Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според информацијата, сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот. Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради ...
ДКСК на денешната последна седница за 2025. година постапуваше по повеќе предмети, меѓу кои за недоставување имотен од носители на функции, за прекршувње на Изборниот законик за време на локалните избори, злоупотреби на службени положби и овластувања, за корумпираност при носење судски одлуки, при што во досегашната расправа ги запре како несновани или пак во одредени утврди дека е ненадлежна и дека за нив треба да одлучуваат други органи. ...
Шеесет функционери, десет судии, десет јавни обвинители, десет пратеници, десет министри, десет градоначалници и десет лица на кои во 2025 година им престанала функцијата градоначалник ќе бидат опфатени во Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2026 година, а нивните имиња ќе бидат утврдени следниот месец. ДКСК на денешната 26. седница го усвои Годишниот план ...
Денеска од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ информираат и дека во 11:00 часот ГП Евзони (Гп Богородица) е затворен за сите видови возила. Од Македонија пат, пак, информираат дека сообраќајот на патниот правец Струга – граничниот премин Ќафасан на 1 – 2 километри ...
Министерството за правда денеска испратило допис до Собранието, парламентарните партии и независните групи и пратеници да номинираат по двајца претставници за работната група за Изборниот законик. Очекувањата и од Министерството за правда и од Собранието се дека тие би почнале со работа во втората половина на јануари. Како што објаснуваат од Министерството за правда, работна верзија на Изборниот законик ќе биде доставена до пратениците кои по ...
Пешак во Кавадарци е тешко повреден откако во него удрило „југо“, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 14:20 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на улицата „Мито Хаџи Василев“ во градот, патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П., на возраст од 58 години од Кавадарци, удрило во 93-годишниот пешак Д.К. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил ...
Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п, соопшти Народна банка. Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,54% и на месечна основа е зголемена за 0,05 ...
Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието. Како што беше речено пред потпишувањето, проектот е важен чекор кон модернизација на МЖ Транспорт, како и кон унапредување на сигурноста и ефикасноста на ...
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), во партнерство со ПроКредит Банка Скопје, го поттикнуваат пристапот до финансирање на мали и средни претпријатија (МСП) во Македонија. Денес ЕБОР потпиша договор со кој ќе и обезбеди на ПроКредит Банка гаранцијата на ниво на портфолио во износ од максимум 25 милиони евра. Гаранцијата ќе покрие до 50 отсто од кредитниот ризик на новите кредити одобрени од ПроКредит Банка, и со ...
Собранието на Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации, со што се прави дополнителен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда и во целосното усогласување на националната регулаторна рамка со правото на Европската Унија во областа на електронските комуникации. Европската Унија, преку визијата за „Дигиталната декада 2030“, постави цели за целосно дигитално поврзано општество, вклучително ...
Популарноста на медицинскиот канабис расте, но научните докази не ја следат таа еуфорија. Голема анализа од над 2.500 научни трудови објавени меѓу 2010 и 2025 година покажува дека тој е ефикасен само во ретки, строго дефинирани случаи, додека за другите состојби доказите се слаби – а ризиците се реални. Во обемната анализа, научниците ги проценуваат терапевтските ефекти и тврдењата поврзани со медицинскиот канабис. Резултатите од оваа анализа ...
Во 2025 година економските односи меѓу Република Чешка и Македонија продолжија да се продлабочуваат, поддржани од стабилен раст на билатералната трговија. Според податоците на Чешкиот завод за статистика, меѓусебната трговија ја достигна својата највисока вредност во последните години: во 2024 година вкупниот обрт изнесуваше 625,9 милиони евра, при што чешкиот извоз достигна 160,8 милиони евра, а увозот 465,1 милион евра. Еден од клучните ...
Здружението „Бадникови поворки“ започна со емитување на божикниот серијал „Најубавиот подарок за Божик“ – кратка видео-серија од четири епизоди, создадена со љубов за децата, но и за сите оние кои сакаат да се потсетат на вистинската смисла на Божик, се наведува во соопштението од Здружението. Серијалот е реализиран од Ра-Ли продукција за Бадникови поворки, во режија на Владо Дојчиноски, со учество на деца кои со својата искреност и чистота ...
На последниот ден од оваа година и на новогодишната ноќ времето ќе биде студено со дневна температура која на повеќе места ќе остане под нула степени. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег, информира УХМР. Во четврток и петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени. Од петок и во деновите потоа ќе ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Симнување и оштетување на службен печат или знак од член 389 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е сопственик и управител на угостителски објект „Јужна пруга“ во Скопје, на кој со Решение од овластен инспектор за животна средина од Општина Аеродром му била изречена забрана за вршење на дејност, што било истакнато и на влезната врата на објектот. ...
Согласно утврдените критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, Државниот завод за ревизија во 2026 година планира да изврши најмалку 237 ревизии, и тоа: 217 ревизии на регуларност, 13 ревизии на успешност, 3 ревизии на усогласеност и 4 ревизии на спроведување на дадените препораки содржани во конечните ревизорски извештаи од претходниот период, се вели во соопштението од ДЗР. Од планираните ревизии согласно ...
При претрес во неготинското село Војшанци, пронајдени биле пиротехнички средства, тутун и цигари без документација, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Од слобода било лишено едно лице. – Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода М.В., на возраст од 50 години од неготинското село Војшанци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња ...
Општина Демир Хисар преку Одделението за финансиски прашања јавно го објави списокот на физички и правни лица, даночни обврзници кои не го подмириле долгот кон општината. Акцијата за прибирање на данокот се одвива под мотото „Мојот данок, за мојата Општина – до подобри општини со навремено подмирување на долгот!“ и се очекува до средината на идниот месец да заврши со подигнување на даночните решенија кои ги издава Одделението за финансиски ...
Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај на Буџетот на Македонија. Буџетскиот дефицит на ниво на Централен Буџет, според макроекономските индикатори објавени од страна на МФ за 2024 година изнесува 4,4% од БДП и е понизок во однос на 2023 година кога изнесуваше 4,8% од БДП. Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на Основен буџет на Македонија за 2024 година во однос на планирањето, подготовката, ...
АД МЕПСО – Скопје соопшти дека реконструираниот 110 kV далековод бр. 109 на релација ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1 е пуштен под напон и ставен во пробна работа. Реконструкцијата е извршена на постојната траса на далеководот, при што постојниот 110 kV далековод со армирано-бетонски столбови, изграден пред повеќе од 50 години, е целосно демонтиран и заменет со нов далековод со челично-решеткасти столбови. Новоизградениот далековод има вкупна ...
Вечер во Битола завршува превозот со „Празничен автобус“ организиран од Општина Битола, а во рамки на новогодишната програма „Зимска приказна“. Празничниот автобус низ Битола, подвижна сцена со електронска музика која во изминатите вечери ја приредија ди-џеј Јаков, Ацика, T-Zobe…, вечер завршува со ди-џеј Boca и бесплатно возење на линија број 1 низ градот во терминот од 21 до 23 часот. Програмата „Зимска приказна“ продолжува напладне со ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 6 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 103 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага ...
Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ, се наведува во соопштението на СДСМ. Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните. ...
Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри. Со овој проект се изврши темелна санација и модернизација на патната инфраструктура, со што се создадоа значително подобри услови за движење на граѓаните и возилата низ овој важен сообраќаен правец, објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил. Додава дека инвестицијата од 25.721.284 денари, ...
Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време), јави дописничката. Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради ...
Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години, додека проценките за вкупно создаден комунален отпад се 790 866 тони, што е намалување во однос на претходните години. Целокупното количество на собран комунален отпад се фрла на депонија. Секој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога ...
Охридското Езеро во добра „кондиција“ ќе влезе во новата календарска година, кога станува збор за состојбата со водостојот. Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во езерото се наоѓа на котата 693,39 метри надморска височина што е седум сантиметри над просекот (693,32) за овој период од годината. Инаку, до само пред еден месец нивото на водата во езерото беше под просекот, а продолжениот сушен ...
Со предновогодишната забава „Вечер под ѕвездите“, Општина Центар симболично ја заокружи 2025 година и посака добредојде на Новата година. Како што соопштија од Општината, Боемска улица синоќа беше преполна со расположени и весели скопјани кои се препуштија на празничната атмосфера, подготвена специјално за нив. Уште на самиот почеток, вештите акробати и жонглери во ритамот на диско музиката на ди-џеј Александар Јорданов ги воодушевија ...
Новиот јавен простор се гради во непосредна близина на станбениот комплекс кај булевар „Гевгелија“ и крстосницата со улица „Деко Ковачев“. Проектот треба да обезбеди функционален, безбеден и модерен простор за игра на децата, рекреација и одмор за сите граѓани, како и да го збогати зеленилото во градот, објавија од локалната самопуправа. Во објавата на општинската фејсбук страница се наведува дека градоначалникот на Андон Сарамандов извршил ...
Повеќе точки поврзани со годишното планирање и со постапувањето по предмети во надлежност на Комисијата се на дневниот ред на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На седницата ќе се разгледува Програмата за работа на ДКСК за 2026 година, како и Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси и планот за спроведување антикорупциска проверка на легислативата во 2026 година. Пред ...