Министерството за животна средина и просторно планирање и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа прв колективен договор од ваков вид, со кој, како што велат, се прави значаен исчекор кон унапредување на работничките права на вработените. – Со договорот се предвидува постепено зголемување на платите на работниците во Министерството, по 7 отсто почнувајќи од март 2026 година, со дополнителни зголемувања во 2027 и 2028 ...

Лошиот рејтинг на СДСМ од 4,9 % и 3,6 % на Филипче, поради новиот ПР-шеф на СДСМ, Зоран Башановиќ, не го допира Филипче бидејќи тој живее во свој паралелен универзум, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-коференцијата на Валентин Манасиевски, член на Централниот комитет на партијата. СДСМ и Филипче со месеци ги лажеа граѓаните дека новите анкети ќе покажат пад на довербата на граѓаните кон ВМРО-ДПМНЕ, а таа доверба ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска беше во посета на Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар изврши увид во активностите за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода. -Денеска сум во Разловци, каде што заедно со стручната екипа од Националниот конзерваторски центар извршивме увид во ...

За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој резидент (физички и правни лица) може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок, како што беше најавено, од 1 април. – Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право – објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ...

Реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари годинава е зголемена за 11,1 отсто во однос на истиот месец лани. Како што соопшти Државниот завод за статстика, во трговијата на мало во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 16,7 отсто, а реално за ...

„Народната банка и во иднина ќе биде целосно посветена на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, со јасна подготвеност за справување со сите предизвици што произлегуваат од надворешните ризици“, истакна гувернерот д-р Трајко Славески во интервју за една од телевизиите. Тој посочи дека институцијата внимателно ги следи економските движења, особено во услови на зголемена светска неизвесност и засилени ризици од надворешното ...

Македонската економија засега останува стабилна, и покрај глобалната неизвесност и воените тензии на Блискиот Исток – велат од Народната банка. Сепак, оттаму предупредуваат дека растот на цените на нафтата може да донесе нов удар врз инфлацијата. Очекувањата за увозните цени, особено за нафтата, се значително зголемени во однос на претходните прогнози, што значи дополнителен ризик во наредниот период. „Движењата остварени кај главните ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека ќерка ѝ на почетокот гледала ...

Со БРТ системот или таканареченото „Метро на тркала“, скопјани очекуваат да добијат побрз, посигурен и предвидлив јавен превоз. Проектот ќе се реализира преку градот Скопје и истовремено треба да го реши и растовари сообраќајниот метеж и хаос на градските улици и да го намали загадувањето. За скопјани ова е проект со кој се решава децениски проблем, а долгите чекања со часови на автобуските постојки и доцнења кој на училиште, кој на работа, ...

Министерството за образование и нака објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана. Според конкурсот на МОН, во 17 ученички дома (од кои пет се во Скопје) има речиси 2.400 слободни места за сместување средношколци. Учениците што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат електронска пријава ...

Меѓуопштинската соработка не е доволно препознаена како ефикасен механизам за зголемување на економичноста и квалитетот на услугите. Иако законот е замислен како инструмент за надминување на јазот меѓу помалите општини и оние со поголеми административни и финансиски капацитети, токму општините со најголема потреба се соочуваат со ограничени ресурси и недоволни капацитети за самостојно воспоставување вакви форми на соработка – рече министерот ...

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, бидејќи тој претходно поднел барање за престанок на функцијата. Во изјава за медиуми по седницата, претседателот на СЈОРМ, Башким ...

Јавната установа Национален парк „Пелистер“ почна со подготовки за претстојната сезона во која се очекува зголемен број посетители и љубители на планината. Директорот на ЈУНП „Пелистер“-Битола Иванчо Тошевски информира дека изминатиот викенд, екипи на установата ја исчистиле патеката која води до Видиковец кој е на 2.000 метри надморска височина. -Изминатиот викенд целосно е исчистена кружната патеката која води до Видиковец 2000 м.н.в и ...

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици – потенцира проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници што биле ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 23 до 29 март со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа, како што велат оттаму, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со ...

Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна ...

Советот на јавните обвинители на денешната седница едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ. Во иницијативата Ристоска навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и објави на ...

14-тиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација (РЈА) помеѓу ЕУ и Македонија се одржа во Брисел на 26 март 2026 година. Копретседавач на состанокот од страна на Европската Унија беше г. Ибер Дио (Hubert Duhot), заменик-раководител на одделението за Албанија и Македонија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, а од страна на Македонија г-ѓа Маја Рисова Мутулар, шеф ...

Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладувањето, врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има восреда и в четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а в среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите ...

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје викендов почна со сезонското машинско миење на булеварите и поголемите скопски улици со употреба на автоцистерни. Активностите ќе се одвиваат во доцните вечерни часови кога е намалена фреквенцијата на возила и пешаци на улиците. – Машинското миење се реализира со цел одржување на највисокото ниво на хигиената и чистотата на јавните и на сообраќајните површини во градот и значително придонесува за намалување на ...

Советот на Народната банка на редовната седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени дека макроекономската состојба во земјата засега останува стабилна и во рамките на очекувањата. – Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од ...

Колку и СДСМ и Венко Филипче да се обидуваат да ја сокријат кризата во која се наоѓаат, и повторно да се претстават како жртва, стратегијата им станува попровидна, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Може да бидат иронични за анкетите, но не може да ја сменат реалноста па затоа повторно глумат жртва. Обидите за создавање нов имиџ преку склопените пиар-пораки на Башановиќ не може да го сокријат фактот дека Филипче се наоѓа далеку од врвот на ...

Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на неговата 54-годишна мајка, која од ...

Јавното обвинителство ја прифаќа и ја поздравува реакцијата на ЗНМ и ССНМ, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство. Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста. Обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено ...

Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени. Веќе од утре под влијание на ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска ќе го одржи првиот јавен состанок за 2026 година. Според најавата, на состанокот што ќе се одржи во просториите на Агенцијата, ќе бидат презентирани реализираните активности за првиот квартал од годинава, како и наодите од истражувањето на мислењето и ставовите на јавноста во врска со медиумите, што било изработено за потребите на АВМУ. Предвидено е состанокот да почне точно ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Јовановски е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во делчевското село Разловци ќе го посети Спомен-домот на Разловечкото востание. -Министерот Љутков ќе направи увид во активностите за конзерваторско-реставраторските работи за непосредна заштита на Спомен-домот на Разловечкото востание, еден од најзначајните симболи на отпорот на македонскиот народ за слобода, соопшти Министерството за култура и туризам. Министерот за култура и туризам ...

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката. Оваа информација ја потврди доктор Ратко Грков, од Итната медицинска помош во Кавадарци, кој бил на местото на повик во Росоман. – Нашата екипа беше повикана и на лице место констатиравме убод со нож во вратот. Од повредата, жената починала на самото место, појасни Грков. Засега нема повеќе детали за случајот. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. Убиство во Росоман, син си ја заклал ...

На само деветмесечна возраст, животот на неговата ќерка висел на конец. Велешанецот Илчо Гиовски тогаш ја донел најважната одлука – да донира дел од својот црн дроб и да ѝ подари уште една шанса за живот. Денес, наместо неизвесност, гледа мало девојче кое храбро чекори и му се радува на животот. „Гледајќи го своето дете, јас гледам борец, бидејќи таа трансплантација не е само обична медицинска процедура, туку давање на втора шанса за живот“, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
62%
1016
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
76%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
74%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
95%
1012
weather icon

Атина

18ᴼ / 14ᴼ
2.06
62%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
83%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
75%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9719

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97