Претседателот на македонското друштво „Сонце” и лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, Васил Стерјовски оствари средба со Ана Соле Мена, виш експерт за повеќејазичност во Европската комисија. -Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и ...
„Разговаравме за важноста што Европската унија ѝ ја придава на повеќејазичноста и на зачувувањето на малцинските јазици како дел од европскиот идентитет. Ана Соле Мена ја истакна важната улога на европските програми Erasmus+ и Horizon Europe, кои обезбедуваат можности за изучување јазици, технолошки развој и продлабочување на меѓународната соработка“, информираше Стерјовски. Таа нагласила дека јазичната разновидност претставува огромно ...

