече дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката. После оваа јавна потврда, во јавноста се јавуваат нови дилеми, на кои Филипче треба да даде одговори, како на пример, како дошол до златната виза за Дубаи, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНE. Кога пред извесно време во јавноста ...
Најниска температура од -8 степени Целзиусови утринава е измерена во Берово, а речиси секаде во земјава се измерени минусни температури со исклучок на Попова Шапка каде живата во термометарот покажуваше 0 степени. Температура од -6 степени е измерена во Скопје-Петровец, -5 Струмица, Битола, Крива Паланка, Штип, Прилеп и Демир Капија, -4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Кавадарци и Виница, -3 Охрид, Претор, Куманово и Mаврови Анови, а -1 ...
На Плоштадот „Скендербег“ во Скопје синоќа започна Новогодишниот базар во Чаир, означувајќи го почетокот на празничната програма со голем интерес од граѓаните. И покрај студеното време, плоштадот беше исполнет со посетители кои уживаа во празничната декорација, штандовите и музичката програма, информираат од локалната самоуправа. Како што посочуваат од Општина Чаир, вечерта беше збогатена со музика од DJ Едмир, создавајќи пријатна атмосфера ...
Македонското радио денеска одбележува 81 година постоење. На овој ден – 28 декември во 1944 година, Македонското радио ја почнува својата мисија со познатото, „зборува радио Скопје“ или во оригинал „зборуе радио Скопје, зборуе радио Скопје“ изговорени во етерот од Владо Малески, писател и борец во НОВ, и потоа растеше од ден во ден. Во 50-тите и 60-тите години од минатиот век радиото стана центар на семејниот живот, единствен извор на ...
Американските власти го уапсија мажот кој синоќа пукал на студентскиот кампус на Универзитетот Браун во Род Ајленд. Официјално е потврдено дека во нападот загинале две лица, а девет се повредени. Идентитетот на напаѓачот засега не е соопштен, а нема информации ниту за мотивите за нападот. Истрагата е во тек. Американските власти го уапсија мажот кој синоќа пукал на студентскиот кампус на Универзитетот Браун во Род Ајленд. Официјално е ...
Илјадници Бугари синоќа протестираа против владата во заминување, барајќи фер избори и судски реформи за справување со она што го опишуваат како ендемска корупција во најсиромашната земја-членка на Европската Унија. Протестите во главниот град Софија и во неколку други градови низ земјата се најнови во низата демонстрации и се случуваат во време кога Бугарија се подготвува да го воведе еврото на 1 јануари. Илјадници Бугари синоќа протестираа ...
Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села во првата половина на 2026 година ќе одржи партиски конгрес, било одлучено на денешниот состанок на Петтото Собрание. Како што се наведува во партиското соопштение, Собранието ја формираше и Централната комисија за организација на Конгресот, која ќе ја води пратеничката Илире Даути. Оваа комисија ќе има задача да организира и реструктуирање на подограноците, ограноците и другите тела на ...
Македонските активисти, Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, продолжуваат со распределба на новогодишни пакетчиња за Македончињата во Албанија, со цел, како што велат „да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците“. Тие денеска радост и насмевка им донесоа на дечињата од селата Туминец и Горна Горица, Општина Пустец. -Денеска ...
На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката и културологијата. Темков во текот на својата плодна кариера беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на политиката, Филозофија на ...
Во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што спортскиот објект добива нов и современ изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на трибините, замена и зајакнување на кровната конструкција, како и реновирање на фасадите и внатрешните простории. Како дел од реконструкцијата, се поставуваат и нови седишта што ги исполнуваат стандардите на ФИФА и УЕФА, со што стадионот се приближува до современите ...
СКАДА системот ќе биде прв капитален проект на ЈП „Исар“-Штип на почетокот на новата година. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека е избран економски оператор, кој ќе работи на изведба на СКАДА системот, со кој ќе се овозможи заштеда на загубата на вода низ водоводната мрежа. Дополнително тековно ќе се извршуваат и редовни активности како замена на водоводна мрежа, собирање смет и слично. -Освен редовните активности, ...
Критиките по се изгледа многу тешко им паѓаат на СДСМ. Откако јавно кажа што не му се допаѓа кај актуелното партиското раководство, ќе го исклучуваат Јован Деспотовски. Од партијата велат дека согласно Статутот, се бара итно исклучување на човекот кој му беше противкандидат на Венко Филипче за партиски лидер, а таквиот предлог бил доставен до надлежните органи на партијата и Централниот одбор. Го обвинуваат Деспотовски дека од лични и ...
Дедо Мраз се спушти од хеликоптер и ги израдува најмладите, децата на македонските мировници во странски мисии, но и на војниците од целата Армија. Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот Сашо Лафчиски им подарија новогодишни пакетчиња. Иако далеку од домовите, преку видео врска со своите семејства успеаја да се видат и мировниците. -Првично би сакал да ве ...