Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
За само седум недели од воведувањето на новата услуга, Општина Кисела Вода преку општинското Јавно комунално претпријатие „Кисела Вода 2022 – Скопје“ собра и правилно депонираше над 80 тони кабаст отпад. Оваа бројка е доказ за ефикасноста на проектот кој за првпат овозможува континуирано, а не сезонско подигнување на стариот мебел и крупен отпад. Најголем одзив за користење на оваа услуга досега е забележан во населбата Драчево, информира ...
Најмалку 12 американски војници се ранети при ирански ракетен напад врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, јавија западни медиуми, повикувајќи се на официјални претставници на САД. Во нападот, во кој биле користени ракети и беспилотни летала, оштетени се неколку американски авиони за танкирање гориво, а двајца војници се здобиле со тешки повреди. На интернет се објавени и сателитски снимки на кои се гледаат оштетувањата ...
Јеменските Хути, кои имаат поддршка од Иран, потврдија дека за првпат го нападнале Израел од почетокот на американско-израелската воздушна кампања против Иран. Групата наведува дека истрелала бараж балистички ракети, „насочени и кон чувствителни израелски воени цели“, како одговор на нападите на Израел врз Иран, Либан, Ирак и на палестинските територии. Хутите додаваат дека нивните операции ќе траат сè додека не престане, како што велат, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати остри критики до американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека неговите постапки во врска со конфликтот во Иран претставуваат „огромна ескалација“, а не обид за мир, пренесува ДПА. На конференцијата на весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мерц изрази сомнеж дека целта на Вашингтон е промена на режимот во Техеран. – Она што Трамп го прави во моментов не е изнаоѓање мирно решение, туку ...
Претседателот на Владта Христијан Мицкоски и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, денес во одговор на новинарско прашање во врска со анкетите, каде според бројките ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред останатите политички партии, истакна дека Владата прави се што е во нивна моќ да испорача резултати, и покрај, како што вели тој, катастрофалната состојба наследена од претходната влада. Тој додава дека бројките од анкетите, значат дополнителна мотивација ...
Додека глобалната енергетска криза предизвикана од конфликтите на Блискиот Исток и во Украина продолжува да врши притисок врз светските берзи, Македонија се издвојува како земја со најповолни цени на горивата во целиот регион. Според анализата на „Би-би-си“ на српски јазик, цената на бензинот кај нас е за дури 24 отсто пониска отколку во Србија, додека кај дизелот разликата е уште подрастична – во Србија овој енергенс е поскап за над 30 ...
Со големо дефиле на кое сите играорци ќе изиграат заедничко оро во центарот на Гевгелија, денеска започнува Меѓународниот детски фестивал “Гевгелиска везилка”. Под мотото “Културата нè обединува, а фолклорот нè потсетува кои сме”, фестивалот по втор пат ќе обедини повеќе фолклорни друштва од земјава и соседството. Дефилето на сите учесници ќе започне во 17.30 часот од Пионерскиот дом, а настапите на играорците се предвидени од 19 часот во ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Во изјава за медиумите, Мицкоски денеска рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат. – Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на цената на ...
Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот настан под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, говореше за процесот на европска интеграција, за што истакна дека истата е неопходна, но мора да се темели на вистински реформи, функционални институции како и владеење на правото. Попов вели дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е посветена на кредибилен и одговорен пристап. ...
„Актуелните конфликти во светот покажуваат дека светскиот поредок, каков што долго време постоеше, е во процес на распаѓање. ЕУ често во поглед на надворешната политика тешко донесува одлуки, затоа што земјите‑членки понекогаш имаат различни интереси“, даде изјава Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, во рамки на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во ...
Политичарите мора да се фокусираат на енергијата и на вештачката интелигенција затоа што тоа е иднината на светот. Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото длеуваат интересно само за мала група луѓе, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска од настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје. -Политичарите кои зборуваат за романтични идеи од минатото можеби делуваат ...
Недостигот од медицински сестри води кон продолжено лекување на пациенти, а тоа носи дополнителни трошоци, листи на чекање. Пациентите заслужуваат едуцирани и платени медицински сестри. Во услови кога има недостиг на медицински сестри, од една страна има незадоволни пациенти, а од друга страна, согорен здравствен персонал, што согорува во работата, поради недостиг на персонал. Тој недостиг најмногу се чувствува во медицинските установи каде ...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на Европската народна партија (ЕПП) и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Видеото погледнете го на следниот линк: Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на настанот ...
Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Студентската организација на Европската народна партија (ЕПП) и Фондацијата „Конрад Аденауер“. Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија (ЕПП) од цела Европа во наредните денови ќе дискутираат за улогата ...
Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем и има загрижувачки тренд на пораст во светот и кај нас, кој посебно ги засега децата и адолесцентите. Статистичките податоци покажуваат дека во нашата држава преваленцата на обезноста изнесува 30–35 проценти. Во таа насока, е посебно значајно функционирањето на центрите за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, се наведува во денешното ...
По повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објавува и нови, значајни дела за македонската историографија. Објавена е книгата „Македонската борба за државност меѓу Сцила и Харибда“ од истакнатиот универзитетски професор, историчар и општественик, Владо Поповски. -Во ова дело, Поповски студиозно пишува за македонското националноослободително движење од втората половина на 19. век до крајот на Балканските војни и Букурешкиот ...
Почитувани. Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДСМ, како да не беа до пред 2 години на власт. Башановиќ очигледно не знае дека СДСM до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме. ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, ...
Последното истражување на јавното мислење на МКД.мк и агенцијата Маркет Вижн за рејтингот на политичките партии и нивните лидери, спроведено од 2 до 18 март, покажува дека граѓаните и понатаму најголема доверба имаат во ВМРО-ДПМНЕ и во лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски. Иако владејачката партија речиси две години е на власт, а исто толку време Мицкоски е премиер, нивниот рејтинг и натаму е значително повисок во споредба со ...
Музејот на современата уметност (МСУ) денеска напладне, во 12 часот, организира „МСУ Водич“ со кустосот Бојана Јанева која, како што е најавено, последен пат ќе ги прошета посетителите на интернационалната изложба „Истокот е сè уште можен“. Изложбата вклучува содржина наменета за публика над 18 години, а уметници се: Марина Абрамовиќ, Маја Бајевиќ, Гета Братеску, Јозеф Бојс, Ала Георгиева, Томислав Готовац, Јон Григореску, Група ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на настанот што под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ се одржува во Скопје. Повеќе од 70 млади лидери од сестринските партии на Европската народна партија (ЕПП) од цела Европа во наредните денови ќе дискутираат за улогата на технологијата, стабилноста и младинските политики во иднината на западнобалканскиот регион. Настанот е во ...
– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во емисијата „Бизнис 21“, истакна дека системот функционира и дека нема заштитени лица, без разлика на нивната функција, информира Министерството за земјоделство во соопштение. „Она што е важно е дека системот функционира, нема заштитени лица од позиција на функционери, секој кој што ќе го прекрши законот ќе одговара независно дали е од актуелната власт од било која ...
Без водоснабдување денеска ќе бидат дел од жителите во селото Стајковци и населбата Сингелиќ и од улицата „Адем Демачи“. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информира дека од 08:30 часот без вода се дел од селото Стајковци и населбата Сингелиќ кај земјоделската аптека, а од 09 часот без водоснабдување се жителите од улицата „Адем Демачи“ пред слаткарницата „Тиамо“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните ...
Летното сметање на времето почнува ноќеска во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03:00 часот. Тоа значи дека наредната ноќ ќе спиеме еден час помалку, но ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне. Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на ...
Атлетскиот клуб „Фортиус“ од Скопје утре го организира петтото издание на трката „Водно 10К” на која ќе учествуваат 500 натпреварувачи. Стартот на трката е во 10 часот на долниот паркинг на Средно Водно, а рутата на движење на атлетската трка е по асфалтниот пат (Р2138) до манастирот „Св.Пантелејмон” и назад со вкупна должина од 9,6 км. Покрај трката од 10км, ќе се трча и штафетна трка. Оваа делница ќе биде затворена за сообраќај од 06:00 до ...
Во рамки на Модниот викенд Скопје, денеска од 17:30 до 19:30 часот во просторот Ареа во Дајмонд Мол ќе биде отворена изложбата „Зелена и Одржлива Мода – Нордиско-балтичка приказна“. На изложбата ќе бидат претставени дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери, кои заеднички работеа во рамки на резиденцијалната програма на истоимениот проект. Настанот ќе биде збогатен со две тематски сесии на Отворени разговори. Првата, ...
Во Радовиш денеска ќе се одржи трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Трибината е закажана за 18:00 часот, а по завршувањето е предвидена изјава за медиуми. Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ почна на 18 март од општина Босилово. Како што најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, посетени ќе бидат над 30 општини и повеќе од 120 населени места. ...
Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат од ТАВ Македонија. Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје – Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци. Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ велат дека ...
Значаен чекор кон зајакнување на образованието беше направен во Општина Чаир, каде што беа доделени 13 решенија за трајно вработување на 13 наставници, кои претходно беа ангажирани со договор на дело, информира Општина Чаир во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Во салата на општината, во присуство на наставници, директори и корисници, активноста се реализираше со присуство на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одразувајќи ...
Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека утрово снег со дожд проверува во Стојмирово но дека не се задржува на коловозот. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патишта кои поминуваат низ клисури се препорачува на внимателно возење поради можни поситни одрони. За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со ...
Во „Буква“ вечер ќе биде промовирана првата стихозбирка на Мартин Џорлев, „На Балкан, сам“. Стихозбирката ги сочинува текстовите на песните од музичкиот проект „На Балкан, сам“ од бендот „Животни“, како и фотографии и куси осврти кон албумот и кон песните застапени во книгата. „На Балкан, сам“ е објавена како втора книга во едицијата „ПоезијаМинус“ на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, а на неа работеа Андреј ...