Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе оствари работна посета на Општина Кавадарци. Мицкоски, како што е најавено, најпрво ќе изврши увид на градежни активности на изградба на мост преку реката Луда Мара до село Марена. Потоа, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираното регулирано речно корито од мост Видео Смилевски до Северен булевар и ќе направи увид во градежни активности на фекален колектор Опитно ...
Времето на првиот ден од новата година ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени. Во Скопје, сончево и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени. Во петок времето ќе биде ...
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот кон ГП Ќафасан е сè уште во прекин во двата правца. Изменет е режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата ...
Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција со нивните системи, како и дека се спроведуваат мерки кои ќе овозможат максимално да се ...
Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во видео обраќање објавено на неговиот Фејсбук профил нагласува дека во 2025-та испорачале, а во 2026-та ќе се забрзува дигиталната траснформација на Македонија. -Во 2026 година одиме чекор понатаму. Повеќе целосно дигитални постапки без хартија и без чекање. Везилка, националниот центар за вештачка интелигенција, владин центар за сајбер инциденти, обуки и дигитални вештини со школите ...
Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски денеска ги посети со вработените од Возниот парк и им ја честита Новата година и Божиќните празници. – Денес, по традиција, ги посетив колегите од Возен парк и заедно си ги честитавме Новата година и Божиќните празници. Искрена благодарност до сите оние кои тивко, но посветено, се грижат за нашата безбедност, објави Томовски на својот Фејсбук профил. Директорот на ...
Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните по повод празниците. Во препораките на ИЈЗ, кои МИА ги пренесува интегрално, понатаму се вели: Празничните прослави често се одвиваат во доцните вечерни и ноќни часови, а внесот на храна е зголемен, енергетски богат и ...
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година. Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова година!“, објави претседателот на Владата, Христијан Мицкокски, неколку минути по полноќ, постирајќи фотографии од плоштадот Македонија во Скопје каде со сопругата, градоначалкникот на главниот град Орце Ѓорѓиевски и присутните граѓани го пречека доаѓањето на Новата ...
Во последните часови од годинава што изминува, Охрид дише тивка магија, градот блеска како спомен што не се заборава. Како никогаш досега, празничниот амбиент внесува чувство на спокој и радост, како кај гостите, така и кај охриѓани. Нашиот туристички центар наликува на светска метропола, а во него уживаат, покрај домашните, и гостите од опкружувањето. – „Слушнавме дека тука е евтино и дека има добра забава. Првпат сме овде, нè има седуммина ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи на македонските граѓани во новата година им посака храброст, достоинство и правда, за да имаме држава со вредности, а не само со процедури, се наведува во соопштението од ЛДП. „Драги пријатели, сограѓани, зад нас оставаме година во која корупцијата не беше само вест, туку сурова реалност која во Кочани ...
Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето новогодишно обраќање. -На крајот од оваа ...
Советот на Општина Дебар на петтата редовна и за годинава последна седница, со која раководеше претседателот Африм Кркути, го разгледа и усвои Предлог-буџетот на општината за 2026 година. За буџетот кој е проектиран на 524 098 326 денари со планиран дефицит од 68 милиони денари, гласаа 14 додека против беше еден советник од ДУИ. Во делот на приходите максималниот износ е предвиден кај дотациите кои се проектирани на над 289 милиони, даночни ...
Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, на последниот ден во 2025 година, ја додели Цветиновата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Со поддршка на членовите на Цветиновиот комитет за мир, денеска во 5 до 12 на плоштадот Македонија, Поповски – Цветин ја додели наградата на претседателот Трамп за неговите заложби околу стопирање на војната во Украина и на Блискиот Исток. – Претседателот на САД, Доналд ...
Во празнична атмосфера, македонската амбасада во Албанија го одржа традиционалниот новогодишен прием за припадниците на македонската заедница и драгите пријатели во Република Албанија. -Овој настан, кој со години претставува симбол на заедништво, почит и пријателство, оваа година доби и посебна димензија. За првпат, амбасадата додели две признанија како израз на благодарност и високо вреднување на искрената поддршка, соработката и ...
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, упати новогодишна порака до спортистите, тренерите, спортските работници и љубителите на спортот, нагласувајќи дека 2025 година останува запаметена како период на големи успеси и историски чекори за македонскиот спорт. Димевски истакна дека изминатата година не била само уште еден календарски циклус, туку време исполнето со храбри одлуки и натчовечки напори што го зацврстија ...
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, подари новогодишни пакетчиња на 39 работно ангажирани лица преку АВРСМ – Центар за вработување – Кочани и Општина Кочани. -Лицата вршат јавни работи, односно учествуваат во чистење и одржување на јавни површини – улици, паркови и сл., за потребите на Општина Кочани. Сите се невработени, а поголем дел од нив се корисници на социјална помош, појаснуваат од Општината. Градоначалникот Грозданов ...
Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама. Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до Основниот кривичен суд Скопје е стапен на сила. Обвинителниот акт е против ...
Мите Стефоски од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ со 14 гласа за и 9 против денеска е избран за претседател на Советот на Општина Струга. Покрај советниците од матичната партија, поддршка на Стефоски му дадоа советниците од ВЛЕН, независната листа на поранешниот градоначалник Рамис Мерко и советникот на Левица. Против гласаа советниците на коалицијата НАИ и на СДСМ. Заблагодарувајќи се за поддршката, Стефоски кажа дека ќе се води по принципот ...
Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот. Портпаролот на СВР Охрид информира дека на терен се преземаат мерки, но поради технички причини сеуште не е отстранета цистерната од коловозната лента. Патниците кон Албанија се пренасочуваат на граничниот премин Свети Наум кај Охрид или Блато кај Дебар. Повеќе од 24 часа во целосен прекин е сообраќајот ...
Во пресрет на Новата година, претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги посети децата на Клиниката за детски болести во Скопје и на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле. Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста. -Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите ...
Нашиот новогодишен воз ќе продолжи да сообраќа носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмалите и за целото семејство, соопшти денеска МЖ Транспорт. Во возот, посочуваат, ве очекува вистинска празнична авантура, аспецијален гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија. Тремините за сообраќај на овој воз се: На 2.01.2026 од станица Скопје во 18:00, 20:30 и 21:00 часот На 3.01.2026 ...
И зад овие затворени врати и решетки е Нова Година. Но, прославата тука е далеку од таа што ја има на останатите места. Некои ќе можат за празниците да тркнат до дома на привремен отпуст, некои ќе можат да прослават во оваа просторија заедно со останатите, додека повеќето притвореници и опасните затвореници ќе останат под клуч – затворени со својот цимер зад заклучените тешките метални врати. Низ затворот во Шутка можат да се забележат и ...
2025 година во Македонија се затвора како година на изградба и поврзување со соседите. Патиштата и пругите не останаа само линии на мапата, туку профункционираа во секојдневниот сообраќај. Амбициозниот старт се насетуваше уште на почетокот на годината. Уште во првата недела од јануари на североистокот на земјата, се пушти во употреба експресниот пат Крива Паланка – Страцин. Истиот месец беше пуштена и првата делница од патот Градско – Прилеп, ...
Од директорката канцеларија се сели во затворската ќелија. Осум месеци затвор за ексдиректорот на „Шутка“ и новиот член во тимот на Филипче, Филип Андов Сокол, затоа што ослободувал затвореници а полицајци со возила развозувале осуденици за притватни потреби. Андов е осуден за злоупотреби заедно со уште шестимина затворски чувари на кои им се заканува затвор доколку во следните една, две или три години сторат друго кривично дело. Ф.А. за ...
Леб, млеко, месо, јајца, овошје и зеленчук. Просечно домаќинство најмногу пари или речиси 160 илјади денари годишно троши на храна и пијалоци. Според податоците на Заводот за статистика, половина од парите одат за оваа намена. Македонците најмногу купувале месо или 38 397 денари и тоа претежно пилешко, а најмалку овчо и јагнешко. По месото, најголем дел од буџетот за храна одел за млеко, млечни производи и јајца, за што биле потребни 30.411 ...
Островските држави Самоа и Тонга ја дочекаа Новата 2026 година, влегувајќи меѓу првите земји во светот што ја започнаа новата календарска година. Новата 2026 година во двете држави настапи во 12:00 часот по македонско време, согласно нивната временска зона UTC+13, како дел од првиот бран на новогодишни прослави во регионот на Пацификот. Американска Самоа, која се наоѓа во друга временска зона, ќе биде последната територија во светот што ќе ...
Нов Зеланд ја дочека Новата 2026 година со организирани огномети и јавни настани, со што Пацификот прв во светот влезе во новата календарска година. Во Окленд, најголемиот град во земјата и првиот поголем град што ја дочека 2026 година, беа осветлени главните знаменитости, а на кулата „Скај Тауер“ беа проектирани фотографии од „посебни моменти“ испратени од граѓаните во текот на 2025 година. Одбројувањето започна на мостот „Окленд Харбор ...
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани, соопшти денеска ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ). На 01.01.2026 година (четврток) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата за сите граѓани. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2026 година (петок) со вообичаено работно време. ...
Министерот за социјална политика, млади и демографија Фатмир Лимани во новогодишното обраќање порачува да изградиме заедно општество што се грижи за најмладите, ги почитува постарите, ги поддржува најслабите и им дава крилја на младите. – Во пресрет на Новата 2026 година, искрено ви благодарам за довербата, посветеноста и соработката во градењето на поправедно, похумано и пообединето општество. Овој празничен момент нè повикува да се осврнеме ...