Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Како мисионери и учители, Кирил и Методиј оставија траен белег врз духовниот, културниот и образовниот развој на словенските народи. Нивното дело и денес нè поттикнува да го чуваме јазичниот и културниот идентитет, но и постојано да вложуваме во знаењето и просветата, пишува во честитката на Министерството за образование и наука по повод Денот на сесловенските просветители. Продолжувајќи ја нивната мисија, посочуваат од МОН, обврска е да се ...
По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски. Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град. – Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално ...
Сите карти излегоа на површина, соработката на Филипче и СДСM со Бугарија е разобличена, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – интегрален текст од прес-конференција на портпаролот Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално. Рубин Земон, човек на Зоран Заев и еден од најблиските луѓе на Венко Филипче е врската помеѓу Бугарија и СДСM. Рубин Земон одржа средба со Виктор Стојанов, човекот кој ја води Фондацијата Македонија, ...
Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен. Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон ...
Најмалку 90 луѓе го загубија животот по експлозија на гас во рудник за јаглен во Северна Кина. Останува неизвесно уште колку луѓе се заглавени во внатрешноста на рудникот. Кинеската државна новинска агенција објави дека вкупно 201 лице е евакуирано од рудникот по експлозијата што се случи синоќа. Се претпоставува дека во моментот на несреќата во рудникот се наоѓале вкупно 247 работници. Според локалните медиуми, рудникот работел во три смени, ...
Обилните дождови што ја зафатија Бугарија предизвикаа сериозни поплави и вонредна состојба во повеќе региони, откако неколку реки излегоа од своите корита и поплавија куќи, дворови и улици. Најкритична е состојбата во Велико Трново, каде властите прогласија вонредна состојба поради интензивните врнежи. За само половина час во регионот наврнале околу 80 литри дожд на квадратен метар, а на одредени места нивото на водата надминало еден метар. ...
Студентите во Србија ги повикаа граѓаните на голем протестен митинг во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, како дел од кампањата „Студентите победуваат“. Собирот е најавен на четири локации во Белград, а централниот протест на Славија треба да се одржи од 18 до 20 часот. Главното барање на студентите е распишување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата. Претседателот Александар Вучиќ неодамна изјави дека изборите би ...
Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот. Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството ...
Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот и на возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје му определи 30-дневен притвор. – Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, соошти денеска Кривичниот суд. Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и ...
Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското епицентрално подрачје. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека јачината на земјотресот е 3,5 степени според Рихтер, а интензитетот е четири степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е регистриран во 17:41 часот. Земјотресот што попладнево го почувствуваа граѓаните на Скопје потекнува од скопското ...
Независниот театар „Штрих“ ја најави премиерата на својата петта продукција – претставата „Првиот Македонец во вселената“, авторски проект на Борис Василески. Претставата ќе има премиера на 30 и 31 мај во „Јавна соба“ (Public room) во Скопје, со почеток во 20 часот. – „Првиот Македонец во вселената“ не е претстава за вселената. Таа е најдалечната точка до која може да се однесе едно многу земно чувство – чувството дека човекот и земјата можат ...
Со преземање итни мерки, надлежните ќе го спасуваат археолошкиот локалитет „Манчевци“, кој по обилните врнежи претрпе сериозни оштетувања. Потребна е итна санација и стабилизација на теренот, како и изградба на потпорен ѕид, со цел да се спречат нови одрони и да се заштитат околните објекти. Од охридскиот Завод и музеј Охрид презедоа првични активности, но лошите временски услови досега не дозволуваа посериозни интервенции на овој музеј на ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки. – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со паника. За економијата зборуваат бројките. А токму со бројките ...
Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот. Министерството за транспорт ја водеше постапката за набавка на 150 електрични автобуси и електрични полначи во целосно транспарентен процес и целосно согласно Законот за јавни набавки. Согласно процедурата, до Министерството ...
Во тек е процедурата за усвојување нова стратегија за сексуално и репродуктивно здравје за периодот 2026 – 2030, придружена со акциски план за имплементација 2026 – 2028 година, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Стратегијата била изработена со поддршка од Канцеларијата на СЗО – Скопје, Канцеларијата на УНФПА – Скопје, како и со МАГО, со учество и на граѓански организации кои работат на областа, како и здравствени институции ...
Премиерот Христијан Мицкоски и скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска имале средба во Владата за капиталните проекти што се во подготовка. Ѓорѓиевски попладнево на Фејсбук напиша дека станува збор за големи, суштински и развојни проекти, што ќе значат вистинска преродба за главниот град на државава. Тој му се заблагодари на премиерот за поддршката што ја добива Град Скопје. – Со конкретни дела покажуваме како се сака својот град и ...
Предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова диманика за пристап земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија е и повеќе од добра порака за аспирантите за членство во ЕУ. Колку тоа значи за Македонија? Дали е директна порака на ЕУ, дека е време проширување? Каква порака е ова и за Бугарија? На оваа тема гостин во вестите на Алфа е поранешниот амбасадор Ивица Боцевски. Целиот разговор во продолжение: Предлогот на германскиот ...
Протоколарна средба без поместување на позициите на двете страни. Вака дел од аналитичарите го оценија вчерашниот прв состанок меѓу шефовите на дипломатиите, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова Чамова. Тие не очекуваат некакви промени во водењето на надворешната политика ниту на Македонија, ниту на Бугарија. Приближувањето на ставовите во овој момент, според нив, се чини невозможно. „Реално добро е што се среќаваат министрите на Бугарија и ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие има вкупно пет пријави за семејно насилство, додека три лица се лишени од слобода. Во СВР Скопје синоќа околу 22:25 часот, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од ...
Полициски службеници вчера лишиле две лица од Скопје кои се фатени крадејќи пари од простории на правно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на пари на ул.„Козара“ ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. -Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...
Филипче пак на прес-конференција изнесе невистини и глупости кои се далеку од реалноста, а не кажа за неговата соработка со човекот на кој му е забранет влезот во Македонија, Виктор Стојанов, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ. Филипче требаше денес да излезе на прес и да се извини на македонските граѓани за неговите антимакедонски политики и да си замине од политиката, исто како што негови ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаело Сориано Ортиз, на која се разговараше за напредокот и имплементацијата на клучните тековни проекти за заштита на животната средина, пишува во денешното соопштение на Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што се истакнува во соопштението, на средбата била истакната поддршката од ...
Власите се нераскинлив дел од кодот на Македонија. Дел од нејзината меморија, нејзината борба, нејзината култура и нејзиниот дух, напиша попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Народ што низ вековите знаел да го зачува својот јазик, својата песна, своите обичаи и своето достоинство, но, никогаш не стоел настрана од судбината на оваа земја. Напротив, бил дел од секоја нејзина борба, секој нејзин подем ...
Националниот ден на Власите е значаен не само за влашката заедница, туку и за целата држава, бидејќи преку чествувањето на една заедница се потврдува духот на Македонија како мултиетничка држава на соживот, меѓусебно почитување и разбирање, порача министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во обраќањето на Свечената академија по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите. Тој, како што соопшти Министерството за дигитална ...
Вашиот труд не исчезна со вековите, вашето слово и денес живее меѓу нас, вашата молитва сè уште нè крепи, а вашата жртва продолжува да раѓа нови плодови. Свети Кирил и Методиј не се само великани од минатото, туку се жив темел на нашата историја и на сиот наш бит, истакна архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на молебенот во чест на свети Кирил. Во словото на гробот на св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим поглаварот на ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што ќе се овозможи изградба на Дата центри во земјава што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП. – Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна ...
Очајот во СДСМ по случајот со откривањето на врската меѓу Филипче и Виктор Стојанов, преку испливување на сликата со Рубин Земон, доведе до паника во нивната партија. Мислат дека со лаги и ширење на невистини некој ќе им поверува, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на СДСМ за тендерот за електричните автобуси. Фотографијата во која наводно “откриле” нешто е тежок фалсификат и глупост. Јасно може да се види во писмото кое ...
Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Јанез Јанша, при што му честитал за изборот за премиер на Словенија и формирањето на новата влада. Во разговорот, двајцата соговорници ја потврдиле заедничката заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји. „Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и ...
Западниот Балкан останува област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици, а регионот и понатаму треба да биде во фокусот на НАТО, порача меѓудругото министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој изминатите две дена учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржа во Хелсингборг, ...